IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Изградба на црква на плоштад Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изградба на црква на плоштад Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 114>
Прашање: Дали сте за нова црква со работен наслов “Св. Никола“ на плоштадот?
Одговор Гласови Статистика
49 [25,79%]
140 [73,68%]
1 [0,53%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 12:54
site ste za goli otok

sala na strana, ovde veke nema mesto za dobra diskusija

smesni izjavi na rektori, predsedateli na unii na studenti koi gi cuvaat telohraniteli, Latas i povici na linc i zakani, a vie ni zbor za seto toa ... zgora na toa nekoj od inat ili bezveze si pisuva postovi da se zeza


prodolzete taka

prijatna zabava
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 13:31
sto treba da se napravi za da se zatvori ovaa tema ????? ... ama bas voopsto nema vrska so politika ... na pocetokot se diskutirase za incidentot (toa bese OK), no sega veke se diskutira za nesto sosema drugo - nesto sto nema vrska so toa sto treba da se diskutira ... porano imase etiketi predavnici i patrioti  a na ovaa tema veke pocnaa i na vernici i nevernici ...  
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 14:14
Темата си е таман за во Политика, не знам што ве буни?!
Проектот за црквата е на Владата на РМ, а таа е политичка, нели?
Во протестите на студентите и насилството кое се случи, очигледно дека има замешано политика.
Во рамките на темата, нормално е дискусијата да се одвлече и во друг правец, таква е темата.
Се што е претерано ние сме тука да го спречиме
.


Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 14:16
Ne vi se cini deka malku zapagjame vo paranoi?

Ili, zasto da e ednostavno, koga moze da e komplicirano?
zasto da e ednostavno prostodusen protest na naivni mladi entuzijasti koi imaat vizija za podobra Makedonija vo koja vizija se stavaat sebesi kako aktivni kreatori ( za cudo); koga moze da go pretvorime vo "svetski" zagovor so politicki pozadini? 
Povekje nikoj ne veruva vo prikazni? Nikoj ne veruva deka rabotite mozat da se ednostavni, bez osobeni pozadini? Cudno kako ni stana percepcijata izvitoperena.
.........................................................................

Eve edno pismo vo vest:

Не силувајте го Скопје!

Повод:  Прво архитектонско востание во Скопје

Во саботата на пладне, на градскиот Плоштад во Скопје мала група сту­ден­ти од Архитектонскиот факултет во Скопје, со транспаренти од хартија во рацете се обиде јавно да побара мислење од своите професори и од македонската јав­ност во однос на најновите прекројувања на отворениот простор во центарот на градот. Студентите не протестираа против некаква Црква, против Исус (?), уш­те помалку протестираа против политичка опција. Студентите се собраа да ис­ка­жат свој став. Точка. Ама било една недела пред избори, со факинг уот? Што треба да се прави една недела пред избори, да седиме сите дома и да ја­де­ме пуканки, гледајќи ТВ-дуели? Ако е ова слободна и демократска држава, так­ва треба да биде во секое време, во време на дожд и снег, во време на фи­на­ле­то од Лигата на шампионите, па и во време на проклетите избори. До­тол­ку повеќе, мислам дека тајмингот на протестот беше намерно избран единс­тве­но од желба да се привлече поголемо медиумско внимание, што и се потврди. Инаку, кој во оваа држава би се загрижил што мислат студентите по архитектура во "неизборен период". Тоа што во последен момент на со­би­рот се прилепија, го поддржаа или се оградија од него разни интересни гру­пи, меѓу кои и политички, тоа е сериозен проблем на нашето општество. Во фа­моз­ни­от изборен период, куче да уринира на плоштадот Македонија, за 10 ми­ну­ти на прес-конференција ќе се појават портпаролите на главните по­ли­тич­ки партии, заемно обвинувајќи се за политички инструирана физиологија. Ве­ро­јат­но, илузија е да се повикува оваа пракса да престане, оваа држава е од вчера и тоа се, веројатно, детски болести на секоја млада демократија, бо­лес­ти кои, едноставно, треба да се прележат. Сепак, тажно е дека оваа ко­лек­тив­на хистерија на поделби пополека станува колективно слепило во кое жес­то­ко се втурнува целокупното општество. Патем, чисто заради ин­фор­ма­ци­ја на љубопитните, од тие што успеав јас да ги видам на протестот на сту­ден­ти­те по архитектура, во нивните редови имаше деца и на истакнати ВМРО-вци, и на истакнати СДСМ-овци, и деца на архитекти,лекари, на новинари, сте­чај­ци, деца на менаџери, бранители, деца на Албанци, Турци, на Срби. И нема што повеќе да се разговара за тоа, каква политика, какви глупости. На мирен на­чин да се изнесуваат ставови за теми поврзани со урбаниот живот се нај­доб­ре­дој­де­но­то право во едно демократско општество. Дури и во времето по­ме­ѓу два изборни круга! Тоа е право кое отвора дијалози и дебати за светот кој треба сите заедно да го создаваме, право кое треба јасно да се стимулира, поч­ну­вај­ќи од врвот на политичката, културната и на социјалната елита, па на­до­лу.
Ина­ку, добро е градот да се гради, тоа е навистина добро. Лично се радувам што во Скопје, по многу години, почнаа да се отвораат градилишта на кои не­ма да се градат станови. ОК е да се гради и црква, тоа, веројатно, не е само чо­веч­ка, но е и божја промисла едновремено. ОК е да има и скулптури, ако има кој да им се радува. Сепак, ценам дека треба малку поширок дијалог пред да ре­ши­ме да замениме некој отворен градски простор со изграден. Знаете, гра­де­ње­то градови е исто како кроењето, двапати мери - еднаш сечи! Знаете зош­то, поради тоа што цената е многу висока! Ако погрешиш, нема каде да се ку­пи резервна ткаенина. Од поодамна сме сведоци дека преку манипулативно чи­та­ње на историјата и нејзините архитектонски стилови, на Скопје почна да му се навлекува стилска наметка која е базирана на негирање на постојното. Плош­та­дот во Скопје го формираат згради од пред неколку децении, тоа е тоа. Па што сега ако тоа некому не му се допаѓа? Ние не сме ниту Париз, ниту Лон­дон, ниту Атина, поради тоа што ние не сме ниту Французи, ниту Британци, ни­ту Грци. Ние сме тоа што сме, и имаме град таков каков што сме создавале низ историјата. Не ни треба нова историја зашто и таа што ја имаме има вред­ност. Кому повеќе му се допаѓа плоштадот во Прага, нека токми план за пре­сел­ба, ете, до крајот на годинава, нели и визно ќе нe либерализираат.
Се прашувам само ќе успее ли некој и културно да нe либерализира, нас, нели, што ќе останеме овде да живееме? Па погледнете само што ни се продава ка­ко автентичен македонски архитектонски производ (не ви зборувам за про­ек­тот за црквата)? Треба ли нечии материјализирани кошмари да почнам да ги иден­ти­фи­ку­вам како свои? Кој ги е.. Грците, или ЕУ, или не знам кого, баш ми е гај­ле за нивното мислење, поважно е што мислиме ние што сме одбрале да жи­ве­е­ме овде. Нам ни останува просторот на овој град. Ќе успее ли ко­неч­но некој да препознае дека спротивно на праксите кои се стремат да создадат (нов) јасен идентитет на градот, паралелно постојат и силни културни флуиди сос­та­ве­ни од образовани луѓе што не мислат така. Патем, тие се студенти по ар­хи­тек­ту­ра. Тие се луѓето што ќе ја градат оваа држава! Зошто сакате да ги те­па­те бе море, "сограѓани"? Тие луѓе се иднината на оваа држава и не се ни оби­ду­вај­те да го релативизирате нивното мислење! Не обидувајте се ни да ги ети­ке­ти­ра­те! Соросоиди, геј, анархисти, Шиптари, се изнаслушаа луѓето се и сеш­то. Зла крв, ништо друго! Наместо да тресете глупости треба да соберете храб­рост да признаете дека тие млади луѓе се борат да го направат нашиот за­ед­нич­ки свет подобар. Не мора да се во право, но барем се обидуваат да нап­ра­ват нешто што вие, очигледно, не можете или не знаете. Но тоа не е ниш­то страшно! Ако не можеш да помогнеш, не одмагај. Тргни се настрана, пиј јо­гурт и остави ги луѓето да дишат кога имаат дробови за тоа!
За верниците - туристи во Скопје, со ланч-пакет, дневница и со икони во рацете, не сакам ни да зборувам. Не се знаеме, зашто не сме се запознале на ниту ед­на црковна служба. Како обичен православен верник, срцето ми се рас­пла­чу­ва­ше кога гледав на каков начин го злоупотребуваа божјото име во време на пост. Господ ним нека им е на помош!

Јо­ван Ивановски, архитект
асис­тент на Архитектонскиот факултет во Скопје


Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 14:18
eh .......... da e samo Skopje koe e siluvano vo ovaa drzava i nekako kje pomine ......... ama siluvan e kompletno celiot NAROD .......... toa e problem ......... zosto , kako poinaku da se objasni ova sto ni go pravat a ne plakjaat nikomu nisto збунетост
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 15:24
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

site ste za goli otok

sala na strana, ovde veke nema mesto za dobra diskusija

smesni izjavi na rektori, predsedateli na unii na studenti koi gi cuvaat telohraniteli, Latas i povici na linc i zakani, a vie ni zbor za seto toa ... zgora na toa nekoj od inat ili bezveze si pisuva postovi da se zeza


prodolzete taka

prijatna zabava
 
Рече мама Бутел 2 и не искара, без да каже и самата нешто, да ја продолжи дискусијава....
 
Како би можела да ја земам сериозно оваа ситуација кога од самиот старт се е крајно несериозно:
 
во секоја нормална цивилизирана земја во која има ред постојат институции со одредени функции. На пример: некој се грижи за здравјето на луѓето (министерство за здравство, болници, клиники, па и приватни ординации), некој на пр. за обработка на обработлива почва во државата (да има народот да јаде) од страна на министерство за земјоделие, и разни под-институции, има градско собрание кое се грижи за состојбите и случувањата во градот, итн итн итн во бескрај. И секој дел има свои подделови за кои некој е одговорен и треба да организира нешто и да си ја извршува работата. Вака просто кажано, е скроено едно општество од многу луѓе на едно купче, луѓе жители на една заедница, град, регион или држава...
Ова се учи инаку во второ или трето одделение.
Така да, за градење објкекти исто така си постојат надлежни институции составени од архитекти, инжинери, урбанисти итн кои решаваат кога, каде и што ќе се гради.
Во цивилизираните земји постојат урбанистички закони дури и за приватните лица кои со сопствени средства на сопствен имот градат сопствена куќа. Не може да гради облакодер во населба или улица во која сите згради не се повисоки од 4 спрата, на пример.
 
Е, кај нас одамна работите не функционираат по тој, нормален ред туку секој си тера како ќе му текне и одговара, не размислувајки ни трошка за другиот, за ближниот, камо ли за комшијата или заедницата. Како што веќе напишав: кај нас, перспективата на многумина (фала Богу не на сите!!!) им е до врвот на носот, евентуално папокот (ако се дебели).
 
И се случува ланец на несериозности:
владата сама си решава каде си сака да си гради што си сака и да си го именува како што си сака
со ДРЖАВНИ ПАРИ односно, со пари на народот кој нема леб да јаде, во ек на најголемата светска финансиска  криза после втората светска војна.
Значи владата ги гази законите за урбанизам, за рационално трошење на парите од заедничката каса итн...самата не го зема законот сериозно, а таа би требало да го претставува тој закон.
Тоа е крајно неодговорно и несериозно.
 
Излегоа млади студенти, и тоа од компетентна институција - архитектонскиот факултет (да беа медицинари или математичари, по мене пак ќе беше ок) да кажат дека се против изградба на објект на тоа место кое ќе ја затвори улицата, ќе го угуши и онака малиот плоштад на македонската „метропола“ (простете, но јас морам тој збор да го ставам во наводници, бидејки по ова што се случува, Скопје за жал, иако е мојот најљубен град во кој сум родена, не заслужува така да биде наречено).Протестот беше уредно пријавен, се најнормално. Тоа беше ок.
 
Излегоа поддржувачите на изградбата на црквата и тие да го кажат својот збор. Нивно демократско легално право.
 
Се создаваат од некаде организирани тепачишта, силеџии, срамот на мојата земја, и почнуваат физички да напаѓаат.
 
Секој човек ќе се вознемири во таква ситуација. И во Македонија и во Германија и во Америка....
Тоа што не се реагирало веднаш да се притворат силеџиите, што само се набедуваат сите едни со други: тоа е крајно незериозно. Во една цивилизирана земја тие веднаш би биле приведени. Додека беа таму, никој не ги чепна, а сега ги бараат кривците...ма дај...ако не се земате себе си  сериозно, тогаш оставете ги оние со трошка разум и логично размислување на раат од такви демагогии.
 
Црквата, која купува хотели, продава манастири, се занимава со бизниси разни, а „проповеда“ христијанство, ја нема никаде да го осуди насилството. Насилство си е насилство и независно од тоа кој го предизвикал е лошо. Не може некој да ме мава и да ми вика дека е од љубов. Таквиот не можам да го земам за сериозно. Бидејки тие самите не си ја вршат нивната функција сериозно.
 
По телевизии се појавуваат разни потплатени, полуписмени типчиња кои на Господ знае каков начин дошле до тие места (дефинитивно не со компетентност и квалитет, инаку не би биле таму туку би биле некакви безгласни чиновничиња во некое понормално општество) кои шират тешки дезинформации, омрази, трачеви, лаги....тоа само укажува на нивната природа на човек (дали е тоа човек? што луѓе се тоа? да се насладуваш на туѓата несреќа, да ја предизвикуваш, да ја преувелучуваш, да уживаш во тоа...тоа се хиени во човечка форма). Такви во една сериозна и цивилизирана земја нема на јавни места, по телевизии. Таквите до сега ќе беа или во затвор или барем без работа. Ама, бидејки во МК никој не си ја врши работата сериозно, се е - најблаго кажано - несериозно.
 
Па потоа ректорот вели „нема да дискутираме за нашите студенти“. Тоа е како децата некој да ти ги нападнал на улица,( а тие мирно си играле на тротоарот со кофички и песок, си правеле куќички и дошол некој ги претепал), и ти како родител се правиш мутав, а децата ти се дома модри и истрауматизирани. Значи, и ректорот на универзитетот не си ја врши сериозно неговата задача и функција за која носи одговорност. ...
 
Верниците (оние кои се против сите со спротивно мислење, и упорно го наметнуваат своето како единствено вистинско - апсолутизам, авторитативност, догматизам ) се исто така жртви на целава каша-попара. Мешаат политика, урбанистички план, вера, Христос, човештина...И тоа е крајно несериозно, бидејки се мешаат кадешто не им е работата.
 
На крајот, има поединци кои викаат: сакам бе, сакам црква на плоштад. Сакам гигантска скулптура од слон на врвот од Ристиќева палата. Сакам лансирна рампа на камени мост. Сакам кај Тренд облакодер од 150 ката во форма на Аце Македонски. И некои се дрзнуваат да речат: има бе да биде и точка. Пошо ја сакам!
Извинете, ама ова не може да се земе за сериозно. Тоа е психологија на ниво на дете на 3 годишна возраст.
 
Така да, кога ќе погледнеме: никој не се наоѓа таму кадешто му е работата. Секој мисли дека е за се компетентен, некои мислат дека тие единствени знаат за СИТЕ што и како треба. И сите се караат со сите, се нема трошка чувство за демократија (почит на туѓо мислење и оставање на таквото), и додека бродот тоне, а не е тоа случајно, Македонскиот народ е се поразединет, бидејки танцува на музиката која некој сериозно му ја свири тивко во позадина.
 
 
 
 
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 15:32
Originally posted by chuchuliga chuchuliga напиша:

[
<FONT face="Georgia, Times New Roman, Times, serif">Рече мама Бутел 2 и не искара, без да каже и самата нешто, да ја продолжи дискусијава....




jas kazuvav i kazuvav i dodeka jas gi kazuvav moite stavovi, nekoi drugi ja teraa diskusijata de na majtap ne vo drugi pravci ....

i si resiv da ne bidam poveke del od diskusijata
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 16:06
големо%20гушкање
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Beliot Angel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Септември.2008
Локација: Tanzania
Статус: Офлајн
Поени: 134
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Beliot Angel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 18:47
мирлутинаVi kazhav i pak kje Vi kazkam !!!! CITAT OD BIVSH PREMIER!!!
Od shtabovite na vladeachkata partija se povikani  nivnite vojnici da odat na ploshtadot Makedonija da gi sprechat mirnite demonstracii na studentite so pomosh na policijata, ubavo gi istepaat. Epa ne mozhe da se demonstrira koga IZBORITE NE SE ZAVRSHENI ZATOA TEPAJTEEEEEEE I TRESKAJTE GI OD DRVATA, NE MOZHE TOA TAKA KOGA KJE IM TEKNE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкана%20телефонмир


Изменето од Beliot Angel - 01.Април.2009 во 18:49
,,ВИСТИНАТА Е ОСЛОБОДЕНА ОД ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ,,
.......ALEA JAHTA EST.........
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 18:59
Малку „делумен“ оф топик
Денес на ТВ слушнав дека не само црква, туку и хотел ќе се правело на плоштадот, на паркот пред Телеком. И тоа не еден туку два хотела! Со 5 ѕвездички. Но висината да не надминувала 27 m (7 ката).
Е, не би било лошо овде да го парафразирам Анакиннамигнување: Е па што, иако јас нема да влезам во хотелите, нека се градат! Убаво е да има се на едно место!голема%20насмевка Ами како!плазење


Изменето од Zlatnik - 01.Април.2009 во 19:00
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Isidora Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 112
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isidora Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 20:39
Originally posted by vaskapraska vaskapraska напиша:

Според општото мислење, мислам дека повеќето православни се против градбата на црквата.

За кого гради тогаш МПЦ црква? За покажување инат и сила?



Toa "mislam" ne znaci deka e taka....ete jas i mnogu drugi ne mislime taka,i sega?
Кон врв
Isidora Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 112
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isidora Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 20:58
Originally posted by Kali Kali напиша:

.........................................................................Eve edno pismo vo vest:

<span ="WB_VEST_Naslov" id="ArticleTitle">Не силувајте го Скопје!</span>


<span ="WB_VEST_Podnaslov" id="ArticleSummary">Повод:  Прво архитектонско востание во Скопје</span>


Во
саботата на пладне, на градскиот Плоштад во Скопје мала група
сту­ден­ти од Архитектонскиот факултет во Скопје, со транспаренти од
хартија во рацете се обиде јавно да побара мислење од своите професори
и од македонската јав­ност во однос на најновите прекројувања на
отворениот простор во центарот на градот. Студентите не протестираа
против некаква Црква, против Исус (?), уш­те помалку протестираа против
политичка опција. Студентите се собраа да ис­ка­жат свој став. Точка.
Ама било една недела пред избори, со факинг уот? Што треба да се прави
една недела пред избори, да седиме сите дома и да ја­де­ме пуканки,
гледајќи ТВ-дуели? Ако е ова слободна и демократска држава, так­ва
треба да биде во секое време, во време на дожд и снег, во време на
фи­на­ле­то од Лигата на шампионите, па и во време на проклетите
избори. До­тол­ку повеќе, мислам дека тајмингот на протестот беше
намерно избран единс­тве­но од желба да се привлече поголемо медиумско
внимание, што и се потврди. Инаку, кој во оваа држава би се загрижил
што мислат студентите по архитектура во "неизборен период". Тоа што во
последен момент на со­би­рот се прилепија, го поддржаа или се оградија
од него разни интересни гру­пи, меѓу кои и политички, тоа е сериозен
проблем на нашето општество. Во фа­моз­ни­от изборен период, куче да
уринира на плоштадот Македонија, за 10 ми­ну­ти на прес-конференција ќе
се појават портпаролите на главните по­ли­тич­ки партии, заемно
обвинувајќи се за политички инструирана физиологија. Ве­ро­јат­но,
илузија е да се повикува оваа пракса да престане, оваа држава е од
вчера и тоа се, веројатно, детски болести на секоја млада демократија,
бо­лес­ти кои, едноставно, треба да се прележат. Сепак, тажно е дека
оваа ко­лек­тив­на хистерија на поделби пополека станува колективно
слепило во кое жес­то­ко се втурнува целокупното општество. Патем,
чисто заради ин­фор­ма­ци­ја на љубопитните, од тие што успеав јас да
ги видам на протестот на сту­ден­ти­те по архитектура, во нивните
редови имаше деца и на истакнати ВМРО-вци, и на истакнати СДСМ-овци, и
деца на архитекти,лекари, на новинари, сте­чај­ци, деца на менаџери,
бранители, деца на Албанци, Турци, на Срби. И нема што повеќе да се
разговара за тоа, каква политика, какви глупости. На мирен на­чин да се
изнесуваат ставови за теми поврзани со урбаниот живот се
нај­доб­ре­дој­де­но­то право во едно демократско општество. Дури и во
времето по­ме­ѓу два изборни круга! Тоа е право кое отвора дијалози и
дебати за светот кој треба сите заедно да го создаваме, право кое треба
јасно да се стимулира, поч­ну­вај­ќи од врвот на политичката,
културната и на социјалната елита, па на­до­лу. Ина­ку, добро е
градот да се гради, тоа е навистина добро. Лично се радувам што во
Скопје, по многу години, почнаа да се отвораат градилишта на кои не­ма
да се градат станови. ОК е да се гради и црква, тоа, веројатно, не е
само чо­веч­ка, но е и божја промисла едновремено. ОК е да има и
скулптури, ако има кој да им се радува. Сепак, ценам дека треба малку
поширок дијалог пред да ре­ши­ме да замениме некој отворен градски
простор со изграден. Знаете, гра­де­ње­то градови е исто како кроењето,
двапати мери - еднаш сечи! Знаете зош­то, поради тоа што цената е многу
висока! Ако погрешиш, нема каде да се ку­пи резервна ткаенина. Од
поодамна сме сведоци дека преку манипулативно чи­та­ње на историјата и
нејзините архитектонски стилови, на Скопје почна да му се навлекува
стилска наметка која е базирана на негирање на постојното. Плош­та­дот
во Скопје го формираат згради од пред неколку децении, тоа е тоа. Па
што сега ако тоа некому не му се допаѓа? Ние не сме ниту Париз, ниту
Лон­дон, ниту Атина, поради тоа што ние не сме ниту Французи, ниту
Британци, ни­ту Грци. Ние сме тоа што сме, и имаме град таков каков што
сме создавале низ историјата. Не ни треба нова историја зашто и таа што
ја имаме има вред­ност. Кому повеќе му се допаѓа плоштадот во Прага,
нека токми план за пре­сел­ба, ете, до крајот на годинава, нели и визно
ќе нe либерализираат. Се прашувам само ќе успее ли некој и
културно да нe либерализира, нас, нели, што ќе останеме овде да
живееме? Па погледнете само што ни се продава ка­ко автентичен
македонски архитектонски производ (не ви зборувам за про­ек­тот за
црквата)? Треба ли нечии материјализирани кошмари да почнам да ги
иден­ти­фи­ку­вам како свои? Кој ги е.. Грците, или ЕУ, или не знам
кого, баш ми е гај­ле за нивното мислење, поважно е што мислиме ние што
сме одбрале да жи­ве­е­ме овде. Нам ни останува просторот на овој град.
Ќе успее ли ко­неч­но некој да препознае дека спротивно на праксите кои
се стремат да создадат (нов) јасен идентитет на градот, паралелно
постојат и силни културни флуиди сос­та­ве­ни од образовани луѓе што не
мислат така. Патем, тие се студенти по ар­хи­тек­ту­ра. Тие се луѓето
што ќе ја градат оваа држава! Зошто сакате да ги те­па­те бе море,
"сограѓани"? Тие луѓе се иднината на оваа држава и не се ни
оби­ду­вај­те да го релативизирате нивното мислење! Не обидувајте се ни
да ги ети­ке­ти­ра­те! Соросоиди, геј, анархисти, Шиптари, се
изнаслушаа луѓето се и сеш­то. Зла крв, ништо друго! Наместо да тресете
глупости треба да соберете храб­рост да признаете дека тие млади луѓе
се борат да го направат нашиот за­ед­нич­ки свет подобар. Не мора да се
во право, но барем се обидуваат да нап­ра­ват нешто што вие, очигледно,
не можете или не знаете. Но тоа не е ниш­то страшно! Ако не можеш да
помогнеш, не одмагај. Тргни се настрана, пиј јо­гурт и остави ги луѓето
да дишат кога имаат дробови за тоа! За верниците - туристи во
Скопје, со ланч-пакет, дневница и со икони во рацете, не сакам ни да
зборувам. Не се знаеме, зашто не сме се запознале на ниту ед­на црковна
служба. Како обичен православен верник, срцето ми се рас­пла­чу­ва­ше
кога гледав на каков начин го злоупотребуваа божјото име во време на
пост. Господ ним нека им е на помош! Јо­ван Ивановски, архитектасис­тент на Архитектонскиот факултет во Скопје


                                                                 



Абе немој не ме радуј! Текстов е повеќе смешен!
Кажи ајде кој е организатор на проестот на архитектите?
Ќерката на Ѓунер Исмаил,која патем,е ТУРЧИНКА,и ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО е,зошто не сака православна црква.Прво,пушта абер насекаде за протест,а после на плоштад ја нема!хахаха!Многу храбро еј,немам зборови.
Па кој е тој образ,таа да излезе да се бори против православен храм?Ондак ај да ги урнеме сите цркви кои не се православни!Па после ако не,да ги тужиме и нивните припадници,зошто тие ‘‘немаат право‘‘....ма ајде...
Второ,пола од студентите не се православни.Да ги видам истите тие,дали ќе се бунеа,ако стануваше збор за храм,според нивната вера?НЕ!
Трето,колку од тие воопшто и не се студенти на тој факултет?
Четврто,колку од нив излегле,само затоа што тоа им е единствениот начин да положат испит(ако воопшто студираат таму)...
Петто,добро сценарио направија.Диплома доделувам за најдобар труд!
И да не продолжам,со шесто,седмо,осмо,ќе се заборавам....Ми се гади од сето тоа,најсериозно...
И....каде беа тие надежни,паметни,архитекти,кога се градеа објектите на кејот,пред ЕСМ,и незнам уште каде!Дојде време за црква,тие НЕ!
Епа се лажат ако мислат така..........простете на израз, ама има луѓе кои не пасат трева…..затоа.....


Изменето од Isidora - 01.Април.2009 во 20:58
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 21:19
ima luge koi ne pasat treva....ama ti ne si tuka!плазење
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Isidora Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 112
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isidora Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 23:30
Originally posted by nelson nelson напиша:

ima luge koi ne pasat treva....ama ti ne si tuka!плазење



Hah!Bravo,aj eve ti eden aplauz da ne places....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 114>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.