IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЈА станува УНИЈА НА НАРОДИ?!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЈА станува УНИЈА НА НАРОДИ?!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 06:57
Не покажувам никаква верност кон никого - ја познавам добро ситуацијава и знам за што станува збор... очигледно доста повеќе од квази-новинарот Велинова.
Тоа што е роден во Скопје (и живеел извесно време) му дава право да има Македонски пасош. Тоа што е експерт по менаџмент, му дава право да биде советник (затоа и го најмуваа доста влади и фирми). А Македонија не е никаква негова жртва, од проста причина што човекот ни оддалеку не е ниту толку битен, ниту толку влијателен за да прави некакви глобални заговори за Македонија, а уште повеќе што познавајќи ги од прва рака неговите ставови за Македонија, можам да тврдам дека изјавите се извадени од контекст.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 07:41
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Не покажувам никаква верност кон никого - ја познавам добро ситуацијава и знам за што станува збор... очигледно доста повеќе од квази-новинарот Велинова.
Тоа што е роден во Скопје (и живеел извесно време) му дава право да има Македонски пасош. Тоа што е експерт по менаџмент, му дава право да биде советник (затоа и го најмуваа доста влади и фирми). А Македонија не е никаква негова жртва, од проста причина што човекот ни оддалеку не е ниту толку битен, ниту толку влијателен за да прави некакви глобални заговори за Македонија, а уште повеќе што познавајќи ги од прва рака неговите ставови за Македонија, можам да тврдам дека изјавите се извадени од контекст.
 
Tochno taka. My dava pravo na Makedonski pasosh, megutoa NE i na Makedonsko poteklo. Jas gore go kritikuvav novinarot (neznam za kogo se raboti) na negovoto prematurnoto odreduvanje na negovoto "poteklo". намигнување
 
A dali Makedonija e zhrtva ili ne vo negovite race NEMOZHESH da garantirash, pogotovo voopshto ne od navedenite prichini. Pred se SEKOJ eden Evrein na bilo koja podobra funkcija NE E SAM! Toa e istorisko nepishano pravilo (ili mozhebi e zapishano, ama ne e vo nasha dostapnost) a da NE zboruvame za faktot deka toj e kuken prijatel so Bakojani. Dovolno dobri i MNOGU prichini za da bide "vlijatelen" tamu kade shto treba. A negovite stavovi sigurno e deka VO JAVNOSTA ke bidat prebirlivo iskazhani. Megutoa sepak i vo takvi uslovi TOJ pravi propusti......pa zatoa posle "gi snemuva" negovite javni izjavi od arhivata. голема%20насмевка
 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 08:23
Мирка е Мирка и искрено мене ми е симпатична голема%20насмевка. Добро е што знае дека смее да шпекулира, да напаѓа и да оцрнува бидејки таа така мисли, односно тоа е нејзината вистина, а и знае дека во Македонија тоа лесно може да помине. Веднаш ќе се најдат 100тина души кој ќе напишат бљувоти за Бранко...па 100тина кои истото ќе го сторат за Груевски без никакви последици. И ко што е обичај кај нас почнуваат трач рубриките ,,од доверливи извори,, ,,ми каза еден пријател...роднина,, И секое чудо за три дена. Жалосно е што се скараа јавно со Латас , ќе беа добар тандем во напад на опозицијата и за одржување на рејтингот на позицијата. со денешниов напад врз академик Катаргиев малку претера но нејсе, голема е ...знае со кого се закачува...
Ветуваат автопат, а 18 години не шуткале по козји патеки
Академикот Иван Катарџиев не сака да ги коментира наводите што ги изнесов во текстот за планот Македонија да се преобрази во сложена, кантонална унија на народи. Не дека не би имал што да каже на таа тема, но само зошто јас сум деструктивен новинар тој не се впушта во коментар. Демек, конструктивниот академик ме множи со нула.

Кога по некоја случајност јас не би била новинар во Македонија, а Катарџиев академик во неа, ваков однос и кон темата и кон обврската јавноста да слушне јасен одговор на прецизно прашање, би било скандал од прва категорија - тема за себе. Тоа повторно на многу болен начин го активира прашањето за состојбите во македонското општество, кое никако не успева да излезе од идеолошката шема за добри и лоши, оние што се секогаш во право и оние што се предодредени да грешат.

Во случајов мене не ме интересира Иван Катарџиев, зашто е составен дел на нашата историја на болест. Во крајна линија, тој би бил одличен експонат во некој иден музеј на восочни фигури во кој неговата восочна верзија ќе симболизира партиска наука, кариера што се заснова на партиска книшка. Тој е синоним за научник што прифатил титула академик во момент додека „новата реалност“ му ги урнала сите, ама баш сите, научни тези. Научник без дело, кој не е заинтересиран, додека е жив, да си одбрани макар една од своите научни тези за да си го оправда привилегираниот живот. Но живо ме интересира изворот на неговата антинаучна, антиинтелектуална и догматска ароганција на партиски војник со која ги покрива сите неодговорени прашања на кои е обврзан со професионалната чест да дава исцрпни одговори.

На пример, јас излегувам со одредени тврдења, а господинот, наместо да се спротивстави со контратеза или да ме растури со контрааргументација, вели: „Немам коментар, а особава е дебела и мајка и е плавуша“. И после се чудат некои зошто во Македонија немало дебати, не се отворале теми, немало соочувања и натпревар на идеи, немало завршница на ниту еден скандал - афера!?

Значи, кој го прашува господинот Катарџиев што тој мисли за мене како автор на текстот. Слободен е да мисли и да кажува што сака ако темата сум јас. Она што го прашуваме, или барем јас сакам да знам, е кој и зошто го предложил Исак Адижас за титулата академик во академија што се именува како Македонска? Зошто формалноправно како предлагач се јавува Одделението за општествени науки? Додека не добиеме прецизен одговор, имаме право да шпекулираме дека се работи за партиска задача, за багателизација на Академијата, за злоупотреба на институцијата...

Истото се однесува и за другите институции и за сите општествени делови што ги избираат комоцијата, опортунизмот, стравот и молкот наместо борбата за транспарентност, одговорност и отчетност. Катарџиев, барем како научник-историчар, би требало да знае дека мојата евентуална деструктивност, во крајна линија, е неважна за иднината на државата. Но деструкцијата што би ја произвела илегална политичка активност за трансформирање на државата од унитарна во конфедерална би имала и тоа како далекосежни последици. Со тие последици како евентуална нова реалност ќе треба да живеат идните генерации на овој простор. Е, за тоа, богами, нужно мора да се дебатира. Овде, сега, пред сите нас. Тоа е европски начин, тоа е демократски начин. Ние мораме да знаеме што работат политичарите. Тие мора да одговараат пред нас за она што мислат да го работат. Тоа е еден од двата можни начина како можат да ги оживотворат своите визии. Избори или револуции. Но обата се неизводливи без народ. Едното решение го бара мојот глас на избори, другото мојот живот за идејата. Значи, ако Македонија врие од демократи во душа и срце, тогаш, бујрум со проектот на јавна дебата! Зошто да не, може ќе прифатиме ново уставно преуредување, па и наше деноминирање, ако ни се изнесат добро фундирани издржани аргументи. Ама притоа мора да расчистиме кој каква улога одиграл во претходните децении. Нема повеќе да може за вакви теми СДСМ да ја скандализира јавноста и да се декласираат луѓето на партиска основа како што беше случај кога Васил Тупурковски „го продавал името за три милијарди долари“ со Љубчо Георгиевски, кој одамна тврдеше дека Македонија нема автентична историја, а па ни народ и се залага за промена на името, за размена на територии, или Доста Димовска, која јавно се залагаше за регионализација на државата со воведување нови институции. Ако таа програма ја презема и оживотворува токму македонската номинална левица, таа е должна тоа да го соопшти. Не е одржливо една политичка групација да се појавува и како егзекутор-диференцијатор и како реализатор на она што еднаш го осудил. Во тој миг секако ќе мора да си ја понесе одговорноста за претходните политики со кои нè замајувале. Оние што произведувале погрешна политика, устав со фабричка маана за кој претходно се колнеле дека е без никаква маана, оние што нè убедувале дека со нив сме на правиот и единствениот можен пат, оние што до вчера нè убедуваа дека со рамковниот устав е обезбеден унитарниот карактер на Македонија и со него биле исцрпени и најрадикалните албански барања, мораат конечно да се отчетат јавно пред нас, граѓаните на Македонија, што сме ги следеле верувајќи во нивната „визија“. Едноставно, не е здраво тие да очекуваат да им веруваме на жими мајка дека сега конечно знаат како да нè изведат на автопат, ако 18 години не шуткале по козји патеки.

Ама Мирка заборави да каже дека Катарџиев како академик има само титула и плата колку нашите политичари месечно трошат за телефонски разговори. Одговорноста ја имаат  нашите политичари. Сите овие кои ги наброја и кои не ги спомна...собираа и собираат по 100 000луѓе на плошад и им ветуваат ридови и планини ...само за да си го продолжат своето владеење,,,својот лагоден живот како бубрези во лој,,,на сметка на народот.Шетањето по козји патеки (иако е кажано фигуративно) не е толку штетно. Штетно е тоа што ни буричкаат во новчаник, ни земаа се што имавме и сеуште ни грабаат...
На ниеден од нив не им значи нити името, нити државата. Единствена звезда водилка им е возењето во блиндираните возила, живеењето во резиденциите на Водно. И секогаш ќе најдат некој Евреин, Австриец, Тајванец кој ќе ни го прошетаат пред очи...ќе не убедуваат дека ќе не извади од криза...ќе не внесе во јатото на НАТО. А пусти ние веруваме, што ни преостана друго?

Изменето од mamamd - 07.Март.2009 во 08:25
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 08:53
Едни тврдат,,,други негираат...трети молчат.
Црвенковски: Унијата на народи е лажна конструкција
Таен план за некаква Унија на народи, промена на името на државата и вмешаноста на професорот Исак Адижас се лажна конструкција на авторот на текстот, реагираше вчера кабинетот на Бранко Црвенковски на завчера објавениот текст во „Нова Македонија“ под наслов „Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи“.

Весникот објави дека Црвенковски има план за деноминација на државава со тоа што би се сменило името, Македонија би станала Унија на народи, а за што како посредник го користел американскиот професор од македонско потекло Исак Адижас. Црвенковски преку Адижас се договарал со грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани, а наесен планира рушење на Владата на Груевски преку организирање протести. Адижес за ова ќе добие академска титула од МАНУ.

Кабинетот на Црвенковски соопштува дека се решил на овој демант поради тоа што текстот на „Нова Македонија“ бил пренесен од неколку медиуми.

„Целиот текст е лажна конструкција без какви било факти и аргументи и без какви било допирни точки со реалноста. Ставовите на претседателот во однос на спорот со Грција се добропознати и во безброј наврати јавно соопштувани пред македонската јавност. Никакви тајни планови не постојат ниту, пак, има потреба од такво нешто“,
пишува во реакцијата.

Во врска со тајната средба на Црвенковски и на Груевски со Адижас во Охрид, минатата година, Кабинетот тврди дека таа средба всушност се одржала летото 2007 година во организација на премиерот Груевски. Претседателот на државата потсетува и дека македонското државјанство на Адижас му го врачил премиерот Груевски.

„Претседателот ниту има информации, ниту пак има поведено некаква постапка или иницијатива за доделување академски статус на господинот Исак Адижас. Претседателот Црвенковски со професорот Адижас се познава долго време, имале повеќе средби, заклучно последниот пат при неговиот престој во Скопје, пред неколку дена, кога по покана на претставници на бизнис-заедницата Адижас одржа предавање. Но и на таа, како и на која било претходна средба, ниту се разговарало, ниту можело да се разговара за посредништво или за медијаторство на Адижас во спорот околу името“, се истакнува во соопштението.

Црвенковски им порачува и на нарачателите и на изведувачите на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршувало.

„Соочувањето со вистината за многумина ќе биде горчливо, но во исто време и неизбежно“, предупредува Црвеновски.

МАНУ не ја коментира постапката за доделување академска титул

Академикот Таки Фити, лобист и предлагач до МАНУ за доделување на титулата академик на Исак Адижас, вчера децидно одби што било да коментира.

- Политика на МАНУ е да не се коментираат постапките за доделување титула академик. Изборите за тоа се во мај и јас тука немам што да додадам - рече професорот Фити.

Претседателот на МАНУ, Георги Старделов, и вчера не беше достапен за коментар, бидејќи, како што ни јавија од неговиот кабинет, бил на состаноци надвор од зградата на Академијата.

Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 12:28

Neznam koi se kriteriumite da se stane akademik vo MANU, ama sigurno znam deka bilo koj da e predlozhen, treba DA BIDE PROFESOR PRED SE, DOLGODISHEN DEEC VO MAKEDONIJA, SORABOTNIK SO TAA INSTITUCIJA, dobar poznavach na Makedonija i Makedonskata istorija i pred se chovek koj vo nikoja smisla NE raboti protiv voljata na Makedonskiot narod i negovite institucii.

Neznam samo dali i eden od ovie osnovni kriteriumi toj Adizas ke mozhe da gi ispolni? збунетост
 
A ova MANU se poveke i poveke e ochigledno deka e samo edno obichno BIROKRATSKO zbiralishte na lesno potplatlivi, neprovetreani, staromodni faci, koi pagaat vo nesvest na sekoj zbor izrechen na stranski jazik a prorabotuvaat ako toj zbor e "money". голема%20насмевка
 
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 13:11
Легенда... анти-семитските настроенија, остави ги настрана, не зборуваат многу добро за тебе.
Адизес може да ги исполни сите критериуми за академик (затоа што не мора да е деец во Македонија, туку може да е и надвор од неа, а да има особен допринос во некоја област).
Интересно е дека кога истите тие академици поддржуваат кандидат за претседател, тогаш тие се совесни патриоти кои мислат за доброто на земјата, а две недели подоцна, кога Мирка ќе напише дека се во служба на опозицијата, тогаш стануваат предавници. Бирајте една опција, сепак...
А ти заклучи веднаш дека Адизес работи против Македонскиот народ, само од еден напис на Мирка, во кој таа не изјавува никакви факти и докази, а едноставно нашкрабува некоја своја верзија на настаните?! И дека е куќен пријател на Бакојани, само затоа што таа вели така?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 13:43
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Легенда... анти-семитските настроенија, остави ги настрана, не зборуваат многу добро за тебе.
Адизес може да ги исполни сите критериуми за академик (затоа што не мора да е деец во Македонија, туку може да е и надвор од неа, а да има особен допринос во некоја област).
Интересно е дека кога истите тие академици поддржуваат кандидат за претседател, тогаш тие се совесни патриоти кои мислат за доброто на земјата, а две недели подоцна, кога Мирка ќе напише дека се во служба на опозицијата, тогаш стануваат предавници. Бирајте една опција, сепак...
А ти заклучи веднаш дека Адизес работи против Македонскиот народ, само од еден напис на Мирка, во кој таа не изјавува никакви факти и докази, а едноставно нашкрабува некоја своја верзија на настаните?! И дека е куќен пријател на Бакојани, само затоа што таа вели така?
 
Se nadevam deka komentarot "анти-семитските настроенија, остави ги настрана, не зборуваат многу добро за тебе." e ISTO taka samo tvoe lichno mislenje i ne zboruvash vo ime na drugi! намигнување
 
A moeto anti-semetesko nastrojstvo e ISTO taka moe pravo na izbor i si go zadrzhuvam toa pravo na sopstven izbor. намигнување
 
Shto se odnesuva do slednite tvoi komentari....iskreno kazhano NE gi dozhivuvam voopshto kako tvoe mislenje, tuku kako RAZUBEDUVANJE i probuvanje da ja smenish predhodno predstavenata "slika", isto taka bez argumenti. Zatoa NEMA da prodolzham da polemiziram okolu ovaa tema so tebe za da ne se vrtime vo krug.  A "krugot" NE e moe opredeluvanje. голема%20насмевка
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 16:59
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Анастеа, нешто си згрешила... клучно и тоа...
Вината се докажува на суд! Не невиноста! Невиноста е презумпција! Тоа е така во секое едно современо општество.

А колку до Мирка... ако сирота таа има најмала претстава во што точно се замеша (и колку се луѓе всушност ќе замеша во ова)- ќе побегне на Северен Пол... А најсмешно е што воопшто немаше потреба од сето тоа, затоа што информациите не и се точни (ниту пак таа самата спомна било каков документ, извор, факт, податок за нивната веродостојност).

Не сум правник, ама ги знам основите на правниот систем, дека невиноста е презумпција и дека секој е невин, додека не се докаже спротивното.

Реченицата: ...невиност се докажува на суд, каде тврдењата се докажуваат со докази и аргументи, (со негирање и демант нешто се кажува, но не се докажува) се однесува на Бранко. Требало вака да ја напишам, за да не бидам буквално фатена за збор. Подолу и напишав за случајот со швајцарските сметки, мислев дека ќе ми биде сфатена поентата.

А дека Мирка се замешала во нешто големо, се замешала, очигледно е.
Како и што ќе излезе од ова, останува да видиме.
Јас реков, се надевам само дека сето ова не е вистина, за доброто на Македонија.
Друго не ми е важно...

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 21:34
Легенда - тоа што го пишувам овде е мој став и не ме интересира дали некој друг го споделува или не. Не почитувам ксенофобии од било кој тип и сметам дека се најголемото зло кое постои во светот.
Колку до целава ситуација...
Ајде малку сериозно да дискутираме...
На што ги потпирате вие вашите ставови дека Адизес направил нешто или дека навистина има таков договор?!
Ако ги потпирате на тоа што некој квази-новинари напишал, тогаш дали истотака верувате на исто такви квази-новинари кои пишуваат се и сешто во Грција против Македонија? Или во Бугарија? Или во Албанија и Косово? Или во Србија?
Со што тоа Мирка станува репер за сериозност и нејзините шкрабања се цврст доказ, а на сите овие други кои ги наброив не се?
Do what is right, come what may...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 21:38
Originally posted by anakin anakin напиша:

Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи

Автор:  Мирка Велиновска
Скандал:%20Таен%20проект%20на%20Бранко%20Црвенковски
Претседателот на државава, Бранко Црвенковски, уште пред самитот на НАТО во Бук*решт обелодени дека се залага Македонија да го промени своето име. Но, забуната произлегуваше од нејасната позиција на неговата партија, која во истиот период го обвинуваше премиерот Никола Груевски за лицемерство зашто тој наводно се согласил да го „продаде“ името, а го криел тој податок. По Бук*решт, ставот на Црвенковски и оној на СДСМ ескалираа до таму што доминантно место во дебатата доби македонскиот идентитет. Необјасниво дури, Црвенковски јавно побара некој да му даде гаранции за зачувување на етничкиот идентитет на народот на кој не му се почитува правото на себеидентификација. Но, сите недоумици што произлегуваат од радикалните промени на позициите на овој политичар во врска со македонско-грчкиот проблем, завршија мината недела.

Исак Адижас, професор од САД по менаџмент и организација, минатата недела дојде во Македонија спонзориран од Светозар Јаневски (познат како Свето Пивара) за да одржи предавање на темата „Како да се управува со фирма во кризни периоди“. Но, тоа предавање очигледно било покритие за главната цел на посетата.

Адижас всушност имаше тајна дипломатско-политичка мисија сврзана со името на државата. Овој наш сограѓанин од 2007 година стана медијатор во тајните преговори помеѓу Бранко Црвенковски и Дора Бакојани. Имено, Исак Адижас бил детално информиран од лидерот на СДСМ дека спорот со Грција досега ќе бил завршен ако Никола Груевски го прифател последниот предлог на Нимиц. Предлогот бил „Северна Македонија“, а Груевски го одбил со молчење. Црвенковски експлицитно го прифатил. Тој на професорот по менаџмент и организација му ја елаборирал својата политичка платформа за евроатлантско интегрирање на Македонија, со која гостинот сосема се согласил и дури со одушевување ја прифатил.

Бранков пакет

Пакетот на претседателот на Македонија е следниов: со прифаќањето ново име, државата да доживее уште една нужна уставна трансформација. Црвенковски од унитарна ќе ја трансформира сега веќе бившата Македонија во „Унија на народи“. Во таа нова држава со ново име за севкупна употреба, во наредната и последна фаза, бившите Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодатите од приемот во НАТО, треба мирно да прифатат свое преименување, кое ќе произлезе од согласноста да го прифатиме грчкиот услов за целосна деноминација. Професорот Адижас, инаку близок пријател на фамилијата на Бакојани, бил информиран од Црвенковски и за тактиката што овој ќе ја примени за да го реализира својот конспириран стратегиски проект. Оваа есен ќе организирал големи, перманентни и сенародни протести поради економската политика на Владата. Според исказот на Адижас, Црвенковски бил уверен дека поради народниот притисок, Груевски ќе биде принуден да поднесе оставка, по што лидерот на СДСМ, нормално, како осведочен државотворец, пак ќе ја спасува Македонија. Убеден дека ова сценарио е остварливо, добро и единствено рационално, Исак Адижас замина за Израел, нормално, преку Атина, за да и ги пренесе на Бакојани добрите вести.

Американскиот експерт за кризен менаџмент во претпријатијата добил уверување дека Црвенковски веќе ги придобил на своја страна интелектуалците и медиумите, па се чека само старт на кампањата за отстранување на тврдоглавиот премиер.

СДСМ е промотор на Ванчо Михајлов

Како што е добро познато, Бранко Црвенковски е посветен европски демократ, кој исклучително држи до западните вредности. Оттаму, по малку збунува фактот дека својата платформа за евроатлантска „Северна Македонија“ што го одушевила професорот Адижас, љубоморно ја чува во приватен сеф, ја држи во длабока илегала дури и од своите поклоници и следбеници. Кога веќе е оценета како добра и перспективна, зарем не беше време проектот на Ванчо Михајлов познат како „Швајцарија на Балканите“ да го претстави и тестира веќе на овие избори, наместо што неговата партија пак излегува на избори со демагогија, а неговиот кандидат за претседател ветува дека „ќе ја спасува мајка Македонија“. Зошто одбегнува да ја промовира оваа политичка платформа, односно програма, како што е ред - на избори? И зошто избира нестандардни, неевропски методи да дојде на власт преку „револуции“ кога може да побара регуларна поддршка од своите сограѓани? Можно е тој сепак да знае дека Македонците никогаш не би прифатиле таков непристоен политички пакет. На избори неговиот план би доживеал второ историско фијаско. Обелоденување на Платформата за трансформација на Македонија во „Унија на народи“, односно, конфедерација на кантони со ново име за севкупна употреба, би ги избришало Македонците како ентитет, радикално би го затворило македонското прашање, а тоа никој нормален не би го прифатил. Згора на сè, „Проектот на Црвенковски“ е само политички римејк на оригиналот на Ванчо Михајлов за преуредување на Македонија во кантонална заедница на народи (нормално, без Македонци), а тој факт не сака да го обелодени, зашто СДСМ декларативно е наследник на некогашната КПМ, која, пак, имаше сосема друга национална програма со која победи во Втората светска војна. Кога би го легитимирал своето вистинско политичко кредо, би ги загубил следбениците што гласаат за СДСМ врз основа на идеолошките предрасуди дека новата ВМРО-ДПМНЕ е наследник на „десното кољачко и предавничко крило на историската ВМРО“ (изјава на Црвенковски на предизборниот митинг во Штип, 1996 година).

Македонците не знаеле кои се

Затоа тој се одлучил за политичка мимикрија, за етапно деноминирање и исчезнување на Македонија. Според професорот Адижас, остварувањето на последната фаза на оваа платформа ќе оди полесно зашто рамковниот договор ефектно го отворил патот до смртта на Македонија. Имено, Македонија е веќе уставно дефинирана како заедница на народи, што е потврдено и практично со територијалната поделба, а Албанците не било тешко да се стимулираат да инсистираат на што поголема независност од централната власт. Од друга страна, „Македонците сè уште не знаат кои се и што се, па многу лесно ќе прифатат нов идентитет, по децении економска беда, а во услови на економска благосостојба што ќе следува со приемот во НАТО“.

Планот „Б“ на Бранко Црвенковски за преземање на власта преку „црна контрареволуција“ по заминувањето на Адижас за Израел веќе е на работната маса на Дора Бакојани. За него, нема сомневање, преку директните средби со Црвенковски (во четири очи) се известени и европските бирократски структури. Врз Македонија деновиве почна да се врши оркестриран економски притисок. Ни стигнуваат гости - економски снајперисти со вести дека ЕУ нема да ги финансира македонските проекти. Овојпат, во пресрет на изборите, не ни к*рдисуваат часовници, но нè плашат со економска изолација. Како дел од осмислениот проект, и Црвенковски го активира својот економски совет. Владе Милчин, како познат логистичар на проектите на СДСМ и на својот газда Сорос, почна да организира трибини со економска тематика, а „експертите“ како навиени ги елаборираат своите економски теории за црната економска перспектива на државата надвор од ЕУ. Го советуваат Груевски да му се обрати за помош на ММФ, иако источноевропските држави го заобиколуваат во голем круг, чувствувајќи политички поттекст во економските пакети.

Се чека само септември.

Човекот што вели дека Македонците не знаат кои се, сака во МАНУ

Исак Адижас добил ветување од Бранко Црвенковски дека за својот перманентен ангажман во Македонија, за своите консултантски услуги, за кои ние не знаеме ништо, ќе биде награден и со статус на академик. Во МАНУ е во тек постапката за неговиот прием. Предлогот го дало Одделението за општествени науки, раководено од академикот Иван Катарџиев, историчар и член на СДСМ, иако тесната специјалност на Адижас е менаџмент во економијата. Оттука претпоставуваме дека евентуалното членство во МАНУ е мала награда за неговиот политички илегален ангажман.

Професорот Адижас на 13 март 2007 година добил и македонско државјанство. Му го врачил лично премиерот Никола Груевски. Во своето експертско си-ви, Адижас се претставува како советник на премиерот. Од кабинетот на премиерот изјавуваат дека овој човек никогаш не му бил советник на Груевски. Овие податоци, во контекстот на вистинскиот ангажман на Адижас во Македонија, нè тераат да се запрашаме дали воопшто имаме институции што се грижат за безбедноста на државата, што работат тие и дали воопшто имаат капацитет да ја штитат државата и нашите национални интереси. Се чини дека со ваков Уставен суд, МАНУ, ДБК и Агенција за разузнавање, во Македонија е нормално политиката да им е препуштена на „академици“ од рангот на Кољо Дијамантот, Васко Глигоров, Гидеон Сандел и Исак Адижас.

Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал

Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Тој состанок, на кој е разговарано за серија предлози на гостинот од САД, Груевски експресно го напуштил со зборовите дека „не слушнал ништо ново“. Минатата недела, пак, финансиерот на минитурнејата низ „Западен Балкан“ на експертов за менаџмент, не издејствувал и негова средба со Груевски.

Фрчкоски од Прилеп ја најави Унијата

Ако не влеземе во НАТО и ЕУ, следниот чекор на Албанците во Македонија ќе биде барање за основање кантони. Ова на завчерашниот митинг на СДСМ веќе го најави претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.

Грешиш чедо божје...
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2009 во 05:09
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Легенда - тоа што го пишувам овде е мој став и не ме интересира дали некој друг го споделува или не. Не почитувам ксенофобии од било кој тип и сметам дека се најголемото зло кое постои во светот.
Колку до целава ситуација...
Ајде малку сериозно да дискутираме...
На што ги потпирате вие вашите ставови дека Адизес направил нешто или дека навистина има таков договор?!
Ако ги потпирате на тоа што некој квази-новинари напишал, тогаш дали истотака верувате на исто такви квази-новинари кои пишуваат се и сешто во Грција против Македонија? Или во Бугарија? Или во Албанија и Косово? Или во Србија?
Со што тоа Мирка станува репер за сериозност и нејзините шкрабања се цврст доказ, а на сите овие други кои ги наброив не се?
 
Jas mi se chini deka mojot stav kon tvoite "dilemi" mnogu jasno go napishav predhodno. намигнување
 
Megutoa ochigledno e deka ti ne samo shto ne pochituvash "ksenofobii" tuku i NE pochituvash drugo mislenje OSVEN tvoeto. намигнување Shto NE beshe sluchaj so mene vo tvoeto instistiranje da si go zadrzhish tvoeto pravo na razmisluvanje.
 
Zoshto i KOJ TEBE TI GO DAVA TOA PRAVO DA MI GO ODZEMASH MOETO? збунетост
 
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2009 во 15:18
...rekla-kazala,so recnikot na novinarkata Mirka Velinovska.Kaj nas,ova stanuva pravilo na komentirane na novinarite preku razno-razni kolumni,osvrti,natpisi,sakam da kazam,moj stav..itn.,a se so cel da se opipa javnoto mnenie i kako natpisot ke bide primen kaj sirokata masa citateli ,odnosno slusateli...citaj poslusateli.!
Pustanjeto "buba" vo javnosta e stara finta,scenario koe na postarite im e poznato od vremeto na eksperimentalniot socijalizam koj kaj nas postarite ni e dlaboko vrezano vo mozocnata kora i vnimavame na sekoja vakva provokacija..Za sitni ili mali nesta ,nekogas vo "nedemokratskata drzava "koja sega veke ne postoi se odese na "izlet".
Kako e toa sega..?Se razbira mozes, iako so nekoj si zakon ne smees,da kazes ili napises nesto sto treba da prostrui vo eterot ili da dreme na "rabotnata masa" kako biblija,natpis...demek mislenje,t.n.scenario,i aj sega ke broime i ke go merime pulsot na narodot,koj pak,odsekogas se plasel od drzavnata cesma voda da pie ,ama ,ne se izdrzuva nitu zedta nitu pak strvot da se proba kakov vkus ima...a za toa se zadolzeni prodolzenite race na onie koj so sila se pravat slepi vodaci ,i nivnite pulenici od mediumite.
Vo predizborieto,kako po tradicaja na makedonskiot pluralizam,vakvite pojavi stanuvaat sekojdnevie,zasto kaj nas namesto na sekoi 4 godini ,po nekoja slucajnost izbori imame na sekoi 2 godini ,da ne reces non-stop Nie,odnosno Vie bez mene, odite na izbori.
Celta mi bese Makedonija i nie vo nea.Kakva,sto,so kogo ,kade ...zosto...?
Sega jas da kazam nikade,vednas ke bidam osuden za predavsvo,skepticizam,nedoverba,predavnik koj pie voda od sarenata cesma a ne plaka ...itn...!A moze li poinaku i kako..koj toa mislenjeto na narodnite masi ne go slusa i ne go percepira ni pod razno,ili za vreme na izborite se trudi da se prikaze deka barem go soslusuva..!Se e veke videno i vkuseno...samo filot e drug.
NATO,EU,se skratenici koe i malo dete cicalce gi znae,a doprva ke slededi bombardiranjeto so SATO,IATO,G7/G8 so nas ke bide G301,ZB...NASA..VASHA...itn..
Golem ako ne i najgolem uspeh na nasata diplomatija dosega bese priemot na nasata zamja vo grupata na zemjite od bivsata SFRJ bez Slovenija ,no so Albanija,ili kako nekoi go narekoa Zapaden Balkan.Zapaden Balkan na vremeto bese poim-buba,koi mnogu funcioneri od togasnata vlast go negiraa negovoto poimanje i formiranje no eve denes se najdovme vo toj kos i ...ne e loso.Vrvime napred ,vo razvoj vo novi pobedi i priklucuvanje vo novokomponirani sojuzi i paktovi..!Denovive na golemo se spomnuva "Unija na narodite".!Hmmm,interesno nesto,malku zaboraven poim,no eve nekoj se setil i odime napred..ostvaruvame..se razbira zaedno..duri i jas so vas...sakal ili ne...moram,me vlece tokot na zivotot.Iako politikata kaj nas e edna od najdohodovnite i najceneti profesii,sepak mene ne mi e licno interesna.Osven danokot sto go plakam nisto drugo ne me svrzuva so konceptot na ovaa drzava..se drugoto e nepotreben i nametnat trosok,na koj pak ,ne mozam da imam vlijanie,za razlika od nekoi novinari ,koi sakale ili ne moraat da kazat,napisat i ne sekogas svoi stavovi,sto na nas ,obicnite konzumenti na tie natpisi ni izgleda navistina logicno i sovrseno,se do denot koga i tie samite ne se demantiraat za napisano,ili pak zaboravile na nivnite izjavi od minatoto.Vo ovaa klapa spagaat se razbira i strucnjaci od site oblasti koj preku svoite kolumni i sakam da kazam ,ili svoj stav,iznesuvaat vo samo ednogodisen period razlicni svoi stavovi po isto prasanje.Daj boze da e do vozrasta,inaku ke se zaprasame za nivniot raboten vek,i koj se ne gi prifakal takvite mislenja stavovi.Mozebi i samo poradi vakviot nacin na prifakanje na tezite,denes imame tolku sprotivstaveni mislenja za samo edno isto prasanje.Mozebi i vetrot togas im duval vo oci..ne znam.
Na otprilika 100 godini se odrzuva samit ili kongres ili sobir ili kako sakate receto go ,eve konferencija na drzavite vo Buk*rest,i kako po pravilo,tie denovi ili samiot nastan za nas e mnogu vazen .Slucajno ili ne ,neznam,ama znam deka se e odnapred dogovoreno i smisleno...toa e nasa sudbina,da ne pofalat,da ni plesnat zauska i za mig potoa da bideme pogaleni i pofaleni za naseto odnesuvanje..Smesno...tragicno ...duri i ni zakazuvaat sledna sredba,a dotogas nie ke treba od plesnatiot samar da ni dojde pamet i da ne drzi do slednata sredba,ne daj boze pak vo Buk*res..tuku na drugo mesto..poskoro...otkako ke go primenime ona sto ni e kazano(naredeno).Otkako ke zavrsi ceremonijata,site si odat doma,strojnicite ke si zaminat,mladozencite ke si se vratat doma i ako se bilo vo red i se pogodil momentot,nevestata ke se porodi.Rozbata mozete da nareceme kako sakame ,no kumot e toj sto ke kaze ime...I eve docekavme,nevestata e trudna,imeto e kazano,samo treba rozbata da stigne....m.z.!!!

p.s.Prostete na stilot na pisuvanje na ovaa instant-ajvar prikazna,no samiot koncept e prezemen od vrvni kolumnisti i istaknati profesori ,koj eve nemam ni najmala zelba, a kamoli znaenje kako nivnoto ili pak mok, ga gi kopiram...
Za Venko i Krste vo naredna prilika....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
nedopirliviot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nedopirliviot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2009 во 16:16
Originally posted by zagor zagor напиша:

So rekla kazala Velinova ni kazjuva mnogu ubavo deka treba da se osvestime. Ama nie kako narod na makedonija se kje dademe samo da napravime muabet so nekoj trgovec- POLITICHAR. Velam trgovc od prichina shto ja rasprodadoa drzjavata taka da i do UNIJATA nishto. Site kje si odat nekade amo nie, pravite makedonci izgleda kje odime vo majchinata ni.......
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2009 во 20:18
Originally posted by Legenda883 Legenda883 напиша:

Jas mi se chini deka mojot stav kon tvoite "dilemi" mnogu jasno go napishav predhodno. намигнување

Megutoa ochigledno e deka ti ne samo shto ne pochituvash "ksenofobii" tuku i NE pochituvash drugo mislenje OSVEN tvoeto. намигнување Shto NE beshe sluchaj so mene vo tvoeto instistiranje da si go zadrzhish tvoeto pravo na razmisluvanje.

Zoshto i KOJ TEBE TI GO DAVA TOA PRAVO DA MI GO ODZEMASH MOETO? збунетост

Многу се извинувам што бев погрешно разбран - со последното прашање, само сакав да ја провоцирам идејата дека никој не треба да се ослонува на туѓо мислење, туку само и единствено на факти и докази. Ниту моето мислење е валидно, ниту на Мирка, ниту на било кој друг. Единствено и само е валидно личното мислење - а тоа може да биде сериозно, само ако е поткрепено со непобитни факти.
Се извинувам уште еднаш за недоразбирањето.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.