|
Victoria's Secret |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шоуто на Victoria’s Secret 2015 – хипнотизирачки спектаклЕкстраваганција, сексапил, театралност, сензуалност – 20-тото шоу на Victoria’s Secret спектакуларно ги задоволи огромните очекувања. Најсексапилната ревија се одржа во Њујорк со учество на 47 долгоноги манекенки кои носеа 75 костими. Шоуто вклучуваше 6 сегмента. Хипи манијата од 60-тите и шармот на бохо стилот ги диктираа костимите за „Boho Psychedelic“, колоритноста и богатата текстура на крилата на пеперутките го дефинираа „Exotic Butterflies“, женственост и нежност доминираа во„Portrait of an Angel“, американската култура и историја го инспирираа „Pink USA“, деликатноста на мразот и снегулките и спортскиот изглед на скијачите се споија во „Ice Angels“, додека експлозивната и зашеметувачка убавина на огнометите беше прикажана преку „Fireworks“. Американскиот дизајнер Брајан Етвуд беше задолжен за впечатливите обувки на ангелите. Најскапоцената креација беше резервирана за Лили Одриџ. Градникот од фантазиите е проценет на 2 милиони долари, а е изработен од повеќе од 6.500 скапоцени камења како дијаманти, сини топази и жолти сафири и 18-каратно злато. Ангелот Марта Хант носеше специјален костим со илјадници сваровски кристали и крилја кои светеа како огномет. Нејзиниот корсет беше декориран со неверојатни 90.000 златни, црвени, зелени и сини кристали, додека на нејзините крилја со LED сијалички беа поставени дополнителни 20.000 кристали. Покрај искусните ангели Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ и Беати Принсло, на ревијата дефилираа и 10-те нови ангели Тејлор Хил, Стела Максвел, Роми Страјд, Сара Сампајо, Моника Џак Јагачак, Џасмин Тукс, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Екатерина Григориева и Елза Хоск. Ним им се приклучија и Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Даниела Брага, Изабел Голарт, Шанина Шајк, Џоан Смолс, Лили Доналдсон, Грејси Карвало, Синди Бруна, Девон Виндзор, Жаклин Јаблонски, Жозефина Скривер и многу други. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |