IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што се тоа комуњари?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се тоа комуњари?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 15:44
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Багимен,

Незнам што е потрагично, дали кога 22-23 годишњаци го воспеваат онај систем или кога истиот го деградираат?!


Денес младите луѓе располагаат со сите потребни податоци за да оценат дали тој систем бил успешен или неуспешен, праведен или неправеден, тоталитаристички или не. И секако, сосема се во право младите генерации што не гледаат благонаклоно на тој систем. Но, не се единствени, голем дел и од постарите го имаат истото гледиште. Особено оние кои живееле во педесеттите и шеесетите години на минатиот век.

Во однос на терминот кој се употребува, тоа е погрден термин за протагонистите на минатиот систем и идеите кои произлегуваат од истиот.

П.С. Zabegan исто така даде добар осврт на погрешната политичко-партиска употреба на тој термин кај нас, што за жал е мошне често присутна.



Македон,

Прашањето беше реторичко.

И понатаму сметам дека некој кој не го живеел тој систем неможе да има јасна претстава за истиот, ма колку инофрмации да му стојат на располагање.

Тоа важи и за двете групации, оние кои го критикуваат и оние кои го воспеваат.

Преку информациите неможе некој да допре до етузијазмот, идеалот и се она што луѓето од права рака го доживувале. Информациите можат да бидат исти, но толкувањето на истите различни, кое пред се зависи од политичкото убедување на толкувачот и целта која сака да ја постигне. Со други зборови, субјективно.

Кога згора ќе се додаде политичката коњуктура, тогаш сосема е јасно дека се создадени условите кои овозможуваат анатемисување на се што ќе се испречи на патот на демократскиот, односно капиталситчкиот начин на живеење и создавање. Тоа не се случува само во Македонија

Таква е приородата на нештата кога две нешта, партии, тимови, па ако сакаш и два систем или концепти за развој на оптштеството ќе влезат во натпрева. Секој сака да победи. Средствата не се бираат, важна е целта, важна е победата.

По прашање на поимот комуњара се сложивме и мислам дека истото може да биде затворено. Поимот има идолошка позадина и се упатуваа на оние кои се протагонисти на предходниот систем, а последователно на тоа и на нивните наследници.

Се извинувам ако се најде погоден, што ја споменав таа возрасна група. Кога го пишував тоа, го пишував генерално не алудирајќи на ниту еден челн на форумов.

Мислам дека веќе еднаш ти реков дека ти, на твоите кревки години, располагаш со информации, со кои некои луѓе нема да се стекнат дури и во текот на целиот нивен живот. Значи материјалот е тука, но за да се искористи материјалот правилно потребно е време и искуство.

Колку како индивидуи можеме да бидеме објективни и без политичко влијание ги обработиме располживите информации е прашање за кое сеуште се бара идржан одговор. Ради тој пуст субјективизам, честопати и искуството не е доволно.


Platenik, во право си кога говориш дека не може да се доловат чувствата, ентузијазмот, идеалот, верувањето, независно колку со информации и да се располага, затоа што тоа се субјективни чувства и се тешко доловливи за светот, се додека оној кој чувствува јасно не ги претстави, иако ниту тогаш тоа не може да се доживее и почувствува.
Но, настаните, дејствијата и последиците од сето тоа можат лесно да се дознаат. Ние навистина не може да дознаеме точно како се чувствувале оние кои се бореле за воспоставување на тој систем, ниту оние кои се бореле против тоа, но може да дознаеме кои методи ги применувале едните и другите и како тие методи влијаеле врз животот на луѓето.

Не грижи се, воопшто не се најдов погоден од она што го напиша и знам дека истото се однесуваше на генералната клима и начин на размислување во Македонија и светот.

Морам да признаам дека сум почестен од она што го кажува за мене еден од оние чии пишувања со особен интерес ги следам и читам, особено кога станува збор за политиката и случувањата во светот.

Целосно се согласувам дека времето е значаен фактор кога говориме за објективно проучување на нештата. Токму затоа и сметам дека луѓе кои не живееле во определени системи можат да дадат значаен допринос,затоа што истите не се обременети од идеолошките и политичките размислувања на сопственото време и можат да пристапат кон истражувањата кои се потребни во однос на вакви теми.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 17:27
Многу интересни размислувања,поготово од одредени мислители, демек, сега го пресековте времето и од вас се почнува,.. до вчера сите беа комуњари и секој гледаше да се офајди од тој систем(како и што се офајдија многумина),а сега истите тие или нивните поколенија се со реторика ,дека имало КОМУЊАРи,а другиве биле ИСПРАВНИ,као КАПИТАЛИСТИ.

Не оди тоа така,а ако е така ,па каде беа вашите родители или си ПАЈКЕВТЕ убаво,а тие што се бореа и по разни основи беа десеткувани уништувани за Македонија,тие нека одат во ветер и магла.

Да се разбереме малку оставете ги ЖИГОСУВАЊАТА КОМУЊАРСКИ во ИМЕ на некакво монструозно пропагандно оцрнување, ајде поставете си прашање,

КАДЕ СЕ СЕГА и КОИ СЕ СЕГА КОМУЊАРИ,

Веднаш ќе го дадам моето МИСЛЕЊЕ, поголем КОМУЊАР од ГРУЈО и БРАТУЧЕД му САШО Мијалков нема,
Поголеми комуњари од Миле Јанакиески,Зоран Ставревски,Министерката на Полиција нема и немало,

СИТЕ овие и доста ЗАГАЗНИЦИ во ВЛАСТА се ДИРЕКТНИ НАСЛЕДНИЦИ НА УДБАШКО-КОМУНИСТИЧКИТЕ ПОКОЛЕНИЈА,кои ПО РАЗНИ основи беа во тие структури,ја исфилтрираа ДПМНЕ-ОВЧАРСКАТА партија и сега маме расплакуваат на овој прост народ и затоа се шират такви пропаганди,вие карајте се ,а ние ќе си го тераме кефот.

Има уште многу и тоа за СЕГАШНИТЕ КОМУЊАРИ,а за тие кои живееа во еден друг систем,е тие  се одамна пензионери, иедно време ги влечеа КОНЦИТЕ,а СЕГА како што РЕКОВ НИВНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА СЕ НА ВЛАСТ.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,078 секунди.