|
Биологија |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сеуште си стојам на истово мислење...но ајде за Дарче еден пост Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар. Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Тие живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење). Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои од амино киселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење. Според формата на клетката, бактериите се делат на: Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример: Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза (фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза (хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми, при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример хеликобактер). Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира. Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на конјугација. Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во воздух, како и на сите предмети. |
|||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кога пишува белковини со тоа обично се потенцира вкупната вредност на протеини во производот, а кога потенцираат аминокиселини, тогаш тоа значи дека содржи некои есенцијални аминокиселини кои човекот мора да ги внесе преку исхраната затоа што организмот не може да ги синтетизира... човекот внесува протеини преку исхраната, а тие во организмот се разложуваат до аминокиселини - како најпрости соединенија од кои меѓу другото се создаваат нови протеини или други биомолекули. Есенцијални аминокиселини Изолеуцин Леуцин Лизин Метионин Фенилаланин Треонин Триптофан Валин Неесенцијални аминокиселини Аланин Аспарагин Цистеин* Глутаминска киселина Глутамин* Глицин* Пролин* Серин* Тирозин* Аргинин* Хистидин* *овие се есенцијални само во одредени случаи Инаку, есенцијалните аминокиселини се важни пред се затоа што некои од нив претставуваат прек*рсори за добивање на одредени соединенија, т.е се метаболички меѓупроизводи со чија помош се добива крајниот производ без кој организмот не би можел да функционира, на пример невротрансмитери (гама-аминобутерна киселина), порфирин (хемот во хемоглобинот), нуклеотиди... Изменето од Evenstar - 16.Ноември.2009 во 18:12 |
|||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Баш сега пред да седнам на форум го учев ова за есенцијалните и неесенцијалните аминокиселини и метаболизамот на протеините. |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Благодарам за учеството на темата. Ќе направиме од тебе биолог ВАЖНА, биологијата не е толку тешка наука. Само пред тоа треба од мене астроном да се направи. |
|||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Хехе да
Астрономијата е многу интересна наука па и биологијата исто но сега зависи за кого како...тебе ти е интересна мене не баш...но сепак ќе учествувам во темава можеби ќе ми стане интересноЧленовите имаат постирано многу интересни податоци па... |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Посебно интересно е тоа за месојадните растенија, мора да си најдам едно такво. |
|||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти. Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата. Животинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органели: клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, рибозоми, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуоли, сферозоми и пластиди. Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител), а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи, обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат толкувани и како посебни творби). Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други, слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски системи:
|
|||
VTZ
Нов член Регистриран: 20.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мора да има некоја грешка во горе наведените есенцијални амино киселини. Постојат 22 аминокиселини од кој само 7 се есенцијални, а другите не. Есенцијални аминокиселини се: лизин, леуцин, аргинин, фенилаланин, триптофан, хиланин, метионин. |
|||
VTZ
Нов член Регистриран: 20.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу важно е да се знае хранливиот назив на животните. Бидејќи се исхрануваат хетеротрофно, со друго име ѓи нарекуваме, а и се нарекуваме консументи |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Форумџии ај некој ако знае добра страница посветена на Човечката Анатомија да пушти линкче тука?
Не мора да е во детали,само основни работи ми требаат. Пример некој орган,градба,функција и слично. На Вики има ама Македонската Вики е многу сиромашна во однос на ова,некоја друга страна специјализирана ако постои. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе јас фикс ти препорачувам да си ја најдеш на нет(ако разбираш англиски)и да си ја симнеш gray's anatomy-од хенри греј(по оваа книга е именувана серијата)напишана е во 18ти век а сеуште ја користат студентите по медицина во западните земји,најубавите илустрации од анатомијата што сум ги видел,еве дел од нив:
Е сега за темава-ептен сакав биологија(посебно во основно-во најдобрите бев)нај интересен дел ми е човечката анатомија-дури и за медицински факултет размислував.Ама после се запишав во гимназија и по биологија ми предаваше(и уште ми предава)една стока што неможам ни човек да ја наречам и од неа ја замразив биологијата. Сеуште потчитнувам по нешто ама не е тоа што беше-иначе сега едвај 2ка имам биологија... Изменето од Zajcef - 29.Декември.2009 во 22:31 |
|||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу комплицирано ова е Зајцеф,мене ми требаше поедноставно но во меѓувреме се снајдов,сепак фала што пиша на темава.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo ovaa tema slobodno mozhe da se zboruva i za fiziologija i anatomoja oti neli biologija e nauka za zhivite organizmi a nie sme zhivi.. i to
|
|||
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нервните клетки, т.е. невроните се основните единици во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се карактеризираат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие карактеристики се во согласност со нивната специфична функција.
Најголем дел од човечките неврони се создаваат одприлика во првити три месеци од интраматеричниот живот.По раѓањето,невроните не се делат и ако некој нерв е изгубен од некоја причина тој не се заменува со друг,што е главна причина за релативно ограниченот закрепнување од сериозни мозочни и 'рбетни повреди. Секој неврон се состои од: * Тело на нервната клетка или neurocit * Дендрити * Нервни влакна или аксони (neurit-и) * Шванова клетка,која лачи миелинска обвивка * Везикули * Неврофибрили * Нислови телца * Пигментни гранули. Човековиот мозок содржи 10 на 11-та неврони и 10 пати повеќе глија клетки. |
|||
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|||
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |