IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 12:26


34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот!

35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
...
36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’

37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?

38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?

39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе?

40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’

==Матеј 25:34-40 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 01:07
(mkbible.net)

Исус воскреснува

Исус им рече … 40 Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.” (ЈОВАН Гл 6)



Исус воскреснува момче во Наин

11 Потоа Исус отиде во градот наречен Наин ; а со Него одеа Неговите ученици и големо множество.

12 А кога се приближи до градската врата, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка му, која беше вдовица и со неа имаше големо множество од градот.
13 А кога Господ ја виде, се сожали на неа и и рече: „Не плачи!”

14 Тогаш се приближи и го допре носилото - носителите пак застанаа - и рече: „Момче, тебе ти зборувам, стани!”

15 Мртвиот седна и почна да зборува; и Тој (Исус) го предаде на мајка му.

16 И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас” и „Бог го посети Својот народ.” (ЛУКА Гл 7)



Исус воскреснува девојче

35 Додека уште зборуваше, дојдоа од домот на началникот на синагогата и му рекоа: „Ќерка ти умре! Зошто Го измачуваш уште Учителот!”

36 А Исус, кога го чу зборот, што го рекоа, му рече на началникот на синагогата: „Не бој се! Само верувај!

37 И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот Јаковов.
38 И дојдоа во куќата на началникот; и виде врева, дека плачеа и пиштеа многу,
39 и кога влезе им рече: „Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие!”
40 И Му се потсмеваа. А Тој ги истера сите надвор, ги зеде: таткото на детето, и мајката и оние кои беа со Него, и влезе таму каде што беше детето.

41 И кога (Исус) го фати детето за рака му рече: „Талита кум!”- што значи: „Девојче, Јас ти велам стани!”

42 И девојчето стана веднаш и одеше, зашто имаше дванаесет години. И веднаш се зачудија многу. (МАРКО Гл 5)

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2011 во 05:07
34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава  10

6 Јас реков: вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот; 7 но вие ќе умрете како луѓе, и ќе паѓате како секој кнез."
Псалм  81




Изменето од Messenger - 06.Декември.2011 во 05:12
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2011 во 10:28
(mkbible.net)

28 И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?”

29 Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ,

30 и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!”
31 А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!” Друга заповед, поголема од овие, нема.” (МАРКО Глава 12)




2 „Човечки сине, кажи му на тирскиот кнез: ‘Господ Бог зборува вака: „Твоето срце се возгордеа, ти рече: ‘Јас сум Бог! Седам на Божјиот престол во срцето на морето’ Иако си човек, а не Бог, ти го изедначи твоето срце со Божјото.
...
6 Затоа Господ Бог зборува вака: „Зашто своето срце го изедначи со Божјото,
7 еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост, и ќе ти ја помрачат убавината,
8 ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина!

9 Ќе речеш ли тогаш пред крвникот: ‘Јас сум Бог’? Човек си, а не Бог во рацете на своите убијци.

10 Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’” (ЕЗЕКИEЛ Гл 28)
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2011 во 15:30

20.Nema pravednik na zemjata koj pravi dobro i nikako da ne greshi; 21. Zatoa ne obrnuvaj vnimanie na sekoj zbor shto kazhuva, za da ne go chuesh i slugata tvoj koj te navreduva. 29. Samo ete, toa go najdov, deka Bog go napravi chovekot dobar, no lugjeto se vpushtuvaat vo mnogu mudruvanja.

Propovednik 7


Изменето од Messenger - 06.Декември.2011 во 15:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 02:26
(mkbible.net)
Kому многу му се простува - љуби многу

36 Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него. Тој влезе во фарисеевиот дом и прилегна до трпезата.
37 И ете, една жена од градот, која беше грешница, кога научи дека Тој е прилегнат до трпезата во фарисеевата куќа, донесе со себе алабастрен сад со миро,

38 и застана зад Неговите нозе плачејќи и почна да Му ги мие нозете со солзи, да ги брише со својата коса; и ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро.

39 И кога го виде тоа фарисејот, кој Го повика, рече во себеси: „Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, која се допира до Него: дека е грешница.”
40 А Исус пак му одговори и рече: „Симоне, имам да ти кажам нешто.” А тој: „Учителе, кажи!”
41 Рече: „Двајца му беа должни на еден заемодавач; едниот му должеше пет стотини динарии, а другиот педесет.

42 А бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на двајцата. И така, кој од нив ќе го возљуби повеќе?”

43 Симон одговори: „Мислам оној кому повеќе му подарил.” А Тој му рече: „ Право пресуди!”

44 И кога се заврте кон жената му рече на Симона: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти не ми даде вода за нозе, а таа со солзи ми ги облеа нозете и со својата коса ги истри.
45 Ти не ми даде целив, а таа откако влегов, не прекратува да Ми ги целива нозете.
46 Ти не ми ја помаза главата со масло, а таа Ми ги помаза нозете со миро.

47 Затоа, ти велам, простени и се многу гревови, зашто имаше многу љубов; кому малку се простува - малку љуби.

48 А нејзе и рече: „Простени ти се гревовите.”
49 А тие, кои беа заедно покрај трпезата, почнаа да зборуваат во себе: „Кој е Овој, Кој и гревови проштава?”

50 А на жената (Исус) и рече: „Твојата вера те спаси! Оди си со мир!” (ЛУКА Гл 7)
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 11:09
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
... 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.
19 Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.
20 Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;
21 а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.


==Евангелие по Јован 3:16-21 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2011 во 21:18


1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите;

2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:

3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.
...
4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.

5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните.

6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.

==Псалм 1 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 12:11
Ова е денот што Господ Го направи да Му воскликнуваме и да Му се радуваме Нему!
==Псалм 118:24 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Niko777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Niko777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 11:24
(mkbible.net)
Господ ќе се возвиши, Единствено Тој - во оној ден


11 Гордиот поглед ќе биде скршен, и човечкото високоумие ќе биде понижено. Господ ќе се возвиши, Единствено Тој - во оној ден.

12 Да, тоа ќе биде ден на Господа над Војските, против сите горделиви и издигнати, против сите што се возвишуваат, за да ги собори;
13 против сите либански кедри и против сите васански дабови;
14 против сите вишнати гори и против сите издигнати брегови;
15 против секоја висока тврдина, и против сите цврсти ѕидови;
16 против сите тарсиски бродови, и против сите раскошни бродови.

17 Човечката гордост ќе падне и човечката висина ќе се понижи . Господ ќе се возвиши, единствено Тој - во оној ден,

18 и идолите на нечистите божества ќе ги снема без трага.

19 Ќе влезат во дупките меѓу пештерите и во земните дупки, пред Господовиот ужас, пред сјајот на Неговото Величество, кога ќе стане да ја растресе земјата.
20 Во оној ден: човекот ќе им ги фрли на кртиците и лилјаците, своите сребрени идоли и своите златни идоли на нечистите божества што си ги направил за себеси, за да им се поклонува;
21 кога ќе избега во пештерските шупливости и во распуканиците на карпите пред Господовиот страв, пред болскотот на Неговото Величество кога ќе стане да ја растресе земјата.

22 Прекратете да се надевате на човекот чиј здив е во неговите носалки : бидејќи што значи тој?

(ПРОРОК ИСАИЈА Гл 2)
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2011 во 11:26
9 Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена.


==Пословици 28:9 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 11:26


   И ќе се рече во оној ден: „Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нè спаси; Тој е Господ во Кого се надевавме! Да Му воскликнуваме и да се веселиме на Неговото спасение.”


==Книга на пророк Исаија 25:9 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2011 во 11:18
13 Дрски се вашите беседи против Мене - вели Господ.

14 Вие сепак прашувате: ‘ Што сме зборувале меѓу себе против Тебе?’ Зборувавте: ‘Напразно е да Му се служи на Бога и каква е полза дека ги пазиме Неговите прописи и одиме жалосни пред Господа над Воинствата.

15 Отсега ќе ги наречуваме среќни горделивите: напредуваат оние кои прават зло, иако Го искушуваат Господа, се извлекуваат!’
...
16 Но кога разговараат оние, кои се плашат од Бога, Господ внимава, ги слуша и тоа се запишува пред Него во Спомен книгата во полза на оние, кои се бојат од Господа и кои Го почитуваат Неговото Име.

17 „Мои ќе бидат, моја печалба - говори Господ над Воинствата. Во Денот што го подготвувам ќе им бидам милостив како што таткото му е милостив на синот, кој му служи.”

18 И тогаш пак ќе го разликувате праведникот од грешникот, оној, кој Му служи на Бога од оној, кој не Му служи.


==Малахија 3:13-18 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2011 во 16:28
30 Јас и Татко Ми Eдно сме.

31 Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења.

32 Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?”

33 Јудејците Му одговорија: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство - зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.

34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ 30 Јас и Татко Ми Eдно сме.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава  10  



12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе прави и поголеми од овие, зашто Јас одам при Мојот Татко.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 14


21 за да бидат сите Eдно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат Eдно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.

22 И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат Eдно, како што Сме Ние Eдно.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава  17








Изменето од Messenger - 21.Декември.2011 во 16:32
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.