|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика | страница <1 23456 16> |
Автор | ||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
3 АПРИЛ/16 АПРИЛ 1. Св. Никита Исповедник. Роден е во Витинија, во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет, лишувајќи се од својата сопруга, се замонашил, та Никита останал кај својата баба, татковата мајка. Бидејќи пораснал и ги завршил сите науки, отишол во Мидикискиот манастир, каде игуменот Ни-кифор го потстрижал за монах, а после седум години труд и подвиг патријархот Тарасиј го ракоположил за јеромонах. По смртта на Никифор и Никитовиот верен другар Атанасиј, братството го избрало Никита за игумен, наспроти неговата волја. Св. Никита им бил светол пример на живот и подвиг на своите браќа низ долга низа години. А кога се зацарил Лав В Ерменецот, после благочестивата Ирина и правовер-ните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес пак се разгорела. Царот го исфрлил патријархот Никифор и го ис-пратил во заробеништво, а на неговото место го издигнал не-кој си Теодот Каситер, човек со нечист живот. И Никита бил затворен и мачен, но не се поколебал во православието. Бил пренесуван од самица во самица, и мачен со глад и жед, мраз и пот и ругање. Но тој не се дал да биде поколебан. Особено му досадувал некој Никола со потсмев. Но, една ноќ, на Ни-кола му се јавил неговиот умрен татко на сон и прекорно му рекол: 'Отстапи од слугата Божји!" И од тој час Никола се покајал, та не само што не му досадувал на светителот, туку и другите ги одвраќал да не му досадуваат. Кога со лоша смрт загинал Лав Ерменецот, царството го презел правовер-ниот цар Михаил Валвос, кој ги ослободил сите православни страдалници. Никита се повлекол во едно осамено место близу до Цариград, каде во молитва и во благодарење на Бо-га за сe ги поминал своите последни денови на земниот жи-вот. Направил многу чуда со молитва за време на животот. А кога умрел, телото му го пренесле во неговиот манастир. И при тој пренос мнозина болни се допреле до неговото тело и биле исцелени. Моштите му биле положени до гробот на не- говиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој го-лем јерарх се упокоил во 824 година. 2. Св. Павле Неволник. Русин по раѓање. Во младоста бил заробен од Турците. Не сакајќи да ја издаде верата Хри-стова и да се потурчи, бил мачен и исечен во Цариград во 1683 година. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ
'Очекувам за себе илјадапати да умрам" - пишувал св. Атансиј Велики на својата паства во Египет за време на страшната аријанска ерес. Така може да рече за себе секој духовен човек, кој со духот прогледал и ја видел мрежата во која се наоѓа секоја човечка душа на овој свет. Колку е еден човек подуховен, толку таа мрежа е погуста. Таква е волјата Божја - најдуховните да се спасуваат по најтешкиот пат. И самиот Псламопевец, вели: 'многу маки за праведникот". Но на крајот на краиштата секоја победа и слава му припаѓа на праведникот, само треба да се наоружа со вера и трпение. Кој верува, тој и го разбира своето страдање. Кој ќе се заштити со трпение, тој ќе види победа и слава. На оној кој Го љуби Господа и најтесниот пат му е доволно широк, и најголемите маки - му се лесно иго, и најбезумната смрт - му е свадбена радост. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во адот, и тоа: 1. како Он слегол во адот со голема сила од која адот се потресол; 2. како пред Неговото лице бегаат лошите духови, дотогашните господари на адот; 3. како се радуваат неописливо на Неговото доаѓање душите на праведните праотци и пророци. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за големата Божја желба Бог сака сите луѓе да се спасат (И Тим. 2:4). Бог сака сите луѓе да се спасат, па затоа Господ Исус слезе во адот да ги спаси оние кои живееја на земјата пред Неговото доаѓање. Бидејќи, ако Он не слезеше во адот, огромен број на праведни души ќе пропаднеа засекогаш. И уште, ако Он не слезеше во адот, главниот дом на злобата против Бога и човечкиот род ќе останеше неразурнат. Тие две при-чини Го побудија Христа животодавецот со душата де се спушти во адот: прво, да го разурне гнездото на адските сили, и второ, да ги изведе од адот во Рајот душите на праотците, пророците, праведниците и праведничките, кои го исполнија стариот закон Божји и со тоа Му угодија на Бога. Пред да се зарадува сатаната, гледајќи Го Христа понижен и на крстот умртвен, Христос се појави жив и семоќен во средината на а-дот, главниот дом на сатаната. Каква неочекувана и ужасна новина за сатаната! Три години тој плетеше замки против Христа на земјата, а Христос за три дена, еве, го разурна неговото царство и го однесе пребогатиот плен во вид на роеви од праведнички души. Ти сакаш сите луѓе да се спасат, о Господи! Спаси нe и нас, Ти се молиме, бидејќи нема спасение ниту Спасител вон од Тебе. Во Тебе единствено се надеваме и на Тебе Единстве-ниот Ти се поклонуваме, на Тебе и Отецот и Светиот Дух, се-га и вечно. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
4 АПРИЛ/17 АПРИЛ 1. Преп. Јосиф Химнограф. Роден е во Сицилија, од благочестиви и добородетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите, преминал во Солун каде што се замонашил. Како монах им бил пример на сите во постот, крајната воздржливост, непрестајното молење, псалмопеењето, бдеењето и трудот. Солунскиот епископ го ракоположил за јеромонах. Познатиот свет отец Георгиј Декаполит, посетувајќи го Солун, го возљубил Јосифа со душата и срцето поради неговиот редок карактер, та го зел со себе во својот манастир во Цариград. Кога пак избувнал пламенот на иконоборната ерес под Лав Ерменецот, Јосиф бил упатен во Рим да го повика папата и римската црква во борба за вистинската вера. Но на патот го фатиле пирати и го довеле на Крит, каде еретиците го држеле шест години во самица. Јосиф се радувал што се удостоил да страда за Христа и непрестајно за тоа Му благодарел на Бога сметајќи ги железните вериги на себе како украси од злато. Шестата година, на Божик, наутро, лошиот цар Лав бил убиен на утрената в црква. Во истиот тој час св. Никола му се јавил на Јосифа восамицата и му рекол: 'Стани и следи ме!" Јосиф се почувствувал како кренат во воздухот и наеднаш се нашол пред Цариград. На неговото доаѓање му се израдувале сите правоверни. Им испеал канони и стихири на многумина светители. Имал дар на видовитост, поради што патријархот Фотиј го поставил за духовник и исповедник на свештенството препорачувајќи го како: 'човек Божји, ангел во тело, отец на отците". Во длабоката страрост му го предал духот свој на Господа, на Кого верно Му служел и со дело и со песна. Завршил мирно во пресрет на Велики Четврток во 883 година. 2. Св. мч. Фервута, нејзината сестра вдовица и нивната робинка. Во времето на персискиот цар Савориј бил погубен епископот св. Симеон. Фервута, сестрата на епископот, била земена во дворот по желба на царицата. Но Фервута имала необична убавина, па навалиле мнозина да ја бараат за жена, меѓу кои и вражачите и бајачите незнабожечки. Фервута сите ги одбила и со тоа предизвикала голем гнев против себе. Па бидејќи во тоа време царицата се разболела, сите вражачи му велеле на царот дека царицата е отруена од Фервута, а како лек за болната царица препорачувале: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка, како христијанки, да се пресечат со пила, три половини на телата да се стават на една страна а три на другата, а царицата да се пренесе помеѓунив. Царот се согласил со тој крвожеден бајачки предлог. Фервута со својата сестра и робинката пострадале така за Христа во 343 година, заслужувајќи со тоа невенлив венец во бесмртното царство на својот Господ. 3. Преп. Зосим. Монах на Јорданската обител во времето на царот Теодосиј Помладиот. Тој ја пронашол, ја причестил и ја погребал св. Марија Египетска. Во својата стота година се упокоил во Господа во ВИ век. 4. Преп. мч. Никита. Словен од Албанија. Како светогорски монах отишол во Серез каде што се препирал со муслиманите за верата. Не можејќи да го побијат со аргументи, Турците го ставиле на маки, во кои светиот Никита завршил и Му ја предал својата душа на Бога во 1808 година. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ
Кој Го прославува Бога, и Бог него го прославува. Тоа јасно и обилно се покажало во животот на светителите. Св. Јосиф Песнописецот навистина Го порославил Бога и со дело, и со страдање и со песна. А Бог него го прославил и во животот и по смртта. Во животот му се јавил св. отец Николај во занданите и го ослободил. А кога св. Јосиф размислувал дали да испее канон на св. апостол Вартоломеј, овој апостол му се јавил, облечен во бели одежди и му рекол на Јосифа дека е угодно на Бога тој да го испее тој канон. Кога Јосиф се упокоил, еден граѓанин од Цариград дознал за славата со која го прославил Бог својот угодник. Тој човек бил дојден во црквата на св. Теодор Фанерот да му се моли на овој светител да му јави каде се скрил еден пребегнат негов слуга, бидејќи св. Теодор бил познат кај народот како светител кој јавува, каде се наоѓа нешто изгубено или украдено, заради што и бил наречен Фанерот (Отскривач). Три дена и три ноќи се молеше човекот, па кога не добил никаков одговор од светителот, сакал да си оди. Во тој час му се јавил св. Теодор во визија и му рекол: 'Зошто се лутиш, човеку? Јосиф Песнописецот се разделуваше со душата од телото, та бевме кај него; па кога се упокои оваа ноќ, сите ние, кои нe славеше тој во песните, ја спроведовме неговата душа на небесата и пред лицето Божјо ја поставивме. Затоа задоцнив да ти се јавамтебе". СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за воскресението на Господа Исуса, и тоа: 1. како Неговата душа се враќа од адот повторно во телото; 2. како Он со Својата Божествена сила, со која воскреснувал други мртовци, го воскреснува и Своето сопствено тело. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за црквата - тело Господово Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам (Јн. 2:19). Така им велеше Господ на злобните Евреи за цркватаСвоето тело. НО како што на злобните не им е дадено ништо да разбираат, така ни Евреите не разбраа и му се потсмеваа. Господ не ги укори за тоа, но тоа што го кажа, тоа и се случи. Евреите го разурнаа Неговото тело, а Он го воспостави и воздигна во слава и во сила. Злобните Го казнија Бога со разурнување, а Бог ги укори злобните со соѕидување. На злобните им е задоволство да ја покажат својата сила со убивање, а на Бога Му е радост да ја покаже Својата сила со очистување. Ништо пократко нема од триумфот на злобата, ниту пак нешто е потрајно од триумфот на Вистината. Урнете го овој храм. Господ Своето тело го нарекува храм. Тој храм, разурнат, бил стеснет со еден мрачен гроб, и со тежок камен $ е спречен пристапот на светлината. Но тој храм не ни имал потреба од светлина од Сонцето; Храмот имал Своја светлина, Свое Сонце на Правдата што одвнатре светело. Нежната небесна рака го тргнала каменот од гробот, а Господ станал во слава и во сила. Тоа што еднаш се случило со пречистото тело Христово, се случувало подоцна повеќепати со Црквата на светиите на земјата. Противниците бездушно ја гонеле и ја мачеле Црквата, ја разурнувале и во темница ја сохранувале. Како што Црквата на Неговото тело воскреснала, така на крајот на краиштата во полнота и совршенство ќе воскресне и Црквата на Неговите светии. О воскреснат Господи, не предавај нe на гнилеж во вечна смрт, но воскресни нe во бесмртен живот. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
5 АПРИЛ/18 АПРИЛ 1. Св. мчци Агатопод и Теодул. Првиот бил ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот украсен со старечка побеленост, а вториот со момчешка целомудреност. Во времето на Диоклецијановата потера на христијаните, овие двајца биле повикани на суд. Со радост тие се одѕвале, и држејќи се еден со друг за рака, оделе викајќи: 'Ние сме христијани!" Сите совети на судијата да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останале залудни. После подолгото самување и гладување, биле осудени на смрт и тоа со потопување во морето. Тогаш им ги врзале рацете наопаку и им обесиле по еден тежок камен за вратот и ги повеле да ги потопат. Кога сакале прво да го турнат Агатопод во длабочината, тој извикал: 'Еве, со второто крштение се измиваме од сите наши гревови и заминуваме чисти при Христа Исуса!" Нивните потопени тела морето наскоро ги исфрлило на брегот и христијаните чесно ги погребале. Св. Теодул им се јавил на своите познаници како ангел светол, во бела облека, и им наредил сиот негов заостанат имот да им го разделат на сиромасите. Овие прекрасни Христови војници чесно пострадале во времето на царот Диоклецијан и солунскиот кнез Фаустин, во 303 година. 2. Преп. Марко Трачески. Се нарекува уште и Атински оти Атина му било родното место. Кога го завршил високото образование во Атина, му умреле родителите. Тој помислил во себе дека смртта и за него е неизбежна, и дека треба да се подготвува благовремено за чесното излегување од овој свет. Раздавајќи го целиот имот на сираци, тој седнал на една штица во морето со тврда вера во Божјата помош и со молитва Бог да го одведе некаде според Неговата волја. И Бог Промислителот го сочувал и довел во Ливија (или Етиопија), во планината викана Траческа. На таа планина св. Марко се подвизувал 95 години, не видувајќи ни човек ни ѕвер. Полни 30 години водел страшна борба со лошите духови и се мачел: и со глад, и со жед, и со мраз и со жега. Јадел земја и пиел морска вода. После 30 години најжестоко страдање, победените демони избегале од него, а ангел Божји почнал секој ден да му донесува храна во вид на леб, риба и овошје. Пред самата смрт, го посетил св. Серапион, кој после и го објавил чудното житие на Марко Подвижник. Го запрашал Марко Серапиона дали сега во светот има христијани, кои кога би $ рекле на оваа гора: 'Крени се оттука и фрли се в море - така и да биде?" Во тој час се покренала планината, на која што биле, слично на морето. А Марко замавнал со раката и ја застанал. Таква чудотворна сила имал овој Божји човек. Пред смртта, се помолил за спасението на луѓето и Му ја предал својата душа на Бога. Св. Серапион видел ангели како ја зеле душата Маркова и испружена рака од небото, што ја прифатила. Поживеал св. Марко 130 години и се упокоил околу 400 година. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ
'¤ивеј така како да не постоиш на овој свет и ќе имаш мир". Така му говорел св. Антониј на својот ученик. Чудна, но вистинита поука. Најмногу беда и немир навлекуваме на себе со тоа што сакаме што повеќе да се осетиме и препознаеме во овој живот. Колку повеќе еденчовек се повлекува од светот, колку почесто духовно го набљудува овој свет како да постои без него и колку посилно се задлабочува во мислата за својата непотребност на овој свет, толку повеќе ќе стои поблиску до Бога и ќе има подлабок душевен мир. Секој ден умирам, се колне св. апостол Павле (И Кор. 15:31), т.е. секој ден се чувствувам како да ме нема на овој свет. Но затоа тој со духот се чувствувал секој ден како небесни граѓанин. Кога мачителотФаустин го запрашал св. Теодула: 'Зарем не е подабар животот од лутата смрт?" Теодул одговорил: 'Навистина, и јас така знам дека е подобар животот од смртта заради што и решив да го презрам ова смртно и кратковремено живуркање на земјата за да бидам учесник на бесмртниот живот". СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам завоскресението на Господа Исуса, и тоа: 1. како земјата се затресла при Неговото враќање во телото како и при Неговото разделување од телото; 2. како ангелите се спуштиле во гробот да Му послужат Нему, како што Му служеле секогаш кога Он тоа го одобрувал. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за исполнувањто на пророштвото Оти Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање (Пс. 15:10). Тоа се зборови на надахнат тајновидец, светли зборови пророчки. Тоа Давид го зборува за Христа Господа, за Неговата душа и за Неговото тело, т.е. за она што е човечко во Него. Дека овие Давидови зборови се однесуваат на воскреснатиот Христос, тоа го посведочил и апостол Петар во својот прв говор веднаш по слегувањето на Светиот Дух (Д.ап. 2:27), бидејќи вели: ' Давид умре, ибеше закопан и неговиот гроб е меѓу нас до овој ден". Не може овие зборови да се однесуваат на Давида, иако тој тоа го кажува за себе, туку за некој наследник Давидов по тело. Давидовото тело иструлило, иструлеле и телата на неговите наследници. Христос е негов наследник по тело, Кој ниту остана во адот, ниту пак Неговото тело виде гнилеж. Предвидувајќи, зборува (Давид) за воскресението Христово. Навистина сјајно пророштво! Навистина чудна видовитост! Како овие зборови морало да звучат неразбирливо и се неразумни за толкувачите на псалмите, пред воскресението на Господа! Кога печатот се симнува од гробната плоча, тогаш се симнува печатот и од многу сосема темни и нејасни пророштва. Христос воскресна, а тајните постанаа јаве.Гробната плоча се дигна не само за Неговото свето тело туку и за многубројните пророчки зборови и визии. Христос воскресна и пророчките зборови воскреснаа. Со слегувањето во адот, Господ ги изведе душите на праведните отци и пророци во небесната светлина, а со Своето воскресение ги изнесе зборовите и нивните визии во светлината на разумот и вистината. Христос воскресна и сe што е добро, праведно и вистинско, пред и по воскресното утро, воскресна. О воскреснат Господи, вброј нe и нас во воскреснатите граѓани на Твоето бесмртно царство! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
orthodox
Сениор Регистриран: 06.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Гледам дека нема никаква реакција на другите теми! Затоа, во меѓувреме, се надевам Сард нема да ми замери, би сакал да објавам дел од Прологот за денес, без житијата за да не би некој коментирал. Ете, денес се совпадна пишуваното во Прологот со темата за размислувањето за Христос, како и православното гледање на бракот! Поздрав! RASUDUVAWE
Samo gordeliviot ~ovek e podgotven sekoga{ da go sporeduva Hrista so drugite golemi lu|e. Iako na prv pogled e jasno deka golemite lu|e se edno a Gospod Hristos drugo, kako {to e edno tvorenieto a drugo Tvorecot. Hristos ne e samo velik, tuku On e i Tvorec, i Izvor i Vdahnuva~ na sekoja vistinska veli~ina vo ~ove~kata istorija. Napoleon, eden od minlivite velikani, vo progonstvo i vo beda na ostrovot Sveta Elena, gi izrekol ovie zborovi: 'Alek-sandar, Cezar, Hanibal, Luj XIV, so seta svoja genijalnost se ni{to`ni. Tie go osvoile svetot, no ne mo`ele da se zdobijat so nieden prijatel. A gledaj, Hristos povikuva i celi pokolenija se povrzuvaat so tesna vrska {to e posilna ot-kolku {to e krvnata vrska... Hristos go zapaluva ognot na qubovta, koj go progoltuva sekoj egoizam i ja nadminuva kakva sakate qubov". SOZERCANIE
Da razmisluvam za blagodatta na Boga, Svetiot Duh vo tajnata brak, i toa: 1. kako taa blagodat pri ven~avaweto ja osvetuva zakonskata telesna vrska na dve ~ove~ki bitija zaradi ra|awe na deca; 2. kako taa ja soedinuva, ja osvetluva i ja zajaknuva vrskata preku qubov na dve du{i, ma`ot i `enata. BESEDA za silata na tajnata brak Zatoa }e go ostavi ~ovekot tatkoto svoj i majkata svoja i }e se prilepi kon `enata svoja, i obata }e bidat edno telo (I Moj. 2:24). Bo`ja volja e da se razmno`uva ~ove~kiot rod; Bo`ja umetnost e na~inot kako se razmno`uva ~ove~kiot rod; Bo`ja tajna e kako ~ovekot go ostava svojot tatko i majkata i se prilepuva kon svojata `ena. Da se ostavat roditelite ne zna~i da se napu{tat, tuku i samiot da postane{ roditel. Koga decata }e postanat roditeli, tie ne se ve}e samo deca tuku i drugari na svoite roditeli. Koga o`enetite sinovi }e ja poznaat tajnata i makata na ra|aweto, tie toga{ u{te pove}e gi po~ituvaat svoite roditeli. Nikoga{ bra~nata vrska ne go osloboduva ~ovekot od po~ituvawe i poslu{nost kon negovite roditeli. Prvobitnata Bo`ja zapoved za po~ituvawe na roditelite mora da se ispolni. No, spored prirodniot tek na rabotite, ~ovekot gi ostava svoite roditeli i samiot postanuvaj}i roditel postanuva osnova~ na nova i-dnina, dodeka negovite roditeli, zavr{uvaj}i ja svojata uloga vo svetot, zaminuvaat. Sepak, vo seto toa ne e ostavaweto na roditelite. Spored nekoja neobjasniva tajna, ~ovekot se prilepuva kon `enata i se odlepuva od roditelite. Sv. Teodorit pi{uva: 'Samiot Hristos, ostavaj}i go vi{niot Otec, se soedinil so Crkvata". Bra}a moi, brakot e golema i ~udna tajna, edna od golemite tajni na Bo`jiot domostroj. ^istiot i ~esen brak e prepoln so vozvi{enost. ^istiot i ~esen brak, vo strav Bo`ji, e sad na blagodatta na Svetiot Duh. Koj go prezira brakot, toj go prezira Bo`jiot Duh. Koj so ne~istotija go valka brakot, toj Mu huli na Bo`jiot Duh. A koj se vozdr`uva od brakot zaradi carstvoto Bo`jo, toj mora na drug na~in sebesi da se napravi sad na Svetiot Duh i vo duhovnata oblast sebesi da se napravi plodotvoren, za da ne bide ise~en kako besplodnata smokva. O Bo`e, Duhu Sveti Semo}en, pomogni im na onie koi se vo brak, vo ~istota, vo strav i vo vzaemna qubov da bidat crkva Bo`ja, vo koja Ti radosno prestojuva{ i s# na dobro upravuva{. Na Tebe slava i ve~na pofalba. Amin. Ви посакувам добра ноќ, и препорачувам сите да учествувавате (а не присуствувате) на Богослужбите по повод Духовденските служби, роденденот на Црквата, па кој не присуствувал на Великопосните служби, да види сега дека коленичењето не е туѓо и за православните, да не мислат мухамеданците дека само тие прават седџе! |
||||||||||||||||||||||
Се за Христос, Христос ни за што!
|
||||||||||||||||||||||
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Прекрасна тема sard.......мислам дека е време повторно да се обнови
|
||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||||||||||||||||||||||
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
ако немаш ништо против убаво е да се постира оваа тема во ОРИГИНАЛНА ВЕРЗИЈА .......Охридскиот Пролог го напишал Св. Владика Николај Благодарно би било од наша страна оваа тема да му ја посветиме на светиот Владика |
||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||||||||||||||||||||||
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||||||||||||||||||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Важи orto да ја обновиме, ако некои денови едниот од нас не е во можност другиот или некој трет нека продолжи.
|
||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 23456 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |