![]() |
|
Домовите на познатите личности |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 9> |
Автор | ||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Ако дојде крај на светот, манекенката Наоми Кемпбел нема за што да се грижи. Таа изгради еколошка куќа на островот Садир или познат како островот на Клеопатра во Турција, во облик на окото на египетскиот бог Хорус. Куќата има 25 соби, неколку сали за забави, постојан проток на светлина и преубаво природно окружување. Градбата сама си ја осигурува струјата и водата, така што Наоми нема за што да се грижи ако дојде до еколошка или нуклеарна катастрофа. Собите се прилично осветлени особено заради стаклото со кое е прекриена куќата. Стакленикот во текот на зимата ќе обезбедува доволно топлина, а во летните денови ќе биде приклучуван на вентилационен систем. Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 16:02 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Рис Витерспун ги отвори вратите од својот дом за списанието ELLE Decor. Куќата на актерката е ранч во американската држава Охајо, а кога го купила пред пет години не ни претпоставувала дека ова ќе биде местото каде ќе поминува најголем дел од времето со своето семејство. Изградена е 1923 година, куќата има специфичен шмек, а поголемиот дел од мебелот е уникатен. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Станот на Френк Синатра со поглед на „Ист ривер“![]() Славниот пејач и актер Френк Синатра во периодот меѓу 1961 и 1972 година со неговата тогашна сопруга, актерката Миа Фароу, живееле во Њујорк во двоспратен пентхаус од 278 квадратни метри. Потоа, Синатра го продаде станот на својот стоматолог, кој во него живеел до 2008 година, и благодарение токму на него, просторот не е променет сите овие години, па затоа сега можеме да видиме фотографии од оригиналниот ентериер. Станот се состои од четири спални соби и шест купатила, а висината на таванот достигнува 5,5 метри. Има две огромни тераси со поглед на „Ист ривер“. Меѓу личностите што биле гости на познатите забави и вечерите што Синатра ги приредувал во овој пентхаус се Џон Кенеди, Мерилин Монро и Енди Ворхол. Декор на ентериерот неодамна беше реновиран и сега можеме да видиме модернизирани скалила, мермерен камин и современ мебел. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Дали сте знаеле дека таткото на славниот дизајнер на чевли бил Чех, а мајка му Шпањолка? Дали сте знаеле дека студирал на универзитетите во Женева и Париз, а додека живеел во Лондон пишувал модни текстови за Вог Италија? Маноло Бланик е човек со широка култура и таленти. Неговата иднина била јасна во моментот кога тој го покажал своето портфолио на тогашната уредничка на Вог, Дајана Вриланд. Таа му рекла дека тој во животот може да се занимава исклучиво со чевларство. Господин Бланик, не само што е експерт за чевли, има и одличен вкус за уредување на ентериери. Пример е неговата вила до Бат, Англија. Направена е во џорџијански стил, во знак на буржоаска елеганција. Еве како изгледа домот на Маноло Бланик: |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Алиша Кис е млада ѕвезда која потекнува од сиромашна средина во Њујорк, но со текот на времето успеа да си дозволи вакво совршенство. Таа е уште еден доказ дека соништата се остваруваат! Денес, таа ужива во својата слава и луксузот кој успехот и го носи. Затоа нејзината куќа од соништата вреди 18 милиони долари, сместена е на 25 илјади метри квадратни и важи за една од најубавите во Њу Џерси. Поседува околу 30 простории, девет бањи, седум спални соби, затворен базен, билјард сала, куглана, студио за снимање, тениски терен, спа центар... А покрај тоа и посебен апартман со големина на еден просечен стан, само за гости. Интересно е дека оваа куќа порано беше во рацете на Еди Марги, но од неодамна Алиша е новиот сопственик кој ја преуреди оваа вила во раскошен стил. Низ неколку фотографии прошетајте низ нејзиното најголемо богатство... |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Мараја Кери и Ник Канон ја продаваат својата куќа во луксузната населба Бел Ер, Лос Анџелес. За да ужива во огромната куќа на славниот пар, идниот сопственик ќе треба да се раздели со речиси 13 милиони долари. Куќата вклучува 9 бањи, 7 спални соби, кино сала, просторија за вежбање, а е опкружена од прекрасна градина со базен. Кери и Канон го купија имотот во 2009 година по двојно пониска цена. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Поранешниот стан на Лени Карвиц во Сохо се продава за 17,95 милиони долари![]() Кога станува збор за стан на славна личност, богатството не е изненадување. Сепак, овој неверојантно луксузен пентхаус во Сохо, Њујорк, се протега на 575 квадратни метри (±200 квадратни метри од внатрешни тераси) и на три нивоа, и со тоа е загарантирано да остави белег. Впечатливиот триплекс е познат како екс-дом на Лени Кравиц, кој го купил станот за 7.128 милиони долари во 2000 година и продал за 12.75 милиони долари во 2010 година (се шпекулирало дека Алиша Кис е купувачот). Во секоја одлика на станот е нагласен гламурот: „Влезот е со посебен лифт за секој кат, овој прекрасен стан исполнет со сончева светлина има 5 спални, 4 бањи, огромна и пространа кујна за вистински гурмани, посебна трпезарија, солариум, дневна соба со камин, библиотека и една од најубавите тераси во Сохо“. Друг интересен дизајниран елемент се стаклените скали што водат до посебни приватни соби на сопственикот комплетирани со спа бања. Можете да го најдете овој оригинално дизајниран пентхаус во Њујорк за 17,95 милиони долари. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Луксузната куќа на Брус Вилис во Беверли Хилс![]() Се продава хациендата во шпански стил на актерот Брус Вилис во вредност од 22 милиони долари. Таа ги има сите погодности на класична холивудска хациенда , вклучувајќи 11 спални, 11 бањи, тениско игралиште, внатрешен двор, формална библиотека, неколку камини, и простран двор со базен. Погледнете:
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Во куќата на Роберт Патисон![]() |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Ѕирнете во куќата на Мајкл Џордан![]() Куќата на Мајкл Џордан се наоѓа во едно предградие на Чикаго, Илиноис , а во моментов се продава за 29 миони евра.Џордан живеел тука речиси 20 години. Прекрасната куќа располага со 9 спални соби и 15 бањи. Изградена е во 1995 година за неговите потреби. Бидејќи веќе 20 месеци стои на пазарот без потенцијален купувач , куќата ќе биде предложена на аукција на 22 ноември. За учевство на аукцијата неопходен е депозит од 250 000 долари. Со локација на 30 минути од Чикаго, внатре има се, од тениско игралиште , игралиште за кошарка , базен, гаража за повеќе автомобили… Џордан има повеќе куќи: во Северна Каролина, Флорида и Јута , па вели дека оваа во Чикаго повеќе не му била потребна… |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Луксузниот дом на Сара Џесика Паркер![]() Куќата на Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик во Бриџхамптон е создадена во викторијански стил… |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Ѕирнете во вилата на Бијонсе и Џеј Зи![]() Дека Бијонсе и Џеј Зи се едни од клучните движечки фигури во светот на шоу-бизнисот, и со самото тоа едни од најбогатите луѓе на денешницата не е никаков новитет. Сепак, она што е последна вест за оваа актуелна двојка е дека тие во август изнајмија раскошна вила во Хемптом за 400.000 долари. Вилата во која ова славно семејство помина еден месец е проценета на 43.5 милиони долари. „Песочниот дворец“, како што уште и се нарекува, содржи девет спални соби и 11 купатила распоредени во нејзиниот главен дел, додека постои и посебна, гостинска куќа. Таа се наоѓа на имот од 12.5 хектари, и во неа има куглана, кошаркарски терен, спа центар, рампа за скејтборд, ди-џеј кабина и караоке бина. Потоа има девет камини, базен и гаража во која можат да се стават осум автомобили. Се звучи како да би можело да биде вредно за неверојатните 400.000 долари кирија, што за Бијонсе и Џеј Зи не претставуваат никаков проблем.
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Вилата на Селин Дион за 70 милиони долари во Флорида![]() Пејачката Селин Дион ја продава раскошната палата во Јупитер Ајленд, Флорида. Таа и нејзиниот сопруг Рене Андвелил ја нудат за цена од 72.5 милиони долари, со тоа што димензиите на куќата се огромни. Имотот се протега на два хектари, а се состои од главна куќа од 3.000 квадратни метри и пет индивидуални куќи, вклучувајќи и гостинска куќа со четири спални и три базени. Овие слики се објавени на интернет страната на агентот за недвижнини – Џозеф Монтанаро, кој зад себе има продадено голем број на имоти на ѕвезди, меѓу кои и имотот на Жерар Депардје. Погледнете… |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |