Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Април.2015 во 08:22 |
Откако ќе видите како изгледа оваа Несквик торта нема да поминат повеќе од 2 секунди, а да не си го замислите кремот кој се топи во уста. Можеби нема да биде готова додека трепнете, но ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута. Потребни состојки: За кори - 7 белки
- 125g шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 180g печени лешници
- 2 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1 лажица Несквик
- Прашок за печиво
- 100ml масло
За фил
- 1l млеко
- 7 жолчки
- 200g карамели
- 160g густин
- 150g шеќер + 1 ванилин шеќер
- 125g маргарин
- 200ml слатка павлака
За потопување
За глазура
- 200g Милка noissete
- 200ml слатка павлака
- 2-3 лажици Несквик
Подготовка:
Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте. На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото. Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот. Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели. Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил. За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади. Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура. Пресечете и уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Април.2015 во 11:11 |
Валерија еден пост погоре е истава торта Изгледа стватно ни се бендиса
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Април.2015 во 21:06 |
Домашни Киндер пингви коцки со кои ќе ги израдувате најмладите, а и вие ќе бидете воодушевени со денови. Откако еднаш ќе го пробате, големи се шансите овој рецепт да ги надмине купечките тортици. Потребни состојки: За бисквит - 6 лажици брашно
- 6 лажици шеќер
- 6 јајца (одвоено белки и жолчки)
- 6 лажици жешка вода
- 1 прашок за печиво
- 3 лажици какао прав
За крем - 3 крем сирења (од 70g)
- 5 лажици шеќер во прав
- ½ литар слатка павлака за шлаг
- 1 желатин во прав
За чоколаден крем - 100g чоколадо за готвење
- 50g путер
- 1 лажица масло
- 50ml вода
За глазура - 100g за готвење
- 50g путер
- 1 лажица какао прав
Подготовка:
Жолчките изматете ги со шеќерот и врелата вода додека смесата не стане густа и кремаста. Измешајте го какаото, прашокот за печиво и брашното во посебен сад, а потоа измешајте ги сувите состојки со жолчките. Додавајте лажица по лажица и мешајте со миксер. На крај изматете ги белките додека не добиете снег, со неколку зрна сол. Додадете го во смесата од жолчки и брашно. Печете во калап со мрсна хартија на 175 степени околу 40 минути. Изладениот бисквит пресечете го на 2 еднакви дела. Во меѓувреме направете го кремот. Желатинот прелијте го со 4 лажици вода и оставете го да нарасне. Измешајте го крем сирењето со шеќер и додајте слатка павлака. Желатинот стоплете го на ниска температура, па потоа додавајте го во смесата од крем сирење. За чоколадниот крем потребно е чоколадото ситно да го исечкате, а во посебен сад да го загреете путерот со маслото и водата. Кога течноста ќе се соедини, тргнете од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи. Глазурата ќе ја подготвите така што на тивок оган ќе го загреете какаото со путерот додека не добиете еднолична смеса. На крај додадете го чоколадото. Глазурата правете ја на крај, затоа што треба да е топла кога ќе ја прелиете. Редење на слоеви:
Првиот дел од испечената кора ставете ја во калапот во кој ја печевте и на неа намачкајте половина од кремот. На кремот ставете го чоколадниот крем и оставете да отстои во фрижидер 15 минути. Откако ќе се олади, ставете ја и другата половина бел крем, па покријте со втората кора. Прелијте со топла глазура и оставете го колачот во фрижидер неколку часа. Потоа сечете коцки и уживајте! Ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута....
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Април.2015 во 08:04 |
Мангомису
Веројатно сите сте слушнале за прекрасното италијанско колаче тирамису. Денес, ние ви предлагаме да направите една посебна варијанта, која како што кажува и самото име Мангомису, содржи манго.Едноставно, десерт во кој ќе ужива секој. СОСТОЈКИ (за 6 лица) • 500 гр маскарпоне • 600 мл слатка павлака • 50 гр шеќер • 2 жолчки • 1 ванилин шеќер • 125 мл ликер од портокал • сок од 2 портокала • 300 гр бисквити — пишкоти • 3 манго плодови, исечкани со 1 цм дебелина сос од малини • 55 гр шеќер • 250 гр свежи или замрзнати малини • сок од 1 лимон ПРИГОТВУВАЊЕ Обложете ја тавата за печење (по можност кружна, со дијаметар од 22 см) со хартија за печење. Ставете го маскарпонето, шеќерот, слатката павлака, жолчките и ванилиниот шеќер во длабок пластичен сад и матете со помош на миксер сѐ додека не добиете густа, хомогена смеса. Измешајте ги ликерот и сокот од портокал во посебен сад. Секоја од пишкотите потопете ја до половина во ликерот и наредете ја во садот за печење. Кога ќе направите еден ред со пишкоти, ставете една третина до смесата со маскарпоне и една третина од парчињата манго. Повторете го процесот сѐ додека имате состојки. Најгоре, покријте со парчиња манго. Прекријте ја тавата и оставете да се лади околу 2 часа. Во меѓувреме, пригответе го сосот од малини. Ставете го шеќерот и 2 големи лажици вода во мал сад на умерен оган. Растопете го шеќерот. Потоа, малку изладете го шеќерот и додадете ги малините и сокот од лимон. Измешајте ги сите состојки во блендер. Оставете да убаво да се излади во фрижидер. Пред сервирање, внимателно извадете го колачот од садот за печење и ставете го во сад за послужување. Декорирајте со спирално пресечно манго и сос од малини.
Изменето од Valerija - 28.Април.2015 во 08:04
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Април.2015 во 08:46 |
Ако не сте многу по кремастите торти и повеќе ги сакате сочните колачи со шербет, тогаш овој колач ќе сакате да го изедете толку брзо колку што ќе го подготвувате. Одличен е и за со кафе, но и за намалување на апетитот пред спиење. Наместо обилна вечера, едно парче од овој колач ќе ве засити. Потребни ви се само неколку состојки, кои најверојатно секогаш ги имате дома. Потребни состојки: За тестото - 4 јајца
- 200 g шеќер
- 200 g путер
- 200 g гриз
- 2 супени лажици брашно
- 1 кисела павлака (250 ml)
- Пола кесичка прашок за печиво
За шербетот - 500 g шеќер
- 750 ml вода
- 1 ванилин шеќер
Подготовка: Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот, потоа додадете ги и останатите состојки за тестото и изматете сè со миксер. Печете во загреана рерна на 180-200 степени, додека колачот не биде испечен, а тоа може да го проверите со чепкалка која не треба да има залепени остатоци од тесто, кога ќе боцнете и ќе ја извадите. На страна подгответе го шербетот, така што ќе ја зовриете водата со обичниот и ванилиниот шеќер додека не добие златна боја и густина малку поретка од мед. Со шербетот прелијте го испечениот колач и вратете го во рерна уште 5 минути. На крај исечете го на коцки и послужете го за да уживате во неговиот сочен вкус кој ќе ви се топи во устата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Април.2015 во 09:21 |
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ЈАБОЛКА4-5 големи јаболка 3 и пол шолји брашно прстофат сол кесичка прашок за пециво шолја шеќер 3 лажички цимет 2 лажици какао 3 јајца 80 мл. масло 100 г. чоколадо, исецкано на коцкички 100 г. исецкани ореви Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 160 степени. Изрендајте ги јаболката. 2. Во сад измешајте ги брашното, солта, прашокот за пециво, шеќерот, какаото и циметот. 3. Во поголем сад измешајте ги изренданите јаболка, изматените масла и јајца. Измешајте го брашното со додатоците, па додадете ги исецканите чоколада и ореви. Мешајте додека состојките не се поврзат. 4. Ставете масло во калап за торта и ставете ја смесата. Печете 60 до 70 минути. Оставете малку да се олади, па по желба прелејте ја тортата со чоколадна глазура.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2015 во 08:32 |
ФРАНЦУСКА ЧОКОЛАДНА ТОРТАКолку и да се трудам вкусот нема да можам да ви го доловам, затоа припремете ја и уживајте во неверајотниот вкус на чоколадата. Потребни состојки: – 140 гр маргарин – 140 гр шеќер – ванилин шеќер – 6 јајца – 140 гр мелени ореви или лешници – 3 реда чоколада – вашата омилена – една лажица какао – рум За филот: – 125 гр путер – 125 гр шеќер во прав – ванила – 3 реда чоколада – една лажица какао – 2 јајца Подготовка: Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи. Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса. Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено. За филот: Пенесто изматете ги путерот, шеќерот во прав, ванилата па додавајте ги една по една жолчките, потоа какаото, растопената чоколада и рум. Пенесто изматете ги белките и додајте ги во чоколадниот фил. Филот ставете го во фрижидер да се излади, а потоа филувајте го тестото.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2015 во 21:37 |
ТОЛКУ ВКУСНО ДОМАШНО МАЧМАЛОУ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ!– 12 лажици кристал шеќер – 12 лажици шеќер во прав – 1 кеса ванилин шеќер – 3 капки екстракт ванила – 5 лажици ладна вода – 7 јајца – половина шолја масло – 10 лажици шеќер во прав – 7 рамни лажици брашно – 2 кеси бурбон ванилин шеќер – 3 рамни лажици квалитетно какао – половина кеса прашок за пециво – 1 шолја топло млеко – 80 грама маргарин/путер – 100 грама чоколадо – Неколку капки масло ПОДГОТОВКА: Најпрво подгответе го бисквитот и тоа така што ќе ги одделите белките од жолчките. Белките оставете ги во фрижидер, додека го подготвувате бисквитот. Земете ги жолчките, додајте кеса ванилин шеќер, масло и 10 лажици кристал шеќер. Матете со миксер додека се` фино не се соедини. Брашното измешајте го со прашок за пециво и какао. Соединете ја таа мешавина со јајца и млеко и се` разматете, но овој пат со лажица, не со миксер. Излијте ја смесата во тепсија која претходно добро сте ја намастиле и испечете во добро загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Додека бисквитот се пече, направете фил: прво добро ќе ги разматите белките така што ќе се направи цврст снег. Постепено додавајте шеќер и продолжете со матење. Во сад со пет лажици ладна вода додајте 12 лажици шеќер во прав и екстракт од ванила, па загревајте додека не се направи сируп. Добиениот сируп полека додавајте во белките и продолжете со матење. Печениот бисквит извадете го од рерна и премачкајте го со белиот фил, оставете го во фрижидер на два часа. Растопете чоколадо со маргарин или путер, додајте масло и оставете да се олади. Мачмалоуто извадете го од фрижидер. Можете да го исечете како колач или со чаша. Прелијте ги колачите со чоколадната глазура и повторно вратете ги во фрижидер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2015 во 08:31 |
Нема кој не ја обожава бонбониерата со бајадера, па уште ако може да уживате во големо вкусно и кремасто парче торта, тоа би било вистинско задоволство. Сега наместо да купувате мали бонбони може да направите торта од која секој залак ќе ви се топи во уста. Потребно ви е тесто и 3 филови за да го постигнете ефектот, но вкусот вреди и за трудот и за времето. Потребни состојки: Тесто: - 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици мелени ореви
- 5 лажици брашно
- Пола кесичка прашок за печиво
- 3 dl Фанта
Прв фил: - 300 g мелена плазма
- 100 g чоколадо
- 2 dl Фанта
- ½ маргарин
- 50 g шеќер во прав
Втор фил: - 200 g мелени ореви
- 1 dl млеко
- ½ маргарин
- 50 g шеќер во прав
Трет фил: - 750 ml млеко
- 3 пудинзи
- ½ маргарин
- 50 g шеќер во прав
- 300 g шлаг
Подготовка: Со миксер изматете ги 6-те белки и 6-те лажици шеќер, па додавајте една по една жолчка. Со лажица мешајте и додајте 5 лажици брашно, пола печиво, 6 лажици мелени ореви. Печете го тестото на 180 степени околу 20 минути. Откако ќе се испече и излади потопете го со 3 dl сок Фанта. За првиот фил изматете пола маргарин со 50 g шеќер во прав, па додајте 100 g стопено чоколадо и мешајте додека не се соедини, па додајте 300 g измелена плазма и 2 dl Фанта. За вториот фил 200 g мелени ореви прелијте ги со 1 dl топло млеко, а во изладеното додајте го изматениот маргарин со прав шеќер. За третиот фил ставете 500 ml млеко да зоврие, па сварете 3 разматени пудинзи во 250 ml. Изладениот пудинг мешајте го одвреме-навреме за да не ви фати кора на врвот. Изладениот пудинг соединете го со пола маргарин и 50 g шеќер во прав. Преку натопената кора се става прво филот од мелена плазма, па половина од третиот фил, па филот од ореви и останатиот дел од пудингот, а на крај преку сè намачкајте со шлаг или стопено чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Mazak
Сениор
Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2015 во 21:29 |
Valerija...Темава ти е прекасна, полна со вкус и стил(како и другите што ги одржуваш во живот) но се надевам дека не е до толку слатка како тебе.
|
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јуни.2015 во 20:20 |
ОВОШНА ТОРТА СО ХОПЛАСостојкиЗа тестото:- масло за готвење
- 6 јајца
- 340 гр шеќер
- 170 гр растопен путер
- ½ лажица мелена ванила
- 225 гр брашно
- 1 ½ лажица прашок за пециво
- 2 лажици млеко
За филот:- 350 гр хопла
- 2 лажици шеќер во прав
- 3 големи зрели праски или праски од конзерва
- 1 зрела смоква (исечкана на четвртини за декорирање)
Начин на подготовкаВо огноотпорен сад ставете ги јајцата и шеќерот и мешајте за да добиете пенеста смеса. По неколку минути, кога кремот ќе биде готов тргнете го од оган. Во кремот, мешајќи додадете го растопениот путер и ванилата. Потоа додадете го брашното и прашкот за пеиво, а на крај и млекото и продолжете да мешате додека не добиете еднолична смеса. Загрејте ја рерната на 160 степени и премачкајте два мали калапи за печење (со дијаметар од околу 20 см). Тестото поделете го на два дела и ставете го во калапите. Печете околу 45 минути, додека тестото не се дигне и стане еластично на допир. Оставете го тестото во калапот десетина минути по печењето, а потоа извадете го и исечете го на четири дела за да добиете четири листа тесто. Изматете ја хоплата за да добиете крем, а потоа редете еден слој тесто, еден слој изматена хопла и еден слој праски исечкани на кругови. Оставете го колачот да се излади и на крај украсете го со праските, смоквата и шеќерот во прав.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јуни.2015 во 14:49 |
ЛИМОН КРЕМ ТОРТАСостојки- 2 шолји брашно
- 1 шолја путер, растопен
- 1/4 шолја крем сирење
- 1 шолја шеќер
- 1/2 шолја пудинг од лимон
- 3 1/2 шолји млеко
- 1 1/2 шолја сладолед од јогурт, одмрзнатè
Начин на подготовкаЗагрејте ја рерната на 175 степени. Во сад, ставете ги брашното и путерот и мешајте ги се додека не се оформи топка. Притиснете ја смесата на тацна од 20x30cm. Печете 25 минути во претходно загреаната рерна или сè додека не добие светло златна боја. Извадете го од рерната и оставете целосно да се излади. Во сад ставете ги крем сирењето и шеќерот и мешајте сè додека не се соединат. Ставете ја смесата на испеченото тесто. Во друг сад ставете ги пудингот од лимон и млекото и добро мешајте околу 5 минути. Ставете ги над слојот од крем сирењето. Оставете да се олади во фрижидер, а потоа премачкајте одозгора со сладоледот од јогурт.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јуни.2015 во 14:30 |
БРЗ, ЕДНОСТАВЕН И ВКУСЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ
Изненадете ги домашните со овој брз, едноставен и вкусен чоколаден колач.Ова е рецепт за колач кој можете да го направите едноставно, следејќи ги упатствата. Само измешајте ги состојките, за што ќе ви бидат потребни пет минути, и печете. Состојки: 1 чаша шеќер 1 чаша брашно 1 чаша мелени лешници или ореви 1 чаша кисела павлака 1/2 чаши какао во прав 1/2 чаши масло 1 прашок за пециво 4 јајца Напомена: За мерка користете чаша од 2 дл. Подготовка: Сите состојки ставете ги во сад и изматете ги со миксер – јајца, шеќер, брашно, лешници, какао, павлака, масло, прашок за пециво и ванилин шеќер. Сипете во помала длабока тепсија обложена со хартија за печење. Печете на 170 °C , околу 45 минути. На крајот украсете со чоколадна глазура или едноставно посипете шеќер во прав. И тоа е тоа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2015 во 14:20 |
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО СЛОЕВИ ОД БИСКВИТИПотребни состојки:За тестото од бисквити:- 500 грама брашно
- 70 грама маргарин
- 150 грама рицинов шеќер
- 3 лажици мед
- 1 лажица сода бикарбона
- 2 јајца
- Прстофат сол
За кремот од Нутела:- 250 грама несолен путер, омекнат
- 1 литар млеко
- 6 лажички гриз
- 100 грама шеќер
- 2 лажици сол
- 280 грама Нутела
За благиот сос:- 60 грама Нутела
- 60 грама темно чоколадо, исечкано
- 60 грама крем
- 60 грама испечени и излупени лешници
Начин на подготовка:Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе колку што е можно повеќе тркалезни садови за печење. Ќе ви бидат потребни 8, но доколку немате толку можете да ги ротирате оние кои веќе ги имате. Обложете ги со хартија за печење и тргнете ги на страна. За да го направите тестото од бисквити, измешајте ги рачно сите состојки, а потоа дополнително мешајте со електричен миксер. Поделете го тестото на 8 еднакви парчиња. На рамна површина сипете малку брашно и оформете го секое парче тесто во многу тенка тркалезна форма со големина од една чинија. Поставете една чинија врз секое од овие теста и отстранете го вишокот. Поставете ги тестата врз садот за печење и печете од 7 до 8 минути или сè додека не станат златни. Тргнете ги настрана за да се оладат. Во меѓувреме направете ја глазурата. Сварете го млекото, гризот, шеќерот, ванилата и солта заедно. Варете сè додека не добиете густа смеса, а потоа сместете ги во голем сад отпорен на топлина и прекријте ги со пластична кеса директно на површината. Ставете ги во фрижидер додека не се оладат. Мешајте го путерот со миксер сè додека тој не стане блед и кремаст. Додајте ја потоа и Нутелата и мешајте сè додека не се комбинираат. Откако ќе завршите, лажичка по лажичка претурете ја смесата со млекото и гризот. Повторно мешајте додека не се комбинираат. За да ја составите тортата поставете едно тесто од бисквити на чинија за сервирање. Премачкајте го со мал дел од кремот и распределете го рамномерно врз тестото. Ставете уште едно тесто врз него и повторувајте го процесот сè додека не ги наредите сите слоеви тесто. Со остатокот од кремот поминете на врвот и страничните делови од тортата за да ја зацврстите. Ставете ја во фрижидер да се олади. За да го направите благиот сос, во еден сад за готвење ставете Нутела, крем и чоколадо и загрејте ги на слаб оган, притоа цело време мешајќи. Кога тие ќе се стопат, тргнете ги од оган. Сипете го сосот над тортата и дозволете му да капи по страните, а потоа додајте ги и лешниците. Чувајте ја тортата во фрижидер. Најдобро е да ја сервирате наредниот ден.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|