IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За Иконите (само текст, без слики!)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За Иконите (само текст, без слики!)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 57>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 00:43
Не само јас, туку и целиот научен свет прв пат слуша за магнетизирање на предмети со помош на некакви си "вибрациони мисли или емоции" насочени од верниците. Изгледа ова е некоја тајна меѓу верниците од Универзален живот.
Баш утре ќе влезам во Соборен Храм со неколку шајки да проверам дали ќе бидат привлечени од магнетизираните икони голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 01:15
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Не само јас, туку и целиот научен свет прв пат слуша за магнетизирање на предмети со помош на некакви си "вибрациони мисли или емоции" насочени од верниците. Изгледа ова е некоја тајна меѓу верниците од Универзален живот.
Баш утре ќе влезам во Соборен Храм со неколку шајки да проверам дали ќе бидат привлечени од магнетизираните икони голема%20насмевка
Влези...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 13:08
Бидејќи во Општо и Неврзано се разврза интересна дискусија околу иконите, ја пренесувам таа дискусија овде...
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Бог според своја икона=слика=образ ----> ствара човек (јас, ти, тој...)--------> се поклонуваш на човекот -----------> тој поклон се однесува и до првообразот=првата икона т.е. Бог
 
Доколку вака ја оправдувате православната теологија околу поклонувањето на иконите, тогаш зошто светиот апостол Петар го укорил Корнелиј кој во една ситуација му се поклонил...
 
"А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”"
(Свети Петар во Дела 10:25-26)
 
Зарем светиот апостол Петар не бил слика (образ,икона) на Бог? Тогаш зошто го укорува Корнелиј за неговото поклонување пред него?
Ако апостолот Петар одбил да му се поклонуваат, тогаш зошто вие православните се поклонувате пред Неговата слика?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 00:48
околу поклонувањето овој цитат многу јасно не информира.Дали треба или не треба.


 Откровение 19:10 И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.”
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 01:43
Кога православниот христијанин влегува в црква најпрво пали свеќа, се крсти, ги целива иконите на Господ Исус Христос, Пресвета Богородица и светителот или светителите.


   православна црква св.Илија - Мисисага

http://www.st-ilija.org/active/index.php?option=com_content&view=article&id=16%3Ado-orthodox-christians-worship-icons&catid=55%3Asermons&Itemid=3&lang=mk


Изменето од izvoren - 20.Септември.2009 во 01:48
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 02:11
Многу би ме интересирало од Протестантите да добијам одговор на прашањето: во што е злото доколку се целива една икона и во што е злото доколку на Бога Му се поклонуваме пред икони?

Изменето од Pravoslavie - 20.Септември.2009 во 02:11
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 02:24
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

во што е злото доколку се целива една икона и во што е злото доколку на Бога Му се поклонуваме пред икони?


Едни кажувате дека не се поклонувате, други прашувате што е лошо ако се поклонуваш пред икони?

Ме интересира, колку православни правци постојат во Македонија?


Изменето од izvoren - 20.Септември.2009 во 14:29
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 02:43
Pravoslavie, како ти го разбираш овој цитат од устата на Исус Христос?
 
"Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. (...) Но доаѓа часот - и веќе е настапи - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”"
(Исус Христос во ев Јован 4:21-24)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 04:20

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Pravoslavie, како ти го разбираш овој цитат од устата на Исус Христос?
 
"Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. (...) Но доаѓа часот - и веќе е настапи - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”"
(Исус Христос во ев Јован 4:21-24)

Не разбирам зошто не ми одговори. Прашав кое е злото? Што е тоа што нам ни прави лошо кога Му се поклонуваме на Бога пред икони? Дали тоа од нас прави груби и лоши луѓе? Нелуѓе? Богомрасци? Нељубители на доброто? Сејачи на зло и омраза? Блудници? Силувачи? Убијци?

 

Да Му се поклонуваш на Бога значи многу повеќе отколку тоа да ја наведнеш главата. Да Му се поклониш на Бога, во највистинска смисла на зборот значи да Му се дадеш себеси! Целосно! Тоа значи дека сите мисли, сите желби, сите намери, сите дела, сите зборови, целата своја личност да му ги посветиш на Бога. Тоа значи: се’ што мислам, се’ што правам, се’ што имам намера да правам, секоја добра желба, секој збор, секое дело... се’ мое да биде во служба на Бога, и за слава на Бога и во име на доброто. Тоа значи поклонување! СебеОддавание (од руски јазик). Наведнувањето на главата кое го правиме во некои случаи е само надворешен израз на тоа. Но, она суштинското се наоѓа внатре во нашиот сокриен човек. Можеме, но не мораме да ја наведнеме главата пред икона. Но, ако му се поклонуваме во дух на Бога, тоа значи дека Му се даваме себе, Му ја даваме целата наша личност, нашиот сокриен човек, нашиот дух, а тоа ја има својата манифестација и надвор од нашиот сокриен човек, бидејќи она што ќе зачне во сокриениот човек, тоа ќе добие свој израз преку нашите дела, нашите зборови, нашето однесување... Да Му се поклонуваш на Бога значи да Му служиш Нему. А ако Му служиме, тоа би требало да биде слободно и искрено, да не биде претворање, маскирање, правење нешто невистинито, лажно, квази, туку тоа треба да бидеме вистинските ние, оние кои во срцевината на нашата личност сме тоа - Божји Слуги, а не “фарисеи“ и лицемери.

Да погледнеме на нештата поопширно...

Еве еден (ама не и единствен) пример:
дали си размислувал дека поклонувањето на телевизорот е многу полошо околку поклонувањето пред икони? Многу подобро е да Му се поклонуваш на Бога пред икони, отколку на пример да гледаш фудбал. Знаеш зошто? Затоа што второво ќе ти одземе саат и пол време за секој натпревар и ќе правиш НИШТО, тоа е буквално напразно потрошено време!! А да гледаш фудбал редовно и постојано?...

А многу подобро би било тој еден саат и половина да го поминам во молитва, читање на Свето Писмо и Свето Предание, помагање на сиромаси, во мирење на скараните околу себе... За пример, зар не е Емилијано Роналдо поголем идол отколку иконата на Господ Исус Христос? А колку пати тоа си го истакнал? Зарем немаш, драг мој, повеќе проблем со формалното, отколку со суштинското?

А да зборуваме ли колку многу повеќе идолопоклонства правиме ние луѓето денес?
- Кариеропоклонство (и / или Бизнисопоклонство),
- Облекопоклонство,
- Сексопоклонство,
- Телопоклонство,
- Музикопоклонство,
- Паропоклонство,
- Кафеанопоклонство,
- Фетишизам,
- Садомазохизам,
- Телевизоропоклонство (кое освен другите опфаќа и Филмопоклонство, Спортопоклонство)
- ...

Гледаш колку идоли има, кои СЕРИОЗНО го одвојуваат човекот од Бога, СУШТИНСКИ го ТРОШАТ човекот како личност, му го КРАДАТ ВРЕМЕТО (во кое љубовно би заедничарел со Бога и со ближните, и во кое би се дал себеси да дејствува за Слава Божја и за општото добро); потоа идолите му прават оштетувања на личноста (очите (од премногу гледање телевизија), здравјето на нозете(од носење вакви и такви обувки на високи потпетици), здравјето на душата (гледање на филмови со насилство, крвопролевање, блуд, прељуба... кои се вселуваат во личноста на човекот)) и на крај, во најстрашен случај идолите го прават сатаноподобен човекот (само разлистај низ youtube.com и низ интернет и ќе видиш какви се’ зла има денес)

Зошто тогаш толку ти пречат иконите, кога НИ НАЈМАЛКУ не го оддалечуваат од Бога и не му прават АМА БАШ НИКАКВО ЗЛО на ниту еден Православен Христијанин, кој искажува почит кон нив, ама не им се поклонува ним, туку својата личност му ја дава и посветува на Бога?

Уште ова: едно од искушувањата во пустината било (парафразирам): “... сето ова ќе ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш“. Дали сатаната сакал Господ само да му Ја наведне главата или да Го свитка Телото со тоа што Колената ќе Ги положи на земјата или да направи некоја телесна метанија или сакал целосно да му се предаде Себеси Господ во служба на злиот и на злото и во се’ да го слуша злиот што ќе Му налага да прави? Искушението не беше ни најмалку наивно!! Зарем одговорот не беше (парафразирам): “Само на Господа поклонувај Му се И САМО НЕМУ СЛУЖИ МУ“ ? Исто и заповедта од десетте вели: “Не прави идол или слика... не им се поклонувај И НЕ ИМ СЛУЖИ“. Поклонувањето повлекува со себе и служење! Дали поклонувањето пред иконата значи и служење на самата слика, дрвото, боите, стаклото или значи служење на злиот? Ако значи, тогаш во што е тоа служење на сликата, боите, стаклото и/или какво е тоа  служење на злиот? На каков начин се служи на иконата? На кој начин преку поклонувањето пред иконата човек му служи на злиот? (одговори ми, те молам, тоа што те прашав во претходниот пост: Какво е злото?)

Не избегав од прашањето, не го изоставив одговорот (тука е), но се обидов да ти дадам еден поголем и посеопфатен поглед на тоа што ВО СУШТИНА е поклонување, поклонување на Бога и поклонување на идоли.



Изменето од Pravoslavie - 20.Септември.2009 во 04:24
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 11:42
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Не разбирам зошто не ми одговори.
 
Затоа што ти побара одговор од протестантите, па јас не сакав да ти се мешам во дискусијата со нив.
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Не избегав од прашањето, не го изоставив одговорот (тука е)
 
Го прочитав целиот текст, ама не го забележав одговорот. Ќе бидеш ли љубезен да ми го издвоиш тој дел од текстот каде што ти пишуваш како го разбираш/толкуваш текстот кој ти го наведов погоре?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 00:05
Вие кои почнавте да дискутирате за иконите на темата за адвентистите, за да не бидете таму оф-топик, можете да продолжите тука.
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Многу би ме интересирало од Протестантите да добијам одговор на прашањето: во што е злото доколку се целива една икона и во што е злото доколку на Бога Му се поклонуваме пред икони?
 
А зошто Му се поклонувате на Бог пред икона? Зарем не е јасен Христос кога и вели на самарјанката дека не е важно местото каде што треба да се поклонуваме (ни лево од икона, ни десно, ни пред икона, ни зад икона, ни до икона) туку дека вистинските поклоници треба да му се поклонуваат на Бог во дух и вистина, затоа што Бог е дух (а не осветено дрво наречено икона) и оние кои му се поклонуваат треба да му се поклонуваат во дух и вистина. (Исус Христос во ев Јован 4:21-24)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
al__ISLAM Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al__ISLAM Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 00:16
a sto prestavuva ikonata
Кон врв
al__ISLAM Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al__ISLAM Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 00:19
А зошто Му се поклонувате на Бог пред икона? Зарем не е јасен Христос кога и вели на самарјанката дека не е важно местото каде што треба да се поклонуваме (ни лево од икона, ни десно, ни пред икона, ни зад икона, ни до икона) туку дека вистинските поклоници треба да му се поклонуваат на Бог во дух и вистина, затоа што Бог е дух (а не осветено дрво наречено икона) и оние кои му се поклонуваат треба да му се поклонуваат во дух и вистина. (Исус Христос во ев Јован 4:21-24
;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;
sekoja crkva ima ikona znaci spored ova   na evangelos treba da se ostranat site ikoni od crkvite neli ili gresam
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 00:35
Верувам сите ќе се сложиме дека Христос е главниот и централниот лик во евангелијата и посланијата на апостолите.
Сте се запрашале ли зошто никој од апостолите и евангелистите не запишал ни збор за изгледот на Исус?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 57>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.