IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 03:14


Рено доби забрана за настап на Европското Гранд При за случувањата кои доведоа до отпаѓањето на предното тркало од болидот на Фернандо Алонсо. Во соопштението на ФИА се вели дека тимот на Рено "свесно му дозволил на болидот со бр. 7 излез од пит-стопот притоа знаејќи дека предното тркало не е исправно осигурано. При тоа не го известиле или спречиле Ф. Алонсо да го напушти боксот, што се гледа од радио врските каде тој го известува тимот дека предната гума мисли дека му е дупната. "

Рено веќе поднесе жалба на оваа одлука на ФИА. Сослушувањето најверовјатно ќе се одржи во летната пауза пред Европското ГП, кое е на 23 Август.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 01:55
Баричело знаел дека нешто не e в ред со амортизерот

„Им го пријавив на моите инженери проблемот со амортизерите уште по саботниот утрински тренинг“, открива возачот на Ф1 тимот Браун ГП, Рубенс Баричело.

Парче од амортизерот му предизвика сериозни повреди на неговиот сонародник Фелипе Маса од Ферари во текот на попладневниот квалификациски тренинг за Големата награда на Унгарија на Хунгароринг, откако дел отпадна од болидот на Баричело и удри во главата на Бразилецот, пробивајќи му ја кацигата.



Амортизерот е тежок околу 800 грама, што при брзина од над 200 км/ч може да тежи дури и неколку килограми. За среќа, заштитната кацига му го спаси животот на Маса.

После се, пристигна признанието на Баричело кое фрла нова светлина на несреќата.

„Вистина е дека проблем со амортизацијата почувствував во саботата, на третиот слободен тренинг. Се жалев на возилото, бидејќи чувствував дека на рамните делови од патеката, не е стабилен. Но, и покрај сите проверки не можевме да го отстраниме проблемот“, раскажа Баричело.

Состојбата на Маса кој сеуште е на интензивна нега во Воената болница во Будимпешта е се подобра. Бразилецот, според лекарите, е свесен и комуницира со лекарскиот персонал, успеава да ги придвижи екстремитетите. За сега се чини дека оштетување на мозокот нема да има, но тоа е се уште не е дефинитивно. Во текот на денот го очекува нова компјутерска томографија на главата, за да се провери неговата здравствена состојба.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 11:50
Маса е подобро, но има проблем со окото!

Сериозно повредениот формула 1 возач на Ферари, Бразилецот Фелипе Маса добил оштетување на окото, вели лекарот кој го оперираше во АЕК воената клиника во Будимпешта. Асот на Ферари доби повреда на черепот и на окото кога беше удрен по глава од пружина која излета од болидот на Браун, кој го возеше неговиот сонародник Рубенс Баричело на квалификациите за Унгарското ГП во саботата.

Прашан дали окото на Маса е оштетено, неврохирургот Роберт Вереш беше краток: "Сигурен сум дека има оштетување, но не знаеме колку е тоа". Доколку навистина тој има оштетувања на видот, тогаш неговата формула 1 кариера сигурно е завршена, нешто што го потврди и Вереш велејќи дека "не знае дали тој ќе може да се трка повторно".

Претходно портпаролот на унгарскиот министер за одбрана откри дека Маса сега може да комуницира со движења откако беше изваден од вештачки индуцираната кома.

"Маса е буден и е способен за активна комуникација со движење на рацете и нозете. Тоа дефинитивно е добар знак", вели Иштван Бочкаи.

28-годишниот Маса, кој во кариерата има 11 ГП победи, а лани беше вице-шампион зад Луис Хамилтон, беше удрен во кацигата над левото око при брзина од 275 километри на час. Тој веднаш со хеликоптер беше однесен во болницата и беше на операција на черепот. Според Бочкаи бавното заздравување ќе започне, но додаде дека "ова не е фаза во која можеме да кажеме нешто со голема сигурност".

Во неделата Маса беше на компјутерска томографија (ЦТ) да се одреди дали има оштетувања на мозокот. Прашан дали има повреди, Бочкаи вели дека не се пронајдени никакви знаци за оштетувања.

Рубенс Баричело, пак, во неделата едвај ги задржуваше солзите и сакаше да ја напушти трката, додека неговиот пријател Маса беше во болницата. Возачот на Браун изјави дека лекарите не му дозволиле да го посети.

"Навистина емотивен момент. Уште ме гори во стомакот и ќе лажам ако кажам дека не мислев на него додека се тркав", признава Баричело. Медицинскиот делегат на ФИА, Гари Харштајн, пак, најави дека Маса би можел да се врати "за неколку недели, но прво мора да се види какви се оштетувањата".

Во посета на Маса беше и претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, кој имаше прес-конференција во клиниката.

"Нашиот прв приоритет е заздравувањето на Фелипе и неговиот прогрес. Фелипе е важен член на семејството Ферари толку многу години, од кога дојде како дете. Се надеваме дека ќе се врати бргу", вели Монтеѕемоло.

Тој потврди дека шефот на тимот, Стефано Доменикали, ќе остане со Маса и неговото семејство, заедно со бремената сопруга Ана Рафаела.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 02:27
Шумахер замена за Фелипе Маса ?!



Михаел Шумахер е пред сензационално враќање на Формула 1 патеките!?
Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Германецот може да се појави како замена за повредениот Фелипе Маса во еден од двата болида на Ферари оваа сезона. Докторите се уште не даваат реални шанси Маса во брзо време да се врати на патеките, па оттука Ферари веќе бара достојна замена.
Михаел Шумахер, повеќекратниот шампион, е прво име на списокот на првите луѓе на „црвените“, но не се знае дали Лука Ди Монтеѕемоло ќе успее да го намоли Германецот да го замени Маса. Шуми се откажа од Ф-1 во 2006 година, но работи се уште во тимот со кој освои 5 титули. Шуми има консултантски договор со Ферари кој му истекува годинава.
Менаџерот на Шумахер, Вили Вебер, вели дека овие пишувања на италијанските весници се несериозни. Тој потсети дека и Шумахер имаше тежок инцидент во јануари кога падна со мотор, па и тој не се чувствува добро. Но од Ферари не ја демантираа веста на италијанскиот весник
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 23:04
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 00:33
БМВ СЕ ЗБОГУВА СО ФОРМУЛА 1



Германската компанија со седиште во Минхен објави утрово (среда) дека на крајот од сезоната ќе го затвори својот тим во Формула 1. Одлуката била донесена вчера, на седница на одборот на директорите.

Поканата за итната прес конференција упатена до дописниците на главните светски агенции, била опишана како „разгледување на актуелниот развој на мото спортот“. Моментот за објавување на одлуката кореспондирал пред потпишувањето на фамозниот нов договор „Конкорд“, со кој се регулираат правата и обврските на учесниците во Формула 1 трките, а кој е предвидено да трае до 2012 година.

Одлуката била донесена базирајќи се фактите за актуелните постигнувања, но и поради ориентацијата на компанијата кон заштитата на околината, а Формула 1 не се вклопувала во тој имиџ.

- Ова беше тешка одлука за нас, но е логичен чекор во поглед на стратешкото прегрупирање. Премиум класата се повеќе ќе биде дефинирана во поглед на одржливоста и компатибилноста со природата. Тоа е поле на кое што ние сакаме да бидеме лидери. Континуирано ги прегледуваме сите проекти и иницијативи за да ги усогласиме со очекувањата за иднината. Во тој поглед, нашата кампања во Формула 1 станува помалку клучен промотер за нас,- се пренесува изјавата на Д-р Норберт Рејтофер, кој е претседавач на бордот.

- Ни беа потребни само три години за да се етаблираме како врвен тим во Формула 1. За несреќа, не бевме во можност да ги исполниме нашите очекувања за оваа сезона. Нашето искуство стекнато минативе десет години имаше големо влијание врз нашите развојни инженери. Мораме да им заблагодариме на трките за бројните иновации, како и за натпреварувачкиот дух кој не водеше и при производството на патничките автомобили,- гласи коментарот на Д-р Клаус Дрегер, член на бордот кој е одговорен за развој.

- Ние, вработените во Хинвил и Минхен, сите би сакале да продолжиме со нашата амбициозна кампања и да покажеме дека оваа сезона беше само расчекор, по успешните три сезони. Можам да разберам зошто е донесена оваа одлука, гледано од корпоративен аспект. Сега ќе се фокусираме на преостанатите трки и да го демонстрираме нашиот натпреварувачки дух освојувајќи добри резултати при збогувањето со Формула 1,- вели Д-р Марио Тајсен, кој е раководител на мотоспорт активностите во БМВ од 1999 година.

Баварската компанија влезе во Формула 1 како снабдувач со мотори на екипата Вилијамс, за во 2005 година да купи дел од акциите на швајцарскиот Заубер. На пресот било кажано дека во моментот не е позната бројката на отпуштања, бидејќи одлуката била донесена вчера.

- Ќе развиеме различни сценарија за да најдеме најдобри решенија за нашите вработени во Хинвил и Минхен. Свесни сме за одговорноста која треба да ја понесеме и ќе ги информираме луѓето штом имаме јасна позиција,- порача Драгер.

Од друга страна, најавено е дека БМВ ќе остане активно вклучен во останатите категории на мото спортот, како што се трките од светското првенство на туринг автомобили, трките на издржливост и серијата Формула БМВ наменета за младите возачи.

Шпекулациите поврзани со оваа шокантна вест одат во крајности, почнувајќи од тоа дека Роберт Кубица ќе го напушти тимот веднаш за да го замени Фелипе Маса во Ферари до крајот на сезоната, како и дека Тојота и Рено би можеле да го следат чекорот на БМВ.

iako ne sum za BMW sepak sum RAZOCARAN deka si odat

f1almanah.com
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 13:09
Шумахер шокантно се враќа во Ф1!

Михаел Шумахер ќе направи шокантно враќање во Формула 1 и ќе го замени повредениот возач на Ферари, Фелипе Маса. Седумкратниот шампион се повлече на крајот на 2006 година, но ќе се врати на 23 август во Валенсија. Ферари тврдат дека Шумахер прифатил да седне во болидот на Маса и за некој ден ќе треба да ја помине специјалната тренинг програма по која ќе добие дозвола да учествува на Европското Гран При на 23 август во Валенсија.

- Не можам да ја игнорирам настанатата ситуација, останувам  лојален кон тимот изјави Шумахер.

Здравствената состојба на бразилскиот Ф1 пилот е се подобра, но според лекарските тврдења тој нема да може да се натпреварува до крајот на сезоната.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 14:44
Едвам чекам да видам дали татица Шуми ќе им покаже на децава како се вози задоволство Баш ме интересира дали е во добра форма како некогаш.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 03:38
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

Едвам чекам да видам дали татица Шуми ќе им покаже на децава како се вози задоволство Баш ме интересира дали е во добра форма како некогаш.


E bas da vidime
samo ne znam kakov rezultat ke postigni oti e vo godini Miki

da vidime dali ke go motivira SMRZNATIOT ili mozi pak ke podzaspie zad volanot ili ne......


tato ke ti kazi kako se vozi

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 03:45
Батон: Шумахер е храбар возач



Актуелниот лидер во светскиот шампионат во Формула 1 Џенсон Батон го поздрави враќањето на Михаел Шумахер кој ќе го замени Фелипе Маса, но најави дека германецот нема шанси за победа.

40-годишниот Шумахер се пензионира од Формула 1 во 2006-та година и автоматски ја прифати понудата за советник во тимот на Ферари, но откако Фелипе Маса се здоби со тешката повреда на Хунгароринг се согласи да го замени бразилецот до крајот на сезоната.

И покрај тоа што Батон е среќен со враќањето на легендата на седумкратниот победник на Ф1-шампионатот, сепак верува дека неговиот статус нема да му помогне да го освои актуелното првенство.

„Има многу добри луѓе на стазата во моментов но да се има Михаел Шумахер како противник повторно ќе биде нешто специјално, и покрај тоа што малку е чудна ситуацијата поради причината која Михаел е тука.“ - изјави Батон.

„Но, морам да напоменам дека раководството на Ферари е многу среќно што токму во овој момент го имаше еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 во својот тим кој ќе скокне во болидот и ќе стане компетитивен возач - а Михаел тоа и ќе биде.“

„Па, тешка позиција е за него, но среќен сум што тој го прифати предизвикот. Тоа е многу храбро од негова страна.“ - заврши Батон.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 03:47
И Хамилтон му се радува на Шумахер



Враќањето на Михаел Шумахер во Ф1 беше прифатено на многу позитивен начин од сите страни, меѓу кој е и актуелниот светски првак, Луис Хамилтон.

Повредата на Фелипе Маса му отвори шанса за кам-бек на Михаел Шумахер во Формула 1. Германецот возач повторно ке седне во болидот на Ферари на Големата награда на Европа во Валенсија, а таму спремен ке го дочека Луис Хамилтон.

Актуелниот светски првак се заслади со победа на последната трка во Хунгароринг по што доби голема доза на самодоверба.
„Возбуден сум поради помислата дека ке се натпреварувам со Михаел Шумахер. Сепак, сеуште пред се мислам на Фелипе Маса и неговото семејство.“- изјави Хамилтон.

„Михел е еден од најдобрите учесници во овој спорт и вистинска легенда. Ке биде неверојатно да се натпреварувам против него, тоа е голема чест и привилегија.“- продолжи британскиот возач, додавајќи: „Цел свет ке го гледа неговото враќање. Треба да се види како ке се припреми“

Шумахер се опрости од Ферарито во 2006година, а Формула 1 ја освојуваше дури седум пати.

sportdenes.com
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 17:45
Ralf Schumacher, братот на 40 годишниот повратник во F1-Michael Schumacher тврди дека Шуми во Ферари ќе го засени СМРЗНАТИОТ Kimi Räikkönen уште со првата трка. Уште додава и дека:-"Михаел ќе експлодира на стазата...Кими е многу поспор од него. Беше поспор уште пред да се повлече Михаел во 2006-та, а во меѓувреме воопшто ништо и не се подобри".

За враќањето на Шумахер во Ф1  проговори и Bernie Ecclestone.
Тој смета дека враќањето на Шумахер е најдобрата вест на годината што се однесува до Ф1 посебно после сите оние лоши и не убави вести кои ги изнаслушавме оваа година.
-"Воодушевен сум од неговото враќање.Сигурен сум дека точно знае што прави затоа што сум сигурен дека ги има проценето сите околности максимално прецизно."

(Totalsport)


Јас само би додала- живи били па видели голема%20насмевка
 

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 18:03
ФИА го проверува Шумахер



Меѓународната федерација на автоспортови (ФИА) ќе истражува дали повратникот во Формула 1 Михаел Шумахер со своето тестирање во Мигел го прекршил строго пропишаното правило.

Имено, самиот седумкратен Ф1 шампион изјави дека болидот од 2007-та година го возел на гуми од ГП2 серијата, но ФИА целиот случај ќе го истражува бидејќи на екипите им е забрането тестирање на гумите кои се користат во актуелната сезона.

Уште една вест пристигна од ФИА. Врховното тело на авто-мото спортот и Здружението на тимови кои учествуваат во Формула 1 (ФОТА) го потпишаа Конкорд договорот и така го завршија повеќемесечниот спор во врска со правилата поради кои постоеше закана од поделба на елитниот автомобилски шампионат.

Потпишаната спогодба на сила треба да стапи од 31 декември 2012-та година, а се состои од правилата според кои екипите имаат право да учествуваат во Формула 1 и да имаат пристап до парите од телевизиските права во тој период.


sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 03:56
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.