|
Изборно гласање од дијаспората |
Внеси реплика | страница <1 4647484950 54> |
Автор | ||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za mene lichno izlaganjeto na postoechkite zakoni od strana na Mesi se realna potkrepa za negoviot stav vo vrska so glasanjeto na drzhavjanite na RM so privremen predstoj vo stranstvo.
Tie ja odslikuvaat realnata potreba na glasachite da uchestvuvaat vo politichkoto ureduvanje na zemjata vo koja se rodeni i se potkrepeni i podrzhani a i vo isto vreme i obvrzani so poveke megjunarodni pravni normi i legislativi za koi RM e potpisnik i obvrzana da gi pochituva.(del od konveciite na UN za chovekovite prava i slobodi). Zhal mi e shto mozham da vidam kontra stavovi ispirirani od ljubomora i zavist a bogami i so seriozna politichka zadnina. Takvite stavovi predizvikuvaat razdor, zakrvuvanje i netrpenie a shto e najlosho i razocharuvachka dushevna bolka kaj Makedoncite na privremen predstoj vo stranstvo. Na tie takvite shto se protiv glasanjeto sakam da im poracham deka se se plakja i se se vrakja. Evo go mojot soodveten odgovor na takvite; So ogled na toa deka vo Makedonija minaa premnogu godini na politichki losh izbor shto rezultirashe so katastrofalni posledici za ekonomijata i bezbednosta na drzhavata, smetam deka na Makedoncite vo Makedonija treba da ne im se dozvoli poveke da glasaat a da im se dozvoli na Makedoncite od dijasporata da go pravat toa namesto niv zatoa shto tie pokazhaa so svoite postapki i pochit kon drzhavite vo koi se naogjaat deka mislat i doprinesuvaat poveke za idninata na svoite pokolenija i drzhavata od koja poteknuvaat. Изменето од Mazak - 08.Август.2015 во 05:16 |
||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па така бе мајсторе, изјасни се..... Сега немој да се чудиш кога гледаш каков е отпорот на Македонците кои живеат во Македонија спрема македонците кои немале желба да останат да живеат тука ама затоа имаат максимален нагон да се мешаат во сите внатрешни работи на државата која одамна ја напуштиле од желба за полесна заработувачка.... Без оглед на законските можности кои Ви ги даде сегашнава влада, која мудро користејќи ги вашите емотивни слабости, знае дека секогаш ќе може да смета на три загарантирани пратеника, оваа грешка ЌЕ МОРА да се исправи....или гласајте си како и во земјата што милувате да ја нарекувате мајка....8000-10000 гласа за едно пратеничко место. За тој што толку ја сака Македонија, не би требало да преставува проблем да се снајде да гласа.... Уште еднаш, благодарам на искреноста... |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Makedoncite, dali vo Makedonija ili pak na privremen predstoj vo stranstvo imaat podednakvo pravo na politichka opredelba bez razlika na nivnata finansiska sostojba vo momentot.
Изменето од Mazak - 09.Август.2015 во 04:52 |
||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако може сите учесници во дискусијава да говорат само во свое лице (прво лице еднина) наместо во множина, небаре ги претставуваат сите македонци од дијаспората или во Р.Македонија. Многу некоректно е да се поставуваме како самоповикани водачи (гласноговорници) и така нашите зборови да ги вметнуваме во устите на сите други луѓе. Овде изнесуваме само наши ЛИЧНИ мислења и убедувања. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој не може да ти го оспори правото на политичка определба...без разлика дали имаш пари или си голтар, затоа не знам зошто мешаш баби и жаби.... Единствено што ми пречи е тоа што некој ви дозволил со неполни 1000 гласа да изберете пратеник.... Само за споредба...изборите во 2011 партиите на Љубчо Георгиевски и на Брат Љубе имаа освоено над 50 000 гласа а не освоија ниту едно пратеничко место....не гледам ни една причина зошто иселениците би биле попривилегирани... |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се вртиме бескрајно во кругови со некои работи, како на пример со бројот на гласовите… … како прво, бројот на гласовите никому не му попречува да го прaктицира своето право на гласање, бирање и избирање. Како што веќе рековме, во некои општини во Македонија има помал број на гласови. Исто така, не може да се обвини гласачот за неможноста да гласа ако организаторот на гласањето не му дозволи да го стори тоа. Ако физички е невозможно да гласаат повеќе од 1000 граѓани, како тогаш можат да се обвинат зошто не гласаат во поголем број ? Тоа е како да се обвини возач зошто не вози побрзо од 20 километри на час со автомобил кој е лимитиран да оди максимално со 20км/h. Државата не смее да го одземе правото на гласање на македонските државјани од дијаспората по никој основ, ниту Уставно, ниту Законски, ниту по основното граѓанско право да се гласа и да се биде гласан. Оноа што мора да стори државата е да овозможи подобри демократски услови за гласање со кои ќе се овозможи да бидат опфатени сите македонски државјани без никакви пречки. Се работи само за техничко подобрување на гласањето, а не за негово одземање. Изменето од Messenger - 09.Август.2015 во 19:49 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па зошто дијаспората не побара поактивно да и се овозможи тоа право....Зошто сегашнава влада које толку загрижена за гласањето, не се заангажира за овозможување на електронско гласање, тоа е ситница за држава што фрлила пола милијарда евра на бронза и камен. Туку и на едните и на другите им одговара матната состојба која е во моментот...
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потполно се сложувам со тебе и истото прашање го поставувам уште од првиот ден ! Да беа пратениците на опозицијата во Собранието едно од првите прашања што би сакал да го постават на претставниците на оваа влада е токму тоа - ако веќе толку се залагате за гласачкото право на македонците од дијаспората зошто не се овозможи електронско гласање ? Ако постојат некои проблеми во врска со тоа тогаш нека се оформи комисија за нивно решавање и оваа работа да се стокми како што треба еднаш за секогаш. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа е техничко прашање а ако државата не е способна да го спроведе, постојат светски агенции кои се лиценцирани токму за такви активности...,
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се сложувам и со тоа, иако сигурно таквиот програм не е тешко да се создаде или модифицира бидејќи веќе одамна практично се користи во многу држави.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Таман работа да е тешко....ништо покомплицирано не е од онлајн плаќање или она плаќање со кодови од банка...
Се што треба е на секој заинтересиран да ми се направи достапен одреден начин на идентификација или одреден код кој ќе му овозможи еднократно гласање и нормално, да се загарантира тајноста.... Тогаш сигурен сум дека ќе има стотици илјади заинтересирани, што на пратениците од дијаспората ќе им даде на тежина |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne se slozhuvam so ovaa tvoja konstatacija. Makedoncite vo dijasporata se oshteteni a ne privilegirani zatoa shto kolku shto ima Makedonci vo Makedinija tolku priblizhno ima i vo dijasporata. Na site tie treba da im se ovozmozhi pravo na glas i broj na pratenici po proporcionalen model(kolku glasachi vo Makedonija, kolku von Makedonija -tolku i pratenichki mesta)...za izbirachkite delovi, dijasporata ke si se dogovori koja izborna edinica da podpadne pod koj pratenik i kolkiu mesta od izborna edinica da ima vo parlamentot. Za nas e biten brojot na pratenici po broj na glasachi, nie ne sakame da gi delime Makedoncite na dijasporci i domorodci...za nas se site Makedonci. Изменето од Mazak - 10.Август.2015 во 01:58 |
||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
||
falangamk
Нов член Регистриран: 02.Август.2015 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(2)
|
|
Дијаспоеата во никој случај не треба да одлучува за нашата иднина.Луге кои заборавиле каде на карта се наога Македонија и не плаќат никакви давачки на ова држава не смеат да одлучуват за мојата судбина и за судбината на моите деца.
|
||
Внеси реплика | страница <1 4647484950 54> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |