|
Македонија покрена тужба против Грција |
Внеси реплика | страница <1 23456 23> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да бе... ти...
Пушти некој збор повеќе, ко од џеб да ги вадиш...
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ok. da mi dojde inspiracija.spie mi se
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
проф. Димитар Мирчев: Логична одлука Одлуката на Владата е логична и разбирлива ако се имаат предвид развојот на односите со Грција и текот на разговорите за името. Лично сметам дека можеше и порано да се направи тоа, но особено мораше по Бук*решкиот самит на НАТО. И претходно имаше голем број инциденти и чекори што ги влошуваа добрососедските односи и ја кршеа Привремената спогодба, а самитот во Бук*решт беше вистински пример за тоа, бидејќи ја обврзува втората страна да не' поддржува во пристапот во меѓународните организации - вели професор Димитар Мирчев.Тој укажува дека не е оптимист оти Судот бргу ќе реагира, ниту дека е сигурно оти одлуката ќе биде во наша корист, но го оценува потегот како добар бидејќи им укажуваме на меѓународната заедница и на ООН дека не прифаќаме уцени. |
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За плавото.. Како тоа сме ја прекршиле времената спогодба, со тоа што се откажавме од имотите на Егејските Македонци, со тоа што си ја додадовме оваа срамна референца...... Ееее море, со таква земја нема преговори, сега уште толку не заебаваат.....а ние па наивни и глупи, мислиме ПОРГ е добра.... За плавото 2 За тоа браво, ГЛЕДАТЕ, кај нив ОДМА критикуваат ако се дознае нешто од НАШ МЕДИУМ.....а ние се тепаме по КАТИМЕРИНИ,ЕЛЕФТЕРОТИПИЈА и останатите ПОР ГРЧКИ ГЛУПОСТИ.... Кај нас сите гомна се читаат, е море браво за Поранешниве Отомански Грци...... никој не ни е крив кога сме ГЛУПИ за некои работи... FYR ОВЦИ!! П.С. И пак да одите кај нив на одмор, и пак да читате грчки медиуми.... Изменето од Vladimir88 - 18.Ноември.2008 во 04:30 |
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тужбата стигна во Хаг - Европа повикува на доборососедски односи
Коментари (22) 18.11.2008 09:59 Најдоцна за 4 години Меѓународниот суд на правдата треба да донесе одлука Меѓународниот суд на правдата во Хаг потврди доцна синоќа дека Македонија поднела апликација против Грција, но не посочи кога случајот ќе биде разгледуван. Судот соопшти дека Македонија побарала од него да и наложи на Грција да прекине и да се воздржува од попречувањето на каков и да било начин на присоединувањето на Македонија во НАТО или во која било друга меѓународна организација. Владата во БЈРМ „го отфрлила неодамнешниот пакет идеи на ОН и ја продолжува тактиката на одолговлекување“, министерството за надворешни работи на Грција вечерва го објави својот став. „БЈРМ и порано флагрантно прекрши повеќе темелни и за неа обврзувачки одредби од Времената спогодба и темелните начела на добрососедство“, изјави портпаролот Јоргос Кумуцакос и најави дека Грција во судот во Хаг ќе поднесе докази за тоа. Во образложението на тужбата, македонската Влада вели дека тоа е единствен начин Македонија да ги оствари, своите права од времената спогодба. „Македонија беше попречена во добивањето на покана за зачленување во Северноатлантската алијанса. Ваквото повредување на времената спогодба ја доведува Македонија во правна несигурност и исто така го доведува во прашање кредибилитетот на взаемно склучените спогодби како меѓународни договори“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи. Најдоцна за 4 години Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да донесе одлука дали јужниот сосед ја прекршил времената спогодба потпишана од Грција и Македонија во 1995. Европската комисија повикува за добрососедски односи меѓу Македонија и Грција Кристина Наѓ: Грција е подготвена да учествува во процесот Европската комисија повикува меѓу Македонија и Грција да постојат добрососедски односи и се надева наскоро да биде решен спорот меѓу двете земји за името на Македонија. Тоа денеска го изјави Кристина Наѓ, портпарол на еврокомесарот за проширување Оли Рен. „Се запознавме со одлуката на Македонија да започне судски процес во Хаг против Грција. Во Европската комисија очекуваме двете земји да поддржуваат добрососедски односи. Се надеваме исто така да биде најдено решение за спорот со името“, изјави Наѓ. Таа додаде дека Европската комисија исто така се запознала со ставот на грчкото Министерство за надворешни работи, дека Грција е подготвена да учествува во процесот што ќе се води пред Судот во Хаг. Метју Нимиц добил информација за тужбата Нимиц: Информиран сум дека е покрената правна процедура Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц соопшти дека добил официјална информација оти Македонија поднела тужба против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради прекршувањето на Привремената спогодба од 1995 година, како и уверување од македонска страна дека преговарачкиот процес ќе продолжи. „Официјално сум информиран дека е покрената правна процедура пред Меѓународниот суд на правдата против Грција. Во исто време добив и уверување дека овој чекор нема да влијае на посветеноста на Владата на Македонија да го продолжи процесот за изнаоѓање решение за прашањето за името што се води со посредство на ОН, и оти наскоро ќе биде назначен нов македонски преговарач“, стои во соопштението од Нимиц што го објави прес-службата на Светската организација. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100338 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постапката за решавање на спорот пред Судот на правдата ќе почне со запишување во Уписникот на Апликацијата што ја поднесе Македонија. Постапката содржи две фази, писмена и усна. Во писмената фаза, државите доставуваат писмени поднесоци со кои ги разменуваат своите тврдења за правните прашања. Писмената фаза е доверлива и не е достапна за јавноста. По завршувањето на усната фаза од постапката, Судот донесува пресуда. Пресудата се носи на затворена седница, а се објавува јавно. Пресудата е задолжителна за странките. Против пресудата не е дозволена жалба. Случајот го разгледуваат 15 меѓународни судии. Има и еден ад хок-судија, кој ќе ги застапува македонските интереси. Според искуствата од досегашните спорови, процените се дека спорот би траел околу четири години, а објективно време за донесување пресуда би било крајот на втората година по поднесување на тужбата.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислење на Игор Јанев, кој како советник на тогашниот претседател Глигоров ја изнесе идејата за поднесување предлог-резолуција до Генералното собрание на ОН за одбрана на уставното име и нормално наиде на негативни критики. Имаше информации дека Јанев тоа го сторил на своја рака и бил избркан од работа од тогашната власт на Георгиевски... Јанев: Пресудата од Меѓународниот суд нема да го реши спорот за името
“Тужбата на Македонија против Грција е чекор што Македонија требаше подоцна да го преземе. Прво требаше да побара советодавно мислење од Судот на правдата, смета Игор Јанев, професор по меѓународно право на Институтот за политички науки во Белград. - Сега постапката ќе биде посложена. Грција може да бара од Меѓународниот суд на правдата да се прогласи за ненадлежен за овој спор, со образложение дека Македонија со години ги блокира преговорите за името. Мислам дека судот нема да го донесе решението што Македонија го посакува.“ |
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама што ви требеше да го ставате името на аеродромот "Алекс Големиот"
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И уште едно мислење, од Раја Лозановска.
Како по обичај, нашите експерти со различни мислења, иако за ова прашање воглавно сите се согласни, но различно се гледа на начинот на поднесување на тужбата и предвидувањата како ќе тече процесот и што тој ќе значи за нас:
Лозаноска: Тужбата ќе ѝ помогне на Македонија
“Тужбата против Грција ќе ѝ помогне на Македонија во понатамошниот развој на ситуацијата за спорот со името“, вели Јана Лозаноска, магистер по меѓународно право и соработник на институтот „Евро-Балкан“. - “Јас две и пол години се залагав за оваа опција, Македонија да бара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг да се изјасни за повредата на Привремената спогодба и да ја натера Грција да ја спроведе спогодбата. Иако тужбата се поднесува токму во овој момент од политички причини, сепак тоа е добар чекор. Судот ќе дискутира за почитување на Привремената спогодба, што не значи дека нема да дискутира за употребата на уставното име Република Македонија во ОН“. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А оти да не го ставаме???...
И тебе да не ти пречи?...
|
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мене не
на Грциве им пречи вие ставихте име на аеродромот први - вие сте нарушили договорот ова е достатачно за грциве а вие си правите публична сjуисидациjа Изменето од да бе - 18.Ноември.2008 во 17:35 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакале грците да признаат или не, Александар Македонски е дел од нашата историја т.е. од историјата на Македонија.
Ако мислиш на повреда на член 7 од спогодбата, грците тоа сигурно ќе го искористат како аргумент, но сеуште немаат ексклузивно право на Александар Македонски, ниту тој е дел од грчкото туку од македонското културно и историско наследство, и покрај многуте заеднички моменти од историјата.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа ќе му дојде јавно самоутепајство???
|
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ние не го крстивме аеродромот Александар Македонски туку Alexander the Great... Што има тука спорно во тоа? |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |