|
Нова Година |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Srekjna 2011 mnogu zdravje,ljubov i uspesi |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој започна да ја слави Нова Година?
Празнување за новиот почеток. Еден од најстарите обичаи на човештвото е прославувањето на Нова Година. Како започнало сè? Некои велат дека Кинезите први ја славеле Новата година, други дека тоа биле старите Германци или Римјани. Се знае дека Kинезите отсекогаш ја празнувале својата Нова година, која доаѓа после нашата. Свеченостите траеле по неколку денови.Старите Германци почнале да ја слават Нова Година како обележје на промената на годишните времиња. Зимата во нивната земја започнува некаде во средината на ноември, а тоа било времето кога жителите ја собирале жетвата. Бидејќи тогаш се собирале сите, радосни поради завршената жетва и одморот кој настапувал, се веселеле, па така се родил нивниот голем празник, почеток на новата година, иако било ноември. Кога Римјаните ја освоиле Европа, го промениле времето на прославување, па Нова Година почнала да се слави на први јануари. За нив Новата Година претставувала симбол на почетокот на новиот живот и новите надежи за иднината. Овој обичај останал и до ден денес. Затоа и ние Новата Година ја пречекуваме весели и среќни, со надеж дека ќе ни донесе убави нешта. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никако не изнесувајте пари од дома за Нова годинаDecember 28, 2018 Новата година се поврзува со многу суеверија и верувања, за подобра иднина, поголема среќа и пронаоѓање на вистинската љубов… На само неколку дена пред почетокот на 2018-година, ви ги пренесуваме најинтересните суеверија и верувања од целиот свет. Нова облека Луѓето веруваат дека ако на денот пред Нова година носат нова облека, во следната година ќе добијат многу нови алишта. Препорачливо е облеката да биде со црвена боја, затоа што црвената боја се смета за среќна. Не плачете Парите не смеат да излезат од домот Во некои земји се верува дека парите, накитот и другите скапоцености не смеат да се изнесуваат од домот на денот пред Нова година. Некои луѓе одат дотаму што не сакаат да го изнесат ниту ѓубрето, за да бидат сигурни дека во следната година домот ќе се збогатува, а нема да се осиромашува. Старата година треба да си замине Точно на полноќ, на Нова година, сите врати од домот треба да се остават отворени, за старата година да може непречно да замине, заедно со сите лоши нешта. |
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |