IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2014 во 07:57

Без миксер и рерна: Чоколадни тортички готови за минута


Ви се допаѓаат чоколадните десерти, а немате време или пак знаење како да подготвите нешто вкусно и благо. Тогаш овој рецепт е како создаден за вас. За подготовка на овие чоколадни мафини не ви треба ниту рерна ниту миксер, а готови се само за 60 секунди.

Потребни состојки:

  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • Малку сол
  • ¼ лажица прашок за пециво
  • 2 до 3 лажици масло (растително, маслиново или кокосово)
  • 3 лажици млеко
  • ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Сувите состојки (какаото, брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта) истресете ги во сад и добро измешајте ги.

Додадете ги останатите состојки (маслото, млекото и екстрактот од ванила) и сетоа тоа заедно добро измешајте го додека состојките не се поврзат во воедначена смеса. 

Со смесата наполнете ги калапите за печење или чашите за кафе, ставете ги во микробранова печка и печете 40 до 60 секунди.

Чоколадните тортички извадете ги од калапите, ставете ги на чинија и послужете ги со шлаг, овошје или чоколаден прелив. 

Совети:

  • Колачите во средината мораат да останат меки
  • Ако немате микробранова, колачите можете да ги подготвите и во рерна. Загрејте ја рерната на 180 степени, а печете од 3 до 5 минути, во зависност од големите на калапите.
  • Најдобра проверка за тоа дали десертот е готов е секоја минута со прст да ја допирате површината на колачот. Штом смесата повеќе не е леплива и не останува на прстот извадете ја од рерната.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 08:31

КОЛАЧ ЗЕБРА

13

Состојки:

  • 200 г шеќер (за течната смеса)
  • 250 мл масло за готвење
  • 100 мл млеко
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 4 јајца
  • 175 г брашно (за светлото тесто)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 125 г брашно (за темното тесто)
  • 25 г какао
  • 1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

  1. Најпрво се припрема течната смеса. Сите состојки (шеќерот, маслото, млекото, јајцата, ванилата) се ставаат во сад и рачно се мешаат додека шеќерот се раствори. Оваа смеса се дели на две еднакви делови.
  2. Во друг сад се мешаат брашното и прашок за печење за да се добие светлото тест. Во неа се додава едната половина од течната смеса и се меша додека се добие мазно, релативно тенко тесто.
  3. Во трет сад се меша брашното прашок за печење и какаото за да се добие темното тесто. Се препорачува смесата од брашното и какаото да се пресеат за да нема грутчиња, особено од какаото. Во неа се додава втората половина од течната смеса и се меша додека се добие хомогена, исто така течно тесто.
  4. Следи најважниот дела за да се добие шара која наликува на зебра. Округла тава се премачкува со маснотија (путер, маргарин или масло) и се посипува со брашно. Се зема една лажица од светлото тесто и се истура точно во средината на тавата, пото се црпнува една лажица од темното тесто и се истура одозгора врз белото тесто. Така се постапува додека се потрошат двете теста. Пожелно е ова да се прави бавно за да може нанесеното тесто малку да се разлее. Кога ставате од втората смеса врз првата за да се добијат поубави кругови, вртете ја лажицата над тестото.
  5. Се става во згреана рерна на 190° С и се пече 20-тина минути.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 08:32

МИЛКА ТОРТА СО МАК И РУМ

9

Состојки за бисквит со мак:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр мелен мак
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица рум
  • прашок за пециво

Состојки за белиот бисквит:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици бело брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица рум
  • прашок за пециво

Состојки за кремата:

  • 700 мл млеко
  • 200 гр бела Милка
  • 100 гр шеќер
  • 9 жолчки
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 150 мл слатка павлака
  • 1 лажица желатин

Подготовка на бисквит:

Се матат белките и шеќерот, додека да се добие пенеста смеса, по што се додаваат мак, брашно и пециво. Откако убаво ќе ги измешате додадете го и румот и повторно убаво промешајте. Сместата се пече во плек со дименизии 20х30 см на 150 целзиусови степени.

Иста е постапката за подготовка и на другите кори.

 

Подготовка на крема:

Во млекто се растопува белата чоколада Милка, по што се додаваат, шеќерот, изматените жолчки, пудингот од ванила и брашното. Смесата се вари додека да се згусти.

Во посебен сад цврсто се мати слатката павлака по што се додава во изладената крема во која претходно убаво сте го измешале желатинот.

 

Најпрво се става бисквитот со мак, потоа ред фил, па белиот бисквит, ред фил, бисквит со мак и повторно тенок слој од кремата. Се украсува со зрна мак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2014 во 21:24

ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО УРМИ И ОРЕВИ

10

Состојки:
1/2 лажичка екстракт од ванила
1/4 лажичка сол
100 гр. какао
400 гр. ореви мелени (или друго јаткасто овошје по вкус)
20 урми без семки

Подготовка:

Во блендер додадете ги оревите, какаото и солта и добро измешајте ги.

Потоа додадете го ванила екстракт.
Додавајте ги урмите една по една во блендерот. Со додавање на повеќе урми тестото ќе се лепи поубаво и нема да се распаѓа, но исто така ќе е по густо и по благо. Затоа е неопходно да се процени доволната количина на урми.

Смесата од блендерот префрлете ја во правоаголна тава и добро притиснете ја за да ја добие формата на тавата како калап.
Ставете ја тавата со колачот во фрижидер и оставете ја околу 10 минути за да се стегне. Потоа исечете го на коцки. Колачите послужете ги декорирани со шеќер во прав или какао.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 21:33

Крем колач со кикирики


Clipboard055

Состојки:
За тестото:

  • 7 белки
  • 7 лажици брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 1 дл зејтин
  • 50 г чоколадо
  • 1 прашак за пециво

За филот:

  • 7 жолчки
  • 200 г шеќер
  • 250 г путер
  • 60 г бело чоколадо
  • 60 г црно чоколадо
  • 100 г сечкани кикирики

За декорација:

  • 50 г кикирики
  • 2 шлага од ванила

Приготвување:
Тесто:
1. Белките се матат во цврст снег, па постепено им се додава шеќер и се мати се додека шеќерот не се стопи.
2. Се додаваат зејтинот, брашното, рендано чоколадо, прашак за пециво и полека се промешува.
3. Приготвената смеса се става во правоаголен калап обложен со хартија за печење. Се става да се пече во загреана рерна на 180 ºC додека не порумени.

Фил:
1. Во соодветен сад се соединуваат жолчките и шеќерот, се варат на пареа со постојано мешање додека шеќерот не се стопи. Потоа се трга од пареа и се остава да се излади.
2. Во изладената смеса се додава омекнат путер и се мати со миксер.
3. Филот се дели на два дела. Во првиот дел се додава стопено бело чоколадо и кикирики, а во вториот се додава стпено црно чоколадо.
4. Тестото се премачкува прво со филот од кикирики, а потоа се нанесува фил од црно чоколадо.
5. На крајот се премачкува со шлаг и се украсува со кикирики.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2014 во 04:47
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2014 во 11:26

НУТЕЛА ЧИЗКЕЈК


Состојки

за тесто
• 12 „Орео“ кола­чиња (или слични на нив)
• 3 големи лажици путер, сто­пен

за фил
• 250 гр крем сирење
• 2/3 шолја „Нутела“
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 кесичка шлаг во прав

за деко­ра­ција
• шлаг
• кршени лешници
• кру­пно рен­дано чоколадо

Подготовка
Чекор 1: во сад со средна голе­мина, изме­шајте ги кола­чи­њата (кои прет­ходно сте ги издро­биле) и рас­то­пе­ниот путер. Мешајте додека не доби­ете хомо­гена смеса. Сме­сата рам­но­мерно рас­пре­де­лете ја во ста­клени садови за десерт и со помош на лажица при­ти­снете ја сме­сата надолу.

Чекор 2: во подла­бок сад, со помош на мик­сер, изме­шајте ги крем сире­њето и нуте­лата. Дода­дете ванила и изме­шајте. На крај дода­дете го шла­гот во ќесичка и про­до­лжете со мик­си­рање, сѐ додека исче­знат сите грутки.

Чекор 3: пов­торно рас­пре­де­лете ја сме­сата во секој сад. Потоа, покријте ги садо­вите со фолија и оста­вете ги да отсто­јат барем два часа во фри­жи­дер.

Чекор 4: шла­гот ста­вете го на крај и деко­ри­рајте со лешници или бадеми, и кру­пно рен­дано чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2014 во 20:53

RED VELVET: ЧОКО­ЛАДНА ТОРТА СО ТЕМНО ЦРВЕНА БОЈА

6

Состојки

за торта
• 230 гр путер
• 2 јајца
• 375 гр шеќер
• 1 мала лажица какао во прав
• 60 мл црвена пре­хран­бена боја
• 235 гр тесто за колачи и торти
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја мате­ница или ајран
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица пра­шок за пециво
• 1 мала лажица оцет

*како замена, можете да поме­шате 1 шолја млеко или соја млеко со една голема лажица сок од лимон или оцет и оста­вете да отстои 10-тина минути.

за гла­зура
• 2 големи лажици бра­шно
• 1 шолја млеко
• 200 гр путер
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 110 гр шеќер во прав

Подготовка
Загрејте ја рер­ната на 180°С.

Во подла­бок сад, изме­шајте ги путе­рот, јај­цата и шеќе­рот. Во друг, помал сад, изме­шајте ги бојата и кака­ото и потоа дода­дете ги кон сме­сата со путер. Кон тестото дода­дете го, на три пати, ајра­нот или мате­ни­цата. Надо­по­лнете со екстракт од ванила, пра­шок за пециво и оцет.

Во тавата за печење ста­вете пекар­ска хар­тија и наро­сете ја со бра­шно и сол. Ста­вете го бра­шното и печете околу 30 минути. Додека тестото се лади, под­го­твете ја глазурата.

На средна темпе­ра­тура, гответе ги бра­шното и мле­кото, додека не згу­снат. Потоа, оста­вете ја сме­сата да се излади. Со мик­сер, изме­шајте ги путе­рот, шеќе­рот во прав и вани­лата. Потоа, спојте ги двете смеси и измешајте.

Тестото пре­се­чете го по должина на два слоја и ста­вете од гла­зу­рата помеѓу двата слоја и на врвот на тортата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2014 во 09:16

ОВОШНА ТОРТА СО КАЈСИИ

12

Состојки

за тесто
• 120 гр путер или мар­га­рин
• 60 гр шеќер
• 1 вани­лин шеќер
• 2 јајца
• 240 гр бра­шно
• пра­шок за пециво
• малку сол
• малку изрен­дана кора од лимон

за фил
• 500 гр кај­сии
• 4 лажици мар­ма­лад од кај­сии
• 2 големи лажици вода

Подготовка
Чекор 1: загрејте ја рер­ната на теме­ра­тура од 180℃. Изме­шајте ги сите состојки за тестото. Од тестото напра­вете топка, замо­тајте ја во про­ѕирна фолија и оста­вете ја во фрижидер.

Чекор 2: полијте ги кај­си­ите со жешка вода, отстра­нете им ја лушпата, пре­се­чете ги на поло­вина и отстра­нете ги сем­ките. Потоа, тестото ста­вете го во калап за торта и израм­нете го.

Чекор 3: врз рам­ното тесто, наре­дете ги поло­вин­ките кај­сии. Во меѓу­време, мар­ма­ла­дот загрејте го со вода и варете сè додека не се рас­топи. Со оваа смеса, пре­лијте ја тор­тата. Печете околу 25 минути. Оста­вете да се излади и сервирајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2014 во 17:09

НУТЕЛА КОЛАЧ СО ЈАГОДИ

14

Состојки:

  • 3 лажици слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажица цимет
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • ½ лажица Нутела (или било каков друг крем)
  • бисквити
  • свежи јагоди

Подготовка:
1. Во длабок сад измешајте ги павлаката, шеќерот и ванилата. Се заедно измиксирајте додека не добиете кремаста смеса (3-4 минути)
2. Во смесата додадете ја Нутелата и полека мешајте со лажица се додека во потполност не се соединат.
3. Во калап наредете ги бисквитите , така да го покријат дното на садот. Доколку е потребно, кршете парчиња со цел да се покрие дното.
4. Над бисквитите нанесете го кремот во дебел слој и рамномерно распоредете го. Додадете ги исечканите јагоди.
5. Врз кремот наредете уште еден слој бисквити па врз нив повторно рамномерно распоредете ја миксираната смеса.
6. Садот покријте го со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер.
7. Исечете го колачот на коцки или триаголници.
Совет:

Рецептот е за сад со големина од 20 сантиметри, па би требало да добиете три слоја бисквити и три слоја крем.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:47

Лесно и брзо: Домашни гурабии


Скоро и да не постои човек кој барем неколкупати во неделата не посакал да „грицне“ нешто благо по дома. Наместо да купувате чоколади и слични благи грицки, решивме да ви понудиме вкусен и домашен рецепт кој ќе ги задоволи вашите апетити.

Потребни состојки:

  • 1 кг. остро брашно
  • 350 гр. путер
  • 2 јајца
  • 3 жолчки
  • 150 гр. шеќер
  • рендана кора од 1 лимон
  • малку млеко
  • 150 гр ореви
  • шеќер во прав

Подготовка:

Се матат пет жолчки со 80 гр. шеќер. Путерот се замесува со брашното и се соединува со жолчките. По потреба се додава малку млеко за да се добие цврсто тесто. Со сукало се развлекува кора и се прават форми по желба и секоја се натопува во белка, па во мешавина од шеќер и сечкани ореви. Гурабиите се редат во неподмачкан плех и се печат на температура од  50 степени  додека не зацрвенат. Откако ќе ги извадите посипете ги со шеќер во прав.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:48

Нутела чизкејк со печени лешници


Непечениот чизкејк со Нутела е рецепт наменет за сите оние кои сакаат да вкусат малку поинаква варијанта на овој десерт, како и за оние кои воопшто не се љубители на крем сирењето. Ако досега имавте било какви предрасуди за чизкејковите, следната комбинација ќе ви го смени мислењето. 

Потребни состојки:

250 гр крекери 

75 гр растопен несолен путер

400 гр Нутела на собна температура 

100 гр дробени печени лешници 

500 гр крем сирење на собна температура

60 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

Измелете ги крекерите и потоа во нив додадете го растопениот путер заедно со една лажица Нутела и три лажици од дробените лешници. Кога ќе добиете хомогена смеса убаво натапкајте ја во плех со дијаметар од 23 см и оставете ја во фрижидерот малку да се излади. 

Откако ќе го наравите тоа, пристапете кон следниот чекор, односно кон подготовката на филот. Со помош на миксер убаво изматете ги крем сирењето и шеќерот во прав, а потоа додадете ја и преостанатата Нутела.

Филот ставете го врз претходно подготвената кора која во меѓувреме сте ја извадиле од фрижидерот и на крајот наредете ги дробените лешници. Оставете го чизкејкот во ладно најмалку 3 часа за да добиете што поцврст крем.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 17:27

КОНТИНЕНТАЛ ТОРТА

11

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 8 белки

* 4 лажици шеќер

* 2 жолчки

* 4 лажици ореви

* 1 лажица брашно

*6 жолчки

* 1 јајце

* 250мл+80мл млеко

* 1 пудинг од ванила

* 4 лажици шеќер

* 325гр путер

* 100гр чоколадо

*100гр мелени лешници

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги состојките за кората, ставете ги во правоаголен плех и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кората изладете ја и исечете ја на четири еднакви делови. Во сад ставете ги жолчките и јајцето, додадете 80мл млеко и варете на пареа додека не се згуснат. Оставете да се излади. Измешајте го пудингот со малку млеко, а преостанатото млеко варете го со шеќерот додека не се згусне. Пудингот оставете го да се излади. Соединете го изладениот пудинг и жолчките, изматете, а потоа додадете го и пенасто изматениот путер.

Соединете го филот и поделете го на три еднакви делови. Во првиот дел додадете го стопеното чоколадо, во вториот мелените лешници а третиот дел оставете го таков каков што е.

Првата кора премачкајте ја со чоколаден фил, преклопете ја со втората кора, премачкајте со филот од лешник, а потоа ставете ја третата кора и премачкајте со преостанатиот бел фил. Поклопете ја тортата со преостанатата кора, премачкајте ја со глазурата од чоколадо и декорирајте со шлаг.Оставете ја на ладно место.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 22:03

ЧОКО КЕКС БАКЛАВА

15

Состојки:

  • 500 гр готови кори
  • 200 гр чоколада за готвење (бела или црна, по избор)
  • 200 гр бисквити
  • 1 маргарин

Шербет:

  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша вода

Подготовка:

Изрендајте ја чоколадата на ренде. Земете една кора и попрскајте ја со малку масло. Превиткајте ја на половина и на дното од кората ставете малку рендана чоколада, потоа бисквити (мелени или кршени). Изролајте ја кората и ставете ја во подмачкан плех. На овој начин изролајте ги сите кори.
Стопете го маргаринот. Пред печењето исечете ја баклавата и прелијте ја со стопениот мргарин.
Баклавата печете ја околу 15 минути.
Сварете го шербетот и прелијте ја баклавата. Едното треба да е топло а другото ладно.
Најдобро е прво да го сварите шербетот, бидејќи тој побрзо се лади, па се прелива баклавата веднаш штом се испече.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,329 секунди.