IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски литературен јазик
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски литературен јазик

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 46>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 19:03
А зошто кажувате фрижидер него ладилник или фала него благодарам ?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:39

А вие зошто викате мерси наместо благодаря? 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:41
затоа што е по кратко
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:43

Се сомневам дека тоа е одговорот, ама може да важи и за твоето прашање.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:46
Мерсиго користиме само во разговорниот јазик . Додека фрижидер го користите официално и во пвесниците . Т.е. сте ја прифатили како основен збор . Усеќаш ли тенката разлика ?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 21:27

Ај да ја стопиме “тенката разлика“.
Кажи какви зборови се етаж, жандармерија, ваканција, вот, арест, актриса, трафик (што официјално ги користите)... па сам ќе си одговориш на прашањето.
намигнување
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 21:35
Аха . Добро .
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 12:46

Еден интересен текст за запирката.
И не само за запирката.
По интернетов може да се прочитаат толку неписмени текстови, што се прашувам како им се дозволува на луѓе кои немаат основни познавања од јазикот да пишуваат текстови во јавни медиуми?збунетост



Запирката не ја даваме!


Покрај сите нуспојави на интернет по (пишаниот) јазик, една станува прилично очигледна и во македонскиот - сè помалку употребуваме запирки. Еден американски професор вели дека дури и да ја баталиме, тоа нема многу да ни се одрази. Ма, немој.


За важноста на запирките пишувавме и порано, кога фаќавме сеир на караниците помеѓу Њујорк Тајмс и Њујоркер на оваа тема. Тогаш работата беше каде да се стават запирки. Помалку од две години подоцна, прашањето веќе е - дали?

„Мораш да употребуваш вистински зборови. Пожелно е да ставаш запирки. Но ако човек се заебе со запирките, целата смисла се менува", ни порача еднаш Штулиќ кога ја објаснуваше суштината на преведувањето и пишувањето поезија. Запирките, во голем број случаи, се столбови на значењето, и нивното отстранување значи рушење на целата внимателно редена структура. Прецизниот „архитект" на текстот ја предвидел неговата статика, точно ги знае местата на спојување и разделување на материјалот, и со запирката, како со диригентско стапче, ви покажува каде треба да земете здив, а каде да го испуштите, за и вие и градбата да дишете. Без запирки нема ритам, нема музика, нема нијанси.

Ете таков почнува да ни станува јазикот на социјалните мрежи, во кој поагресивните прашалници и извичници ги истиснуваат посуптилните запирки, тирето, точка запирката (што беше тоа?), двете точки. Неодамнешната изјава на Џон МекВортер, вонреден професор по англиски и компаративна книжевност на Универзитетот Колумбија, дека запирката не само што исчезнува туку дека тоа е и добра вест, ги крена на нозе оние кои го разбираат нејзиното значење. Неговиот аргумент, дека тоа што интернет корисниците, но и некои писатели почнуваат да ја запоставуваат запирката „нема многу-многу да одземе од јасноста на напишаното", не кажува многу за тоа на кои текстови се мисли, и на кое ниво на „јасност". Притоа, спомнувањето на тн. „Oксфордска запирка" во ист контекст со обичната (тоа е онаа која во англискиот се става пред сврзникот и на крајот од некоја низа) е форма на иле.

Точно е, како што вели тој, дека граматичките и правописни правила се подложни на еволуција, дека се форма на договор кој се менува со текот на времето. Но сугерирањето да се отфрли запирката, и во формалниот и во неформалниот дискурс, е само линија на помал отпор на оние кои не се сигурни каде да ја стават. И несигурност на оние кои имаат „чувство за запирки", но не знаат како да им го пренесат тоа на другите. Баш како чувство за музика.

Како што тргнало со отфрлањето акценти, скратувањето зборови и баталувањето интерпункција, наскоро семантичката збрка може да стане толку голема што ќе мора да се вратиме на усното комуницирање лице в лице. Кога ќе видиш, тоа па и не е толку лоша работа. До тогаш ,не ја даваме. Евентуално доаѓа предвид варијација на тема, како средното на сликава.






Изменето од Анастеа - 11.Февруари.2014 во 12:48
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 12:55
Страшно е што се може да се прочита и на каков начин е напишано по јавните пишани медиуми, на телевизија и ретко кога и ретко каде можеш да слушнеш чист литературен јазик, во училиштата се поретки се професорите кои предаваат на литературен јазик без употреба на дијалектите ... 

Еве и јас сум чепнала нешто со темата  „Буквите Ќ и Ѓ остануваат без примена“ .... 
Само којзнае зошто сум ја ставила во Уметност (веројатно затоа што е вистинска уметност да ги имаш а да не ги употребуваш ) 


Изменето од Blue Scarlet - 11.Февруари.2014 во 13:13
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2014 во 14:11
Е мене многу ми смета,кога Српско презиме ќе се каже со наше Ќ

Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2014 во 15:12
a postrashno e toa shto  ne samo shto se pishuva taka ,
 tuku i taka  go izgovaraat , 
pa zvuchi epten glupo koga ke chuseh.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 09:53
Го познаваме ли ние добро македонскиот јазик, еве на пример знаeме ли што значи зборот дунда.
dunda

Според  толковниот речник на македонскиот јазик овој збор, зборот дунда  мн. дунди ж значи Дебела, крупна жена.

Дунда, дундаат несв. (дијал.) Мрмори. Дундаше незадоволно. Луто дундајќи си нешто под нос, си замина.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 13:18
ако така тргнеме, на пример ако кажеш „СТОКО“ тоа архаично би значело „љубов моја, сакана моја“...

Стоко моја...

Изменето од LiDivio - 23.Февруари.2014 во 13:19
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 22:27
 


 Незнам дали постои во Македонскиот литературен јазик ама ....Зборот „Караконџула“, имаме обичај да го употребуваме,  но малкумина го знаат неговото вистинско значење.После мини истражување  на интернет, еве ги сознанијата :D  .

Kараконџула е назив за ноќен демон, според народното верување во Македонија, Србија и Бугарија.

Караконџулите се исклучително женски демони со лик на старица, со големи нокти и железни заби, а честопати носат и рогови.

Тие се појавуваат на некрстени  денови  и тогаш навечер го јаваат човекот по село или низ река и страшно го измачуваат физички.  Понекогаш им го гребат лицето со ноктите или и дават во вода.

Верувањето во караконџулите, наводно, овие народи ги попримиле од денешните Грци. Кај нив тие демони се мажи καλικάντσαροι,ноќни суштества, не се безусловно лоши, а доаѓаат меѓу луѓето во божиќната сезона и на некрстените денови принесуваат жртви во колачиња.

Извесен божиќен колач, во близина на Гевгелија е наречен Караконџул.


И  некоја кога ќе  ти рече Караконџуло низаедна  изненадување

или  сакаш  ли Караконџул  хи, хи...

 Елена Т. 365...

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.