IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 21:21
Жан Тод избран за претседател на ФИА



Поранешниот функционер на Ферари, Жан Тод, е избран за претседател на Светската авто-мото федерација (ФИА), откако на собранието на организацијата во Париз доби повеќе гласа од поранешниот рели шампион, финеот Ари Ватанен.

Тод уште пред гласањето важеше за фаворит, бидејќи подршка му изразија сега веќе поранешниот претседател на ФИА Макс Мозли и првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон. Тој го победи Ватанен со убедлив резултат од 135:49, и го освои претседателскиот мандат во времетраење од четири години.

Тод пред три децении беше совозач во рели екипата на Лотус, со која освои една екипна светска шампионска титула.

Кариерата ја заврши во 1981-та година, за наредната година да го основа Пежо рели тимот, чии возачи два пати поединечно го освојуваа шампионскиот трофеј и исто толку во конк*ренција на производители. Пежо три пати триумфираше и на релито Париз - Дакар.

Во Ферари премина в о1993-та година, а прекрасни потези направи со доведувањето на Михаел Шумахер и Рос Браун. Под негово водство „Скудерија“ освои дури 13 титули - Шумахер пет во низа - како и шест по ред во конк*ренцијата на конструктори.

Според првичните проценки на новинарите, главна задача на Тод во наредниот период ќе биде враќањето на угледот на ФИА, кој беше значително уништен по спорот со поедини екипи од Ф1, како и секс-скандалот во кој учествуваше Мозли.

sportdenes.com



Изменето од Iron Man - 23.Октомври.2009 во 21:22
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 03:22
Рено го продава тимот во Формула 1?


Францускиот гигантски произведувач на автомобили Рено би можел да одлучи да го продаде својот тим во Формула 1 и во спортот да остане само како произведувач на мотори.

Така најавува швајцарското најново издание на „Motosport Aktuell“ и наведува двајца потецијални купувачи.

Првиот е Жерард Лопез, основачот на инвестициското претпријатие Мангроув, додека вториот потенцијален купувач е русинот по име Андреј Крајник, кој според многумина е добар пријател со актуелниот спонзор на тимот Мегафон.

Оваа информација како основа ја зема веста дека директорот на Формула 1 Берни Еклстон на оваа тема со луѓето заинтересирани за Рено зборувал на Големата награда на Бразил, но деталите не се споменати, па се чека официјално известие од францускиот тим.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2009 во 03:33
Hamilton не сонува за Ferrari


Lewis Hamilton не го дели истото мислење како неговиот поранешен клубски колега Fernando Alonso кој од наредната сезона ќе настапува за Ferrari.

Во изјавата која ја имаше Шпанецот за неговото преминување во Ferrari тој кажа дека тоа одсекогаш бил негов сон.

"Немаме исти гледишта со Alonso. Некои го сакаат Jordan, некои Ferrari, некои МcLaren. Јас одсекогаш сум го сакал сребрениот болид. Сеуште се сеќавам во мојата дебитантска сезона, Fernando изјави дека негов сон му е да го вози болидот на McLaren. Сепак, дозволено е да се има повеќе од еден сон." изјавува Hamilton за Германскиот весник Auto Motor und Sport.

Во меѓувреме тој одлучи да се замеша во изборот на негов клубски колега за наредната сезона, алудирајки дека Kovalainen е одличен тимски колега според него.

"Се обидувам да останам надвор од оваа проблематика и избегавам да размислувам што може или не може да се случи. Неможам да претпоставам кој ќе дојде во наредната сезона, но сепак можам да кажам дека имам огромна почит кон Kovalainen и се она што прави за тимот. Освен мој клубски колега, тој е и мој пријател и сум среќен што настапуваме во истиот тим." изјавува Hamilton кој во 2007 потпиша долгорочен договор со тимот McLaren.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 13:58
И ТОЈОТА СИ ЗАМИНА ОД ФОРМУЛА 1



Тојота ја потврди медиумската шпекулација дека се повлекува од Формула 1, која претходно беше негирана и покрај наговестувањата во изјавите на тимскиот шеф Тадаши Јамашина.

Со тоа, јапонскиот гигант стана третата фабрика која го стори тоа во период од 12 месеци, откако претходно си заминаа Хонда и БМВ. Претходно, поради долгови беше затворен и тимот на Агури Сузуки, кој користеше мотори на Хонда.

За разлика од претходните две фабрики, Тојота потпиша нов договор со организаторите на првенството, светската автомобилистичка федерација ФИА и промотерот Берни Еклстоун. Тоа продолжување на договорот Конкорд, со кој се регулираат правата и обврските, ја обврзува Тојота да настапува до 2012 година, поради што наскоро ќе треба да се дознае дали екипата која беше лоцирана во Келн ќе биде дадена на продажба или стопирањето на Ф1 програмата ќе биде комплетно на товар на Тојота.

- Тојота Мотор Корпорацијата (ТМЦ) го разгледа своето учество во Формула 1, оценувајќи го како придонес кон просперитеот на автомобилската култура, при што остана посветена на врвниот моторспорт во услови на груби економски промени кои започнаа лани. Кога ги разгледувавме активностите за моторспортот на Тојота за следната година и натаму, од сеопфатен среднорочен аспект кој ја рефлектира актуелната економска реалност, одлучивме да се повлечеме од Формула 1. ТМЦ сака да ја изрази својата срдечна благодарност на сите возачи кои настапувале се до денес за Панасоник Тојота рејсинг, како и на сите вработени во Тојота моторспорт кои му помогнаа на тимот да ги оствари своите постигнувања. ТМЦ има намера да направи се најдобро за да најде решение за оние инволвирани страни кои ќе бидат под влијание на оваа одлука,- се вели во соопштението на матичната фабрика, со кое исто така се најавува производство на „возбудливи спортски автомобили од компакт класата со заден погон“, но и поддршка на настаните од моторспортот кои се лесни за луѓето да учествуваат во нив.

Во светското првенство сега ќе останат само три автомобилски фабрики, и тоа Ферари, Мерцедес и Рено. Екипата Тојота, која беше базирана во Келн, имаше 139 настапи во Формула 1 од 2002 до денес, но не забележа победа и покрај шпекулациите дека има најголем буџет од сите екипи, кој преоѓаше 300 милиони долари. Иронично, од идната сезона треба да стапи во сила новиот правилник со кој лимитирањата на буџетите стануваат реалност.

- Од комерцијален аспект овој тим има одлична иднина. Клучна забелешка е дали Формула 1 ќе продолжи да ја дава истата вредност и враќање на инвестицијата која што Тојота ја очекува. Доколку продолжи да биде врв на моторспортот и оригинален технолошки предизвик, тогаш можам да видам долга и јасна иднина за овој тим. Доколку спортот се стиши, или премногу стандардни компоненти бидат пропишани во системот, Формула 1 може да стане само уште една тркачка серија. Тоа ќе биде само можност за спонзорирање, и интересот ќе опадне рапидно,- изјави на почетокот на сезоната тимскиот претседател Џон Хаует, во кое се вели и дека со мерките на ФОТА сите тимови ќе ги прават истите нешта кои ги правеле и порано но со помалку ресурси, со што би се зачувал ДНК идентитетот на овој спорт.



Шпекулациите за тешката финансиска ситуација во Тојота и прогнозите на Јамашина беа објавени од Ф1 Алманах на 30 септември: http://www.f1almanah.com/#index.asp?vid=1192

f1almanah.com
Кон врв
vkk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vkk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 23:58
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 12:18
Џенсон Батон, ја промени екипата

Новиот шампион во Формула1 натпреварувањето, Џенсон Батон, ја промени екипата.

Следната сезона ќе биде дел од британскиот дрим тим на Мекларен, во кој ќе му прави друштво на човекот од кој годинава ја презеде титулата, Луис Хамилтон.

Ниту спојувањето со Мерцедес, што значеше поголем буџет, не му помогна на Рос Браун да го задржи првакот во своите редови.

Трансферот на Батон Диречтно влијаеше врз судбината на најбрзиот во конк*ренцијата од 2007-та, Раиконен. Финецот кој го раскина договорот со Ферари, во неколку наврати јасно стави на знаење дека ќе вози за Мекларен или воопшто нема да биде дел од натпреварувањето.

Островската врска беше посилна, па Раиконен идната година веројатно ќе го гледаме во популарната трка „24 часа Ле Ман“.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 13:58
Објавен календарот за сезоната 2010

Британското ГП, кое неодамна беше потврдено дека ќе се одржи во Силверстоун, ќе се одржи на истиот ден како финалето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. И покрај стравувањата дека интересот за трката ќе биде намален поради поклопувањето со вака важно натпреварување, организаторите најавија дека билетите за трката во која двајцата британски светски шампиони Луис Хамилтон и Џенсон Батон ќе возат заедно за тимот на Мекларен.

Сезоната 2010 стартува во Бахреин, место во Австралија, а последната трка од сезоната ќе се одржи во Бразил, место во Абу Даби како оваа сезона. Исто така на календарот е и Јужнокорејското ГП, иако патеката се уште не е направена. Организаторите ветија дека патеката во провинцијата Јужна Чола ќе биде комплетирана во јули за трката која треба да се одржи во октомври.

ФИА ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТ 2010

14 март Бахреин ГП Манама

28 март Австралиско ГП Мелбурн

4 април Малезиско ГП Сепанг

18 април Кинеско ГП Шангај

9 мај Шпанско ГП Барселона

16 мај Монако ГП Монако

30 мај Турско ГП Истанбул

13 јуни Канадско ГП Монтреал

27 јуни Европско ГП Валенсија

11 јули Британско ГП Силверстоун

25 јули Германско ГП Хокенхајм

1 август Унгарско ГП Будимпешта

29 август Белгиско ГП Спа Франкоршамп

12 септември Италијанско ГП Монца

26 септември Сингапур ГП Сингапур

3 октомври Јапонско ГП Сузука

17 октомври Корејско ГП ?

31 октомври Абу Даби ГП Абу Даби

14 ноември Бразилско ГП Интерлагос
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 14:16
Промена на системот на бодување во Ф1
Променет е системот на бодување во трките за Формула 1, па сега наместо првите осум, поени ќе добиваат првите десет возачи.

Со додавањето на нови тимови, со што сега вкупниот број се зголеми на 13, следува и нов начин на бодување.

Победникот на трката сега ќе добива по 25 поени, вториот ќе добива 20 поени, додека третиот ќе зема 15 поени.

Останатите седум возачи ќе добиваат по 10, 8, 6, 5, 4, 3, 2, 1 редоследно.

Со ова би требало да стане поинтересна борбата за титулата, но истовремено се прави и голема разлика помеѓу првите и возачите кои не завршиле една или две трки.

Останува да видиме какви ќе бидат реакциите кога сезоната ќе започне.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 03:46
Шумахер потпиша за Мерцедес    
%20За 80-тина дена, на 14 март следната година во Бахраин, обожавателите на Ф1 повторно ќе уживаат во вештините...

 

... на Михаел Шумахер, најтрофејниот возач во овој популарен спорт.

Гарманскиот дневник "Bild" објави дека 41 годишниот Германец во вторникот вечер во британската база на Мерцедес потпишал едногодишен договор.

Преговорите се одвиваа во последниот месец, а пресуден фактор за потпишувањето беше еден од најдобрите пријатели и соработници на Шуми - Рос Браун, тврди истиот извор.

Додека Британецот беше директор на Бенетон Шуми ги освои првите две титули, а потоа 10 години соработуваа во Ферари, каде Германецот освои уште пет титули.

Дали овој дрим тим ќе освои и осма титула, останува да видиме во следната сезона, пренесува "Bild".

Шумахер и Рос Браун во нивните "Ферари" денови

%20

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 01:55
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 00:45
Originally posted by blackeye blackeye напиша:

Ne izdrza srce junacko...Shumaher se izvinuva na navivacite na Ferrari
не дека многу ми е жал што нема да вози за ферари, и онака е веќе стар, а во последните негови години во ферари возеше многу лошо
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 12:53
Незнам како и ќе го прифатат неговото извинување во Ферари...но зашто баш во Мекларен
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 04:07
Originally posted by OrkaWhale OrkaWhale напиша:

Незнам како и ќе го прифатат неговото извинување во Ферари...но зашто баш во Мекларен


другар не е во Мекларен туку во Мерцедес  (Браун ГП по старо)

да не мешаме баби и жаби оти во Мекларен возат Батон и Хамилтон намигнување
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2010 во 16:22
Ферари ветуваат дека ќе го победат Шумахер!

Михаел Шумахер може да зажали за заминувањето од тимот на Ферари, бидејќи Фернандо Алонсо е во совршена позиција да го совлада Германецот за светската титула повторно, вели шефот на Скудерија, Стефано Доменикали. Седумкратниот светски шампион, 41-годишниот Шумахер се враќа од пензија да се трка со новиот Мерцедес тим заминувајќи си од консултантската позиција во Ферари, кои го донесоа двократниот светски шампион Алонсо од Рено. Шпанецот го совлада Шумахер за титулите во 2005 и 2006, кога Шумахер возеше за Ферари, и Доменикали вели дека е сигурен дека новиот возач може да го повтори успехот.

"Да не заборавиме дека Фернандо е единствениот возач во формула 1 кој во својата кариера го совладал Михаел за светската титула. Фернандо има се што е потребно да го победи Шуми", изјави Доменикали на Врум фестивалот на Ферари во Мадона Ди Кампиљо.

Фановите на Ферари низ целиот свет беа вознемирени од заминувањето на Шумахер, посебно откако тој за малку ќе се вратеше во Ферари минатата сезона како привремена замена за повредениот Бразилец Фелипе Маса. Ниту Доменикали не го заборавил тоа.

"Секако, добро е да не се заборави дека тоа што тој го направи остави траг. Но, сега мораме да ја свртиме страницата. Мораме да му покажеме на Михаел дека ова е силен тим. Сакаме да победуваме. Помисливме на него минатата година бидејќи се работи за неверојатно силен возач. Но, Фернандо и Фелипе можат да го совладаат", додава Доменикали.

Ферари ќе го претстават својот болид на 28 јануари во седиштето во Маранело, по што ќе се започне со тестирањето во Валенсија на 1 февруари.

"Не верувам дека првите тестови во февруари ќе можеме да знаеме колку имаме конк*рентен болид. Ќе бидеме силни, но ќе треба да почекаме да видиме дали ќе победуваме", вели Доменикали.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.