|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 23456 32> |
Автор | ||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
МУЗИЧКО ДИВИДИ
Александра ќе објави видеоспотови Македонската пејачка Александра Пилева наредната недела ќе го објави нејзиното прво дивиди-издание. На дискот со видеоснимки и со музика ќе се најдат песните од нејзиниот најнов албум, „Гет бацк то студио роцк анд ролл“, но и некои од постарите хитови. Сите песни се испеани во живо, а музички придружник на Александра е бендот „Мајка“. Дискот содржи материјали во траење од 45 минути, а на музичкиот канал „Ем-Ти-Ви Адрија лајф“ материјалот ќе биде пуштен во скратена верзија од 25 минути. Рок-пејачката планира да сними и два видеоспота за песни од албумот, како и видеозапис за песната „Единствена“, со која настапи на неодамнешниот „Макфест“. Во меѓувреме, Пилева не престанува со активности, па моментално ја снима англиската и српската верзија од нејзиниот последен албум. |
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мадона и Гај Ричи се договорија и за старателствотоПоп дивата Мадона и британскиот режисер Гај Ричи се договорија и за старателството врз трите деца, откако претходно постигнаа договор за поделба на имотот. Мадона го добила старателството врз Лурд, нејзината 12-годишна ќерка од претходната врска со тренерот по фитнес, осумгодишниот биолошки син на двојката Роко и врз нивниот тригодишен посвоен син Дејвид, пишува „Меил он Сандеј“. Весникот тврди дека Мадона ќе ги земе децата со неа во Америка, но Гај Ричи, кој планира да купи куќа во Њујорк, ќе има целосен пристап до нив. Пред тоа, 40-годишниот британски режисер беше договорено да добие најмалку 25 милиони евра во готово, а и некои недвижнини од својата десет години постара поранешна сопруга. Гај го задржува имотот во Вилтшајр, како и својот паб „Punch bowl“. Мадона ќе ги задржи куќите во Њујорк и Лос Анџелес. Преговорите биле релативно безболни. Гај знаеше што сака да и земе, а таа беше сигурна што сака да задржи. Брзо се договорија, изјави добро информиран извор за таблоидот „Сан“. Ричи со разводот ќе добие околу 77 милиони евра. |
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пејачот и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк ги купи популарните скопски дискотеки "Хард рок". Се зборува дека Брејк за овој бизнис на двајцата довчерашни сопственици им платил половина милион евра. Дека од минатата недела е новиот и единствен сопственик на дискотеките "Хард рок" потврдува и Брејк, но одбова да зборува за цената.
-Да, точно е дека ги купив дискотеките, но не би сакал да зборувам за цена. Тоа најдобро го знае банката, која верува во нашите работни способности и идеи и ни го даде кредитот. Превземањето на дискотеките беше очекуван чекор. Откако повторно се отвориј дискотеките нашата екипа од "Сити радио" е одговорна за забавите и во двете дискотеки. Убаво е што ние земаме веќе успешна приказна и што нема потреба нешто да менуваме. "Хард рок" сам по себе си е добволен бренд. Си има свој дух и топлина и затоа нема потреба од промени. Можеме само малку да ја освежиме програмата со уште неколку журки во непотполнетите денови, а ќе има и денови каде ќе се снимаат емисии во живо и подоцна ќе се емитуваат на музичкиот канал "Џангл тв", вели Брејк. Во моментов во "Хард рок" се одржуваат концерти кои се во рамките на скопскиот џез фестивал. Од задутре официјлано се отвара зимската дискотека "Хард рок", а тоа значи дека почнува новата сезона на журки. Она што е најинтересно во новата шема е што ќе нема техно музика, која е карактеристична за сите скопски дискотеки........ |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Насловната тема од последниот албум на Калиопи – Желим ти речи, својата интернет-премиера ја има токму на МММ. За да го видите спотот линкајте се во видео-галерија. Спотот, кој е во црно-бела техника, беше снимен во Скопје, во сабота на 11. октомври, а во реализацијата учествуваа: Дејан Милиќевиќ (режија), Розе Трајческа – Ристеска (костими) и Сергеј Варошлија (шминка и фризури). |
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
„Квин“ во Белград
Познатата британска група „Квин“ со пејачот Пол Роџерсон, на 29 октомври ќе настапи во белградска Арена. Со групата доаѓаат 70 луѓе кои ќе се потрудат целото шоу да биде на завидно ниво, а опремата за концерот ќе ститне со десет шлепери. Групата „Квин“ со пејачот Пол Роџерсон во Белград ќе ги изведе своите бројни безвременски хитови кои настанаа во периодот додека фронтмен на групата беше познатиот Фреди Меркјури. |
||||||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Albumot na Snoopy MC "Vo Centar"
Ispagja na 03,11,2008 |
||||||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Промоција на Генофонија со Вања Лазарова
Во просториите на Културно-Информативниот Центар во Скопје, денес се одржа промоција на најновото издание на Литиум Рекордс: групата НАВ со својот албум, Генофонија. Дел од проектот е и легендарната македонска етно-пејачка Вања Лазарова.
Една голема бацка за баба Вања... ја обожавам...
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Влијателниот економски магазин Форбс, најпознат по објавување на листи на најбогати луѓе на светот, овојпат се позанимава со жените во музичката индустрија и притоа се покажа дека тие нималку не заостануваат зад мажите по заработката. Форбс се ограничи на оставерени приходи во периодот помеѓу јуни 2006 и 2007 година и магазинот изнесе податок дека 20 финансиски најбогатите на листата насловена „Музички карилици на кешот„ се побогати за 420 милиони долари. На првото место се најде поп-кралицата Мадона која на својата сметка кешираше 72 милиони долари. Структурата на нејзиниот приход се темели на профитот од последниот студиски албум и промотивната Конфесионс турнеја, од разните спонзорски договори, како и продажбата на права за директни ТВ преноси на нејзините концерти и модната линија, плод на нејзината соработка со куќата НМ. Дека годините не се проблем покажа и 60-годишната Барбра Стрејсенд која инкасираше 60 милиони долари од распродадената турнеја. Цената на влезници за нејзиниот настап изнесуваше 300 долари. На третото место се најде Селин Дион со 45 милиони долари по серијата концерти во Лас Вегас каде постојано настапува од 2003 година. Со успешна турнеја може да се пофали и четвртопалсираната Шакира која е побогата за 38 милиони долари. Иако во овој период Бритни Спирс не издаде албум ниту настапуваше, таа сепак успеа да заработи цели 8 милиони, од продажбата на старите хитови, додека за посебна финансиска инјекција заслужна е одличната продажба на нејзиниот парфем. Од спонзорски договори солидно заработија и некои други пејачки. Меѓу нив води Бијонси која соработува со фирми како ЛОреал, Американ Експрес и Самсунг. Таа е сега побогата за 27 милиони долари, а ја следи, со еден милион помалку, Гвен Стефани, благодарејќи на присуството на пазарот на облека и парфеми, што е добитна формула и за латино пејачката и глумица Џенифер Лопез која на листата се најде на дното, со заработени шест милиони. А за толку долари се побогати и Ферги и Шерил Кроу, а последна на листата е Нора Џонс со „само„ пет милиони долари.
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Неговите хуманитарни кампањи му го донесоа прекарот Свети Боно, но кога ќе се симне од бината, Боно и не изгледа толку свето. Тоа го докажуваат последните фотографии од овој 48 годишен пејач на кои тој се појавува во едно сосема поинакво светло. Имено, тој минатиот месец бил снимен во прегратките на две млади девојки, додека уживал на плажата во Сен Тропе. И тука не завршува приказната, по забавата на плажа, тој ги поканил да му се придружат на ноќна забава на неговата приватна јахта. Едната од 19-годишните студентки по моден дизајн изјавила дека со Боно се познава неколку години и дека во нивниот однос нема ништо повеќе отколку пријателство. За овој настан дознала и неговата сопруга откако девојките ги ставиле сликите со пејачот на сајтот Фејсбук. Иако нивниот брак трае 26 години и се смета за еден од најстабилните во светот на познатите, по овој настан не е исклучено тоа да се смени.
Боно, аман бе...???...
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Чекајќи го новиот студиски албум на Кирил Џајковски, најдобриот електронски музичар на Балканот не изненади со својот нов спот. Станува збор за темата Imagine, симната од филмот Метаморфози на Александар Поповски. Видео-спотот ги претставува најубавите кадри од филмот.
Во спотот главната роља ја има актерот Никола Ристановски, додека фуриозната музика на Кирил е одлична најава за албумот кој го очекуваме до крајот на оваа година... |
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Босанскиот избор за сто најдобри ex-YU рок и поп песни на сите времиња, насловен 100 Вјечити, триумфално заврши завчера со концерт на Јосипа Лисац во сараевската Зетра, по прогласувањето на најдобрите.
Во рок-категорија за 100 Вјечити убедливо триумфираше култната Македонија на Дадо Топиќ & Time. Дадо во живо ја исполни антологиската тема.
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Enya се враќа со нов, седми студиски албум 'And Winter Came’ , кој треба да излезе во продажба на 10-ти ноември. Како прв сингл ќе биде исфрлен 'Trains and Winter Rains’ . На албумот се работело две години.
Enya досега има продадено 70 милиони албуми, има освоено 4 Греми награди и номинација за Оскар за песната 'May It Be’ од филмот 'Lord Of The Rings – The Fellowship Of The Ring’.
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 23456 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |