|
Нацрт-договор за добрососедство со Бугарија или..? |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | ||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За договор се потребни најмалку 2 страни.
Секоја ќе си ги каже условите па ќе се види кој што може да потпише, а што не. Едностран договор не е договор. |
||
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ште чекаме да видим што ке стане!
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
сакаш да кажеш дека се надевате оти ќе ви дозволиме да ги славите нашите празници ..............
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според она што го пишува Дневник, предложениот документ доаѓа како условување и настапување од позиција на сила, што е потенцирано уште во предлог-преамбулата:
...“билатералните односи ќе се градат врз основа на фактот што Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО, а Македонија е земја со стратегиска цел за членство во тие организации.“ Неколку спорни членови, во кои од македонската страна се бара “поддржување акции на владини претставници на Бугарија и на бугарски невладини организации и здруженија во обновата и одржување на бугарските воени споменици и гробишта на територијата на Македонија“, без реципрочна обврска и за Бугарија. Се бара недозволување говор на омраза, но само од македонската страна, затоа што во Бугарија нели терминот говор на омраза е непознат поим. Владата молчела година ипол за овој предлог! Редно е да се отвори дебата во јавноста за оваа понуда, за да не ни се случи уште една Привремена спогодба по теркот на грчката или да излезат некој ден во медиумите со соопштение дека потпишале документ, со кој на другата страна и даваат основа за понатамошни преговори и ценкања! |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова посебно ми падна во очи и сега не сум изненадена што се криело ова оти искрено ако ова се знае навистина ке с еразвие говор на омразата и тоа во големи размери. Го читам пасусов и не ми с еверува што читам
Следствено на Декларацијата и во предложениот договор Софија истакнува дека двете страни треба да преземат ефикасни мерки за превенција и недозволување употреба на говор на омраза или непримерна пропаганда, која ќе биде закана за добрососедските односи. Но, членот 17 веќе појаснува кои се „страните“ што треба да се воздржуваат: „...Република Македонија треба стриктно да ги почитува принципите на добрососедски односи и оттука да ги повтори обврските дека нема ништо во нејзиниот Устав што би можело да се толкува како основа за мешање во внатрешните прашања на Бугарија со намера заштита на статусот и правата на лицата што не се граѓани на Република Македонија.“ |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Следната недела бугарскиот министер за надворешни работи треба да пристигне во Македонија на разговори со Милошоски околу договорот за добрососедство со Бугарија.
Само за потсетување, неколку дена претходно на македонски граѓани не им беше дозволено да појдат на чествување на гробот на Ј. Сандански. Нашите власти конечно реагирале и побарале официјално објаснување за случајот, вообичаено нели, со неколку дена задоцнување. Не е ни за очекување дека одговорот ќе биде поразличен од оној дека “не станува збор за дискриминација од политички побуди, туку за, наводно, немање потребни документи за влез во Бугарија“, но барем реагирале де... Дали во договорот ќе треба да се вметнат и некои посебни точки, со специфични барања и услови кои ќе важат само за вакви посети на македонски здруженија и граѓани? Се разбира, за да биде се во дух на добрососедските односи... |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пред да се потпишуваат договори, чинам дека треба да се прочитаат наредните две анализи, па и да се погледнат двете видеа, од Македонија и Бугарија, па да се направи сеопфатна анализа на членовите во договорот, пред било што да се потпише.
Бугарите во Македонија Македонците во Бугарија Откако ќе ја направат споредбата, чинам, многу полесно ќе знаат што треба да биде вметнано, а што исфрлено од фамозниот договор за "добрососедство". |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Читав сега дека Милошоски на колегата од Бугарија му доставил своја нацрт-верзија на договорот, но одбива да коментира што има во неа.
Сега бугарите се на потег да ја разгледаат нашата верзија, се надевам дека во неа не се прифаќаат сите отстапки кои се побарани од наша страна и дека нашите власти имале сенс за реципроцитет во односите при пишувањето на предлогот. |
||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Имале проблеми со името на јазикот. Не прифаќале да биде Македонски јазик туку државен јазик на Република Македонија, како што стоело во договорот кој го потпиша ЉуБчо.
Изменето од depo - 06.Мај.2010 во 16:46 |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Propaganden materijal. Vidovme na videoto samo dvajca OMOvci. Dedoto na pazarot i Jordan Kostadinov. A duri ima obid za falsifikuvanje. Vo pisaniot tekst „Добро е проблеми немаме. Нема ниту македонска црква, ниту македонско школо, ниту македонско радио, тоа добро е? Добро е, нека е“ рече Илија Петков, жител на Сандански. A na videoto „- Добро е проблеми немаме. rece Ilija Petkov - Нема ниту македонска црква, ниту македонско школо, ниту македонско радио, тоа добро е? rece J. Kostadinov. - Добро е, нека е“ рече Илија Петков, жител на Сандански. Zborovite na J. Kostadinov se staveni vo ustata na covekot. A sto ke kaze toj? Slusnete uste ednas na 1.40-1.50 Значи тие од А1 не се многу за пропагатори. Самиот Илија Петков ги закопува. Не сака ни македонска црква, ни училишта, ни радио, ни телевизија. Изменето од Каснакоски - 06.Мај.2010 во 18:00 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Независно што нема јасно одвојување на зборовите на двајцата, јасно е и дека дедото си кажува дека е Македонец, ама не бара права. Тоа се нарекува лојален граѓанин на една држава, зар не? Ако телевизијата А1, на која јас лично не сум обожавател, сакаше да фалсификува, немаше да го постави видеото за сите да слушнеме, нели? Од друга страна, ништо не кажувате за претставниците на Бугарите во Македонија, за што донекаде и ве разбирам, доволно е тоа што го кажуваат, нема потреба од дополнителен срам. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па сите се Македонци, ама не се етнички таму. А1 сакале да пропагираат антибугарски чувства кај вас и успеале. Освен мене едвај ли некој друг забележал дека зборовите се на ОМОвецот.
Дури и А1 не забележале каков гаф се допуштиле. Освен познатата приказна за лошите бугари има покажано двајца дедовци. Единиот кој се гледа дека има работа, продава метли на пазарот и е многу потиснат од Бугарите (јавно другар на Костадинов, ОМОвец), а другиот им ја срушува тезата тотално. Изменето од Каснакоски - 06.Мај.2010 во 18:43 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А1 само прикажаа нешто, а каков заклучок ќе се извлече од тоа, останува на гледачот, не на А1. Сега говориш дека дури ниту А1 не забележале, а пред малку говореше дека тоа е намерна пропаганда?! Во однос на "приказната за лоши Бугари", не би сакал сега да говорам за историски настани овде, да видиме кој каков бил. Во однос на тој кој има многу работа, човекот јасно си кажува, дали има работа или не, тоа не влијае на нештата. А штом говори некој дека е потиснат од Бугарите, значи дека прави разлика меѓу Македонци и Бугари. Во однос на етничките Македонци и тие во Бугарија, чинам, дека тие кај вас, не се толку наивни да кажат дека се Македонци пред македонска телевизија, не се толку наивни да не знаат дека сигурно не ги прашуваат за нивното регионално потекло. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А1 ништо не покажуваат, а само прават внушение за едно друго. Пропагандата е намерна, ама нескопосана. Илија Петков, вториот дедо, им кажува индиректно дека лажат, ама тие дури и не разбрале и го пуштиле материалот. Грешката им е дека не забележале што зборовите за училишта, цркви, тв, радио се не на дедото, а на Ј. Костадинов. |
||
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |