IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали христијанството забранува алкохол?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали христијанството забранува алкохол?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
Автор
Порака
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 21:32
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Originally posted by deshad deshad напиша:

Хехе,јој лудила. Ми заприлега на ЕвАнгелос.
Тука сум големо%20гушкање
Originally posted by deshad deshad напиша:


А тоа за исполнувањето се Павлови а не исусови зборови...... Исус не рекол никаде дека го укинал законот, а Павле рекол дека Исус го исполнил законот. Еден очигледно лаже.

Па ќе молам објаснување за ова.
Штом молиш, ќе ти објаснам. Не е
Павле тој што вели дека Исус го исполнил Законот, туку Исус е Тој што
рекол дека го исполнил Законот. Значи тоа не се Павлови, туку тоа се
Исусови зборови. Цитирам:„Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.“(
<font size="2" color="#ff0000">Исус Христос, ев. Матеј 5:17, Библијата)
Originally posted by deshad deshad напиша:


И да, ќе заборавев, зошто адвентистите ја застапуваат
тезата дека Исус пиел неферментирано вино, вино кое не опива ( по нашки
сок)?

Затоа што не се водат исклучиво по учењето на Библијата, туку по учењето на нивната пророчица Елена Голд Вајт.



Не си ме разбрал што сакам да кажам или не си сакал да ме разбереш или погрешно сум се изразил.

Тоа што јас го реков за Исус ти ми го допотврди. Значи одиме со твојот цитат и два после него за да биде појасна работата:

17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам законот или Пророците. Не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам

18 Зашто, вистина ви велам, дури постојат и небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени,додека не се исполни се.

19 И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето,најмал ќе се нарече во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Матеј,5: 17-19)


Е ова се Исусовите зборови во кои многу убаво вели дека не дошол да го измени законот.

А што рекол Павле во врска со законот?



Изменето од deshad - 10.Декември.2009 во 21:33
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 21:49
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by deshad deshad напиша:

Хехе,јој лудила. Ми заприлега на ЕвАнгелос. Сите тие информации се преземени од христијанското брошурче кое се вика БИБЛИЈА, и во која Исус убаво вика дека не дошол да ИЗМЕНИ НИТУ ЕДНА ЈОТА, ЦРТА ОД ЗАКОНОТ.


Дешад, пријателче

Јован 2: 1 На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исус беше таму.

2 На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици.

3 А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исус: „Им снема вино.”

4 Исус и рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.”

5 Но мајка Му Негова им рече на слугите: „Се што ќе ви рече, направете!”

6 А таму имаше шест камени садови за вода, поставени за миење, според јудејскиот обичај, што собираа по две до три мери.

7 А Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И тие ги наполнија до горе.

8 Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!” И му однесоа.

9 И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода - а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја - тој го повика младоженецот,

10 и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.”

11 Така направи Исус почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.



Joван 4:46 И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино.


За муслиманите кои велат дека Христијанството забранува вино, две прашања:

1. Зарем некој би го поканил Господ, кој бил сметан за голем Учител, Пророк, Син Божји..., на свадба каде се пие вино, знаејќи дека Тој тоа го забранува?

2. Зарем Господ би го направил своето ПРВО чудо на претворање вода во вино, доколку ТОЈ самиот тоа го забранил?


п.с. Со тоа што велите дека Бог забранил да се употребува вино, а Господ Исус Христос, Кој вие го почитувате како Пророк, ја прекршил таа забрана, само Го НЕГИРАТЕ Господ Исус Христос како Божји Пророк, Каков што и го признавате. Мислите малку!


Маран Ата, пријателке!

Ајде малце да размислуваме по здраво разумно. Може?


Бидејќи пред завршетокот на свадбената свеченост завршило виното, тоа значи дека гостите пиеле повеќе отколку што домаќинот очекувал (свадбената свеченост во Кана Галилејска).

   Непристрасниот читач на Библијата не би можел да ја сфати молбата на Марија со која бара уште алкохолно вино за опијанетите гости. Затоа што ни поштениот гостилничар кој живее од продажба на алкохол не му дава на пијаните гости.

   Но верувам дека ќе се сложиме во едно дека со употребата на алкохол се снижуваат сите вредности кои ни припаѓаат само на нас луѓето.Никако не може да се прифати мислата дека Божјиот Син,како што вие велите, своето прво чудо го направил така што на пијаното друштво му дал уште појако алкохолно вино.

      Велите дека Исус е Спасител, Тој дошол да го спаси човекот и да го ослободи од ропството на телесните, грешните желби и пороци како и од зависноста која настанува со употребата на разни наркотични средства.

Ако Он би поттикнувал употреба на опојни пијалоци- алкохол, тогаш со својот пример и поука не би го поттикнал процесот на новородување кај луѓето, туку би направил луѓе подложни на ниски страсти и страшното влијание на алкохолот како суров господар.

Така направи Исус почеток на Своите чудеса во Кана Галилејска и ја покажа славата своја.(Јован 2,11).

Ако пијаното друштво продолжило и понатаму да пие алкохолно вино, верувам дека тоа не би биле услови во кој Исус би можел да се прослави Себе Си и Бога. На сите ни се познати изопачените облици на однесување на луѓето кои се наоѓаат под дејство на опојни пијалоци (алкохол).

Исус се правел за слава на Бога. И така, јадете ли, пиете ли,или нешто друго правете, сето тоа правете го за слава на Бога.(1Кор.10,31).

Алкохолниот пијалок во Библијата секогаш е спореден со проклетство, значи дека тогаш тоа би значело дека Исус на младенците, гостите и домаќините во Кана Галилејска би ги почастил со чаша проклетство наместо со чаша благослови?

Со тоа никој не може да се сложи. Значи виното што Исус им го дал на свадбата а покасно и на своите ученици како симбол на својата крв, бил чист безалкохолен гроздов сок.На вакво вино мислел пророк Исаија кога зборувал за грозјето за кое вели: Не го расипувај затоа што благословот е во него!



   
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 22:55
Дешаде, виното е лек и не проколнувај тоа што БОГ Благословил, бидејќи од БОГА пијансвото не е Благословено!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 23:09
Originally posted by spiros spiros напиша:

Дешаде, виното е лек и не проколнувај тоа што БОГ Благословил, бидејќи од БОГА пијансвото не е Благословено!


Дали и дрогата е благословена од Бога?

Изменето од deshad - 10.Декември.2009 во 23:09
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 23:14
Дешаде, далеку си сеуште од ХРИСТА и СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ во Него!

Но знај дека тој факт воопшто не ме попречува да те сакам и стрпливо да го чекам денот кога ќе се разбудиш ти и сите луѓе, за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА.


Селам

п.с. Дали си морал некогаш под анестезија да бидеш медицински третиран?





Изменето од spiros - 10.Декември.2009 во 23:15
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 23:27
Originally posted by spiros spiros напиша:

Дешаде, далеку си сеуште од ХРИСТА и СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ во Него!

Но знај дека тој факт воопшто не ме попречува да те сакам и стрпливо да го чекам денот кога ќе се разбудиш ти и сите луѓе, за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА.


Селам

п.с. Дали си морал некогаш под анестезија да бидеш медицински третиран?





За кој Христ зборуваш:

Вистинскиот или оној измислениот?
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 23:31
За Милоста БОЖЈА, за Христа
јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна Љубов
За Неговиот Совршен Ислам!

ХалелуЈАХ + Елахмдулилах!    
    
   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 00:51
Originally posted by deshad deshad напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by deshad deshad напиша:

Хехе,јој лудила. Ми заприлега на ЕвАнгелос. Сите тие информации се преземени од христијанското брошурче кое се вика БИБЛИЈА, и во која Исус убаво вика дека не дошол да ИЗМЕНИ НИТУ ЕДНА ЈОТА, ЦРТА ОД ЗАКОНОТ.


Дешад, пријателче

Јован 2: 1 На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исус беше таму.

2 На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици.

3 А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исус: „Им снема вино.”

4 Исус и рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.”

5 Но мајка Му Негова им рече на слугите: „Се што ќе ви рече, направете!”

6 А таму имаше шест камени садови за вода, поставени за миење, според јудејскиот обичај, што собираа по две до три мери.

7 А Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И тие ги наполнија до горе.

8 Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!” И му однесоа.

9 И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода - а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја - тој го повика младоженецот,

10 и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.”

11 Така направи Исус почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.



Joван 4:46 И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино.


За муслиманите кои велат дека Христијанството забранува вино, две прашања:

1. Зарем некој би го поканил Господ, кој бил сметан за голем Учител, Пророк, Син Божји..., на свадба каде се пие вино, знаејќи дека Тој тоа го забранува?

2. Зарем Господ би го направил своето ПРВО чудо на претворање вода во вино, доколку ТОЈ самиот тоа го забранил?


п.с. Со тоа што велите дека Бог забранил да се употребува вино, а Господ Исус Христос, Кој вие го почитувате како Пророк, ја прекршил таа забрана, само Го НЕГИРАТЕ Господ Исус Христос како Божји Пророк, Каков што и го признавате. Мислите малку!


Маран Ата, пријателке!

Ајде малце да размислуваме по здраво разумно. Може?


Бидејќи пред завршетокот на свадбената свеченост завршило виното, тоа значи дека гостите пиеле повеќе отколку што домаќинот очекувал (свадбената свеченост во Кана Галилејска).

   Непристрасниот читач на Библијата не би можел да ја сфати молбата на Марија со која бара уште алкохолно вино за опијанетите гости. Затоа што ни поштениот гостилничар кој живее од продажба на алкохол не му дава на пијаните гости.

   Но верувам дека ќе се сложиме во едно дека со употребата на алкохол се снижуваат сите вредности кои ни припаѓаат само на нас луѓето.Никако не може да се прифати мислата дека Божјиот Син,како што вие велите, своето прво чудо го направил така што на пијаното друштво му дал уште појако алкохолно вино.

      Велите дека Исус е Спасител, Тој дошол да го спаси човекот и да го ослободи од ропството на телесните, грешните желби и пороци како и од зависноста која настанува со употребата на разни наркотични средства.

Ако Он би поттикнувал употреба на опојни пијалоци- алкохол, тогаш со својот пример и поука не би го поттикнал процесот на новородување кај луѓето, туку би направил луѓе подложни на ниски страсти и страшното влијание на алкохолот како суров господар.

Така направи Исус почеток на Своите чудеса во Кана Галилејска и ја покажа славата своја.(Јован 2,11).

Ако пијаното друштво продолжило и понатаму да пие алкохолно вино, верувам дека тоа не би биле услови во кој Исус би можел да се прослави Себе Си и Бога. На сите ни се познати изопачените облици на однесување на луѓето кои се наоѓаат под дејство на опојни пијалоци (алкохол).

Исус се правел за слава на Бога. И така, јадете ли, пиете ли,или нешто друго правете, сето тоа правете го за слава на Бога.(1Кор.10,31).

Алкохолниот пијалок во Библијата секогаш е спореден со проклетство, значи дека тогаш тоа би значело дека Исус на младенците, гостите и домаќините во Кана Галилејска би ги почастил со чаша проклетство наместо со чаша благослови?

Со тоа никој не може да се сложи. Значи виното што Исус им го дал на свадбата а покасно и на своите ученици како симбол на својата крв, бил чист безалкохолен гроздов сок.На вакво вино мислел пророк Исаија кога зборувал за грозјето за кое вели: Не го расипувај затоа што благословот е во него!



   



Deshad, ne e lesno da se pravi teksualna analiza i kritika. Ushte povekje ako onoj shto se obiduva da ja napravi ne e nepristasen.

Za da ne odolgovlechuvam i ne gi zamaram chlenovite, kje remiziram najkuso shto mozhe:

1. Nikade ne pishuva deka lugjeto na svadbata se ispijanile. Pishuva samo deka vinoto privrshilo.

2. Dokolku starosvatot bil pijan nemalo da voochi deka vtoroto vino e podobro od prvoto. Znachi i toj ne bil pijan. Onoa shto go rekol: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.” e samo koristenje na stara, dobro poznata pogovorka, so koja sakal da ilustrira oti Isus, sprotivno od prifatenite obichai, im ponudil na gostite podobro vino.

Za onoa drugoto shto pishuvash, kako nekakva analiza, ne bi komentiral bidejki vo ovoj sluchaj toa e deplasirano. Ako sluchkata beshe poinakva, kako shto implicirashe ti, togash mozheshe da pravime drug muabet.


Изменето од Messenger - 11.Декември.2009 во 00:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 02:06
Originally posted by deshad deshad напиша:


Не си ме разбрал што сакам да кажам или не си сакал да ме разбереш или погрешно сум се изразил.


Напротив, многу добро те разбрав што кажа. Ти кажа дека тоа за исполмувањето се Павлови зборови, а не Исусови. Јас ти докажав дека тоа се Исусови, а не Павлови зборови.
Ти рече дека Павле рекол дека Исус го исполнил законот, а јас ти докажав дека Исус самиот рекол за Себе дека го исполнил законот.

Originally posted by deshad deshad напиша:


А тоа за исполнувањето се Павлови а не исусови зборови...... Исус не рекол никаде дека го укинал законот, а Павле рекол дека Исус го исполнил законот. Еден очигледно лаже.


„Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
(Исус Христос, ев. Матеј 5:17, Библијата
)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 08:32
А кога вкуси Исус оцет, рече: “Се исполни!”        (Јован 19:30)





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 08:38
Амин.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 11:07
Originally posted by spiros spiros напиша:

А кога вкуси Исус оцет, рече: “Се исполни!”        (Јован 19:30)


Каква врска има овој стих со темава?
На кој начин Исусовото вкусување на оцет го забранило или дозволило алкохолот?

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 12:32
Дешад,твоето толкување за чудото во кана галилејска е само твое толкување и тоа многу тешко обременето со муслимани сфаќања така да многу тешко би го нарекол непристрасно.

Од тогаш поминале скоро 2000 години и се случиле секакви работи и лоши и добри и имало многу поделби меѓу верниците по разни основи но ама баш никоја групација која себеси се нарекува христијанска не го разбира тој настан како што ти си го сфатил.
Месии даде осврт на неколку логични работи во настанот и не би се повторувал тука.

Но ја друго би сакал да истакнам,ако алкохолот е толку лош што уште малку ќе испадне дека е дело на сатаната(!)
зошта тогаш во муслиманскиот рај им се ветува на муслиманите дека ќе можат да пијат од него читава вечност   и тоа од еден цела река!?

Знам знам..ќе кажеш ама тоа не како ова вино тука туку вино кое не опијанува,но ако е и вино кое не опијанува сепак тоа си е вино(алкохол).
Опијанувало тоа или не тоа е си е алкохол

и послем ние сме биле пијаничишта
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 13:18
Пријателе, грешка е твоето изложување. Тоа што си го напишал е само твое лично толкување, односно, протестантски пристап кон Светото Писмо – си го толкувам како мене ќе ми текне, јас сум критериум на вистината сам за себе. Сепак, од многу аспекти тоа што го велиш може да се земе како опција, но дали е исправна?

Originally posted by deshad deshad напиша:

Бидејќи пред завршетокот на свадбената свеченост завршило виното, тоа значи дека гостите пиеле повеќе отколку што домаќинот очекувал (свадбената свеченост во Кана Галилејска)


Или дошле повеќе гости од очекуваното? Или веселбата се продолжила подолг период од очекуваниот?

Originally posted by deshad deshad напиша:

Но верувам дека ќе се сложиме во едно дека со употребата на алкохол се снижуваат сите вредности кои ни припаѓаат само на нас луѓето.


Прости ми, ама не можам да се сложам, затоа што имаш еден мал пропуст, па би сакала да ти ја корегирам реченицата:

„Но верувам дека ќе се сложиме во едно дека со ЗЛОупотребата на алкохол се снижуваат сите вредности кои ни припаѓаат само на нас луѓето.“


Originally posted by deshad deshad напиша:

Велите дека Исус е Спасител, Тој дошол да го спаси човекот и да го ослободи од ропството на телесните, грешните желби и пороци како и од зависноста која настанува со употребата на разни наркотични средства.. Ако Он би поттикнувал употреба на опојни пијалоци- алкохол, тогаш со својот пример и поука не би го поттикнал процесот на новородување кај луѓето, туку би направил луѓе подложни на ниски страсти и страшното влијание на алкохолот како суров господар.


Господ Исус Христос дошол на земјата за да го избави човекот од гревот и од смртта, а тоа се постигнува преку воздржание и незлоупотреба на слободата дадена од Господа. Алкохолот не спаќа во наркотично средство и доколку тој се употребува во умерена количина, полезен е за човекот. Всушност, и докторите нели го препорачуваат? Доколку се пие во умерена количина, тогаш човекот не е роб на телесни желби. Алкохолизмот е навика која е грешна (злоупотребата), но не и самата употреба. Познато е дека и самите медицински лекарства се полезни за човекот, за негово лекување, но ако почнат да се земаат редовно, непропишано од доктор, тогаш човекот станува зависен од нив. Дали според тебе и лекарствата се забранети?

Originally posted by deshad deshad напиша:

Алкохолниот пијалок во Библијата секогаш е спореден со проклетство, значи дека тогаш тоа би значело дека Исус на младенците, гостите и домаќините во Кана Галилејска би ги почастил со чаша проклетство наместо со чаша благослови?


Повторно правиш грешка. ЗЛОупотребата на виното се смета за проклетство, и никаде во Библијата самото вино не е споредено со проклетство, туку напротив, во Стариот Завет се сметало за благослов, затоа и Бог кога востановил жртвопринесување, запишано е дека барал и принос на вино, како благопријатен мирис пред Него, свештениците Божји (поточно Мелхиседек, кој е спореден со Господ Исус Христос во Новиот Завет) немале ништо против употребата на виното, а исто така, и големите праведници од Стариот Завет давале благослов за вино.

Излез (2 Мојсеј) 29: 39, 40 Едното јагне принесувај го наутро, а другото принесувај го навечер; и уште по една десетина ефа пченично брашно измешано со четврт ин масло, а за преливање - четврт ин вино, за едно јагне;

Броеви (4 Мојсеј) 18: 12, 13 (И му рече Господ на Арона) Секоја првина од елеј, секоја првина од вино и од пченицата, - сите првини, што тие Му ги принесуваат на Господа, твои да се; и сите првини од плодовите на земјата нивна, што Му ги принесуваат на Господа, твои нека бидат; секој чист од куќата твоја може да го јаде тоа.

Битие (1 Мојсеј) 14: 18, 19 И Мелхиседек, царот салимски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог, па го благослови Аврама, велејќи: "Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата!

Битие (1 Мојсеј) 27: 28 (Исак го благословува Јаков) Бог нека ти даде роса небеска и родна земја: многу пченица и вино во изобилие!


Originally posted by deshad deshad напиша:

Значи виното што Исус им го дал на свадбата а покасно и на своите ученици како симбол на својата крв, бил чист безалкохолен гроздов сок.


Пак грешка. Тоа што го тврдиш, не е така. Ајде нека биде во оригинално издание, може?

_________________________________________________________

Јован 2: 3 А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исус: „Им снема вино.”

καὶ ὑστερήσαντος οἴνου λέγει ἡ μήτηρ τοῦ Ἰησοῦ πρὸς αὐτὸν• οἶνον οὐκ ἔχουσιν.

_________________________________________________________

9 И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода - а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја - тој го повика младоженецот,

ὡς δὲ ἐγεύσατο ὁ ἀρχιτρίκλινος τὸ ὕδωρ οἶνον γεγενημένον καὶ οὐκ ᾔδει πόθεν ἐστίν, οἱ δὲ διάκονοι ᾔδεισαν οἱ ἠντληκότες τὸ ὕδωρ, φωνεῖ τὸν νυμφίον ὁ ἀρχιτρίκλινος

_________________________________________________________

10 и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.”

καὶ λέγει αὐτῷ• πᾶς ἄνθρωπος πρῶτον τὸν καλὸν οἶνον   τίθησιν καὶ ὅταν μεθυσθῶσιν τὸν ἐλάσσω• σὺ τετήρηκας τὸν καλὸν οἶνον   ἕως ἄρτι.

_________________________________________________________

Joван 4:46   И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино.

Ἦλθεν οὖν πάλιν εἰς τὴν Κανὰ τῆς Γαλιλαίας ὅπου ἐποίησεν τὸ ὕδωρ οἶνον.

_________________________________________________________

Kaко што гледаш, пријателче, секаде каде што во македонскиот превод стои зборот „вино“, во грчкиот оригинал се наоѓа зборот „ οἶνον“, што исто така значи алкохолен пијалок т.е. гроздов алкохолен сок – ВИНО.

Искрен поздрав и секое добро



Изменето од Maran Ata - 11.Декември.2009 во 13:32
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,470 секунди.