|
КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА? |
Внеси реплика | страница <1 4142434445 55> |
Автор | |||||||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Токму тоа сакав да потенцирам.Дека не треба да гледаш од призмата на религија.Зошто тој збор одпосле се појавува.Туку од призмата на бог и божјото кој е од почетокот и продолжува низ Авраам,Исак и Јаков па после преку Мојсеј и израелскиот народ и доаѓанјето на месијата кој ни дава една појасна слика за животот се до денешни дни.И ке си продолжи и псоле свршетокот на светот во вечноста.Ете слава на оној кој светот не го познава.
|
|||||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
... која со својата парадоксалност*, во помала или поголема мера, е основа за избувнување на (речиси) сите конфликти и војни досега. Во текот на целата историја на човекот. Од „пред аврамско време“, па се до последниве случувања во Вевчани! *- од една страна секоја религија, као, учи за љубов, разбирање, толеранција ... но од друга страна тоа го поврзува само доколку се следи нивната сопствена догма. Во спротивно, секој кој не го прифаќа тоа учење или кој има некое друго, претставува опасност, непријател. Некои од една страна велат „сакај го непријателот ...“, за потоа да си противречат „кој не е со мене, тој е против мене“ Други од една страна велат мир меѓу сите, а од друга страна џихад, т.е. војна кон сите кои се против (или не го прифаќааат) исламот. И кои сакаат нивната религија да ја наметнат на сите луѓе, за таа да биде универзална, затоа што (според нив) таа е последна во низата религии кои произлегуваат една од друга (јудеизам - христијанство - муслиманство). Демек, Мохамед е последниот пророк, а тоа само по себе кажува дека тој и неговото учење се нај исправни. И сега? Која религија е подобра? Зарем досегашната историја на човештвото не е доволен пример за секој да се запраша за погубната улога на религиите? Уште колку милениуми се потребни за луѓето да ја осознаат апсурдноста на религиите? |
|||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Вистинската религија постоеше уште пред да настане човечкиот род , на небото , меѓу верните ангели. Тоа е вистинското обожавање на Творецот на сите работи, невидливи и невидливи. |
|||||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
|||||||||||
paton
Сениор Регистриран: 14.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 789 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
мојата е вистинска........
|
|||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Така е goran-twin |
|||||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
|||||||||||
paton
Сениор Регистриран: 14.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 789 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
не е така горан твин
|
|||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Дали знаеш на кој период се однесува таа забрана? Востановувањето на оваа религија не значело и автоматска забрана за почитување на старите божества. Забраната е издадена подоцна. Патем, пред да говориш за некаков монотеизам источно од границите на Египет, добро е да погледнеш што претставува сонцето во египетската митологија. Врховното божество, Амон Ра е конгломерат на божествата Амон и Ра, нешто што подоцна станува и Атен. Тоа е ставот на официјалната историја. Ова лесно можеш да го провериш. Знаев дека ќе го споменеш Константин, но забораваш, дека за разлика од Акхенатон, Констанин не поставил нов ред свештеници, ниту барал да биде обожуван како божество, а неговата улога на соборот во Никеја е пасивен. Тој самиот најдобро ја објаснил својата улога, потенцирајќи дека негова должност е да се грижи Бог правилно да биде почитуван, а, на кој начин се прави тоа, останува во раце на Црквата. Акхенатон и сопругата биле предмет на обожување. Тие се сметале за божества. Ова се само дел од разликите, секако, има и повеќе.
Кога се диференцираат и кристализираат книгите на Јудеизмот, а кога оние на Зороастраизмот? Секако дека ќе се сложам дека корените на Зороастраизмот се постари од оние на Јудаизмот, кога токму официјалната историја го вели тоа.
Во заблуда си. Официјалната историја не го датира прецизно егзодусот, поради тоа што според официјалната историја егзодусот, онака како што е опишан во Библијата, не е докажан факт. Од таа причина, официјалната историја не ги прифаќа сите оние настани споменати во Светото Писмо како такви, ниту шпекулациите дека Мојсеј бил под влијание на Акхенатон. Согласно правилата на докажување, оној што тврди нешто, го носи товарот на докажувањето и принесувањето на доказите. Уверливи докази официјлната историја не извела, според тоа, сето тоа останува во доменот на шпекулациите.
Сакаш да кажеш дека егзодусот се случил во времето на Тутанкамoн? Записи за такво нешто нема. Дури и да го прифатиме мислењето дека Сменкхаре го наследил Акхенатон, затоа што не може да се тврди со сигурност дека тоа е Тутамкамон, повторно такви записи нема. Сепак, ќе ти помогнам. Во Втора книга Мојсеева 1,11 споменат е градот Рамзес. Градот Пи-Рамзес е изграден во времето на Рамзес II, далеку по смртта на Тутанкамон, Акхенатон, Сменкхаре и другите. Тоа значи дека егзодусот не може да се случува во периодот кога тој град не постоел, а истиот да е забележан во оваа книга, напишана подоцна. Токму ова денес и археологијата го потенцира. Градот подоцна станува каменолом, место каде што се собираат ресурси за градба. Тоа мислам дека треба да ти говори нешто. Египќаните имале многу божества, а не едно. Кое точно божество би го симболизирало она кое ти го велиш? Патем, дека народот, или барем дел од него, верувал во Јахве, говори и фактот што Мојсеј потекнува од семејство кое било монотеистичко, барем според Библијата. И никаде народот не му велел на Мојсеја кој Бог го праќа, туку како му е името на Бога. А за тоа и Самиот Господ говори, кога во Излез 6,3 вели: Jaс им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Семоќен Бог ( Ел Шадај ), а со името Мое како Господ, не сум им се открил. Сосема нормално, народот не може да го знае името на Бога, штом тој не им се открил со името. Патем, доколку навистина станувало збор за некакво египетско божество, немало потреба Бог да му вели да оди кај Фараонот и да му вели дека Господ, Бог на Евреите му наредува нешто. Ако танувало збор за некакво божество, на Фараонот јасно ќе му било кој и што наредува, немало да прашува, да бара објасненија од свештениците и сл.
Дали можеш да наведеш од кои писанија буквално е препишувано?
Официјалната историја вели дека Јудаизмот е тоа ти што велиш дека е, но, никаде не негира официјалната историја дека Јудаизмот е монотеистичка религија, а не некаква варијанта на монотеистичка религија. Точно е дека можеби не сите Евреи верувале во оној чист монотеизам, но самата религија била строго монотеистичка, иако дел од Евреите застранувале, за што сведочи и Библијата, а и археолошките наоѓалишта.
Не знам која наука тоа го проверува, со оглед на тоа дека медицината веќе го отфрли она за што говорев. Самиот знаеш каква беше реакцијата на лекарите кога стануваше збор за Прахлад Јани. Да не говорам дека професорите од Харвард дури и отфрлија се што прават нивните колеги од Индија, сметајќи дека таквото надгледување е губење време со глупости. Да не говорам дека надгледување на некој што тврди дека може да ја контролира работата на срцето никој не прави не заинтригирало ниту еден еминентен професор.
Изменето од Македон - 08.Февруари.2012 во 21:00 |
|||||||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Македон кога спомнуваш за Прахлад Јани,за гледачи,бајачи,хиндуисти,будисти,Саи Баба итн не ги ставај во ист ќош со христијани.За измамите на Саи Баба и такви како него можеш и на you tobe да видеш: http://www.youtube.com/watch?v=Yblhsr1O4IQ . А ако сакаш па и ти да ми дадеш линк за тој Јани да за какво испитуванје поточно се работи.
|
|||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Очигледно сосема погрешно ме разбираш. Целта на споредбата која ја направив е само да го илустрирам низ пример начинот на кој науката ги прифаќа сите оние нешта кои постојат во религиите, кои се резултат на верското искуство, традиција и посветување. Мessenger даде убав пример што претставува религијата за историјата, јас само сакав да му покажам дека не само за историјата, туку и за другите науки се ова кое ние го зборуваме, може да претставува бесмислица. П.С. За тоа кој е Пралад Јани, напиши на google Prahlad Jani и ќе видиш кој е тој.
|
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Аха, ОК. Само да те потсетам дека во човечките религии (не сите) постојат ангели. Според тоа, да кажеш дека религија постоела пред човечката религија затоа што според човечката религијата имало некои битија кои би требало да бидат религиозни е ... оксиморон. |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Многу е долго, па нема да ми замериш што го презентирав во крајно скусена форма. Македон пријателе, не ми се полeмизира. Ова повторно станува интелектуализирање кое не води никаде. Не сакам да одам од една точка до друга бидејќи е бесмислено... оти од твоја страна с'е ќе се сведе на одбивање и верска одбрана. Но, да не те оставам така без ништо, ќе наведам само неколку работи: 1. За истоветните нешта од вавилонците и евреите запишани во Тората, меѓу другото, се градењето на Вавилонската кула и Потопот (превземено од вавилонците додека евреите беа во Вавилон). 2. Египетскиот Бог за време на Акхенатон беше Нук Пу Нук - на еврејски ЈЕХВЕ. 3. Не знам што мислиш под заинтересирање на "еминентен професор", но можам да ти кажам дека многу еминетни научни центри во светот, посветени на медицина и биологија, се инетересираат и работат на техниките за контролирање на работата на срцето и нивната практична употреба. Денес е општоприфатено дека човек може по воља да го контролира работењето на срцето. За тоа на запад е разработена цела техника наречена биофидбек. Повтoрно ќе речам: Како можеш да ставаш знак на равенство меѓу нешто што денес науката практично го надгледува и проверува со нешто што претставува конгломерат од повеќе иљади години верувања, фантазии, митови, децепции, лаги, поезија, политика, фалсификати... Поточно знам... како верник кој се бори по секоја цена да ја одбрани верата. Било како, остани ми со своето верување и твојот збор нека биде последен. Изменето од Messenger - 09.Февруари.2012 во 00:16 |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Јас не зборувам за било кои религии, зборувам за ВИСТИНСКАТА РЕЛИГИЈА која започна најпрво на небото, па после и на земјата. Можеби тоа што го напишав за тебе тоа е оскиморонство, можеби и Библијата (која го кажува тоа ) за тебе не е Света Книга, но јас ти го кажав своето мислење за кое сум убеден дека е исправно . П.С. Веруваш ли во ангели? |
|||||||||||
SOLI DEO GLORIA
|
|||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Со ова пријателе што го кажа пријателе, мислам дека ја направи излишна секоја дебата околу историјата и го минимизираше претходниот пост во кој говореше за oфицијалната историја. Богот во кој верувал Акхенатен се нарекувал Атен, а самиот Фараон себеси се нарекол Акхенатен, што значи "Духот на Атен". Се согласувам дека натаму, секоја дебата по ова прашање, би била непотребно вртење в круг.
Се додека во учебните градива на медицинските факултети пишува дека човекот не може да ја контролира работата на срцето, односно дека тоа е регулирано со автономниот нервен систем, се останато, кога е во прашање медицината, останува во доменот на шпекулацијата. Кога говориме за работата на срцето, не говориме за намалување или зголемување на биењето на срцето со помош на дишењето, тоа го знае секој кој има тахикардија, туку за влијание, односно можност нешто да се прекине и стартува. |
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Е која е таа ВИСТИНСКА РЕЛИГИЈА која започнала најпрво на небото ? Дај малу податоци за неа... закони, догми, препораки, правила, прописи, верувања, традиции...
Не е можеби, туку е според дефиницијата за религија. А што има сето тоа врска со тоа дали за мене Библијата е Света Книга или не ? Колку пати ќе ми го поставуваш ова прашање и колку пати треба да го одговарам ? Патем, можеш да цитираш од Библијата каде се вели дека религијата постоела уште пред почетокот на времето ? Можеби постои, а јас не сум го видел. С'е биднува... никој не е совршен.
А, тоа е сосем друга работа. Можеби и јас мислам дека на земјава има вонземјани кои се преправаат како нас и раководат со илуминатите и зидарите за да го владеат светов и да ни го собрат златото... и можеби сум убеден дека сум во право. Не се лути пријателе, треба понекогаш да се отпуштиме и да се насмееме. Така подобро се дружи и се дискутира. Изменето од Messenger - 09.Февруари.2012 во 01:20 |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
Внеси реплика | страница <1 4142434445 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |