|
Каде на факултет? |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | |
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе профункционираат само дел од најавените факултети
И по третиот уписен рок интересот за студирање на машинските и техничките науки е мал. Па затоа најавените факултет за електро, машински и технолошки науки во Радовиш, Пробиштип и Виница ќе бидат дел од универзитетот Гоце Делчев од Штип. Ќе профункционираат и само дел од дисперзираните студии. Па така универзитетот св. Кирил и Методиј ќе отвори дисперзирани студии во Велес, Струмица и Штип. Ректорот на скопскиот универзитет вели дека таму се обезбедени услови за настава која треба да започне на 13-ти овој месец. Проблеми со дисперзираните студии има и на битолскиот универзитет св. Климент Охридски. Дел од студентите привремено треба да студираат во Велес во основно училиште, а во Кичево во домот на културата. Студентите пак со друга стратегија за високото образование и студентскиот живот - велат потребно е да се формираат силни студентски центри. Од анализите кои ги правеле студентите на терен велат дека се утврдило на студентите покрај образованието потребен им е и социјален живот кој во малите места недостасува. Затоа до Владата и Премиерот Никола Груевски ја предлагаат новата стратегија. |
|
ninka
Нов член Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
neznam u Makedonia kako e,no u Bugaria privatnite fakulteti sa mnogo zle:site debili tam odat,za6to tolko im e kapaciteta!
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....................
Голем број фалсификувани таксени марки, студентски индекси и легитимации, најразлични обрасци потребни на студентите од универзитетот Свети „Кирил и Методиј“ запленила полицијата во печатница во скопска Пинтија и во книжарница во трговскиот центар „Буњаковец“. Драги Лазаров, сопственик на печатницата „Графохемија“, подолг период ги фалсификувал студентските обрасци и таксените марки. Парите наместо во буџетот завршувале во неговиот џеб. Пронајдени се и пет метални клишеа за печат на универзитетот. Фалсификуваните материјали ги продавал преку книжарницата „Култура 2000“ на Бошко Милковски. Двајцата се уапсени, но се претпоставува дека мрежата е многу поширока. „До Ректоратот на универзитетот Св. Кирил и Методиј испратено е писмо со кое е побарано да се извршат проверки на документите кои веќе се во оптек и циркулираат низ Универзитетот и се разбира, да се извршат проверки на службените печати за да утврдиме во колку случаи и дали дошло до претходни злоупотреби на фалсификуваните материјали“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи. Колкава е штетата во буџетот се уште се утврдува. Не се знае точната бројка на продадени фалсификувани таксени марки, но се знае дека во оптек биле пуштени околу 5.000 студентски индекси. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... i da se izvrshi kontrola nelogicno e studentite da se teraat da kupuvaat povtorno ...sega original" prijavi i takseni marki, ideksi i formulari. Ovaa knizara vo koja licno imam kupuvano ne e od vcera, taa raboti povekje godini. Dali lugeto se krivi shto nekade se prodava falsifikati, a i vo shto e falsifikatot, kje moze li nekoj da objasni?
|
|
NiNa1
Сениор Love and peace Регистриран: 07.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 13795 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
najverojatno nigde
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако има некој за форуми,... слободно оди и нека те стават директно декан... |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моја препорака за сите што планираат да се запишат на факултет е да размислите добро и да се одлучите за оној факултет кој е спој на вашите желби и на она што се бара на пазарот на работна сила.Многу е убаво да студирате она што го посакувате без да размислите дали тоа е барано како професија и какви се можностите за вработување, но верувајте дека е многу тешко кога ќе завршите и ќе се трудите да постигнете добар успех, а потоа со години да не можете да најдете работа.
|
|
Dimon
Група Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба да се направи една статистика каде што ќе се утврди однапред колку правници, економисти, инженери, доктори, педагози, социолози, философи, лингвисти и сл. и се потребни на државата, со тоа што ќе се создаде насочен кадар, кој што ќе може со самото тоа насочување да придонесе за развој на нашата земја. А кај нас се случува спротивното, наместо да се отвараат потребен број на одредени насоки , на факултетите се прима енормно голем број на студенти на еден ист смер, со што се нарушува билансот. Сведоци сме сега дека енормно расте бројот на студентите кои се запишуваат на информатика, откако ќе завршат сите тие информатичари пак ќе имаме невработеност, затоа што на државата моментално и недостига кадар по информатика, што значи дека тоа мометално нема да важи и во наредните 4 години, бидејќи со ова темпо на запишување на студенти за рок од неколку години ќе имаме преголем број на информатичари затоа што другите насоки на факултетите се загрозени, заради недоволно добрата водена статистика. За ова да се случи не треба предвидување, истиот пример важи и за економскиот и правниот факултет затоа што во сегашноста имаме преголем број на непотребен кадар од таа насока за разлика од техничките факултети од каде што треба да произлезат идните инженери кои што исто така и се потребни на државата, а моментално се во многу мал број во споредба со останатите
Ниту еден факултет или било која институција не се залага за да ја превземе одговорноста и да направи статистика со која што ќе увиди што точно и треба на државата. Факултетите се грижат само за тоа како да им ги соберат парите на студентите односно на нашите родители, а не им е важно каков кадар ќе произлезе од таа институција и дали воопшто ќе биде потребен. |
|
Keri
Сениор Регистриран: 29.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 574 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се согласувам со горнонаведеното...
а инаку јас сум прваче на филолошки - германски, едноставно зашто сакам да си го научам јазикот убаво,па се надевам ќе успеам во тоа! |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се согласувам со постов и ќе додадам и свое мислење за високото образование. За поголем дел од луѓето факултетското образование стана жими мајка, нешто што последователно мора да се направи по завршувањто на средното кое голем дел од луѓето го сметаат за небитно (незнам зошто) и поради тоа енормно голем број на студенти се запишуваат и завршуваат (со тек на време), па се создава огромна маса на високо образовани кадри кои воглавном се бескорисни. Нема никакви филтри кој треба да продолжи со високо образование а кој би требало да продолжи или остане со квалификациите стекнати со средното образование. Бидејќи сите студираат од немајкаде едноставно се создава конк*рентска маса без квалитет туку само квантитет. И секако се создава револт кај некој што има иста диплома и стручно образование и способност за разлика од некој што е на исто образовно ниво но без способности за истата. На западните факултети не се запишува секој. Секој не е ниту финансиски ниту интелектуално предизвикан од високото образование. Да не го споредуваме можностите за вработување со македонскиот пазар. Поголем дел од луѓето се среќни со стекнатото образование и квалификациите, занаетите кои ги научиле в школо да ги применат за егзистенција во животот. Не дека не се амбициозни, ама неможат ниту сите да бидат амбициозни за едукација, мора луѓето да се насочат кон продуктивност, не само кон учење теорија. Сакам да кажам доколку имадоволно раб.места и реално да се постават условите кои тој работник треба да ги исполнува за да се вработи тогаш ќе си дојдат работите на свое место. И кога факултетите реално ќе примаат одредена бројка на потенцијално способни студенти со овозможени услови за работа на проекти за време на образувањето тогаш ќе се издвои квалитетот. Јас сум среднист и не сум ништо поглупава и понеспособна од некој што завршил факултет. Продолжив да работам активно и надградувам едукативно на одредени полиња, јасно усмерени за конкретна струка. Мислам дека на Македонија и фали она вишо образование. 2 год факултет за одредени струки и многу пракса за студентите или среднистите во стручните школи. |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа сега и за продавачка во продавница предност имаат тие со факултет но и знаење на компјутери и јазик. Високото образование го изгуби своето значење, а да не зборувам за средното.Знам и многу добри и одлични ученици кои после завршување на средното образование немале потреба да се запишат на факлутет, туку се насочиле да работат и да напредуваат во тоа што го работат, а денес има толку многу к*рсеви кои што можете да ги посетувате и да напредувате во тоа што го работите без разлика дали имате високо образовани или не.
|
|
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne moze da se napravi statistika kolku inzenjeri, ekonomisti i pravnici treba za drzavata. Ne moze mene Gruevski da mi kaze sto da studiram. Postojat priemni, drzavna matura, ocenuvanja i razni kriteriumi koi ja pravat taa evidencija i selekcija. Jas ke zapisam sto sakam i koga ke zavrsam ostaven sum sam na sebe. Ziveeme vo kapitalisticko opstestvo sto znaci deka vladeat zakonite na prirodna selekcija. Ako ima pregolem kadar, najsposobnite ke opstanat i ke profitiraat na smetka na ostanatite. Studiram informatika i so sigurnost tvrdam deka nepotreben kadar barem vo narednite 5-6 godini, ako ne i 50-60, nema da ima.Deficit na ovoj kadar ima niz celiot svet. Ne moze sekoj da zavrsi informatika kako sto ne mozam jas da zavrsam praven od prosta pricina sto ne me interesira ama bas ic. I koga ke zavrsam, nema da go znam toa sto sum go studiral i nema da go znam ona sto me interesira. A ako go znam toa sto me interesira togas premnogu kadar nema da mi e problem zasto jas ke profitiram na smetka na tie sto zapisale kolku da zavrsat. |
|
Dimon
Група Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Информатика смер се воведе во многу градови, ама се знае кај ќе добиеш нај квалитетно и најголемо информатичко образование на ПМФ, не е исто да завршиш во Битола, на Штул и на ПМФ, бидејќи студентите на пр. од Битола нема шанси да се споредат со студентите од ПМФ во поглед на знаењето.
Понекогаш за да бидеш добар информатичар не мора да завршиш факултет, бидејќи сега постојат многу к*рсеви почнувајќи од најосновното до најсложеното, па кога ќе видиш повеќе ти се иплаќа на к*рс се разбира ако претходно си добро воведен во информатиката, отколку да завршиш факултет, можеби ќе заглавиш кај некој професор чиј предмет не е толку важен и ќе се разочараш. |
|
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zavisi sto podrazbiras pod toa informatika. Denes sekoj fakultet kaj sto se uci nesto vo vrska so kompjuteri stana "fakultet za informatika". Poimot informatika e tolku sirok i obemen taka da fakultet za informatika ne moze da postoi. Treba da se otvori cel univerzitet :) P.S. Elektro owns PMF ;) Изменето од Petkovsky - 22.Октомври.2008 во 02:22 |
|
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |