Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Мај.2014 во 11:05 |
Секој си има свој порок, од кој не може толку лесно да се откаже. Астролозите тврдат дека порокот е тесно врзан и со хороскопскиот знак. Дознајте кој е вашиот порок според ѕвездите.
Од што е зависен секој хороскопски знак? Овен
Овенот е голем индивидуалец и владетел на огнот, па често во искушение го доведуваат алкохолот и цигарите. Штом еднаш овенот се навлече, навистина му е тешко да се откаже, бидејќи е тврдоглав. Овните сметаат дека со пушењето цигари или со антидепресивите се ослободуваат од стресот, а ги сакаат цигарите бидејќи сметаат дека со нив изгледаат гламурозно.
Бик
Бикот е многу стабилен знак, но не е премногу свесен за себе и за своите постапки кога се во прашање храната и пијалаците. Тие сакаат да ги задоволуваат сите свои сетила, па неретко претеруваат во тоа. Доколку се сексуално фрустрирани, тие знаат да пијат премногу или да се однесуваат агресивно, а доколку чувствуваат вина стануваат воркохолици.
Близнаци
Овој знак често го менува своето расположение и се обидува да го ублажи своето патење со различни пороци. Близнаците се најпознати по тоа што обожаваат да пушат цигари, но и многу лесно знаат да се навлечат на адреналински спортови. Неретко, тие се и сексуални зависници. Сепак, својата хиперактивност знаат да ја преточат и во креативно работење, па често се зависни и од работа и од интернет.
Рак
Раковите се водени од Месечината, па многу често го менуваат своето расположение. Воопшто не е необично за овој знак, да му се препушти на алкохолот кога е во лошо расположение. Кога е лут, бесот знае да го потисне со храна, а цигари пуши за да биде послаб.
Лав
Бидејќи лавовите сметаат дека се бесмртни, тие во текот на животот знаат да внесат од сите пороци по малку. Па така, знаат да бидат коцкари, неверници, да пушат, пијат и слично. Кога е во прашање неверноста, лавовите ѝ се препуштат кога чувствуваат емотивна нестабилност.
Девица
Напнатата девица е најголем зависник од работа, од сите знаци во зодијакот. Претставниците на овој знак често се опсесивно-компулсивни и можат да бидат многу вознемирени ако работите не се движат онака како што планирале. Во таквите ситуации, најчесто се осврнуваат на апчињата за смирување и на алкохолот. Многу од нив пушат цигари за да ја задржат својата идеална тежина.
Вага
Вагата е знак кој идеализира сè, а кога работите ќе тргнат во неочекуван правец, тие ќе се оддалечат од лошата реалност и ќе се препуштат на алкохолот и на другите пороци. Вагите се чувствуваат непријатно во моментите на посветеност, па често знаат да изневерат, сакајќи да го избегнат тоа. Тие исто така знаат да се навлечат на вежбање, па дури некогаш и да претераат.
Скорпија
Најголемиот секс-зависник во зодијакот обожава да води љубов, пиејќи алкохол и да троши многу пари на облека и скапи ресторани за да го импресионира спротивниот пол. Не сака луѓе кои не се модерни, а често пуши цигари за да ја зачува идеалната тежина и за да изгледа гламурозно.
Стрелец
Стрелците се љубопитни индивидуалисти кои знаат да западнат во финансиска криза поради својата потреба од патувања, која не можат да си ја дозволат. Бидејќи по природа се немирни, неверноста и сексуалната зависност, често им претставува проблем. Ова е еден од оние знаци кои веруваат дека се бесмртни, затоа не е необично да пијат, пушат и да се занимаваат со други пороци.
Јарец
Крутиот јарец е најмалку склон на пороци. Јарците се многу грижливи околу своето тело, па знаат да бидат зависни од вежбање. Бидејќи сакаат да изгледаат многу слабо, кај нив постои голем ризик од булимија или анорексија. Единствен порок кој го сакаат се цигарите.
Водолија
Овој знак обожава да истражува нови начини на размислување и сака да испробува различни перцепции. Луѓето родени во овој знак неретко се вегетаријанци. Знаат да одат од крајност во крајност, па нивната зависност може да ги излудува сите во нивната околина и да трае долго. Сепак, по некое време повторно почнуваат да се грижат за своето здравје.
Риби
Рибите се зависни од романтика. Тие сакаат да пијат за да ја заборават болката која ја чувствуваат во реалноста, бидејќи се многу чувствителен знак кого знае да го заболи срцето од многу причини. Лековите за смирување, исто така можат да створат зависност кај рибите. Бидејќи се имагинативни, во моментите на психичка слабост треба да внимаваат да не се препуштат на опијати.
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2014 во 15:48 |
Како да го заведете според хороскопскиот знак?
Фокусирајте се на петте сетила за да го заведете бикот, бидете поспонтани кога го освојувате стрелецот, а мистериозни за да ја зашеметите таинствената шкорпија. Хороскопскиот знак може да ви открие многу за карактерот на личноста која сакате да ја заведете и да ви даде инструкции кои оружја треба да ги искористите за најбрзо да ја освоите. Еве како да го привлечете, заведете и задоволите секој знак: ОВЕН Претворете се во предизвик ако сакате да го освоите овенот. Личностите родени во овој знак ја сакаат возбудата која им ја дава „ловот“ и лесно губат интерес за она кое можат да го добијат без многу напор. Привлечете му го вниманието, а потоа вклучете ја опцијата „недостапни“. Кога ќе ви пријде, не паѓајте брзо во неговите раце. Натерајте го да верува дека не сте го забележале. Бидете тешки за освојување. Овните веруваат дека животот е премногу краток за да се помине со неинтересни личности, па постојано изненадувајте го со нови идеи за авантури и теми за разговор. Клучот кон срцето на овенот е да бидете отворени за новитети. Поканете го во ресторан кој неодамна се отворил, згответе егзотичен специјалитет, дајте му предлог да посетите невообичаено место. Бидете самоуверени и не се плашете да му се спротивставите на овој „љубител на неочекуваното“. Интересните дебати се силен афродизијак за лидерот на хороскопот. Овенот ја сака едноставноста и личностите кои се однесуваат природно, а е и обожавател на добрата смисла за хумор и комплиментите. Пријателите се многу важни за него и тој секогаш го цени нивното мислење, па освен него, стремете се да ги освоите и неговите пријатели. БИК Истакнете ги кулинарските вештини, ставете го омилениот парфем и покажете ја својата женственост за да го заведете љубителот на елеганцијата и добрите манири. Биковите можеби најлесно паѓаат на нежности и комплименти. Тие не ги сакаат нападните личности и оние кои се обидуваат да ги избрзаат. За да освоите претставник на овој знак, потребно е да се наоружате со железно трпение и да се подготвите за бавно возење. На биковите им оставаат силен впечаток личностите кои се практични, знаат да ги менаџираат парите и се доверливи. Не заборавајте да му подарите нешто, независно дали е за неговиот роденден или Св. Валентин, или пак, без некој посебен повод. Родените во овој знак ги обожаваат подароците. Биковите сакаат личности со префинет вкус, кои ценат добра музика, добар филм и се обожаватели на уметноста. Физичкиот изглед (стилот на облекување, шминката и фризурата) е многу важен за биковите, но не е поважен од страста кон добрата храна. Патот до срцето на бикот навистина минува низ неговиот стомак. Благодарение на Венера, нивната планета владетел, биковите имаат изострени сетила, па слободно можат да се наречат „сензуалисти на хороскопот“. Искористете атрактивен парфем, гурмански специјалитет, црвено вино и привлечна облека за да стигнете до неговото срце. БЛИЗНАЦИ Патот до срцето на близнаците минува низ главата. За да ги заведете комуникативните близнаци потребно е не само да бидете информирани и елоквентни, туку и да имате способност да го стимулирате нивниот ум. Длабоките разговори им делуваат како афродизијак. Тие можат да поминат часови дискутирајќи на разноразни теми, но ако разговорите замрат, тие може инстантно да исчезнат. Никогаш не влегувајте во улогата на сезнајко, а секогаш бидете подготвени да понудите внимателно уво, бидејќи близнаците обожаваат да зборуваат. Не откривајте сè за себе пред овој знак, обвијте се во мистерија и претставете ја својата комплексна природа. Искористете ја нивната страст кон учењето и откривањето на нови нешта за да ги интригирате. Бидете спонтани и постојано дофрлувајте нешто што ќе ја буди нивната љубопитност. Како личности кои ја ценат добрата смисла за хумор, близнаците лесно можете да ги освоите смеејќи се на нивните шеги и игриво дофрлајќи остроумни коментари. Близнаците обожаваат да експериментираат, па сè што е ново ги усреќува. Тие сакаат покрај себе да имаат некој кој ќе го споделува нивниот ентузијазам. Бидете подготвени за авантури во спалната ако личноста која сте ја избрале за иден партнер е родена во овој знак. РАК Покажете ја својата чувствителна страна ако сакате да ги заведете раковите. Претставниците на овој знак се интелигентни, но имаат меко срце и нивен двигател се чувствата. За ракот да влезе во врска предуслов е да наиде на почит и одобрување од другата страна. Како трагачи по љубов, раковите сакаат кога се грижите за нив. Скротете ја спонтаноста и истакнете ја педантноста. Научете да ги сакате и да уживате во тивките приватни моменти, а ракот ќе ви докаже дека тие можат да бидат многу позабавни и повозбудливи отколку вечерните излегувања. Романтичарите на хороскопот не ја кријат својата страст кон гурманската храна, па засукајте ги ракавите и покажете ги своите кулинарски вештини. На долгорочен план, ракот е знак на семејството. Тој ќе се заљуби во вас ако може да ве замисли во улогата на негова сопруга. Покажете дека ја цените институцијата брак и зближете се со неговите блиски. Не си дозволувајте да кажете лоши зборови за вашето или за неговото семејство. Ако започнете врска со рак, на секој начин докажувајте му ја својата лојалност и уверете го дека ќе бидете засекогаш покрај него. Верувајте, тој ќе го цени тоа. ЛАВ Вклучете го рефлекторот и насочете го кон него ако сакате да го заведете лавот. Претставниците на овој знак зрачат со самодоверба и моќ и не прифаќаат ништо помалку од тоа да бидат во центарот на вниманието. Ласкање од каков било тип (како размислува, колку е добар неговиот стил, колку импресивна е неговата работа) делува како силен магнет кој ќе го привлече кон вас. Иако е полн со гордост, тој сака да почувствува дека вашиот свет ротира околу него. Тоа е она што прави да се чувствува важен. И запомнете, никогаш, ама никогаш не го засрамувајте во јавност. Како личност која сака да живее на висока нога, тој ќе цени сè што му дава гламур на вашиот живот. Бидете елегантни, внимателно избирајте како ја комбинирате облеката, покажете љубов кон уметноста или раскажете интересно искуство од ваше патување. Како крал на џунглата, тој секогаш ќе избира партнерка со која ќе се гордее како негова кралица. Лавот ги сака самоуверените, но не и надмените и арогантните личности. Ако започнете врска со лав, користете ја неговата коса за да му ја придобиете наклонетоста. Нежно минувајте со прстите низ неа за време на моментите на страст. Еден лав е заљубен во вас ако се однесува како вистински кавалер. ДЕВИЦА Ставете го своето тело на пиедестал. За инстантно да го привлечете „перфекционистот на хороскопот“ треба да покажете среден, педантен и негуван изглед. Посветете особено внимание на деталите и никогаш не ги истакнувајте своите недостатоци. Како најголеми аналитичари во хороскопот, девиците имаат силна наклонетост кон интелигентните личности, а најлесно може да ги импресионирате со помош на факти и издржани аргументи. Ако имате да кажете нешто интересно, невообичаена идеја или мислење, искористете ги како свој џокер. Покажете дека имате свое мислење, свој карактер и свое јас, но кога станува збор за планирање, препуштете му сè нему. Важно: Никогаш не доцнете и не ги менувајте плановите во последна минута. Ништо не ги иритира повеќе од тоа. Девицата сака внимание, но за разлика од лавот кој сака да биде центар на светот, девицата е знак кој копнее да биде ислушан. Од овој знак можете лесно да добиете мислење, но не и чувства. Како личност која во себе крие страв од непознатото, девицата не сака изненадувања. Без смели потези кои можат да го исплашат и оддалечат од вас. Наоружајте се со трпение и бавно работете на заведувањето на овој знак. Запомнете, ако нешто ветите, мора да го исполните. На долгорочен план девиците знаат да бидат пребирливи и полни со критицизам, но не затоа што нивната љубов се намалила, туку затоа што постојано се стремат кон подобар, речиси перфектен живот. ВАГА Софистицираните ваги ги сакаат убавите нешта во животот и романтиката во висок стил. Претпочитајте ги тивките, но романтични места, женствените елегантни фустани, шампањот и доброто вино, пред гласните кафулиња, пивото и екстравагантните аутфити. Ако знаете како да живеете добар живот во смисла на луксуз, ако имате добри манири и се изразувате софистицирано, вие сте идеален кандидат за освојување на срцето на вагата. Заљубени сте во уметноста или литературата? Не го кријте тоа од вагата, туку искористете го како свој адут. Вагите не се личности кои без да размислат скокаат во врска, но кога ќе ја пронајдат соодветната личност, се склони да создаваат цврсто партнерство. Не избрзувајте, дајте им време да ве запознаат подобро. Комплиментите се секогаш добредојдени кај претставниците на овој знак, па колку и да не признава, вагата сака да ѝ се восхитувате и да ѝ кажувате колку е специјална за вас. Како љубители на добрата музика, вагите секогаш ќе ценат покана за концерт, па нека биде тоа идеја за вашиот прв состанок или за неговиот роденденски подарок. И последно, но не помалку важно, е дека вагите се екстравертни личности кои обожаваат дружење, па ќе им влезете под кожа ако сте дружељубиви и отворени за нови контакти. ШКОРПИЈА Наоружајте се со сексапил, искреност и автентичност ако сакате да ја заведете таинствената шкорпија. Шкорпиите имаат комплексен карактер, таинствени се и често градат ѕидови пред себе. Не поставувајте премногу прашања, постои цел свет кој во почетокот шкорпијата нема да ви го открие, па потребно е да бидете трпеливи. Шкорпијата не ги сака површните луѓе и разговори, па уште на првиот состанок или средба покажете дека се интересирате за подлабоките нешта во животот и дека знаете да навлезете длабоко во темите на разговор. Ако имате широко познавање за област која овој знак ја смета за интересна или ја имате прочитано книгата која тој ја чита или можеби сте го гледале неговиот омилен филм, потенцирајте го тоа и веднаш ќе го грабнете неговото внимание. Шкорпијата е знак кој ги мрази лагите и неискрените личности, а ја цени чесноста. Никогаш не ставајте маска на своето лице и не се преправајте пред шкрпија, таа може да го намириса тоа на километар оддалеченост. Без страв и задршки, кажете го она што го мислите и веднаш ќе ви бидат додадени поени. Како љубители на изненадувањата, лесно ќе го привлечете вниманието на шкорпијата ако најдете невообичаен начин за да ѝ пријдете. Разгорете му ја љубопитноста на мажот шкорпија, не споделувајте премногу за себе. Колку помистериозни сте, толку позаинтересиран ќе биде за вас. Генерално, тој трага по личност која знае да го ислуша и која ќе ги споделува неговите чувства и начинот на размислување. СТРЕЛЕЦ Гледајте на животот како на авантура и бидете поспонтани ако сакате да заведете некој од родените во овој знак. Стрелецот е вљубеник во возбудата и ги обожава личностите кои го споделуваат неговиот ентузијазам и брзо ги прифаќаат предизвиците. Ако стрелецот кој се обидувате да го заведете ви предложи егзотична или луда идеја, прифатете ја брзо со зборовите „звучи забавно“, дури и ако помислата на неа ве плаши по малку. Потенцирајте колку сакате да патувате за да го интригирате уште повеќе. Како обожавател на добрата смисла за хумор, стрелецот ги цени личностите кои на хумористичен начин го „кршат мразот“. Кажете забавна шега, смешна случка или искуство кое ќе му измами насмевка. Покажете ја среќната, ведра страна од вашиот карактер за да го заведете уште на првата средба. Познати како вљубеници во слободата, стрелците се склони да туркаат од себе сè што ги ограничува, физички и емоционално. Не бидете премногу нападни, не барајте премногу од него и не го окупирајте неговото време. Стрелците се интелигентни и ги обожаваат разговорите, па не се плашете отворено да комуницирате. Бидете чесни и оригинални за време на разговорите и секогаш кажувајте го она што го мислите. Не повторувајте нечии зборови како да се ваши. Барајте го и ценете го неговото мислење. Тоа ќе биде голем плус за вас. ЈАРЕЦ Изберете бавен пристап ако сакате да заведете јарец. Јарeцот сака да почувствува дека ве заслужува, дека се потрудил да ве освои, па не паѓајте веднаш во неговите прегратки. Правете чекор напред, а потоа повлекувајте се, тоа ќе го разбуди неговиот интерес. Кога се трудите да го привлечете вниманието на јарецот, претпочитајте го класичниот изглед пред ексцентричниот. Јарците се обожаватели на црната елегантна облека. Јарецот е и знак на квалитетот и постигнувањата. Интелигентен е, амбициозен и многу сериозен кога станува збор за кариерата. Ако сте личност која со страст ја работи својата работа и со љубов зборува за неа, ако имате постигнување со кое се гордеете, сметајте дека имате тајно оружје со кое ќе го освоите јарецот. Јарците ги привлекуваат личности кои сакаат и се стремат да му придадат значење на сопствениот живот. Спротивно на стрелецот, јарецот не ги сака авантурите и ја претпочита стабилноста. За да се впушти во врска тој треба да намириса сигурност, а за тоа треба да помине подолго време. Бидете трпеливи. Многу е важно да не се обидувате да го заведете јарецот во јавност, туку повлечете се во интимно катче каде ќе бидете само двајцата. Желбата за приватност и дискреција се составен дел од неговиот карактер. ВОДОЛИЈА Тајната за да заведете водолија е во неконвенционалниот пристап. Родените во овој знак имаат силен карактер и го ценат невообичаеното и различното. Сè што ве прави оригинални и уникатни ќе делува магнетски привлечно за ексцентричната водолија. Никогаш, ама никогаш не се обидувајте да влијаете на смислата за мода на овој знак. Комуницирајте, комуницирајте, но направете го тоа на начин што ќе го стимулира неговиот мозок. Водолијата ќе го оформи првиот впечаток за вас врз основа на она што го зборувате, начинот на кој го кажувате, вашите ставови, манири. Водолијата е ментален знак, па прво мора да му се допаднете на интелектуална основа. Ако имате нешто остроумно, мудро или интересно на ум, отворено споделете го, а водолијата веднаш ќе го улови. Почитувајте ја неговата индивидуалност, поддржете го во неговите идеи и тој брзо ќе ви јаде од рака. Стремежот на водолиите да го направат светот покреативно и подобро место за живеење е толку силен што често можете да ги најдете како работат за одредена кауза или идеал. Покажете почит кон нивната посветеност и секогаш поддржувајте ги. Водолиите се ведри и забавни, но треба да знаете дека за нив пријателството доаѓа пред љубовта, па прво бидете негов пријател, а потоа сè останато. РИБИ „Поиграјте“ си со фантазијата и имагинацијата на овој знак ако за цел имате да го заведете. Рибите сакаат да сонуваат, да влезат во свој „балон“ и да одлетаат од реалноста. Раскажете му ваше или туѓо искуство или приказна која ќе го одведе од овој и ќе го стави во друг свет. Користете ги фантазиите како средство за да создадете длабока, романтична и магична врска. Родените во овој знак го гледаат светот преку розови очила, трудејќи се да ги сместат своите соништа во реалноста. Тие сакаат нивниот партнер да ги поддржува, но и да ги враќа во реалноста кога ќе заминат предалеку, без притоа да им ги уништи соништата. Кажете нешто кое ја буди нивната самодоверба и го охрабрува. Не очекувајте романтичната риба да го направи првиот чекор. Тој верува дека некаде постои личност која е нивна сродна душа и претпочита љубовните случувања да се одвиваат природно, а не присилено. Преземете ја вие иницијативата. Создајте романтична атмосфера и бидете нежни. Убедете го дека ви било судено да бидете заедно. Исто така, овој знак е поврзан со духовното, па родените во него му придаваат подлабока смисла на животот. Ако имате мислење поврзано со карма, судбина, филозофија и филантропија, нешто што докажува дека сме дел од поголем универзум, кажете го и веднаш ќе го привлечете вниманието на интуитивните риби. Ја обожавате уметноста и цените квалитетен звук? Ќе добиете аплаузи од префинетите риби. И не заборавајте дека хуманите срца веднаш добиваат место во животот на рибите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2014 во 22:24 |
ХОРОСКОП: КАКОВ Е ВАШИОТ ИЗБРАНИК, ШТО САКА ВАШАТА САКАНА ЛИЧНОСТ И КАКО ДА ЈА ОСВОИТЕ... Овен Овновите се луѓе кои постојано бараат акција и партнер кој ќе може да го следи нивниот брз живот. Секогаш сами превземаат иницијатива, не се срамат да го направат првиот чекор и секогаш знаат што сакаат, поготово во кревет. Партнерот мора да биде доволно јак за да може да му се спротивстави, но и трпелив за да може да ги поднесе сите темпераментни активности и авантури на кој ќе биде подложен. Познати се како освојувачи за брзо време и не ја пропуштаат можноста која им се укажува. Брзо се “палат” кога некој им се допаѓа, но и многу брзо се ладат и лесно забораваат. Со текот на годините повеќе ја ценат љубовта и кога вистински ќе се заљубат се верни партнери на кои можеш да им се довериш. Омилен мирис: парфеми со мирис на ванила Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија. Боја со која освојува: црвена Место за водење љубов: теретана, базени, стадиони Омилена храна: тестенини Афродизијак: ванила Ерогени зони: околу усните, вратот Цвеќе: лале Бик Биковите се бескрајно романтични, но подеднакво сакаат страствена врска и авантура. Лесно можете да ги освоите со изглед и слатки зборови за да им го подигнете егото, но вистински ги привлекуваат мускули и добар парфем. Имено, Биковите сакаат се да пробаат, помириснат и допрат па добриот парфем е неопходен. За успешно партнерство со Бик треба да имате многу големо трпение. За да започнат сериозна врска им треба многу време да размислат, но кога конечно ќе се одлучат за една личност, подготвени се да направат се за да имаат мирна врска или брак. Сексот им е многу важен и за него одвојуваат многу време. Омилен мирис: интезивни парфеми со ориентални нијанси Кој им одговара? Биковите имаат добра врска со Јарци и Девици. Најдобри пријатели бараат во Раковите, додека Водолиите ги фасцинираат, но поради различниот карактер, не можат да се сложат. Боја со која освојува: виолетова Место за водење љубов: парфимерии, ресторани Омилена храна: пршута Афродизијак: масло во комбинација од маслиново масло, ментол и темјан Ерогени зони: врат, раменици, образи Цвеќе: јоргован Близнаци Типичните Близнаци ретко дочекуваат старост со првиот партнер со кого стапиле во сериозна врска или брак. Иако сакаат мир и сигурност, не поднесуваат досада и имаат потреба за промена на партнерите. Созревајќи може да станат верни, но многу тешко одолее на предизвиците. Поради желбата за промени бараат партнер кој е подготвен да помине низ различни турбуленции, а со текот на времето учат дека љубовта и сигурноста вредат повеќе од предизвиците и новостите. Близнаците брзо запознаваат нови луѓе и така нови пријателства и врски. Најмногу ги влечат весели луѓе кои покажуваат љубопитност и кои се спремни за дискусија. Тие се мајстори за забава за една вечер. Омилен мирис: цветен со нијанси на лимон Кој им одговара? Најдобро се сложуваат со Ваги и Водолии, додека бурни односи имаат со Лавовите, а никако не може да ги смислат Шкорпиите и Рибите кои се премногу чувствителни Боја со која освојува: светло сина, жолта Место за водење љубов: на пат Омилена храна: суши Афродизијак: кавијар Ерогени зони: гради, рацет Цвеќе: магнолија Рак Раковите сакаат да се впуштат во авантура за една ноќ, но потајно се надеваат дека ќе ја сретнат љубовта на животот, принцот на белиот коњ. Истоврмено се љубоморни и великодушни па склони се кон постојано менување на расположение. Саканата особа спремни се да ја носат на раце, но поради најмала ситница можно е веќе утре да ја одбијат. Типичен рак можете да освоите со нежни и романтични сигнали, кои ќе им дадат доволно храброст да се препуштат. Копнежот за доверба и нежност кај раковите е далеку по изразен отколку кај другите знаци па нив е најлесно да ги воодушевите со едноставна вечера на свеќи и разбирање. Покрај авантурите, тежнеат кон постојани врски затоа што не сакаат да бидат сами во животот. Омилен мирис: женствен, цветен мирис Кој им одговара: Најдобро си одговараат со Шкорпија и риби, добро се сложуваат со бикови, а никако не одговараат со овни Боја со која освојува: сребрена Место за водење љубов: езеро, море, прошетка, пикник, набљудување ѕвезди Омилена храна: салата со шкампи, ореви Афродизијак: целер Ерогени зони: гради, уши Цвеќе: лилјан, ирис Лав Совршената комбинација од заводлив талент и ловечки инстинкт го прават Лавот посакуван и неодолив. Кога ќе успее да ги сокрие “канџите” и со разум да го победи нагонот за импулсивни реакции, води мирен живот и се труди да ја усреќи личноста за која се грижи. Заљубените Лавови се нежни, дарежливи и лојални, а поради честите непромислени акции, често се одлучуваат на брак дури и по кратка, страствена врска. Лавот сака да освојува и да да превзема иницијатива, па не смеете да му се нудите како лесен плен. Ако партнерот му досадува постојано, Лавот може брзо да изгуби интерес. Омилен мирис: ретки и одбрани мириси Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија. Боја со која освојува: златна Место за водење љубов: зоолошка градина, шума Омилена храна: бифтек Ерогени зони: нозете Афродизијак: тартуфи Цвеќе: сончоглед Девица Девиците најповќе се дружат со културни и образовани луѓе, а нови пријателства и контакти остваруваат многу внимателно и по детална анализа. Повлечени се и не ретко се затвораат дома, па им е потребен партнер кој ќе им ја разбие монотонијата. Ги привлекуваат убаво оформени мускули и длабоко деколте, сакаат весел дух и богато животно искуство. Бараат посветен и оптимистички партнер во кој ќе имаат многу доверба со оглед на тоа да и тие самите не се толку уверени во сопствените способности. Тие сексот го сметаат за најприродната работа на светот, а за добра врска и брак треба многу повеќе од авантура и површни работи. Омилен мирис: едноставни, благи мириси Кој им одговара? Девиците ги обожаваат Биковите и Шкорпиите, додека Близнаците ги нервираат и ги сметаат за неискрени. Боја со која освојува: Сива Место за водење љубов: музеј, книжара, кино Омилена храна: њоки Афродизијак: качунка Ерогени зони: лактови, колена, папокот Цвеќе: гарденија Вага Шармантните Ваги се добродојдени гости на сите забави. Секогаш се во тек со најновите случувања и точно знаат што се случува наоколу. Атрактивни се и љубезни па секогаш имаат многу обожаватели и понуди околу нив. Вагите ги ценат внатрешните вредности, но сепак им е важен и надворешниот изглед. Многу внимание посветуваат на естетика, ја следат модата и луксузот, а истото го бараат и од другите. Поради високите очекувања тешко пронаоѓаат партнери за подолга врска, но кога ќе ја најдат личност нивната исклучителна адаптибилност им овозможува да ја одржат онаа врска која ќе ја започнат. Никогаш целосно не затвораат врата пред нови познанства па оние кои ги обожуваат никогаш не се сигурно во тоа дали ги освоиле или не. Омилен мирис: сите ексклузивни парфеми Кој им одговара? Со Лав може да си ја остварат желбата за живот полн со луксуз. Квалитетни односи развиваат со Близнаци и Водолии кои се поденакво адаптибилни, додека Овновите им се премногу груби, а Раковите премногу чувствителни. Боја со која освојува: сите нијанси на розевата боја Локација за љубов: трендовски и монденски места Омилена храна: лосос Афродизијак: пиперка Ерогени зони: нозете, колковите, стомакот Цвеќе: ружа, каранфил Шкорпија Животното мото на Шкорпијата е “се или ништо” па подобро времето да го потроши сам отколку на површни работи и односи. Тивка е, но е многу суптилен осовојувач кој е упатен во сите тајни на заведувањето и знае како да пружи незаборавно сексуално уживање. Шкорпијата можете да ја освоите со билети за концерт на класична музика или со карти за патување во некој од европските градови кои се престолници на културата. Шкорпијата бара целосна посветеност и внимание од партнерот, љубоморна е и не поднесува конК*ренција. Поради стравот од покажување емоции во некои моменти се чини за премногу ладен, а во друга ситуација е комплетно различен и страствен. Овој знак сака лојалност и искреност, а неверството не го заборава ниту пак го опростува. Омилен мирис: интезивни и необични мириси, цимет Кој им одговара? На Шкорпиите им годат нежните Ракови и Риби, додека Лавовите на почетокот им се интересни, но потоа им здодеваат. Не се сложуваат со Бикови. Боја со која освојува: Црна Место за водење љубов: музеј, концерт, патување Омилена храна: смокви Афродизијак: рузмарин Ерогена зона: задникот Цвеќе: Орхидеја Стрелец Модниот зависник – Стрелецот ретко пропушта шанси кои животот му ги пружа. Поденакво бара љубов и забава за една вечер, но искрено верува во среќен крај во стилот на Холивуд приказните. На Стрелците обично им е потребно подолго време за да ја пронајдат вистинската љубов, бидејќи тие тешко го подаруваат своето време и тело, а уште потешко срцето и чувствата. Потребата за слобода кај Стрелците е во постојан конфликт со љубовниот живот, желбата за стабилност лесно може да прејде во страв од сериозна врска. Стрелецот сака високо ниво на адреналин па може да се воодушеви од лудо возење на мотор или “банџи џампинг”. Долг, но сигурен пат до неговото срце е преку пријателството. Омилен мирис: комбинации со мошус Кој им одговара? Успешни врски може да имаат со Овнови, Лавови и Водолии, а голем проблем се јавуваат во односите со Девици. Боја со која освојува: бордо Место за водење љубов: луксузен хотел Омилена храна: шкампи Афродизијак: вербена Ерогена зона: надколеници Цвеќе: Бегонија Јарец Процесот на созревање кај Јарецот обично трае многу долго. Во младоста е разигран и неоптеретен, но затоа води богат сексуален живот во годините кога другите веќе не размислуваат за најубавата работа на светот. Бракот го чини Јарецот топол и посветен родител, додека самците повеќе се ориентирани на кариера и успех. Песимистичкиот поглед на светот е црната карактеристика на која потенцијалниот партнер мора да се навикне. Јарците имаат големи очекувања и од себе и од другите, па сепак никогаш не се задоволни. Сакаат амбициозни луѓе, а нивната доверба најмногу може да се придобие со сериозен разговор за заедничка иднина. Омилен мирис: сандалово дрво Кој им одговара? Биковите и Девиците се добри партнери за Јарците, а Стрелците сепак им се премногу авантуристи за иден заеднички живот Боја со која освојува: сите земјени бои Место за водење љубов: голф терени Омилена храна: филети од најубавото месо Афродизијак: каранфил Ерогена зона: колена Цвеќе: Нарцис Водолија Водолиите по правило треба да се држат на јаже. Иако живеат за љубов, им треба доволно простор и слобода за да ги оствари сите своие креативни идеи и планови. Сакаат се што е необично и немирно, ги фасцинираат контраверзни личности, а контакти ги прави под многу необични околности. Сите оние кои се луде заљубени во Водолија, мораат да имаат на ум дека таа не може без промени и повремени изненадувања. Не очекуваат огномет и романтична вечер секој ден, но монотонијата им оди на живци. Водолиите се одлични во кревет, ги мрзат ритуалите и ги прескокнуваат сите вообичаени пози. Омилен мирис: мистичен, необичен, портокал или лубеница Кој им одговара? На водолиите најповеќе им одговараат Близнаците и Вагите бидејќи и оставаат доволно простор, со Стрелците се можни возбудливи авантури, а подаелку се држат од Лавовите. Боја со која освојува: сина Место за водење љубов: планетариум, концерти Омилена храна: манго, папаја, пилешко Афродизијак: женсен Ерогени зони: потколеници и листовите Цвеќе: кактус, ирис Риби
Таинствените риби знаат како да ги заинтригираат другите и да остават впечаток на неизвеност. Никој неможе да знае со сигурност дали се вистински заљубени или не, а понекогаш ни самите не се сигурни во своите чувства. За љубов сонуваат и денски така што им е потребен некој кој ќе ги спушти повторно на земја. Дури по подолго време му се препуштаат целсно на партнерот, а во врска бараат многу нежност и трпение. Можете да ги освоите со нежност и зрелост. Не се склони кон превземање иницијатива затоа што се срамежливи и премногу сакаат кога ги освојуваат. Најмногу од се уживаат во дочекување на зајдисонцето со партнерот, убав разговор во романтична атмосфера. Омилен мирис: таинствен, јасмин Кој им одговара: Рибите се сложуваат со Јарци и Ракови, а никако со Девици и Бикови Боја со која освојува: сина, лила Место за водење љубов: саем, црква, продавници Омилена храна: телешко Афродизијак: анасон Ерогени зони: нозе, стапала Цвеќе: мимоза, орхидеа
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Klara-D
Сениор
Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2014 во 11:54 |
Лав Лавовите се прилично внимателни пред да се вљубат. Може да помине доста долго време пред љубовта да процвета, бидејќи овој знак ги обожува игрите на заведување. Кога ќе им се случи да се вљубат, најчесто се многу страсни и посветени, но тоа не трае долго. Луѓето родени во овој знак имаат немирно срце, па затоа врските не им траат долго. -------------------------
Hmm nemirno srce, a prilicno sum vljubena 
|
 |
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2014 во 00:40 |
 a vodolijata?
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2014 во 08:20 |
Секој хороскопски знак има свои опсесии кои свесно или несвесно му го контролираат животот. Сите се зависни од некои свои навики и потреби, па според тоа имаат различни карактерни црти кои ги разликуваат од останатите или по кои може да ги препознаете. 
Овенот е опседнат со шопингот Припадниците на овој знак се бестрашни и ентузијасти на сите полиња во животот, па и со своите мали опсесии. Постојано бараат нешто ново во животот, а таа потреба најчесто ја задоволуваат со шопинг. Нивната опседнатост со купувањето е од крајност во крајност, па понекогаш и ги преокупира. Парите и луксузот се главна опсесија на Бикот Биковите се стабилни, упорни и издржливи, а сите квалитети помагаат да се стекне добра позиција на работното место. Не се плашат напорно да работат, а сето тоа со една цел, да стекнат што повеќе пари. Големиот износ на сметката им овозможува уживање во луксузот кој го ценат исто колку и парите, но не се воздржуваат да го трошат и на други. Близнаците никаде не одат без гаџети Темпераментните и друштвени припадници на овој знак се опседнати со техника, односно со сите технолошки гаџети кои им овозможуваат подобра комуникација со оние кои тие сакаат да комуницираат. Тоа е нивниот прозор кон светот, а ги обожаваат поради слободата која им ја нудат. Исто така, слаби се на модата и подготвени се цел ден да го искористат на комбинирање на модните трендови. Ракот е желен за успех Сочувствуителните Ракови секогаш се подготвени да помогнат, но доколку тоа не се коси со нивните верувања. Тие јасно ги изразуваат своите ставови и на сите им ги покажуваат без разлика дали некому тоа му се допаѓа или не. Трагаат по успехот и подготвени се за него да одат и над своите граници. Тој успех е најчесто поврзан со семејниот и со приватниот живот. Лавот има главна опсесија – надмоќ Припадниците на овој знак имаат одредена аристократска особина која ги тера во сè да бидат најдобри. Всушност, тоа им е нивната најголема опсесија, надмоќ и супериорност над другите. Сакаат да им покажат како се снаоѓаат на сите полиња во животот. Девицата е опседната со редот Педантните Девици се опседнати со редот во толкава мера што животот често им се врти само околу тоа. Најмногу ја ценат точноста и дисциплината, ако некој им ги наруши тие се претвораат во кралици на драмата. Опсесијата со совршено уредениот секојдневен распоред граничи со опсесивно нарушување. Вагата во сè бара рамнотежа и еднаквост Вагите се склони кон претерана анализа и поради тоа не е чудна нивната опседнатост со животната рамнотежа. Тој баланс настојува да го постигне со убавите работи, како накитот, патувањата или облеката. Проблемот е во тоа што тој свој порив не може да го контролираат, па шопингот може и да ги извади од такт. 
Скорпијата е опседната со лојалност Припадниците на овој знак се познати по својата посесивна природа, па во животот најмногу бараат искреност и лојалност. Сакаат односи полни со доверба, а својата опсесија ја сметаат за голема желба за знаење. Не го кријат, колку и понекогаш тоа да ги нервира другите. Патувањата се главна опсесија на Стрелецот Баш како и Овенот и Стрелецот најмногу во животот сака авантури и активност. Додека другите се опседнати со супериорност и искрени односи, нивната мала опсесија се патувањата и ќе направат сè само за почесто да патуваат. Само така може да се ослободи од вишокот енергија по која се познати. Јарецот е опседнат со самиот себе Додека на другите припадници на Зодијакот најважни им се материјалните работи, Јарецот е опседнат со самиот себе. Тој има егоцентрична црта во карактерот која го тера сè што прави да биде во негова корист, без оглед на тоа дали ќе повреди некого или не. Се впушта во лов и гази преку други за да успее. Може да се откаже само ако му се случи нешто поважно од тоа. Риби Рибите се вистински сонувачи и живеат во сопствениот свет кој е скроен по нивна мерка. Припадниците на овој знак се нестабилни, па не е за чудење што лесно се навикнуваат на нездрави навики, како брза храна, коцкање или алкохол. Кога еднаш ќе го пробаат тоа, стануваат толку преокупирани со тоа, што тешко може да се извлечат. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2014 во 09:27 |
Раскинувањата речиси за сите се болни и тешки. Некои патат, други се борат и не се откажуваат. Сепак, за секого треба да го најдете соодветниот начин за да бидете сигурни дека нема и понатаму да ве прогонува. 
Проверете како најлесно според хороскопот да раскинете некому и да си заминете. Овен Луѓето родени во овој знак се отворени и реално гледаат на животот. Кога гледаат дека нешто не оди и сами си заминуваат. Но, ако сакате да го оставите Овенот направете го тоа набрзина, изненадно и кажете го тоа пред сите. Така сигурно ќе си замине. Сепак мора да знаете дека тој сака авантури, но и дека многу ја почитува љубовта и доколку е во брак, тешко излегува од него. Дури и кога ќе одлучи да замине, долго живее во минатото. Бик Ако сакате да го напуштите тоа ќе биде комплицирано. Ако навистина ве сака, тогаш долго ќе остане страсно врзан за вас. Друг момент е неговата посесивност. Не сака кога губи нешто од она што поседува, а во љубовта секогаш има илузии дека ве поседува. Затоа Бикот секогаш ќе се бори да ве задржи. Исто така, мора да знаете дека Бикот е страшно несреќен кога е напуштен и тешко се врти кон некоја нова љубов. Но, ако сакате моментално да ве напушти, тогаш најдобро е да го изневерите. Изневерениот Бик никогаш не заборава, не простува и веднаш бесно си заминува. Близнаци Ако сакате да раскинете со оваа личност тоа нема да ви биде многу тешко. Само бидете премногу страсни и емотивни, па самите ќе се исплашат од толку емоции и ќе побегнат. Покажете љубомора и посесивност и веднаш си заминуваат. Ако заклучат дека сте досадни, монотони и обични, едвај ќе чекаат да најдат друг. За нив долгиот заеднички живот е вистинско мачење и лесно си заминуваат. Рак Со Ракот тешко ќе раскинете. Тој долго ќе ги толерира сите ваши испади само во име на некогашната љубов за која е премногу сентиментално врзан. Малку се плаши и од промените. Нему му е полесно да остане во лоша емотивна врска која не го задоволува како некогаш, отколку да соберат сила за нешто ново. Тие имаат трпение и се вложуваат во врската, ја лекуваат и не се откажуваат. Затоа, ако сакате да му раскинете направете го тоа брзо, наеднаш и заминете подалеку да нема никаков контакт со вас. 
Лав Исмевајте го пред другите, загрозете го неговиот авторитет, намалете ја нивната гордост и тој самиот ќе замине. Кога му раскинувате кажете му сè во лице и тој со кренат нос ќе си замине. Во бракот тешко се одлучуваат на развод, иако делуваат сигурно, динамично и гордо. Се плашат од разочарувања, така што ќе останат и ќе се трудат да поправат сè што можат. Девица Доколку таа ве напушта тоа ќе го направи многу бавно, незабележливо и со големо, искрено каење. Дури и по завршувањето на љубовта ќе сака да останете пријатели. Таа искрено се плаши да не повреди некого. Кога сакате да раскинете со неа, разговарајте искрено, сериозно и аргументирано. Ќе ве разбере и ќе направи сè за лесно да заминете, колку и да ја боли неа. Исто така ако внесете немир, неред и мрзеливост во секојдневниот живот, може сама да си замине. Вага Секое прекинување, разделување ја поместува рамнотежата на Вагата и ѝ предизвикува страв, трепет и немир. Немоќна е да се соочи со вистината. Таа не се труди да менува нешто кај партнерот, туку чека самиот да ја увиди грешката и да се поправи. Ако сакате лесно да раскинете со неа само станете ситничави, вулгарни, неуредни или изневерете ја. На раскинувањето таа реагира со омраза и отменост. Но, не може да биде сама, па веднаш ќе најде друг и ќе ве заборави. Скорпија Има исклучителна интуиција и може да го насети раскинувањата. Тогаш ќе направи сè за да не бидете вие први кои ќе ја напуштите. Скорпијата ужива да го направи тоа прва. Сака борба, затегнати односи, драма и трагедија. Кога ќе раскинувате со неа ќе ви го приреди сето тоа. Ако сепак сте одлучни да раскинете, таа сепак уште долго ќе ве прогонува и нема да ви даде мир. 
Стрелец Стрелецот не сака од себе да направи жртва на емоционално разочарување. Затоа сè сфаќа брзо и си заминува прв. Но, пред да одлучи да си замине ќе најде друг партнер. Ако сакате да раскинете со него, отворениот разговор нема да ви помогне. Само заминете си, тој веќе сигурно ќе има најдено некој нов. Споредувајте го со претходните партнери или кажете му дека е досаден и самиот ќе си замине. Јарец Неговите чувства се многу постојани и искрени. Ако навистина ве сака, тогаш ќе му биде многу тешко да ја сфати вашата желба за да си заминете. Ќе биде многу повреден и долго ќе пати. Ако го изневерите, може и да ви прости. Може да се потсмевате на неговата срамежливост и идеи, да му го критикувате семејството, потеклото, не се грижете за неговите потреби. Толку ќе биде повреден и ќе пати што нема да знае ни за себе, а камоли за вас. Тогаш ќе може да си заминете од него без проблем. Водолија Со оваа личност раскинувањето може да го направите многу лежерно и без трауми. Ќе ви пружи рака, ќе се насмевне и ќе ви посака среќа во иднина. Ако Водолијата одлучи да замине, тоа секогаш го прави со чувство на вина бидејќи е многу хумана и не сака никој да пати заради неа. За брзо раскинување, потребно е да ја разбеснете со плеткање во нејзините тајни и луѓето со кои се дружи. Во тој случај не само што ќе ви раскине, туку и целосно ќе исчезне од вашиот живот. Риби Тешки се за раскинување. Плачат и паѓаат во депресија ако одлучите да ги напуштите. Стануваат болни и несреќни и тогаш уште повеќе го сакаат оној кој ги напушта. Мора да ги натерате да си одат, но не со прељуба или грубост, бидејќи сè ќе прифатат и простат во тој момент. Но, ако ја навредите нивната личност, интелигенција, достоинство и углед, веројатно ќе ве пушти да си заминете. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Мај.2014 во 13:49 |
Нашите чувства и емотивни склоности, во голема мерка се одредени од астролошките профили. Погледнете како секој од хороскопските знаци се снаоѓа во љубовните врски.
Кои хороскопски знаци најдолго остануваат во врска Овен
Овните се вљубуваат брзо и снажно, па дури и прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со тие одлуки и бегаат од нив, што понекогаш трае со месеци. Потоа вообичаено запаѓаат во период на проценка и повторни средби, притоа обидувајќи се да ја оживеат страста во врската. Во текот на тој период најчесто осознаваат како се чувствуваат и решаваат дали сакаат да останат во врската и да се смират. Доколку не успеат да ја оживеат страста, тогаш тие најчесто бараат нова љубов.
Бик
Биковите се верни како кутриња и тоа не во лоша смисла на зборот. Кога еднаш ќе ја запознаат личноста, тие се врзуваат за неа и најчесто остануваат со неа до крајот на животот, или поточно додека функционира сексуалниот живот. Доколку страста исчезне или едноставно го снема интересот за секс, ќе побараат возбуда на друго место и тоа најчесто зад вашиот грб. Неверството никогаш нема да го признаат и тоа само во име на врската која ќе трае засекогаш. Со други зборови кажано значи дека и ако се неверни нема да ве остават.
Близнаци
Близнаците се верни и никогаш не ја напуштаат саканата личност, но сакаат да ја тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја измачуваат личност со која се во врска, флертувајќи со што е можно повеќе луѓе. Само поради таа причина честопати остануваат сами и оставени, кога се во прашање луѓе кои не можат да го поднесат заведувањето и лутањето на погледот на близнаците. Близнаците ќе ги припитомите и ќе го задржите нивниот интерес, само ако вие нив ги направите љубоморни. На тој начин ќе останат во врска засекогаш.
Рак
Ракот е знак на кого најмногу му одговара да ѝ се предаде на една личност и да заврши со тоа. Овој знак не сака игри и проблеми што произлегуваат од било какви сомнежи или несигурност. Сепак тие можат да бидат силно љубоморни, несигурни и да бараат многу од партнерот, што честопати ги одбива луѓето кои ги сакаат. Ретко се случува да треба да се грижите за тоа дали овој знак ви е верен, бидејќи кога еднаш ќе се венчате, ракот е ваш засекогаш.
Лав
Лавовите се прилично внимателни пред да се вљубат. Може да помине доста долго време пред љубовта да процвета, бидејќи овој знак ги обожува игрите на заведување. Кога ќе им се случи да се вљубат, најчесто се многу страсни и посветени, но тоа не трае долго. Луѓето родени во овој знак имаат немирно срце, па затоа врските не им траат долго.
Девица
Овој тврдоглав и практичен знак сака кусо додворување и сосема малку секс. Всушност станува збор за знак кој првенствено ќе се реши за воздржување од секс пред брак. Најверојатно и после склучување на бракот ќе го избегнува сексот. Многу претставници на овој знак се во брак во кој ретко се консумира секс и во кој со години, особено жените, ќе мижат на неверството на партнерот. Врската на девицата ќе трае долго сè додека се во игра сигурноста, материјалната добивка и угледот во друштвото.
Вага
Вагите се многу верни и најчесто имаат долги врски, бидејќи во врската тие пред сé се пријатели. Сепак тие лесно можат да се оладат и загреат за личноста, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со вагата ќе трае сé додека ги држите заинтересирани во кревет и додека сте спремни да им понудите многу внимание.
Скорпија
Луѓето родени во знакот на скорпија се меѓу најверните знаци во зодијакот. Тие се едни и од најпривлечните и најхаризматични личности, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конК*ренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските после година или две се распаѓаат. Најубаво е да не се замерувате многу со овој знак, бидејќи ќе ве „боцне“ во грб без пардон.
Стрелец
Родените во знакот на стрелец се неодлучни и имаат проблем со посветеноста кон една личност, па кога се долго време на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со стрелецот да трае со години, морате да им дадете доволно слобода. Можеби ќе морате дури да преминете и преку повремени неверства.
Јарец
Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка на која ѝ претходело долготрајно додворување и не премногу секс пред брак. Исто така овој знак очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го добие, останува со партнерот долго време. Децата и сексот претставуваат начин на кој ќе го задржите јарецот, а неверството за него вообичаено значи прекинување на врската.
Водолија
Ова е многу немирен знак на кој му е проблем да остане со некого подолго време, па со разновидност и промени сака да си го направи животот поинтересен. Водолиите вообичаено не се претерано сексуални. Може да им се случи некоја личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа одеднаш да изгубат интерес. Најголема шанса да останете со водолија подолго време заедно, ќе имате доколку го стимулирате нивниот интелект за да не им биде здодевно, а пожелно е и да сакате да патувате.
Риби
Рибите се еден од најверните и најпосветените знаци во зодијакот. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. И покрај тоа што станува збор за многу морални знаци, неверството не им е непозната работа, но тие тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Честопати рибите се тие кои се венчаваат со својата средношколска љубов и со неа остануваат до крајот на животот.
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Мај.2014 во 07:59 |
Какви се навистина астролошките знаци дознајте од нив. Ова се десетте признанија на секој знак за тоа кои се нивните добри и лоши страни, кои се нивните мани и недостатоци, а кои се нивните доблести. Вака ќе знаете како да се справите со секој од нив. 
Овен 1. Мора да се согласувате со мене! 2. Прво делувам, а потоа мислам! 3. Нема за запрам затоа што другите запираат! 4. Невозможно е мене нема да ми се случи тоа! 5. Не можете да го направите нешто подобро од мене! 6. Не сакам да се слушам себеси додека зборувам! 7. Инаетот е мојата најдобра особина! 8. Сакам да делам совети! 9. Овенот е фин, само кога нема други Овни покрај него! 10. Ако ме нападнеш ќе се повредиш! Бик
1. Не ги жалам потрошените пари! 2. Ништо не барам од тебе, но ништо и не ти давам! 3. Ќе сторам сѐ само да не избие скандал! 4. Кога се одморам - не ме задевај! 5. Помеѓу удобен кревет и убав поглед, секогаш го бирам првото. 6. Јадењето е врвно уживање! 7. Јас сум дете на судбината! 8. Ако некој друг може да ја заврши работата, слободно нека го направи тоа! 9. Сакам блескави, сјајни предмети! 10. Професијата од соништата за мене е дегустатор! Близнаци
1. Денес сум подобар од вчера, а за утре ќе видиме. 2. Моќта е во информацијата! 3. Ги слушам само своите совети! 4. Можам да бидам на повеќе места истовремено! 5. Секоја своја идеа ја реализирам! 6. Телефон и телевизор мора да имам во секоја соба! 7. Кој доцни, тешко нему! 8. Во борбата со животот никогаш нема да се предадам! 9. Сакам да купувам, но некој друг ќе мора да ми каже што да купам! 10. Морам да имам многу од сè! Рак
1. Мојот дом е мојата твдрина! 2. Семејството ми значи сè! 3. Највисока доблест е трпението! 4. Ќе победи оној кој е трпелив! 5. Во мојот дом гостите се секогаш добредојдени! 6. Секогаш мора да имам маса со различни грицки и благо на неа! 7. Немам многу пари за да купувам евтини работи! 8. Морам да имам сопствена соба, во која ќе можам да бидам сам! 9. Паметам се! 10. Не купувам ништо ново, ако старото е не е скршено! Лав
1. Следете ме мене, јас ќе ве водам! 2. Сите можете да сметате на мене, а не јас на вас! 3. Убавиот збор железни врати отвора! 4. Јас сум центарот на светот! 5. Сакам спокојна работа, а не висока плата! 6. Трошам толку колку што заработувам – што значи ништо не ми останува од платата! 7. Толку сум префинет, што си купив пијано, а не знам да свирам на него! 8. Иако се смеам, јас можеби само те манипулирам! 9. Незначителни проекти не се важни за мене! 10. Ако ви треба топлина и мудрост, дојдете поблиску! Девица
1. Со работа и упорност сите ќе ве престигнам! 2. Скромноста е мојата добра страна! 3. Служам на другите, ама живеам само за себе! 4. Сè околу мене треба да биде во полн ред! 5. Мојот мозок управува со моето срце! 6. Ако има дамка на ѕидот, ќе го срушам и ќе изградам нов! 7. Сакам сè да е под мој надзор! 8. И пеш ќе одам по светот за моето семејство! 9. Жената мора да биде вистинска дама! 10. Сама ги бирам пријателите и не трпам навреди!
Вага 1. Морам да бидам во љубовна врска! 2. Никогаш не се расправам, тоа ме прави нервозна! 3. Се согласувам со тебе, само за да не се расправаме, а не затоа што се согласувам! 4. Секој принцип ќе го прекршам, ако сум убедена во тоа! 5. Може да убедам секој во сè! 6. Убавината е најважна во светот! 7. Секогаш сум добро расположена! 8. Постојано се двоумам! 9. Никој не е само лош или само добар! 10. Никогаш не можам да одлучам кое кафе да го нарачам! Скорпија
1. Ако те обожавам - за тебе сум спремна сѐ правам со задоволство! 2. Под секој камен може да е скриена змија и затоа сум толку внимателна! 3. Дајте ми вистински добра причина, па да се насмеам! 4. Сакам да сакам! 5. Можам да те убијам со префинет гест! 6. Ако ми веруваш, може и да не те боцнам! 7. Не очекувај да ги покажам своите чувства! 8. Би помогнална на секој што потоа ќе ми покаже колку е благодарен! 9. Сакам да сум во центарот на вселената! 10. Јас сум како кактус, цветам само за одредени луѓе! Стрелец
1. Сите луѓе се добри! 2. Го паметам секој, кој ми помогнал! 3. Живеам за да патувам! 4. Не позајмувам пари! 5. Никој не смее да ми се лути! 6. Сакајте ме, јас тоа го заслужувам! 7. Нема да зажалам за ништо што сум го направил! 8. Оние кои немаат со што друго да се пофалат, се фалат со работата! 9. Не се грижам без потреба! 10. Сите треба да ги исполнуваме обврските! Јарец
1. Секое оптоварување јас можам да го издржам! 2. И сам воинот е воин. 3. Не учествувам во сомнителни зделки, знам дека ќе ме фатат! 4. Сакам да поседувам скапоцени работи кои сам сум ги купил! 5. Животот е воз, кој застанува на различни станици! 6. Уживам да сонувам и да фантазирам! 7. Човек мора да се бори за своето место! 8. Сонувам да бидам на врвот! 9. Јас не стареам! 10. Имам трпение, ќе почекам ! Водолија
1. Јас секогаш сум различен! 2. Сакаш да бидеш со мене? Тогаш стани таков каков што сакам јас да бидеш! 3. Мразам предрасуди! 4. Иднината е секогаш прекрасна! 5. Тешко е да сум совршен, но тоа се очекува од мене! 6. Најважна е добрата намера! 7. Отфрли сè што е старо, така ќе станеш добар пронаоѓач! 8. Во животот има поважни работи од сексот! 9. На прво место се моите пријатели, ако ми остане време ќе се грижам и за семејството! 10. Јас сум најдобар! Риби
1. Срцето ги води телото и умот! 2. Алкохолот ми го олеснува животот! 3. Никој не може да ми каже што да правам! 4. Не одложувај за утре она што може да се заврши задутре! 5. Ветив, но кој знае дали ќе го направам тоа! 6. Работам секогаш полека! 7. Можам да направам анализа на секој човек, но не знам ништо за себеси! 8. Човек треба да е флексибилен, за да не се скрши! 9. Не е важно што правам, важно е да изгледам зафатен! 10. Ако ме турнеш, сигурно ќе се лизнам!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Април.2014 во 08:12 |
Ниеден хороскопски знак не е имун на љубомората, но интензитетот и начинот на кој ја покажува се различни. Скорпиите се најлоши, а Водолиите најблаги. Сепак, дознајте ги љубоморните знаци кај секој хороскопски знак и препознајте ги предупредувањата кај партнерот. 
Овенот е најстрастен во изливите на љубомора Овните имаат проблем со апсолутната доверба, па знаат често да го следат секој чекор на партнерот и да го анализираат. Штом им се јави црвот на сомнежот реагираат импулсивно и моментално без оглед каде се и со кого се. Со оглед на тоа што често се искомплексирани, од нив може да очекувате сешто – од фрлање чинии до закани и лути реакции. Сепак, ако се однесувате коректно и ги демантирате нивните сомнежи, љубомората веднаш им исчезнува како ништо да не било. Бикот е истражувач, но знае да ве задуши со љубомората Иако припадниците на овој знак се добродушни и тежнеат кон хармонични врски, ако ја разбудите нивната љубомора и сомнежи, очекувајте голема недоверба во иднина. Не избрзуваат со заклучоци, но ќе откријат и предвреме дали имате намера да ги изневерите. Дури тогаш бидете подготвени за напад од навреди и тешки зборови, бидејќи најмногу мразат кога ќе ја изгубат контролата над ситуацијата. Близнаците се сомневаат поради личното однесување Иако лично не се склони кон љубоморни сцени припадниците на овој знак се сомневаат во верноста на партнерот бидејќи и самите често флертуваат. Сепак, остануваат смирени и го наведуваат партнерот сам да го открие своето неверство, доколку го има. Но, нема да бидат среќни доколку се докаже дека се во право. Љубоморниот Рак се однесува како дете Припадниците на овој знак целосно се предадени на љубовта, а иако не се склони на песимистички размислувања за неверство, тешко ќе ги погоди секоја закана за нивната врска. Погледи под око и игнорирање се типични реакции на љубоморниот Рак. Сепак, тие чувства брзо ќе им поминат бидејќи не сакаат со своето однесување да предизвикаат дополнително оддалечување. Ако пронајдат доказ за неверство, најтешко го поднесуваат тоа од сите знаци. 
Лавот е повеќе посесивен, отколку љубоморен Припадниците на овој знак прилично се склони на љубомора, но таа не е толку грубо изразена како кај другите знаци и често изгледа само како потврда за љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни, поради повредената гордост, преголемите очекувања од партнерот или од страв дека не ги сака доволно. Во неверството повеќе се плашат поради ударот на нивното его, отколку предавството на љубовта. Девиците уживаат во истражување на партнерот и неговите пропусти Девиците, слично како и Близнаците, се сомневаат во неверството на партнерот бидејќи и самите сакаат да ги привлекуваат туѓите погледи, па претпоставуваат дека тоа го прави и нивниот партнер. Ако партнерот им даде повод за љубомора, ќе го истражат целосно неговото однесување и ќе треба голема мака за да се разубедат дека не е така и повторно да стекнат доверба. Вагата се сомнева, но рационална е Вагите не се склони на љубомора, но партнерот кој ја тестира нивната љубомора го очекува тешка ситуација. Ако се почувствуваат загрозени, тие рационално ќе земат предвид сè што знаат и ќе станат непредвидливи и опасни. Иако изгледаат мирни припадниците на овој знак ќе ви се осветат заради состојбата во која сте ги довеле. Скорпијата е лидер во љубомората Скорпиите се најљубоморен знак иако постојат исклучоци. Не се воопшто тактични кога тоа го покажуваат, не одбираат зборови и може да се чувствуваат издадено за работи на кои други и воопшто не би реагирале. Тешко ја признаваат љубомората со зборови, но таа јасно се гледа на нивното лице. 
Стрелецот веднаш ја решава проблематичната ситуација Припадниците на овој знак немаат ниту време ниту трпение да чекаат за да видат како ќе се одвива ситуацијата или да бараат начин за да го уловат партнерот. Тие веднаш реагираат и кажуваат што им смета. Така сакаат и да се заштитат, бидејќи знаат дека не можат да издржат во долги преправања и љубоморни игри. Јарецот поради љубомора се повлекува во себе Ретко си признаваат себе дека се љубоморни, а најважно им е личното достоинство. Ако се љубоморни стануваат ладни, затворени и пресметливи, но не избрзуваат со реакциите. Сепак, ако пронајдат конкретни докази, тогаш засекогаш ја затвораат вратата за партнерот. Водолијата вешто ја крие љубомората Припадниците на овој знак по својата природа имаат многу голема доверба во партнерот, најмногу поради тоа што претходно требало многу повеќе да се потруди за да ја добие нивната љубов. Ако поминал на тој тест, ретко ќе биде на мета на љубомората која Водолијата ја смета за најлошо нешто во љубопвта. Поради тоа, кога се погодени од тоа молчат и се трудат побрзо да заборават. Рибите се повеќе несигурни, отколку љубоморни Рибите потполно се предаваат на љубовта , а поради тоа и како партнери се многу ранливи. Ако почувствуваат љубомора, поради несигурноста причините ќе ги бараат во себе и ќе патат. Иако со сето срце се трудат да му простат на партнерот, нивната несигурност тоа не им го дозволува. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Април.2014 во 15:52 |
напиша:
...црвената боја не е препорачливо да ја носат. |
Аууу ете ми проблем сега. Дали да менувам гардероба или да менувам хороскопскиот знак... 
|
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2014 во 08:48 |
ТАЈНИТЕ ЖЕЛБИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ | | Дали некогаш ве интересирало кои желби ги има вашиот партнер, а тој едноставно не сака да ви ги открие? Сега можете да ги дознаете тајните желби на луѓето само врз основа на нивниот хороскопски знак. Овен – Сака секогаш да биде прв во сè, да победува и да ги води другите. Бик – Сака да биде материјално згрижен, да поседува многу материјални нешта и да се ослободи од сите стравови. Близнаци – Тие сакаат да имат вистински одговор на секое прашање и да им се допаѓаат на луѓето. Рак – Сака да ја пронајде љубовта на својот живот, да сака и да бидат сакан. Лав – Лавот сака да владее со светот, да го обожуваат и да живее живот на висока нога. Девица – Сака да биде херој и да воодушевува со своето знаење и интелект.

Терезија – Сака да сака и да биде сакан и да живее во вечна хармонија. Шкорпија – Сака да има потполна контрола над сите. Стрелец – Сака да успее на секое поле и на тој начин да се оствари себе си. Јарец – Сака да успее по секоја цена, независно од другите. Водолија – Сака да сака и да биде сакан, но искрено, топло и верно. Риби – Сака да го добие она што го заслужува и ништо друго. |
Изменето од Valerija - 27.Април.2014 во 08:48
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2014 во 08:46 |
МОДЕН ХОРОСКОП: БОИ КОИ БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ НОСИТЕ ОВАА ПРОЛЕТ | | Пролетниот шопинг организирајте го со помош на астро советите. Овен – Тие треба да носат црвена боја. Нивен владетел е Марс, па затоа им прилегаат енергични бои. Нежните нијанси едноставно не се за нив. На нив ќе изгледа добро сето она што другите не можат да го комбинираат, како и боите кои никако не одат во комбинација. Бик – Розевата боја е боја која се препорачува за овој хороскопски знак, како и сите нијанси на зелената. Биковите ги сакаат цветните дезени и боите на пролетта. Тие треба да ги избегнуваат мртвите и ладни тонови, а црвената боја не е препорачливо да ја носат. Близнаци – За близнаците се препорачуваат жолтата, портокаловата, сивата како и нежно сината боја. Близнаците ги сакаат комбинациите од црна и бела боја. Жолтата ја сакаат кај деталите, но и портокаловата особено се препорачува кај овој хороскопски знак. Рак – Препорака за Раковите е да се опкружат со сребрена и бела боја. Тоа ги смирува. Тие треба што повеќе да носат бела боја и сребрена боја, а може и нежно сина боја. Доаѓаат предвид само многу светли нијанси. Просторот во кој живеат треба да ги релаксира и да потсетува на море. Лав – Црвената и златната боја се бои со кои треба да биде опкружен Лавот. Бојата на Сонцето владее со Лавовите, па ги тера да изгледаат светликаво. Светлите нијанси и нападниот накит се добра комбинација за нив. Девица – Кафена, сива, но и зелена и бојата на тревата, се бои кои се препорачуваат кај овие знаци. Земјената Девица сака хармонични комбинации и не премногу нападни бои. Мебелот во боите на дрвото или оној кој е изработен од дрво е тоа што тие најчесто го бираат. Ним им се важни деталите. Вага – Розево, бело, нежно сино, сиво, кремасто, пастелни бои, светло зелена. Вагите се облекуваат многу хармонично, сакаат нежни бои кои лесно се комбинираат. Тие сакаат да изгледаат ненападно, убаво и елегантно. И мебелот во нивната куќа треба да биде во неутрални бои. Скорпија – Скорпиите сакаат вино црвена боја и црна боја. Тие лесно се комбинираат со останатите бои, а освен во ормарот, Скорпиите би требало овие бои да ги имаат и меѓу парчињата мебел. Стрелец – За нив се препорачуваат тегетот, виолетовата, но и темно сината боја. Јупитер владее со овој знак, па виолетовата или темно сината боја се бои кои се врзуваат за оваа планета. Стрелецот е еден ретките знаци кој ќе се одлучи за шаренило, бидејќи смета дека му одговараат сите бои. Јарец – Сиво и боја на камен, како и црната, тоа се бои кои им се препорачуваат. Нив им прилегаат и убавите кафени тонови. Практични и деловни, припадниците на овој хороскопски знак се смирени, така што не експериментираат премногу ниту со боите. Водолија – За Водолијата се препорачува тиркизна, сива и сина боја. Нив им прилега и тегетот и модро сината боја. Риби – Сино, зелено, светло сино, тегет, виолетово. Ова се боите кои им се препорачуваат на Рибите. Сите нијанси мора да се добри за овој знак. Исто така, па макар и во спалната соба, тие би требало да имаат барем некои од нијансите на сината боја. Треба да ги избегнуваат земјените тонови како и огнените тонови. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Април.2014 во 11:51 |
Овен Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате со партнерот. Наредниот период е исклучително поволен за купување, договарање соработка и преговори околу парите. Забавувајте се со пријателите, но и уживајте во она што го правите на професионален план.
Бик Ништо не оставајте на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата храна. Наметнете се со своите идеи.
Близнаци Единствена преокупација ви е да бидете активни на повеќе полиња. Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа која го бара тоа од вас. Престанете да го изневерувате партнерот.
Рак Ја проучувате секоја ситуација бидејќи знаете дека ќе имате полза од тоа. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален, а тоа може да ви создаде дополнителни проблеми. Партнерот се оддалечува од вас потрудете се повторно да го придобиете.
Лав Се трудите нешто да промените, но целосно сте збунети и не ви успева секоја намера. Партнерот со нетрпение очекува малку нежност, овозможете му незаборавни моменти. Бидете внимателни со исхраната бидејќи имунитетот ви е доста слаб.
Девица Денот не е поволен за решавање на професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но за жал ги изгубивте нервите.
Терезија Прекрасен ден, конечно можете да се препуштите на сите животни радости. На свој начин уживате во среќата. Она кое што посебно ве прави задоволни е складот коj го најдовте во себе. Партнерот конечно ги признава грешките.
Скорпија Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конК*ренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.
Стелец Благодарејќи на вашата енергија ќе остварите исклучителни резултати. Бидете трпеливи и не нервирајте се, само така работите ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е одлично, единствено треба да внимавате на нозете. Ве очекува мирен емотивен период.
Јарец Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања.
Водолија Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Потрудете се да избегнете секакви расправии. Здравјето ви е на удар.
Риби Поминувате незаборавни моменти со пријателите. Не е важно колку таа среќа ќе трае, уживајте и заборавете на ситните глупости кои ви го расипуваат расположението. Бидете самоуверени и толерантни кога е во прашање професијата.
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |