![]() |
|
Кoja кујна??? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 234 |
Автор | |
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мексиканска Кујна
а мексиканската кујна се смета дека е една од најпознатите во светот. Голем дел од производите што се користат во разните кујни во светот, потекнуваат од Мексико. На пазарите во старо Мексико можело да се најде: грав, пченка, кикиритки, какао, домати, чили пиперчиња, тикви, папаи, маслинки, авокадо, компири, зелје, печурки, табаско пиперчиња, ванила, мед, а од месо: мисирки, елени, зајци, патки, фазани, и се разбира, риба и морски плодови. ![]() Моле Поблано е најрепрезентативното национално јадење. Основниот облик на мексиканското моле е едноставен. Сосот се приготвува од чили пиперчиња и чоколада и се сервира врз месото. Издробеното семе од сусам или тиква само го засилува вкусот. Постојат многу варијанти на ова јадење, а некои од нив се тотално американизирани или добиле типично тексаски вкус, иако вистинското моле е исклучиво мексиканско јадење. ![]() Доматите и пиперките се најчестите производи во мексиканските јадења, но постои и еден вид на домати томатилјос со вкус на лимон, јаболко и ароматични растенија. Овој вид се користи најчесто за подготвување на сосови. Познатата мексикан-ска салса (сос) е неизбежен додаток скоро со секое јадење. Многу се јаде грав и боранија. Постојат многу видови на грав од кои секој се подготвува на различен начин, во зависност од тоа за кое јадење се користи. Зачините се многу значаен детал при подготвувањето на секое мексиканско јадење. Најчесто се користи коријандер, и тоа свеж, но во негов недостаток, се употребува и свеж магдонос. ![]() ![]() Од тестата најпознати се тортиљите кои се основа на мексиканската кујна, независно дали се од пченка или од пченица. Постојат многу начини на подготвувањето на тестото, како ва-ријации на тортиљите, но во суштина сите се многу слични. Љубителите на лутата храна секаде во светот не можат да замислат оброк без лути пиперчиња. И тоа не поради тоа што тие се здрави и преполни со витамините Ц и Е, туку поради тоа што им го зголемуваат апетитот и го засилуваат вкусот на храната. Чили пиперчињата потекнуваат од територијата на денешно Мексико и се омилен додаток во многу јадења низ целиот свет. Повеќе од 100 видови на оваа пиперка има само во Мексико, а уште неколку видови се одгледуваат во Јужна и Југозападна Америка, Југоисточна Азија, Кина, Индија, Северна Африка, Шпанија, а и ние можеме да се пофа-лиме со некои наши видови, кои слободно може да им конк*рираат на мексиканските чили пиперчиња. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Швајцарска Кујна
Ементалер, груѕере, вацхерин, аппензелле, се најпознатите видови од богатата понуда на швајцарски сирења. Јадењата од сирење се сметаат за национални специјалитети, иако имаат регионален карактер, а ги популаризирале швајцарските произведувачи на сирења. ![]() Печивата се исто така доста застапени во швајцарската кујна, како што е случај и со француската од каде и потекнуваат. Омилени се слатките или соле-ните тортици со различни филови: од кисели јаболка, до сирење или кромид. Колачите со мед, прелиени со шеќер се специјалитет кој потекнува од регионот на Базел. За време на карневалите се јадат посебен вид на колачи, а често се застапени и колачите со крем или со лешници и суво грозје.Од десертите позната е одличната торта со моркови, потоа тортите од путер и вишни, како и слаткиот леб со круши. Но сигурно нема да згрешите доколку се засладите со било која од многубројните видови на чоколади, кои претставуваат гордост на секој Швајцарец. Од јадењата со месо, Швајцарците претпочитаат телешко месо во сос од печурки, кое задолжително се сервира со рости. Колбасите и разните видови на салами се неизбежен дел од понудата на богатата швајцарска кујна. Регионални јадења Регионалните специјалитети од францускиот дел вклучуваат сушено говедско или свинско месо. Сувото месо е исечкано на многу тенки парчиња, а се служи со кисели краставички. ![]() Во германскиот регион јадењата настанале под влијание на климатските карактеристики на тоа подрачје. Голема важност им се придава на супите, од кои најчесто се подготвува супата со брашно. Бројните езера придонесуваат за големата популарност на специјалитетите од риба. Од овој регион потекнуваат и бројните варива од месо и компири. Жителите на Италијанскиот регион се гордеат со оригиналните специјалитети, кои не се разликуваат многу од оние од Италија. Нормално, доминантни се разните видови на пици и тестенини, пота палентата, како и месото на скара. Пијалоци Познатиот чоколаден пијалок Овалтине, исто така доаѓа од оваа земја. Освен во течна состојба, се употребува и како сладок зачин за лебот намачкан со путер. ![]() Од вината Швајцарците најмногу го почитуваат ризлингот, а од овошјата подготвуваат бројни алкохолни пијалоци. Како земја во која од земјоделството е најзастапено, производството на житарици, компири, винова лоза и шеќерна репа, а од сточарството одгледувањето на говеда и свињи, швајцарската кујна како комбинација од француската, германската и италијанската кујна нуди најразлични специјалитети, кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите гурмани. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве нешто повеќе за светските кујни.
Германска Кујна Со повеќе од 1200 пиварници во кои се точат околу 5000 различни видови на пиво Германија не ретко ја нарекуваат земја на пивото. Меѓутоа разноликоста во оваа земја ја има не само кај пивото, туку и кај храната која се конзумира. Од свежата риба од традиционалните хамбуршки рибарници до компирот кој се сервира уште од 18 век, како солен варен компир, во разните варива или како погача од компир.Германскиот појадок е незамислив без еден од 300 -те видови здрав леб, имајќи предвид дека германските пекари уште од многу одамна се имаат закитено со многу ловорики произведувајќи мали и убави печива. Помеѓу оброците Германците често посегнуваат по природната минерална вода, која се црпи од 550 извори. Пред да бидете понудени со вино, сигурно ќе ја забележите вкусно и естетски сервираната трпеза. Складно избраните сервиси се неизбежен дел од понудата на храна и пијалоци во Германија. Германците се посебно горди на своите произведувачи на порцелан, стакло, ...чии мајсторски дела ги краселе трпезеите во домовите на царевите и кралевите. Различни чинители влијаеле на тоа кое јадење ќе биде локален специјалитет во одреден регион или држава во Германија, како на пример плодовите кои во тој регион успеваат или степенот на развој. Препознатливи се влијаниата од кујните на соседните земји: чешката и австриската кујна извршиле силно влијание врз баварската кујна, додека на северниот дел воочливо е влијанието на Скандинавија и Велика Британија.Основните состојки достапни во сите германски покраини, од брегот на Северното и Балтичкото море до подножјето на Алпите на југ, во основа се исти, разликите се само во детаљите. На тој начин секоја федерална држава има своја историска, културна и гастрономска особеност. За да регионалната храна добие на вредност, креативните гастрономи се залагаат за враќање на старите рецепти како основа за подготвување на хранливи из драви јадења.Тоа што прво ќе го забележите кај жителите на Берлин се малите оброци помеѓу главните јадења, затоа што како што ќе ви кажат Берлинците немаат време. Берлинската храна е едноставна и здрава: силна, оскудна гозба, во која ќе ги препознаете влијанијата на различните кујни, кои ги носеле емигрантите од многу земји. Нивните салати, разни видови на зеленчук, кобасиците трајно ја збогатиле градската кујна. Берлинската и брандербушката кујна имаат многи заеднички каракеристики почнувајќи од изобилството на риба, дивеч, зеленчук и овошје, потоа свежото кравјо сирење, компирот, киселите краставички...Во северните делови на Германија покрај локалните специјалитети ќе ве понудат и со гулаш, разни видови шунки и сите врсти на риба. Во минатото во овие краеви поради острите зими и напорната работа на отворено на луѓето им била неопходна голема количина на енергија. Сепак денес и во овие региони мрснотијата е редуцирана, а јадењата се полесни. Жителите на Хамбург уживаат во вкусовите и кога се во прашање храната и пијалоците, парите не се важни- “Во Хамбург прво можете да јадете на англиски, потоа на француски или на германски начин,,. За граѓаните на Бремен каракеристична е поговорката ,, Да се јаде многу и да се јаде квалитетно,, што ја покажува љубовта спрема количината кога храната е во прашање,,. Ова е своевиден парадокс, ако се знае дека жителите на Бремен важат за скржави луѓе. Бременците добро завршената работа ја прославуваат со вино. Не во изобилство-тоа Господ го забранува, туку во тивки задоволство... во бременски стил.Доколку појдете во Долна Саксонија ќе ве пречекаат со едноставни и обилни јадења, а пред се со кељ со кобасици и сирење. Во регионот на Есен доминантни се два специјалитети зелениот сос и франкфуртските кобасице. Баварската кујна е богата како и нејзиниот пејсаж и светски познатото пиво. Меѓу најзначајните специјалитет на оваа кујна спаѓаат печеното свинско, телешката бела кобасица и паштетата од црн дроб. Доколку сакате да ја доживеете германската кујна најдобро е да го посетите минхенскиот ,, Октоберфест,, да пиете пиво од литарските кригли и да уживате во романтичните дворци од бајките. ![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Kineska kujna nemozam da podnesam a od drugive site moze
![]() ![]() ![]() |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сите ми се убави и ги сакам. Ете мексиканската ми е најфаворит, ама сепак би рекла домашно си е домашно-откако дознав дека јадат гуменизирани овошја и зеленчук (модифицирани де) странциве.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Македонска (нешто од неа)
![]() Италијанска ![]() Kинеска ![]() Индиска ![]() Се од медитеранот... ![]() Meксиканска... ![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |