IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За Иконите (само текст, без слики!)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За Иконите (само текст, без слики!)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 57>
Автор
Порака
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 21:08
Значи тоа што го пишува во Стариот Завет го пишува исто така и ние да принесуваме жртви, но откако Исус беше откупителна жртва, немаше потреба од жртвување на гулаби и јагниња и слично, да не ги гледаме толку многу тие книги Мојсееви, бидејќи таму има и многу обичаи и спомнато дека треба да има правосвештеници и слично!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 21:12
Добро, но не ни е кажано ништо со што ни се забрануваат иконите така? Патем, откриени се ранохристијански катакомби, кадешто на ѕидовите има фрески, а првата икона ја има нацртано Светиот апостол Лука.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 21:37
makarios, извезените херувими не биле икони. Никој не се молел пред нив, никој не се поклонувал пред нив, никој не си правел бизнис со нив итн. затоа не ти држи паралелата на денешните православни икони со старозавените извезени херувими во Израелскиот храм.
Тие херувими си имале своја симболика како и се друго во Израелскиот храм. Целиот тој храм бил слика на Новозаветното време. Тоа време се исполни, Божјото симболично присуство сега не е помеѓу извезаните херувими на непостоечкиот Ерусалимски храм, туку е во телото на секој христијанин, затоа што телата на христијаните се новите храмови на Светиот Дух.
 
Ако православните милуваат да превземаат работи од стариот завет, тогаш зошто не земат и да се обрезуваат, да принесуваат жртви за грев, за очистување, да го држат Шабатот итн.?
 
Originally posted by makarios makarios напиша:


Нели тој Езекија ги отстрани неговите високи места и неговите жртвеници и им заповеда на Јудејците и на Ерусалимците говорејќи: „Клањајте се пред еден жртвеник и кадете врз него!

 
Точно, во Стариот Завет, Ерусалимскиот храм, храмот на Јахве, го претставувал Бог и Божјото присуство меѓу останатите други идолски храмови и жртвеници кои ги претставувале измислените богови на паганите. Во горниот стих царот Езекија им заповедал на Јудејците и Ерусалимците да не се поклонуваат на паганските идоли и жртвеници, туку да идат на поклонение во храмот на вистинскиот и единствениот Бог и таму да ги вршат своите религиозни старозаветни служби (како што било кадењето).
 
Но во Новиот Завет е драстично поинаку. Кога самарјанката го прашала Исус каде и кон што треба да се поклонуваат вистинските верници, Исус не и рекол ниту пред оваа, ниту пред онаа икона, ниту пред овој, ниту пред оној храм, туку и рекол:
 
"Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина."
(Исус Христос во Ев. Јован 4:23-24)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 21:50
Ев, немам намера да правиме повторно копи - пејст на исцрпени дискусии.

Мене ми е доволно да ја следам Црквата, т.е. да ги почитувам нејзините одлуки. А таа на Вселенските собори убаво и недвосмислено кажува дека иконоборството е ерес.

А ти најмалце имаш право да зборуваш против иконите, затоа што сеуште имаш икона за аватар. трепкање
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 22:23
Следи си ја ти црквата, и адвентистите си ја следат црквата, и католиците си ја следат црквата, и мормоните си ја следат црквата, па сепак во различни насоки ве водат. Но вистинските христијани го следат Христос и Божјиот Збор, а не човечките зборови и гласањето и препуцувањето на ткн. васеленски сабори (на кои 4 пати иконите ги прогласиле за ерес, за потоа по пат на сила да бидат прогласени за "богоугодни"... една недвосмисленост хаха абе што да ти распраам голема%20насмевка).
 
Аватарите се слика, а не икони. Јас не се молам пред мојот аватар, ниту се клањам пред него, ниту му кадам, ниту го осветувам, ниту го изложувам на црковни тезги итн. Бог не е против сликите, ниту против уметноста, Бог е против иконите т.е. против оние слики кои се користат во религиозната употреба како медиуми во пристапот до Бог.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 22:39
иконите и иконостасите во нашите стари цркви се вистински уметнички дела, кои често пати ти го одземаат здивот и ја прават атмосферата внатре величенствена.
Духовните пораки можат да се перцепираат со различни сетила, слух - проповедта, вид - иконите, мирис - темјан-босилек, (вкус - кркање блага пченицаплазење) и зошто било кое од нив би било погрешно???


Изменето од kejt-d-grejt - 28.Мај.2009 во 22:39
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 22:57

Точно така, од уметнички или пак фолклорен аспект, иконите се вистинско богатство. Тие се вистински претставници на византиската уметност и затоа сметам дека нивното место е во музеј или пак во уметничките атељиња, но не и во храмовите каде што христијаните му служат на Бог. Христијаните се собираат за да го слават Бог и Тој е во центарот на нивната слава и истиот не смее да биде дефокусиран од некакви човечки ликови, а да не збориме пак за оние кои имаат слабост и да се поклонуваат пред тие ликови.

Еднаш еден Корнелиј кога го виде познатиот апостол Петар паднал пред неговите нозе да му се поклони, но Петар веднаш го укорил заради тоа...
 
" кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!"
(Дела 10:25-26)
 
Од оваа случка можеме да се поставиме сосема логично прашање: Ако Петар не дозволувал луѓето да му се поклонуваат Нему (кој во себе го имал и Светиот Дух), колку помалку треба да се поклонуваме пред некое мртво дрво на кое е насликан неговиот лик??
 
Духовните пораки можеби и можат да се перцепираат преку слики, темјани, босилоци итн. но христијанската порака се прима преку слух - проповедта, а не преку икони, темјна, босилок и блага пченица. Христос проповедал со зборови. Христос не им цртал на насобраните, ниту пак им мафтал со темјан, босилок голема%20насмевка
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 23:02
аха..... ами кога ја претворил водата во вино??????
и со рибите имаше нешто такво??????
ете ти перцепција вкус, јали така?

п.с. држ едно цмокче оти си многу уменбакнеж
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 23:09
бакнеж
 
marija_magdalena немој да си не бришела, ние само си разменуваме духовни пораки преку нашите сетила за вкус голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 02:54
Евангелос, се повторуваш, и навистина дебатите со тебе се веќе бесплодни и досадни.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 12:51
Мене не ми се досадни.!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 12:55
Прочитај од првата страна навака, ќе видиш цело време истото го кажува. 40 страници истото да читаш ќе ти стане досадно.

А башка што оправдува ерес.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 12:59
Такви сме си ние Протестантите, се држиме сите заедно до ставовите Библиски, а не како свештениците во Православна, прашај еден ќе ти каже вака, прашај друг ќе ти каже онака и тоа и е многу слаба страна...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 17:15
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Мене не ми се досадни.!
 
Не му обрнувај внимание на makarios, тој негодува на темава затоа што истата му ја боцка совеста заради идолопоклонството што го практикува па затоа гледа по секоја цена да ја задуши дискусијата тука.
Повели, доколку имаш некое прашање за или околу иконите прашај, а ако имаш и некој соодветен коментар, сподели го со нас.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 57>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.