|
Разговори за науката - општа и слободна дискусија. |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | |||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мислам дека тоа не е надвор од нашиот Универзум, кога Павле зборува за себе “познавам еден човек кој беше однесен до третото небо..“ не верувам дека таа сфера е надвор.
Но работата е што нашето знаење е ограничено во рамките на еден затвортен систем, затоа и со таква математичка прецизност се одредуваат некои појави (на пр. доажање на некоја комета, соларни и лунарни екслипси и слично) но надвор од тој систем и нашите закони можеби не би функционирале. Ако зад тој “ѕид“ каков што повеќето си ги замислувале границите на универумот нема ништо, ние немаме поим какво е тоа Ништо. Од друга страна, ако универзумот постојано се шири и е бесконечен, човек тешко може да ја сфати бесконечноста и вечноста, ние во нашиот живот сме научени дека работите имаат почеток и крај, ама во космички рамки тоа веројатно не е така. Таму нема почеток и крај... |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мариа_Магдалена што ако универзумот бил одсекогаш безконечен ( мислам одкако Бог го создал? Тоа е само теорија дека има ѕид вселената, можеби и нема можеби оди колку сакаш ама никогаш нема да стигнеш!!!
|
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За универзумот по филозофија на јогата просторот се дели на три дела: Универзумот, Ние и Духовноста, но за да постои Духовност мора да постои Бог! Што значи Бог е Дух за Кој ние не знаеме каде се наога, но мое верување е дека се наога надвор од ова создание универзум! Тој е надвор и од надвор го создавал светот! Нели првин треба да се направи ѕид за да постои соба.
|
|||
xman
Група Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Доколку се занемари влианието на атмосферата и јајцето нема почетна брзина, брзината V може да се пресмета од: V=g.t, но бидејќи ни е потребно во однос на поминатиот пат: s=g.t**2/2 -> t=sqrt(2.s/g) и се замени во првиот израз: V=sqrt(2.g.s). Значи на 15 метра од коа ќе го пуштиме, брзината ќе биде: V=sqrt(2.9,81.15)=17,15[m/s]. каде: V[m/s] - брзина; s[m] - поминат пат; t[s] - поминато време; g=9,81[m/s**2] - земјино забрзување; sqrt - квадратен корен; **2 - на квадрат. Но доколку се земе влианието на атмосферата т.е. отпорот, решението е многу посложено и ме мрзе да пишам:) само ќе кажам дека само тогаш има влиание масата на јајцето како и обликот, релативната брзина на воздухот во однос на јајцето, состојбата на воздухот(температура, влажност, густина..). |
|||
xman
Група Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Као шо кажа освен количината има и ред други причини, а една од нив е и материалот од кој се изработени садевите во кои се наоѓаат течностите! Така да, можно е иста количина (маса) од различни течности на исто решо да зовријат во исто време, само ако се наоѓаат во садови со различни особини, како на пример дебелина на дното, еден од бакар друг од железо, etc.! |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мислиш ако садот се загрее побргу ќе се загрее и течноста? |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јајцето мора да има почетна брзина, мора! |
|||
xman
Група Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не мислам, ЗНАМ:)) ама не зборуваме за садот него за течноста.. и на брзината на загревање на течноста влиае количината на премината топлина од решото кон течноста, а таа количина зависи од: површините на садот и решото (колку е добар контактот), дебелината на ѕидот на садот, како и од каков материјал е изработен садот. Исто зависи и од брзината на течноста, ама ај ќе претпоставиме дека нема брзина во виа случај. Како и способноста на течноста да а превземе топлината т.е. брзината на предавање на топлината од садот на течноста.. едноставно кажано доста сложено е:)
А за јајцето дека мора да има почетна брзина.. не гледам зошто би морало ако слободно го пуштиме да паѓа од мирување.. |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Епа мора, тоа е факт дека ќе има брзина, а ако има брзина ќе мора да има почетна, е сега, дали ќе се менува во праволиниско забрзување или нема да се менува треба да се направи експиримент.
|
|||
xman
Група Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
добро, да парафразирам.. почетната брзина е еднаква на НУЛА! а тоа значи дека коа сме почнале да го набљудуваме телото, брзината му била нула, па почнала да се менува по некој закон.. а тоа како ќе се менува е тоа шо е опишано со изразите: V=g*t (во однос на времето t) и V=sqrt(2*g*s) (во однос на поминатиот пат s. Инаку експериментите се направени одамна, сега а користиме математиката и физиката за да немораме да ги повторуваме експериментите!! |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е лошо експериментите да се повторуваат. |
|||
xman
Група Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е лошо ти да поработиш математика и физика, ако сакаш почисто да гледаш на природните појави мислам, ништо лошо, само совет, позз...
|
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Aаа не, јас само за јазици, анатомија и физиологија сум печен, за физика и за математика тешко... |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Даре, и самиот велиш дека повеќе те интересираат јазици и некои др, области, а математиката и физиката некако не ти одат па затоа ќе гледам на ова прашање да ти објаснам нај едноставно. Во секојдневнит живот (речиси) сите ја поистоветуваат масата со тежината. Секгогаш се вели „колку килограми тежи тоа?“ Што е погрешно. Но, како што и самиот веќе си забележал, маса и тежина се две различни величини. Масата е мерка за износот на материјата на некое тело и се изразува во g (грам) или поголема kg (=1000g), додека тежината е мерка за силата на предметот (телото) предизвикано од гравитацијата и се изразува во N (Њутн). Значи тоа е сила со која гравитацијата го привлекува телото. Да не пишувам сега формули, (можеби) повеќе ќе те збунат!) Со овој пример мислам ќе ти биде појасно. Ако еден човек со маса од 80 kg на Земјата тежи приближно 785 N, тогаш истиот тој човек (со истата маса) на Месечината би тежел 128 N или би бил полесен околу 6 пати. Р.Ѕ. Не ме рашувај како добив, оти ќе морам со формули! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |