IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 04:55
ФИА се смилува: Алонсо ќе настапи во Валенсија



Жалбениот Суд во Париз ја прифати жалбата на францускиот Ф1-тим Рено, па така нивните возачи ќе имаат право на настап на Големата награда на Европа во Валенсија која на распоредот е во недела на 23-ти август.

Наместо суспензија, на Рено му беше изречена парична казна во висина од 50.000 долари, па така беше поништена првичната казна која ја одреди ФИА.

Со ваквата одлука се одушевени челните луѓе на Рено, но посебно организаторите на Големата Награда на Европа, бидејќи домашните навивачи ќе имаат прилика да го гледаат својот сонародник Алонсо на стазата.

„Причината зошто две трки од Формула 1 се одржуваат во Шпанија има голема врска со Фернандо Алонсо. Луѓето во Шпанија не беа толку заинтересирани за Формула 1 додека не се појави тој.“ - изјави тим менаџерот на Рено Стив Нелсен.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 02:22
Валенсија раскошна и без Шумахер

Стазата која дури од минатата година се наоѓа на календарот на Светското првенство во Формула 1, оваа сезона беше на прагот на спектакл: можеше да го пречека кам-бекот на Шумахер.

Но, напнатост во Валенсија нема да недостасува бидејќи состојбата во генералниот пласман и тоа како е густа, како на асфалтот, така и надвор од него...

Големата Награда на Европа
Име на стазата: Градска стаза, Валенсија
Број на кругови: 57
Должина на круг: 5.419км
Должина на стазата: 308.883км
Најбрз круг: 1:38,708 мин - Фелипе Маса (2008година)
Распоред:
Петок, 21-ви август: Прв тренинг - 10:00часот
Петок, 21-ви август: Втор тренинг - 14:00часот
Сабота, 22-ри август: Тренинг - 11:00часот
Сабота, 22-ри август: Квалификации - 14:00часот
Недела, 23-ти август: Трка - 14:00часот

Многу работи ке реши годинашната трка за Големата награда на Европа, која во втор пат во историјата ке се вози низ градскиот улици на шпанската Валенсија. На првото место требаше да се наоѓа спектакуларното враќање на Михаел Шумахер, но Германецот непосредно пред трката го откажа својот кам-бек поради повреда на вратот.

Имено, љубителите на Формула 1 ги очекува првата овогодишна трка без несреќниот Фелипе Маса, чие место зад управувачот на Ферари го завзема искусниот, 38-годишен ветеран, Лука Бадоер. Италијанскиот возач, местото на Маса, односно на Шумахер, го доби како награда за долгогодишната верност кон Ферари. „Ке биде тешко, но јас сум мотивиран. Ке мислам на Маса и на Шумахер, но благодарен сум им на челниците на тимот што ми ги остварија соништата“- изјави Бадоер.

Освен тоа, свое деби во Формула 1 дочека и Ромаин Грозжан, кој во Рено го замену Нелсон Пике. Состојбата во францускиот тим е далеку од добра: Флавио Бријаторе постави мета над Пике, на механичарите во боксот им се заканува отказ, Фернандо Алонсо се бори со неверојатниот притисок од шпанските медиуми и публика - која секако сака победа на „домашната“ трка за Алонсо, а целиот тим во последен момент се ослободи од суспензија.

„Валенсија нималку не е најлесната трка за деби настап. Меѓутоа, секогаш ги сакав уличните трки и уживам додека возам среде град. Ке се трудам да обработам што е можно понормални припреми, иако посебно нагласување ке ставам на вежбите на вратните мускули. Се одморив и не сакам да поставувам цели, туку само да ја обработам работата најдобро што можам“- најави Грозжан.

Помалку во сенка на тие новитети ке се продолжи немолосрдната борба за превласт меѓу Браун ГП и Ред Бул, во која возачите на Рос Браун имаат бодовна залиха, но Марк Вебер и Себастијан Ветел ги краси одлична форма. Секако, дотолку во текот на кратниот однот не ја загубиле некаде. „Ке биде тоа интересен викенд“- смета водечкиот моментно во генералниот пласман, Џенсон Батон.

МекЛарен и Луис Хамилтон во последно време бележат забележителен нарпредок, што само се потврди тоа со унгарската победа, а и Хајки Ковалаинен, вториот возач на МекЛарен, имаше изјава дека очекува добар резултат и подиум на уличната трка во Валенсија. Посебно интересно ке биде да се види каква претстава ке пружат Роберт Кубица и Ник Хајфилд, откако нивниот тим најави повлекување од Ф1 циркусот по завршувањето на сезоната.

Не треба да се заборави дека и младиот каталонец Џаиме Алгуерсуари пред својте сонародници во Валенсија ке ја вози само втората трка за Торо Росо.

Самата стаза пред се карактеризира со комбинација од градски делови со посебно изразени сектори, а запамтена е по 140метарскиот долг мост кој се издигнува над градскиот метеж. Секако, човекот заслужен за велокупниот дизајн е Германецот Херман Тилке.

Возачите ги чека вкупно 25 кривини по круг, 14леви и 11десни, а најголемата брзина на поединечни делови од стазата изнесува и преку 320км/ч. Валенсија во недела сигурно ке добие нов победник, бидејки на минатогодишното, премиерно изјадие, победи Фелипе Маса, кој тогаш тргна и од првиот стартен ред. хамилтон беше втор, а Кубица трет, позиција што овие денови сигурно му изгледа неостварлива.

„Валенсија е прекрасен град и одлично место за трка. Сите куќи, станови, жители стануваат дел од случувањата на трката и очекував неверојатна подршка од својте навивачи кој сакам да ги наградам со добар пласман.“- изјави двојниот светски првак Фернандо Алонсо.

Круг со Фернандо Алонсо:


sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 02:23
„МекЛарен повторно ке оди на победа“

Луис Хамилтон по долго време се „олади“ со победа во Унгарија, но не планира да застане на тоа. Откако за титулата оваа сезона се борат некој други тимови, светскиот првак најавува нови походи на највисокот место на победничкиот пиедестал...

Развојот на настаните во Будимпешта им даде крилја на тимот МекЛарен, а посебно на светскиот првак Луис Хамилтон. Иако градската стаза во Валенсија не му одговара на Британецот, Хамилтон од таму нисо добри спомени.

„Минатата година бев многу добар овде, стигнав до второто место. Успешно се носев со Маса и Ферари. Се надевам дека и оваа сезона во Валенсија ке се борам за пиедесталот“- најави Хамилтон.

„На стазата излагаме за да победиме. Сакаме почесто да бидеме на врвот и целта на МекЛарен повторно стана освојување на првото место.“- продолжи британецот, кој многу надеж има и во КЕРС системот: „Колку ни е подобар болидот, толку КЕРС ке игра поголема улога“.

„Со КЕРС дури можеме да се мериме и со Ред Бул. Еднаш кога нашиот болид ке биде еднаков со нивниот, ке имаме видлива предност. Мислам дека КЕРС одлично ке ни послужи во Валенсија, и тоа веке на самиот старт.“- откри Хамилтон.

Хамилтон пука од желба да докаже дека славјето на Хунгароринг не беше случајно, а Големата Награда на Европа ке покаже колку напорно работеле во МекЛаред за подобрување на болидот.


sportdenes.com
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 10:50
Хм ништо околу вчерашната трка... чудно а гледам ферари победил да се пофалефте
Pos     No     Driver     Team     Laps     Time/Retired     Grid     Pts
1     4     Kimi Räikkönen     Ferrari     44     1:23:50.995     6     10
2     21     Giancarlo Fisichella     Force India-Mercedes     44     +0.9 secs     1     8
3     15     Sebastian Vettel     RBR-Renault     44     +3.8 secs     8     6
4     5     Robert Kubica     BMW Sauber     44     +9.9 secs     5     5
5     6     Nick Heidfeld     BMW Sauber     44     +11.2 secs     3     4
6     2     Heikki Kovalainen     McLaren-Mercedes     44     +32.7 secs     15     3
7     23     Rubens Barrichello     Brawn-Mercedes     44     +35.4 secs     4     2
8     16     Nico Rosberg     Williams-Toyota     44     +36.2 secs     10     1
9     14     Mark Webber     RBR-Renault     44     +36.9 secs     9     
10     10     Timo Glock     Toyota     44     +41.4 secs     7     
11     20     Adrian Sutil     Force India-Mercedes     44     +42.6 secs     11     
12     12     Sebastien Buemi     STR-Ferrari     44     +46.1 secs     16     
13     17     Kazuki Nakajima     Williams-Toyota     44     +54.2 secs     18     
14     3     Luca Badoer     Ferrari     44     +102.1 secs     20     
Ret     7     Fernando Alonso     Renault     26     Retired     13     
Ret     9     Jarno Trulli     Toyota     21     Brakes     2     
Ret     22     Jenson Button     Brawn-Mercedes     0     Accident     14     
Ret     8     Romain Grosjean     Renault     0     Accident     19     
Ret     1     Lewis Hamilton     McLaren-Mercedes     0     Accident     12     
Ret     11     Jaime Alguersuari     STR-Ferrari     0     Accident     17

Изменето од OrkaWhale - 31.Август.2009 во 10:55
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 18:00
а они го бркаат, срам да им е среќа

сепак интересно е со нови возачи вака
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 03:21
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

а они го бркаат, срам да им е среќасепак интересно е со нови возачи вака


pa go brkaat oti ke dojdi podobar vozac plus i sponzori ke mu donesi
a finecot so mu donese???

i aj uste da ne pobedese na Spa koja tolku mnogu ja saka
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 03:27
Маса: Наскоро започнувам со тренинзите



Бразилскиот Ф1 пилот на Ферари Фелипе Маса кој настрада во несреќата на Големата награда на Унгарија кон крајот на јули, по што заврши во болница со повреда на левото око, најави дека наскоро ќе започне со тренинзите.

Денес Маса се наоѓа на најдобриот пат на опоравувањето, за што сведочат и последните резултати од анализите кои ги направи во Мајами во понеденикот.

„Многу сум задоволен од резултатите. По неколкуте хируршки зафати кои ќе ги направам во наредните неколку дена, конечно ќе можам да започнам со тренинзите во теретана за да се вратам во форма, а потоа ќе започнам и со тестирање возејќи картинг.“ - изјави Маса.

„Кога ќе се вратам во Формула 1? Треба да почекаме малце, бидејќи сакам се да оди чекор по чекор. Сега сум фокусиран само на враќањето на физичката кондиција, што само по себе е голем чекор напред.“ - додаде бразилскиот пилот.

Резултатите од анализите беа топло дочекани овде во Маранело, по што дознавме дека може 100 проценти да сметаме на Маса за следната сезона, стои во соопштението на Ферари.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 03:29
Аферата ќе го избрка Рено?



По избивањето на мега скандалот со наводната наредба до Нелсон Пике да предизвика инцидент на првата ноќна трка во Сингапур минатата година, се засилуваат шпекулациите дека Рено ќе го продаде својот тим.

Француската компанија пред еден месец го потпиша новиот Конкорд договор, со кој се регулираат правата меѓу учесниците и организаторите, гарантирајќи го учеството во светското првенство до 2012 година. Но, истовремено почнаа да циркулираат и гласините дека рускиот бизнисмен Алишер Усманов, сопственик на мобилниот оператор „Мегафон – Северен Кавказ“. Оваа компанија стана партнер на екипата почнувајќи од трката за Големата награда на Турција, во јуни оваа година.

- Голема привилегија е да стане партнер на една од светски најпознатите тркачки екипи. Нашата матична компанија Мегафон секогаш активно го поддржува развојот за подобар спорт. Веќе неколку годин МегаФон го спонзорира националниот тим на Русија во фудбал и хокеј, а во почетокот на годинава стана и партнер на Зимски олимписки игри, што ќе се одржат во Сочи, во 2014 година,- изјави во таа пригода извршниот директор МегаФон – Северен Кавказ, Андреј Крајник, пренесено низ официјалното соопштение за потпишување на соработката во јуни.

Се шпекулира дека нивна цел е да му обезбедат седиште во конк*рентен тим на Виталиј Петров, актуелен возач во ГП2 серијата. Гласините се реактивираа откако бразилската телевизија ја актуелизираше изјавата на Нелсон Пике дека намерно излетал на трката во Сингапур, за да предизвика излегување на возилото за безбедност кое одговарало на стратегијата на тимот за Фернандо Алонсо, кој изненадувачки победи во трката на која стартуваше од 15 место. Коментирајќи го скандалот, промоторот на Формула 1, Берни Еклстоун, призна дека заминувањето на француската екипа сега е поверојатно.

- Аферата не е работа која ни е потребна во моментов. Мислам дека само ќе го изнервираат Рено, по што следи опасноста дека ќе го напуштат спортот. Се надевам дека тоа нема да се случи, но такви нешта се возможни,- изјави Берни за Тајмс.

Главниот осомничен, Флавио Бриаторе, кој беше посочен од Пике како единствен одговорен за неговиот раскин на договорот со француската екипа, како и дека не покажувал грижа за неговата натамошна кариера.

- Се што знам е дека Флавио инсистира дека не знае ништо за ова. Мислам дека ФИА ќе ги проверува сите, ќе се обидат да ја востановат вистината. Претпоставувам дека ќе бидат вознемирени ако најдат дека она што луѓето го зборуваат е вистина, дека е факт. Единствен начин на кој што може да се направи случај е да се има вистински доказ. Ако тоа е само поради тоа што младиот Пике тоа сакал да го каже, е една работа. Од друга страна, ако е реално, тоа е нешто поинаку. Ќе биде тешко да се докаже. Ако постои снимка од тимското радио во која се вели „Нелсон, подобро е сега да излеташ“, тогаш што по ѓаволите може некој да направи? Се зависи од тоа што ќе се открие со истрагата,- анализира Еклстоун предупредувајќи го понатаму и Пике дека сега е во непријатана ситуација.

Во одбрана на Рено застана и Дејвид Култхард, кој во својата колумна за весникот Телеграф напиша дека не ја „купува“ оваа приказна.

- Не е премногу тешко да се сосздаде несреќа со удирање во бариера, како што се случи во Сингапур. Но, приказната е многу поинаква. За да може доволно долго на патеката да остане возилото за безбедност, треба да се најде место каде што редарите немаат можност да го отстранат болидот доволно брзо. За такво нешто, се бара соучешништво на повеќе луѓе. Единствениот доказ би можел да биде од радио комуникацијата, а таа е достапна за ФИА. Некој одамна би промрморел за тоа, па затоа јас не верувам,- напиша поранешниот возач на Вилијамс, Мекларен и Ред Бул.

f1almanah.com
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 12:27
Физи ќе се трка со Ферари во Монца, во 2010 ќе биде тест-возач!

Џанкарло Физикела ќе биде втор возач на Ферари од Италијанското ГП откако беше ослободен од неговиот договор со тимот на Форс Индија во четвртокот. По неколку дена шпекулации за тоа кој ќе вози покрај Кими Раиконен по повредата на Фелипе Маса и слабите резултати на тестерот Лука Бадоер, Форс Индија потврдија дека Физикела ќе вози за Ферари, додавајќи дека преговорите почнале кога станало јасно дека Маса е во аут цела сезона.

"Џанкарло и неговиот менаџерски тим дојдоа кај мене во средата со предлогот на Ферари. За секој италијански возач, вклучувајќи го и Џанкарло, место во Ферари е остварување на сонот. Никој не смее да го спречи тоа. Покрај тоа договорот ќе му обезбеди на Џанкарло иднина во Ферари и би било не-фер ние да пречиме во тоа, посебно бидејќи Физикела направи многу за Форс Индија", изјави сопственикот на тимот, Виџај Малја.

Според шпекулациите, Форс Индија има долгови кон Ферари по договорот за снабдување со мотори кој заврши минатата година, но Малја вели дека комерцијалните фактори немаат врска во одлуката.

"Немавме никаков финансиски договор со Ферари. Договорот е направен како знак на добра волја и за доброто на Џанкарло и на спортот. Конк*рентен возач во Ферари за Монца е позитивна приказна за Ф1", додава Малја.

НА ФИЗИКЕЛА УШТЕ НЕ МУ СЕ ВЕРУВА

Физикела пак вели дека не му се верува како неговиот живот е трансформиранво последната недела. Зборувајќи во Маранело по состанокот со шефот на Скудерија, Стефано Доменикали, Физикела беше пресреќен од пресвртот, кој доаѓа скоро 14 години откако тестираше Ферари 412 Т2 на 27 септември 1995 година во Фиорано.

"Јас сум на седмо небо! Се уште не ми се верува дека ми се оствари животниот сон и затоа сакам да се заблагодарам на Ферари и на претседателот Лука Ди Монтеѕемоло. Во текот на оваа недела се случија неверојатни работи - пол-позицијата и второто место во Спа, а сега ќе возам за Ферари во Монца!", изјави Физикела.

Промоцијата на Физи доаѓа на сметка на Лука Бадоер, кој заврши последен на двете трки со тимот.

"Сакам да кажам дека навистина ми е жал за Лука. Знам колку тој сакаше да се трка во Монца со Ферари, бидејќи тоа е најдоброто нешто што може да му се случи на Италијанец - со црвен болид пред домашните фанови", додава Физикела.

Покрај тркањето во последните пет трки од 2009, Ферари открија дека Физикела ќе остане во тимот и во 2010 како резервен возач, со што се става крај на тркачката кариера по дури 14 сезони.


Маса бил лут за сударот на Пике во Сингапур

Фелипе Маса се сомневал дека сударот на Нелсон Пике во Сингапур минатата година бил намерен и го конфронтирал Флавио Бриаторе лично, тврдат бразилските медиуми. Рено е под истрага за наводното местење на сударот на Пике, со кој се помогна на Фернандо Алонсо да победи на трката, и првите сомнежи беа дека ваквите обвинувања доаѓаат од Пике и неговиот познат татко, трикратниот светски шампион со исто име.

"Неодамна разговарав со Фелипе Маса и тој ми го кажа тоа. Фелипе самиот бил кај Бриаторе и му кажал дека 'сударот не е во ред бидејќи ти го направи'", тврди коментаторот на Бразилската ТВ Глобо,Режиналдо Леме.


Хамилтон уште мисли на титулата?

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон не се откажал од надежта за одбрана на круната и покрај тоа што заостанува зад Џенсон Батон (Браун) со 45 поени на само 5 трки пред крајот.

"Последните две сезони бев блиску до титулата се до последната трка од шампионатот, така што сега е малку поинаку. Се уште одам на секој поен кој можам да го добијам. Знам дека звучи лудо, но нема да заборавам на титулата се додека не сум математички надвор до можноста", вели 24-годишниот возач на Мекларен.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 01:37
Розберг се сели во Мекларен?



Според најтиражниот германски весник “Билд“, Нико Розберг е блиску до трансфер во Мекларен Мерцедес.

Тимот, чиј технички партнер преферира да има германски возач, покажува интерес за Розберг веќе подолго време и шпекулациите за можен трансфер на Германецот во тимот од Вокинг беа само подгреани од изјавата на Мартин Витмарш околу статусот на Хајки Ковалаинен.



Минатиот месец, шефот на тимот на Мекларен изјави:

- “Не сме во преговори со други возачи во моментов, но точно е дека ја немаме потврдено нашата возачка двојка за идната сезона. Сите ние сакаме да видиме подобри резултати од Хајки во трките и тоа ќе му овозможи да остане со нас“



И покрај фактот дека Ковалаинен освои бодови на последните четири трки, “Билд“ е уверен дека Розберг ќе се пресели во Мекларен. Во Спа тој изјави дека има “одлични опции“ за наредната сезона и дека сака во наредните две три недели веќе да го има обезбедено договорот.

koli.com.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 03:27
Mercedes ке купи дел од Brawn GP



Портпаролот на Mercedes одби да коментира за гласините кои се шират дека Германскиот производител има намера да купи дел од тимот на Brаwn GP. Британскиот весник Daily Telegraph пренесе дека Mercedes-Benz дефинитивно не се откажува од McLaren, но останува заинтересиран за да стане партнер со поранешниот Honda тим, годинава наречен Brаwn GP.

"Наше правило е да не ги коментираме гласините кои што се шират и сакам да нагласам дека Mercedes веќе е сопственик на 40% од акциите и има долгорочен договор со McLaren," изјавува портпаролот.

Nick Fry извршниот директор на Brawn минатиот месец изјави дека производителот на автомобили ке го продаде својот дел од McLaren и ке се префрли во Brawn GP како главен инвеститор.

"Никогаш не сум слушнал дека Mercedes е незадоволен од McLaren и шансите оваа прогноза да се оствари се минимални," изјавува портпаролот на Mercedes.

Fry објавува дека Brawn ја има обезбедено поддршката од инвеститорите за наредните неколку години, но сеуште не се спремни да ги објават детаљите.

"Имаме потпишано договори со неколку големи инвеститори, и тие ке дојдат и ке ги дознаете на прикажувањето на болидот за наредната сезона," додава Fry.

Весникот Daily Telegraph исто додава дека Mercedes има соработка со Red Bull и доколку таа соработка се оствари можно е Red Bull да вози мотори од Mercedes, а за возврат трокраката ѕвезда што ја има производителот да се најде на носот на болидот од Red Bull. Исто така напоменува дека Red Bull е на чекор до откажување на договорот со Renault и барање на потенцијален партнер за снабдување со мотори. Mercedes е еден од најпосакуваните.

Засега McLaren, Brawn и Force India се сигурни дека ке користат Mercedes мотор наредната сезона.

motorsport.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 01:50
Монтеѕемоло: "Алонсо еден ден ќе дојде во Ферари"



Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, вели дека Фернандо Алонсо порано или подоцна ќе вози за италијанскиот тим, но посочи дека тоа може нема да се случи во 2010. Возачот на Рено е поврзуван со трансфер во Скудерија подолго време, а шпекулациите станаа посилни откако шпанскиот банкарски гигант Сантандер, личен спонзор на Алонсо, потпиша петгодишен договор со Ферари.
"Порано или подоцна ќе го донесам Алонсо во Ферари. Ќе видиме кога. За следната година ги имаме Раиконен, Маса, Физикела, Бадоер, Хене, а се надевам и Михаел Шумахер, така што имаме 'клупа' како Реал Мадрид. Имаме двајца големи шампиони со Кими од 2007 и со Маса од 2008, кој беше 15 секунди шампион лани. Секогаш сум го сакал Алонсо, бидејќи тој е одличен возач, и го забележавме кога беше во Минарди. Како што секогаш велам, сите големи возачи доаѓаат во Ферари. Пред трката во Имола, Аиртон Сена ми кажа дека ќе ја заврши кариерата во Ферари. Прост, Лауда, Менсел, Михаел... Животот е долг, така што и тоа ќе се случи", изјави Монтеѕемоло во Монца.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:53
Физикела во Ферари: Најглупиот потег сезонава?



Џанкарло Физикела возеше скоро две години за Форс Индија и токму кога тимот конечно стигна до самиот врв, италијанецот го напушти и си замина во Ферари каде има големи маки. Дали воопшто му требаше тоа?

На Големата награда на Белгија Физикела ги одушеви љубителите на Ф1 со прекрасното возење зад воланот на Форс Индија и со второто место на трката, на која многу лесно можеше и да победи.

Оствари и „пол-позиција“, и тоа навистина беше голем подвиг на индискиот тим, кој моментално го поседува еден од најбрзите болиди во натпреварувањето.

Но, Џанкарло Физикела повеќе не вози за Форс Индија. Италијанцот по Спа одлучи да премине меѓу „црвените“ и до крајот на сезоната да вози за Ферари, иако на располагање имаше „бел“ болид со кој можеше да се бори дури и за победа.

Самиот Физикела вели дека со преоѓањето во италијанскиот тим го остварил својот животен сон, што е убаво, но сигурно не се надевал дека ќе бите толку поспор од својот поранешен колега.

Во Монца беше само малку подобар од отпишаниот Бадоер: на тренингот го зазеде 14-то место, на трката деветтото. Неговиот поранешен тимски колега Сутил, кој стартуваше од втората позиција, никако не можеше да го следи, па ниту Витантониј Лиуци, човекот кој го замени во Форс Индија. Исто така и Кими Раиконен му одржа лекција на трката во Монца.

Иако вели дека не жали поради овој трансфер без оглед на се, мора да кажеме дека преоѓањето на Физикела во Ферари несомнено не беше претерано паметен потег: ретки се возачите кои од еден тим преоѓаат во друг за време на сезоната, а уште поретко од побрз во поспор болид.

Да потпишеше повеќегодишен договор со тимот од Маранело некако ќе беше оправдан неговиот потег, но до крајот на сезоната нема да стигне ниту да се навикне на новиот болид, а потоа повеќе нема да има шанса да вози.

Што е најсмешно за некои, а најтрагично за него, токму поради тој потег би можел потполно да го загуби местото во Ф1 идната сезона и до крајот на кариерата да остане само еден обичен тествозач, исто како Бадоер...

Па, Физикела.... ?

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 03:21
Бриаторе и Симондс го напуштија Рено



Во пресрет на понеделничкото сослушување на екипата Рено пред Светскиот совет за моторспорт на ФИА, денеска француската екипа соопшти дека тимскиот шеф Флавио Бриаторе и директорот на инженерите Пат Симондс веќе не се во нивните редови.

Ова е епилогот на скандалот кој еволуираше последниве две трки, откако на крајот од јули отпуштениот возач Нелсон Пике јуниор поднесе пријава дека добил наредба од екипата да предизвика инцидент. Засегнатите во прв момент ги отфрлија оптужбите, а Бриаторе поднесе и приватна тужба против возачот и неговиот татко, за клевета и обид за уцена. Вчера беше соопштено дека ФИА му гарантирала имунитет на Симондс во замена за целосна изјава, по што се верува дека целата одговорност била натоварена на плеќите на Бриаторе.

- Екипата ИНГ Рено Ф1 нема да расправа за неодамнешните обвиненија од страна на ФИА за трката во Сингапур 2008 година. Истовремено, екипата сака да соопшти дека Флавио Бриаторе како менаџер на тимот и неговиот извршен директор на инженеринг Пат Симондс, заминаа од тимот. Пред сослушувањето во Париз на 21 септември, екипата нема да има натамошни коментари,- се вели во соопштението.

Реакциите по овој повод одат во насока на предвидување на реакцијата на ФИА и утврдување на степенот на вината за целата екипа. Според германската агенција ДПА, со ова екипата ефективно го признала местењето на резултатите. За англискиот Дејли телеграф, заминувањето на водечкото дуо треба да укаже дека нивните активности не треба да доведат во прашање 700 вработувања. Тајмс смета дека со ова Рено ја признал вината, но со испраќањето на конспираторите, всушност ја расчистил работата. Весникот Телеграф прашува дали одлуката била под притисок на Рено или е востановено дека нивните претходни изјави се невистинити.

Меѓу другите факти кои медиумите ги изнесуваат на виделина се и учеството на Рено во ГП2 серијата како снабдувач со мотори за сите возачи, при што непозната е улогата на Бриаторе поради фактот дека неговата десна рака Бруно Мишел е раководител на натпреварувањето. Дополнително, Берни Еклстоун има партнерски односи со Бриаторе во неколку бизниси, од кои јавноста најмногу знае за купувањето на фудбалскиот клуб Квинс Парк Ренџерс. Поранешниот сопственик на тим, Еди Џордан, кој сега е коментатор на Би-Би-Си, праша дали фудбалската федерација на Англија ќе му дозволи на Флавио да остане во лигата, имајќи го предвид овој скандал со местење, кој директно влијаел врз резултатите, а кој според него со денешниот чекор е признаен.

Од аспект на ФИА, денеска бил последниот ден за поднесување на документите за одбраната. Според Мозли, рангот на можни казни е широк и завршува со дисквалификација од првенството. Тоа е предвидено со Интернационалниот спортски код, а би можело да важи засекогаш.

Резултатите од сослушувањето в понеделник се очекуваат следниот ден.

Ова е втор случај годинава на заминување од спортот на личности со долгогодишни кариери во Формула 1. Претходно, спортскиот директор на Мекларен, Дејв Рајан, беше „жртвено јагне“ во скандалот со лажната изјава на Хамилтон пред стјуардите на трката во Австралија.

f1almanah.com
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.