IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 04:16
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 04:50
Нелсон Пике го купува БМВ?



Легендарниот бразилски возач, Нелсон Пике, наводно сериозно размислувал за купување на БМВ Заубер, тим кој најави повлекување по завршувањето на тековната сезона во Ф1, а идејата ја подржа и неговиот син.

Легендарното име Нелсон Пике во последните неколку години во Формула 1 се споменува најчесто во контекст на неговиот син, истоимениот возач на Рено, но се чини дека Пике стариот планира враќање во светот на елитниот автомото спорт на голема врата.

Според пишувањата во бразилските медиуми, 56-годишниот Пике договара соработка со Заубер, заедно со шефот на тимот Супер Нова, Давид Сеарс. Супер Нова се натпреварува во ГП2 серијата.

„Се што можам да ви кажам досега е дека ми се свиѓа името Пике Ф1. Што мислите вие?“- прокоментира младиот Пике, што за него ке представува одлична шанса да го продолжи својот пат во Формула 1. Имено, бразилскиот возач паѓа во се поголема немилост на шефот на Рено, Флавио Бријаторе, и се чини дека е само прашање на време кога Италијанецот ке побара негова замена.


Во меѓувреме, се погласно се јавува и Жоан Виладелпрат, шефот на тимот Епсилон Еускади, која цели на испразното место во Ф1. „Дотолку се отвори шанса го Ф1, сигурно е дека ке ја искористиме.“- изјави Шпанецот, тврдејки дека може да остварува подобри резултати од трите преостанати новајлии: Кампос, Монор и УСФ1.
„Во тимот на УСФ1 моментално работат само 15луѓе. Манор пробува да продаде поголемиот дел од својте акции, а слушам дека на Адриан Кампос и не му иде баш најдобро. Јас сум во постојан контакт со ФИА и Берни Еклстоун и уверен сум дека кога-тогаш ке влеземе во Формула 1“- објасни Виладелпрат.

sportdenes.com
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 10:00
Фелипе се врати во Бразил

Фелипе Маса го почна патот до целосното заздравување враќајќи се дома девет дена по хорор-инцидентот на квалификациите на Унгарското ГП. Возачот на Ферари ја напушти АЕК клиниката во Будимпешта и се појави на интернационалниот аеродром Ферихеѓ со неговата сопруга Рафаела, која е бремена со првото дете, и со Дино Алтман, семејниот доктор.

28-годишниот Маса беше на операција по скршениците на черепот откако пружина која падна од болидот на Рубенс Баричело го удри во кацигата при 250 км/ч по што тој ја загуби контролата и удри во бариерата од гуми. Тој пристигна во Сао Пауло доцна синоќа по што требаше да оди на медицински тестови пред да се врати во својот дом.

"Фала Богу, се чувствувам многу добро. Имам мал оток над левото око и едвај чекам да се вратам во Бразил и да продолжам со процесот на заздравување. Прво морам да проверам дали се е како што треба. Многу работи ми се случија во последните денови и сега сакам да се вратам во нормален живот. Сакам да се вратам што е можно побргу", изјави Маса.

Тој вели дека не се сеќава на се што се случило.

"Знам точно што се случи, дека пружината од Рубенс ме удри по кацигата. Знаев дека нешто ми се случи, но не чувствував ништо. Тие ми кажаа дека ја загубив свеста веднаш кога пружината ме удри, по што се разбудив во болницата два дена подоцна. Не се сеќавам на целата случка, туку од тоа што ми го кажаа лекарите. Кога го видов мојот инженер за трки, Роб Смедли, тој ме праша дали се сеќавам на Рубенс, но последното нешто што го знам е кога бев зад него на првиот круг на вторите квалификации", додава Маса.

Тој ќе биде заменет од Михаел Шумахер во тимот на Ферари додека не заздрави, а самиот Германец го посети во болницата во саботата.

"На Михаел не му е потребен мој совет. Тој ми даваше мене совети во текот на мојата кариера кога возевме заедно. Тој знае како да победи. Михаел беше најдобар избор за моја замена и знам дека сите се радуваат што го гледаат како се враќа. Иако, се надевам дека јас ќе бидам во тоа Ферари што е можно побргу", смета Маса.

Шумахер вели дека Маса е многу подобар.

"Беше добро конечно да се види Фелипе и се чувствувам подобро. Иако бев во контакт со него, друго е кога ќе го видиш лично. Изненаден сум колку бргу заздрави, за една недела", изјави Шумахер по посетата.

Во исто време од тимот на Ферари потврдија дека интервјуто кое се појави со Маса во британскиот таблоид Њуз оф д Ворлд е измислено. Во тоа интервју се зборува како Маса смета дека можел да победи во Унгарија и дека сигурно се враќа во Ф1.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 17:49
Михаел Шумахер го откажа враќањето во Формула 1

Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, денеска го откажал враќањето во тимот на Ферари, како замена за Фелипе Маса, а како причина за оваа своја одлука навел дека сеуште чувствува последици од повреди, кои ги добил кога паднал од моторцикл, пред неколку месеци.

“За жал нема да можам да го заменам Фелипе“, соопштил Шумахер на својата интернет страница и додал дека за својата одлука ги известил и челниците на Ферари.

Германецот појаснил дека во несреќата со моторцикл во февруари, годинава, добил повреди на главата и на вратот, кои биле премногу сериозни. Тој оценил дека неговиот врат нема да може да го издржи стресот, кој го носи натпреварувањето во Фoрмула 1.

Тимот од Маранело набргу по објавувањето на информацијата за одлуката на Шумахер, соопшти дека на 23 август на трката за Големата нарада на Европа, која ќе се вози во Валенсија, Шпанија, болидот на Маса ќе го вози Лука Бадоер, досегашен нивни тест возач.

Шумахер се повлече од трките во 2006 година, но минатиот месец се согласи привремено да го замени повредениот Маса во тимот на Ферари.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 20:09
има уште некој што сака да се испокрши
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 23:31
Михаел Шумахер го откажа враќањето во Формула 1...    тага.....загриженост......плачење

 
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 23:35
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

Михаел Шумахер го откажа враќањето во Формула 1...    тага.....загриженост......плачење

 
Ke stanuva Astronautголема%20насмевка
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2009 во 00:05
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

Михаел Шумахер го откажа враќањето во Формула 1...    тага.....загриженост......плачење

 
Ke stanuva Astronautголема%20насмевка


така а? а за таму вратот не го боли,а? а? лутина
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2009 во 00:06
Ke mu mine de голема%20насмевка
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 10:19
Пике: "Егото на Бриаторе е поголемо од се друго!"

Нелсон Пике продолжи со објаснувањето на својата верзија на настаните по кои прво го нарече шефот на Рено, Флавио Бриаторе, негов "егзекуционер" пред да биде отпуштен од францускиот тим по Унгарското ГП. Бразилецот, кој е син на трикратниот светски шампион со исто име, вели дека Италијанецот не знае ништо за формула 1. Пике Јуниор беше ГП2 вицешампион зад Луис Хамилтон, а сега е во позиција неговиот квалитет и талент да не е воопшто на цена.

"Тој не знае ништо за формула 1. Можеби, поради сите работи кои не ми одеа во корист, тој ме постави толку долу. Едноставно не се грижеше, а искрено нема поим што се случува во тимот. Ако ја слушате радио-комуникацијата, како да слушате шега. Тој нема поим што се случува во трката и понекогаш прашува дали возачот има гуми за суво или дожд кога е очигледно", изјави Пике во интервју за Аутоспорт.

Иронично токму на Унгарското ГП, откако Фернандо Алонсо излета во вториот болид на Рено по одлуката на тимот да не му каже дека едното тркало не му е добро зацврстено при влегувањето во боксот, Бриаторе беше покажан на ТВ камерите како си заминува од патеката иако Пике се уште беше во трката.

"Сите знаат дека неговото его е поголемо од се друго. Тој сака да се покажува. Може да бидеш колку сакаш добар бизнисмен, но Ф1 тимот на Рено може да работи многу добро и без него. Кога почнав со тимот, тој беше на сите состаноци и брифинзи, но освен за бизнисот другите коментари му се без врска. Единствена добра страна му е добрата врска со Берни Еклстоун и со ФИА. Но, кога го слушав што зборува, како да ја слушав мојата сестра. Пет Симондс е човекот кој навистина знае што се случува во Рено", додава Пике.

Рено речиси сигурно ќе го постават Французинот Роман Грожан на местото на Пике на трката во Валенсија доколку ФИА им дозволи настап, а интересно е што токму Бриаторе му е менаџер на Пике. 23-годишниот Бразилец не очекува помош од него во враќањето во формула 1.

"Менаџер, според него, е некој кој зема 20% од парите на возачот. Според мене, тоа треба да биде некој што треба да даде максимум за добар договор. Флавио никогаш не сакаше да биде во улога на некој кој ми бара тим во формула 1, и нема да се обиде", изјави Пике.

Баричело: "Маса е ОК, сака да се врати бргу!"

Асот на Ферари, Фелипе Маса заздравува добро од неговата незгода на квалификациите на Унгарското ГП и чека од лекарите да му дадат дозвола да се врати на тркањето, вели неговиот сонародник, возачот на Браун ГП Рубенс Баричело.

"Го поминав попладнето со Фелипе и тој е ОК и му благодарам на Бога, истата личност како и претходно", напиша Баричело на Твитер.

Болидот на Баричело загуби пружина од еден килограм која го удри Маса во кацигата на квалификациите во Унгарија. Маса доби фрактура на черепот и мала повреда на окото по што помина една недела во болницата во Будимпешта пред да се врати дома во Бразил и да продолжи со заздравувањето.

"За неговото враќање мораме да бидеме трпеливи. Тој мора да биде 100% подготвен пред да почне да вози, а волјата не му недостасува", додаде Баричело.

Берни ќе си заминел ако се формирала нова серија

Ф1 шефот Берни Еклстоун вели дека не бил задоволен од непријателството кое било покажано од тимовите во овогодишната закана дека ќе се формира нова серија. Иако иднината на Ф1 изгледа сигурна по потпишувањето на новиот Конкорд договор со Еклстоун и ФИА, Британецот реши да проговори за преговорите оваа година и откри дека ќе си заминел ако се продолжело со заканите за паралелна серија.

"Овој бизнис сега е изграден и полесно е да се продолжи отколку да се стартува нешто од почеток. Јас сигурно немаше да формирам нова серија покрај формула 1. За тоа немаше причина, ниту логика. Тие кои кажуваа дека ќе прават нова серија малку се занесоа. Ако Ф1 колабираше зошто јас би останал? Немаше цел повторно да се гради и иако имам енергија имам и многу подобри работи на кои би можел да ја потрошам", призна Еклстоун.

Ф1 ФЛЕШ

Организаторите на Малезиското ГП ќе го вратат стартот на својата трка од 17 часот на 16 часот за следната година по фрустрирачката прекината трка оваа сезона поради силниот дожд. Трката во Сепанг стартуваше подоцна по барањето на Берни Еклстоун за ноќна трка за европските гледачи, но таа беше прекината по само 32 кругови поради тропска бура, а возачите добија по половина поени.

Лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон, го продава својот Бугати Вејрон. Досега се изработени само 200 Вејрон автомобили со 8-литарски турбо В16 мотор и повеќе од 1.000 коњски сили и максимална брзина од 400 км/ч. Црниот Вејрон на Батон има само 1.500 поминати милји и се продава за 900.000 фунти или речиси 1.5 милиони $. Покрај ова 29-годишниот Британец вози и Мерцедес ЦЛК ДТМ АГМ, Мерцедес Ц63 АМГ, Ферари Енцо, Ауди РС6 Авант, БМВ М5, Смарт автомобил, Фолксваген комби од 70-тите.

Бруно Сена е главен кандидат за место во новиот Ф1 тим Кампос за 2010, вели шефот Адријан Кампос за шпанското радио. Кампос призна дека сака еден искусен возач како Педро де ла Роса или Марк Хене, но дека млад возач како Сена би бил совршен за тимот. Покрај тоа Кампос како кандидат го спомена Витали Петров, Русинот кој настапува во ГП2 серијата и има огромен број спонзори, додека добриот пријател на Фернандо Алонсо, 29-годишниот Шпанец Антонио Гарсија засега има понуда само за еден тест.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 12:17
Шуми тажен по повлекувањето, Ферари сакаат трет болид за него!

Седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер во средата изјави дека е премногу разочаран во моментов за да размислува за враќање во спортот подоцна оваа година или во 2010. Шумахер во вторникот објави дека се откажува од плановите да го замени повредниот возач на Ферари, Фелипе Маса на Европското ГП во Валенсија на 23 август поради проблемите со повредите на вратот, добиени во февруари при пад во една Супербајк трка во Германија.

"Шпекулациите во овој бизнис се сосема нормално. Но, сега сум толку разочаран што не можам да го направам кам-бекот, така што не можам да размислувам за иднината", изјави Шумахер на прес-конференција во Женева по шпекулациите дека би можел да се врати на Италијанското ГП во Монца.

40-годишниот Германец кој се пензионираше во 2006 требаше да го замени Маса во Шпанија по хорор-сударот на Бразилецот на тренингот во Унгарија минатиот месец, но медицинските тестови покажаа дека повредите на вратот по падот во февруари се преголеми.

"Последиците од таа незгода се најлоши кои Михаел ги имаше во својата кариера", изјави неговиот доктор Јоханес Пеил на прес-конференцијата.

Шуми добил скршеници на главата, вратот и ребрата при падот, но повеќето од нив биле заздравени и Германецот бил невообичаено добро подготвен, додаде Пеил. Покажувајќи ја фрустрацијата и тагата, Шумахер одби да размислува за тоа што понатаму.

"Разочарувачки е бидејќи остатокот од моето тело одговараше добро на тренинг постапката. Во болидот се чувствував природно, немав проблеми со ритамот, освен со болката во вратот. Да беше нешто помало ќе земев некои лекарства, но не сум тука само да возам. Јас верувам во судбина, така што и оваа несреќа е дел од судбината. Кога се сретнав првпат со Лука ди Монтеѕемоло, искрено сакав да кажам не на враќањето, но го знаете него. Успеа да ме разубеди", додава Шумахер.

Од Ферари, пак, ветија дека ќе се "борат" за правото да постават трет болид за Михаел Шумахер за следната сезона.

"Продолжуваме да се бориме додека секој тим не го добие правото да постави трет болид следната сезона, и тој трет болид со задоволство ќе му го предадам на Михаел. Повеќе би сакал три Мекларена и три Реноа на патеката, отколку три без врска тимови", изјави Монтеѕемоло во интервју за Ла Стампа.

Четирикратниот Ф1 шампион Алан Прост, пак, вели дека ја сфаќа желбата на Михаел Шумахер да се врати во формула 1, но додава дека тој ја направил вистинската одлука.

"Желбата и мотивацијата за враќањето во формула 1 не си одат така лесно. Потребни се неколку години да ја напуштиш формула 1. Михаел и јас се откажавме поради различни причини, но причините за враќањето се исти. Ако имаше некаков физички ризик, тој е сосема во право што не сака да ризикува. Вратот е клучен во мотоспортот и ако имаш болки, тука веднаш е и ослабениот вид и проблеми со концентрацијата. Останува да се види дали тој се повлече само поради здравствените проблеми или поради големината на задачата", смета Прост.


Изборот на Бадоер ги покажува проблемите на Ферари

Лука Бадоер ќе го замени Фелипе Маса на Европското ГП во Валенсија, и додека Италијанецот е резервен и тест-возач на Ферари, фактот што се нема тркано во спортот повеќе од 10 години, само го покажува отсуството на младинска програма во италијанскиот тим.

"Верба во Лука Бадоер, кој е еден од нас. Судбината му даде уникатна шанса и сега тој треба да ја искористи. Ние ќе го поддржуваме целосно", вели Лука ди Монтеѕемоло.

За 38-годишниот Бадоер враќањето во Ф1 е остварување на сонот и нешто за што вели дека е подготвен.

"Од кога бев дете сонував да возам за Ферари. Сега ја имам шансата да го остварам тоа", изјави Бадоер.

Изненадувачки, Бадоер го нема возено актуелниот Ф60 болид на Ферари бидејќи тимот се потпре на неговиот колега Марк Хене и на Раиконен и Маса пред сезоната. Неговиот сонародник, поранешниот Ф1 возач Алекс Занарди смета дека Ферари згрешиле и дека требале да пронајдат некој помлад возач.

"Да се земе некој млад возач од ГП2 шампионатот беше најлогичниот чекор", додаде Занарди.


Бребем: "Вебер ќе биде шампион!"

Првиот австралиски светски шампион, сер Џек Бребем вели дека неговиот сонародник Марк Вебер има најголеми шанси да стане светски шампион оваа година. Во последните 4 трки во оваа сезона (Турција, Британија, Германија и Унгарија), асот на Ред Бул освои 32 поени (80%) во споредба со 24-те на колегата Себастијан Фетел и 19 на лидерот во генерален пласман Џенсон Батон од тимот на Браун ГП по што се доближи на 18.5 поени до Батон.

"Секако дека верувам во Марк Вебер. Тој може да ја освои титулата само ако болидот издржи. Фантастично е да се види дека е во топ форма по толку време", вели Бребем, кој има три Ф1 титули (1959, 1960 и 1966).
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 03:14
Вебер: Шумахер ќе продолжи да се подготвува за Ф1



Менаџерот на Михаел Шумахер - Вили Вебер не ја отфрли можноста за враќање на седумкратниот шампион зад воланот на болидот на Ферари во наредните неколку месеци.

Според Вебер сега Михаел може да работи на својата физичка подготовка без огромниот притисок кои го имаше до минатата недела.

„Зошто да не продолжи да работи на својата физичка подготовка“, призна Вебер. „Сега Шумахер може да се подготвува без огромниот притисок кои го чувствуваше во текот на минатата недела“, заврши Германецот.

Вчера на официјална прес конференција личниот лекар на летечкиот Германец Јоханес Пијл појасни дека со тек на време нема да има никакви медицински причини кои ќе го попречат Шуми да се врати во Формула 1.

„Очекувам во текот на следните недели Шумахер да се опорави комплетно. После одредено време тој ќе може да се врати во Формула 1“, изјави докторот.

Портпаролката на Михаел - Сабине Кем исто така го коментираше идното враќање на шампионот.

„Не верувам дека Михаел ќе се натпреварува наскоро во Формула 1. И покрај тоа тој не сака да ја отфрли таа можност“, заврши Кем.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 03:16
Ферари го „брка“ Раиконен?



Ферари на крајот од сезоната ќе го прекине договорот со својот фински возач Кими Раиконен, тврди англискиот магазин „The Sun“, и го поставува прашањето кој ќе седне на неговот место: Алонсо или Шумахер?

Финецот Кими Раиконен откако што стана светски шампион во 2007-та година падна во формата и веќе долго време не извозел една трка како оние што го донесоа до светскиот трон.

Во последните година дена кружат гласини дека Ферари ќе се ослободи од Кими и на неговото место ќе го постави Фернандо Алонос, а во последните неколку дена пак, проциркулираа информациите дека во играта се вклучил и ветеранот Михаел Шумахер, па се поизвесно е финецот да си замине во 2010-та година.

„Италијанскиот тим му даде до знаење на Раиконен дека ќе добие половина од својата годишна плата за 2010-та година која изнесува 25 милиони фунти, доколку порано биде прекинат договорот.“ - тврди неименуван извор за британскиот магазин.

Раиконен пак може да му се посвети на релито, како што и тој призна дека му е голема желба. Минатата недела настапи на Финското рели но се откажа по тешкото излетување. Очигледно му треба вежбање...


sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 04:53
Рено најде замена за Нелсон Пике



Нов возач зад воланот на Рено во преостанатиот дел од сезоната во шампионатот на Формула 1, ќе биде французинот - Роман Грожан.

Талентираниот 23-годишен возач во Рено ќе го замине бразилецот Нелсон Пике Јуниор кој пред 10-тина дена доби отказ.

"Навистина сум презадоволен и горд што Рено ми пружи шанса да се докажан. Особена чест ми е што клубски колега ќе ми биде двократниот шампион во Формула 1 - Фернандо Алонсо" - изјави кратно Грожан.
Инаку Роман Грожан во минатите 3 години во болидот на Рено ја освојуваше титулата во европската Формула 3 и во азиската ГП2 серија.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.