IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - Изборно гласање од дијаспората
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изборно гласање од дијаспората

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 54>
Прашање: Дали дијаспората треба да гласа на македонски избори?
Одговор Гласови Статистика
28 [30,11%]
8 [8,60%]
56 [60,22%]
1 [1,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 01:28
и уште нешто Меси, тука цело време попуваш за некакви права што ги поседуваш по некои „Амерички“ стандарди...
Објасни ми прво колку е праведно тоа некој друг да одлучува за тебе? па после ќе правиме муабет за права... и кога веќе сме на мубетов, пресметај колку граѓани има во македонија, а колкав е брјот на дијаспората, и кажи ми во таква ситуација, колку воопшто вреди бедниот глас на тукашниот народ?
ја не се плашам од тоа што ќе го гласаш, туку од тоа што мојот глас воопшто нема да вреди, и тоа мислам дека не си свесен колку е болно...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 07:19
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

ама кажи ми меси, која е смислата во тоа да гласаш за нешто во кое не учествуваш??? ти фактички гласаш за нешто што не е твое, што е туѓо и што треба да биде туѓ избор! 
... ... ...
тотална бесмислица е да гласаш за изборот во одредена држава, ако истовремено немаш никакви обврски кон истата, и воопшто не си засегнат од промените кои се случуваат во неа... 

забеган, говориме за МОЈАТА ТАТКОВИНА. Јас можам привремено да живеам во било која држава или држави, но имам само ЕДНА ТАТКОВИНА и таа е Македонија.

Како тоа не е мое ??? Како туѓо ??? Како може таа моја татковина да е повеќе татковина за тебе, а да е помала или никаква за мене ??? Како може мојата татковина да биде твој избор, а не мој ??? Kако може да не бидам засегнат за промените во мојата татковина ???

Те молам забеган не прави ваков грев. 


Originally posted by zabegan zabegan напиша:

не можеш да одлучуваш за туѓи проблеми, кои не те засегаат, и тие проблеми одамна не се твои од моментот кога си отишол во друга држава, и во таа држава работиш, се одржуваш, плаќаш даноци и многу нормално си засегнат и од тамошната политика...
и уште нешто, не збориме тука за демократски права, мене многу ми е јасно кои се човековите права, ама очигледно пропушташ еден момент... 

Проблемите на мојата татковина и на мојот народ се и мои проблеми и колку што ги засегаат моите македонци толку ме засегаат и мене. Јас живеам во друга држава и плаќам даноци на неа, а истовремено работам и за мојата таковина и таму праќам повеќе пари отколку што плаќам даноци во оваа во која привремено живеам. 

И ако веќе толку ги потегнуваш тие даноци верувај дека јас имам внесено  во Македонија до сега повеќе средства отколку што ти целиот живот ќе платиш за даноци. Па ако споредуваме по тоа, јас значи имам повеќе право на глас отколку ти ?

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

а тоа што ми викаш страв ми било вака, нема врска... оваа или онаа партија, политиката во државава ќе си остане исто с*ање...

Тоа се сложувам и затоа политиката не сме да стапне на граѓанските права. Тие се светиња и мора да се негуваат без обзир кој ќе биде во позиција, а кој во опозиција, бидејќи с'е се врти и с'е се менувa, а политиката била и ќе си остане курва. 

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

и за крај, свесни ли сте воопшто колку е погубно за политиката на една земја, да гласаат сите што имаат нејзино државјанство, особено кога кај нас државјанството отсекогаш ко алва се делело на буквално секого? и колкав огромен простор има тука за правење на далавери, од било чија страна... мене не ми е страв ти што ќе гласаш и за кого ќе гласаш Меси, страв ми е и од многу други работи...


Прво и основно се вредностите на демократијата. Светиња се основните човекови права, слободата на говор, политичко определување и верска припадност.

А сето тоа си има своја цена. Hе може истовремено да се имаат и да се немаат според некакви моментални пилитички интереси. Истото се случува и кај мене со слободата на говорот и носењето оружје. Не може поради некакви шалабајзери кои не знаат ништо друго освен недискриминирано да плукаат по секоја личност да се скрати слободата на говор. Не може поради некој пореметен убица да се стави тотална забрана на поседување оружје.

Демократијата и слободата си имаат вредност, но и цена. Ако не сме способни да ја платиме цената, тогаш нема ниту да ги имаме.






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 07:44
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

и уште нешто Меси, тука цело време попуваш за некакви права што ги поседуваш по некои „Амерички“ стандарди...
Објасни ми прво колку е праведно тоа некој друг да одлучува за тебе? па после ќе правиме муабет за права... 
 

Ќе говорам за америкиве бидеjќи нив ги спомнуваш како паралела...

... во америките никој друг не гласа освен соодветните граѓани со валидни документи. Гласаат американците кои живеат насекаде во светот. Нема друг. Американците се еден. Не се прима гласот на германците, французите, русите или чесите. 

Не постои одлучување од некој друг. 

За Македонија гласаат и одлучуваат македонските граѓани.

Тоа се првата за кои говориме и во америките и во Макeдонија. Нема апсолутно никаква разлика. Граѓанството американецот си го потврдува со passport или citizen card, а македонецот со пасош и или лична карта.

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

...и кога веќе сме на мубетов, пресметај колку граѓани има во македонија, а колкав е брјот на дијаспората, и кажи ми во таква ситуација, колку воопшто вреди бедниот глас на тукашниот народ?
ја не се плашам од тоа што ќе го гласаш, туку од тоа што мојот глас воопшто нема да вреди, и тоа мислам дека не си свесен колку е болно...

Говориме за демократија, нели ? Kаква е моменталната состојба на теренот е релативна работа. Некогаш ќе биде вака, некогаш онака, но демократијата мора секогаш да остане иста, а не да зависи од дневната политика.

На страна од тоа, како што не се заинтересирани да гласаат сите во Македонија , така не се заинтересирани и надвор од Македонија. Уште повеќе, македонците надвор од Макeдонија 99% немаат валидни документи (пасоши и лични карти), а од оние кои имаат 99% живеат толку далеку од само трите изборни места на целиот северноамерикански континент што ни на ум не им паѓа да земат годишен одмор и да потрошат $1000-$2000 за да го дадат својот глас.

Не дека македонците од дијаспората не сакаат да бидат преставувани во Парламентот барем со еден свој претставник, туку можноста практично да го сторат тоа се мизерни. Затоа тука гласањата се завршува само со 500-1000 гласови за сите партии заедно, вклучувајќи ги и независните кандидати.

Cпоред тоа, гласот на македонските граѓани во дијаспората е бедна бедотија (користејќи го твојот термин) во однос на оној на граѓаните во Македонија.

И не знаеш колку е болно за твоите браќа и сестри од дијаспората кога гледаат како се третирани од својот сопствен народ, небаре се некакви душмани, а не капитални поткрепувачи од економски и политички аспект. 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 07:59
Originally posted by емил емил напиша:

Ako  не ме лаже паметот близу 4 милиони луѓе кои се декларираат како Македонци живеат надвор од Македонија ( коригирајте ме ако грешам  да ) и они имаат право на гласање . Со право тие што живеат во Македонија се  секират од диаспората . Али сами они не осознават дека ако бидат активни на изборите , изборот на диаспората нема да промени апсолутно ништо на изборите .

Грешиш и тоа мноoooooгу. голема насмевка

Грешиш по повеќе основи.

1. Нема толку македонци во дијаспората... бројот е далеку помал. 

2. Па од него намали уште повеќе бидеjќи добар дел веќе се претопени и незаинтерсирани. 

3. Од останатите 99% немаат валидни документи.

4. Од каде ти е идејата дека македонците од дијаcпората имаат спротивни интереси од оние на македонците во Македонија, па браќата и сестрите во татковината требало да се секираат ??? изненадување






Изменето од Messenger - 16.Септември.2012 во 08:00
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 15:38
мене ме чуди што темава е милион пати дискутирана на форумов, и сеуште не може да се дојде до разбирање... се откажувам, стварно се откажувам
ќе чекам само еден ден и ја да се иселам што е можно подалеку од оваа вукојебина, па после и ја да си солам памет преку интернет за морали, права и слободи, тоа е се...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 17:05
Се извинувам ако ти оставив чувство дека  некому солам памет. тага

Немав таква намера, само посочував факти од животот кои верувам дека се добро познати и дека резонираат барем со дел од членовите на овој форум.

И ќе кажам уште еднаш, не одземам никому ништо и не сакам никој да ми одзема исто така. На крајот, имаме Основни Човечки Права гарантирани од севкупната меѓународна заедница, како што имаме  Устав и Закон кои ја регулираат државата.

Не е потребно ништо друго туку да тие да бидат следени.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2012 во 17:37
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Се извинувам ако ти оставив чувство дека  некому солам памет. тага

Немав таква намера, само посочував факти од животот кои верувам дека се добро познати и дека резонираат барем со дел од членовите на овој форум.

И ќе кажам уште еднаш, не одземам никому ништо и не сакам никој да ми одзема исто така. На крајот, имаме Основни Човечки Права гарантирани од севкупната меѓународна заедница, како што имаме  Устав и Закон кои ја регулираат државата.

Не е потребно ништо друго туку да тие да бидат следени.



не зборам за тебе конкретно, зборам за било кој што секогаш се наоѓа паметен и образован да коментира за нешто што не го живее, и истото гледам пробал и којсумјас да ти го објасни во другиве теми... наместо да дискутираме за реалните ситуации во земјава, на крај секоја дискусија завршува со филозофии за морал, човекови права и слободи и правни системи, само поради тоа што ти дискутираш за нешто што секој ден го слушаш само во вести и ништо повеќе...
ние тука поради промените од таа проклета политика земаме одредена плата, плаќаме одредени цени и почитуваме одредени закони, меѓудругото, директно сме засегнати од тукашниот криминал и сета црна хроника... ти ништо од тоа не осеќаш, буквално, а сакаш да учествуваш во одлуките кои се донесуваат тука... и да не ме разбереш погрешно, никој не вика дека ти нешто гласаш против државава, туку дека гласаш „заблудно“ за нешто што нема да го засегне твојот џеб и твојата безбедност, и сакајќи да изигруваш „помош за Африка“ ќе помогнеш само во правење на повеќе куршлузи...
никој во државава не гласа веќе за општо добро, сите според лични пресметки, и после ќе се најдете вие да продавате м*да за патриотизми, општи добра и политика и право по учебник...

и кратко кажано, ако вие со вашите ускратени „права“ се осеќате ко душмани, тогаш што треба ние, да се осеќаме ко задњи идиоти така?
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 00:07
Јас велам дека сум македонски граѓанин, ти велиш продавам муда за патриотизам.

Јас велам дека Македонија е моја татковина, ти велиш дека продавам муда за патриотизам.

Јас велам дека имаме Устав и Закон кои мора да се следат, ти велиш дека тоа е продавање муда за патриотизам.

Јас ти ги давам сите аргументи и факти кои велат дека не си во право со твојот став, а ти ги затвораш ушите и велиш "не слушам, не слушам, не слушам интелектуални и образовани факти... тоа не е точно, тоа не е точно, јас сум во право, јас сум во право... јас сум во право по автоматизам бидејќи јас живеам тука, а аргументите и фактите не живеат тука... јас сум во право, иако аргументите и фактите велат спротивно!"

ОК, значи ти диктаторски  инсистираш на беззаконие во моменти кога тоа лично ти одговоара.

Ако го дозволиме тоа, значи се определуваме за беззаконие во секое време бидејќи утре тоа ќе го побара, Петко, прекутре Станко... и таќа ќе градиме држава ?


Ако утре јас за нешто ти ја завртам масата и постапам слично према тебе како што правиш сега, ти ќе бидеш првиот што ќе се развика по форумов и на улица "Диктатира! Фашизам! Беззаконие! На Суд во Хаг!"

С'е е во ред ако за тоа постојат валидни аргументи, факти и законски норми.. и ништо не е во ред ако постапуваме емотивно, од тесноградни лични интереси или спротивно од законот.








Изменето од Messenger - 17.Септември.2012 во 00:27
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 00:46
Меси... може ли вака бе друже да напраиме??!?!?!

Ајде ти фино лепо врати се тука во Македонија и немој веќе да одиш во таа туѓина.. Може ли?
Кога ќе бидеш тука и ќе го јадеме истото лебче, кога ќе го дишеме истиот загаден воздух и кога и мене и тебе ќе не пупат истите инкасатори е тогаш ќе ти речам, повели Меси гласај за кого сакаш, ама ич нема да ми биде криво....

МОЖЕ ЛИ ТАКА МЕСИ?

Молам за одговор без филозофии и демагогии и на крај округло па на ќоше....


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 01:14
Тоа ќе ме направи поголем македонски граѓанин од сега ?

Со неодењето надвор од Македонија ќе се стекнам со некаква граѓанска привилегија ?

А да им забраниме на сите македонци кои сакат да гo практицираат своето граѓанско право да гласаат и да бидат гласани со одземање на нивните пасоши и со посeбен закон со кој ќе им се запрети дека ќе бидат лишени од тие нивни права ако некогаш им се испушти да излезат од Македонија ?

Молам и јас без филозофирања и демагогии , онака директно и со еден збор.


А јас ќе ти одговорам на прашањето онака како што единствено може да се одговори - за тоа постојат Устав и Закон кој ги регулират правата и обврските на граѓаните и тоа не зависи од мислењето и желбата на Мessenger или NRGMKD.



П.С. А тебе пријателе дали некој те лиши во било кој момент од твоите граѓански права додека беше надвор од Македонија по оние светски беспатија ???






Изменето од Messenger - 17.Септември.2012 во 01:17
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 01:22
Значи искрено не сакаш да ми одговориш на прашањето па се моташ нагоре надоле со познатите филозофии...
Прашањето беше јасно и гласно...
Дали би оставил се таму и би се вратил тука да живееш??
Не ми мотај граѓански уставни права и остали ствари... Една просто проширена реченица со знак прашалник на крај ти поставив...
Ако веќе коментираме и споредуваме за моето и твоето само ќе ти кажам едно.. Јас отидов таму некаде на лимитирано време од 10 месеци, без семејството, испратен службено, на службена задача и се вратив после завршувањето на задачата од 10 месеци.. Значи ниту сум се иселил од Македонија, ниту сум намеравал.. Во тој период фала богу и немаше избори...
Значи да не забегуваме многу..
ДАЛИ БИ ОСТАВИЛ СЕ ТАМУ НЕКАДЕ И БИ СЕ ВРАТИЛ ТУКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ ВО НАРЕДНИВЕ 6 МЕСЕЦИ?
Прост одговор... Да, Не.... без филозофии молам .. испочитувај ме кога поставувам просто прашање...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 01:51
Ама што има тоа врска со моите права и должности како граѓанин ???

Твоево прашање нема никаква врска со граѓанството !

Кога ќе се вратам, каде ќе одам, дали повторно ќе излезам, дали потоа повторно ќе се вратам и колку је останам тој пат нема НИКАКВА ВРСКА со Уставните и Законските норми.

Господе Боже, дали гледаш дека прашањево нема блага врска со темава ? изненадување

Jас ти поставив прашање и ти не одговараш бидејќи ако одговориш ќе ти стане јасно оти твојава дискусија оди против тебе - дали тебе во било кој момент ти беа ускратени твоите граѓански права кога беше низ белиов свет ? 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 02:14
Боже .. па секој може да прочита и види дека ти го избегнуваш одговорот, а не јас..
Моето и твоето неможеш да го споредиш...
Јас бев на службена должност 10 месеци, место на живеење ми е Скопје, Р.Македонија. Јас после 10 месеци се вратив и го продолжив животот во Македонија. Мојот престој таму некаде џенем беше евидентиран како службено патување.. Со мене не беше семејството, тоа остана тука... Не споредувај баби и жаби..
Ти си тој што не сака да одговори на прашањето и се вртка нагоре надоле...
Јас ти одговорив на прашањето... Службено патување беше моето а не бев иселеник... правиш ли разлика? Доколку имаше избори во тој период ние ќе гласавме таму кај што сме, но како и да е за максимум 10 месеци ќе се вратевме назад... Ние не отидовме таму и да останеме генерациски, за разлика од тебе... Значи јас како вработен во Република Македонија заминав по службена должност, а ти по сопствена желба и убедување си се иселил од државава. Дали ја правиш разликата... Збори човечки не продавај демагогии зашто никој не е мутав тука.. Ако почнеме да филозофираме сите кај ќе ни биде крајот..
Не сакаш да ме испочитуваш и да одговориш на поставеното прашање..
Одговори човечки со едно ДА или НЕ.... не избегнувај одговор....

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 04:11
Да ти направам задоволство, иако прашањето апсолутно нема врска со граѓанството и граѓанските права и должности, ќе ти дадам одговор:

Да.

Да видам сега во кој контекст на Уставот и Законот ќе го ставиш овој одговор. замисленост
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 54>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.