|
Македонците од Егејска Македонија |
Внеси реплика | страница <1 37383940> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Malo pojasnuvanje...
Vu Grcija nemozes da se deklariras kako makedonec...ili pak najmalku egeec.. Ako sakas da zivees tamu togas si Grk...Ako sakas da si makedonec ...Ete ja Makedonija..poveli bidi Makedonec.. |
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Француски документ за извештајот на Стејт Департментот на САД,од март 1949 година во кој пишува: "Во југословенскиот дел на Македонија живеат 800 000, а во грчкиот дел 500 000 Македонци". Во истиот документ се споменува и Пиринска Македонија, но не е потполно читливо и јасно што говори. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Британски документ за НАПАЛМ бомбардирањето на Грамос
Ако Донски лаже, документите нелажат :) Освен овој документ има многу други каде британците ја покажуваат нивната улога во војната . |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Писмо од H. Yoanu во кое е е наведено убиството на македонските патриоти Мирка Гинова ,П.Димитров ,Г.Проев и Х.Стојановски. Извештај на локалниот комитет на ЕАМ, 10.08.1944 година Писмото на Лазо Димовски, 24.01.1944 Писмо на ЕЛАС во кое се говори за активностите на батаљонот "Гоце", 10.11.1944 г Победа- списание на македонската армија во Егејска Македонија Повик, 25.03.1944 г. Писмо на Илија Димовски- Гоце Црвена Ѕвезда- орган на македонската антифашистичка организација во Егејска Македонија Дел од дневникот на Паскал Паскалевски Писмо на Керамитчиев и Илија Димовски- Гоце Благодарност до мојот пријател Macedonian Warrior за оваа колекција документи Изменето од Македон - 08.Октомври.2011 во 18:02 |
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Состанок на Македонците во егејска Македонија за време на граѓанската војна. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кукуш се наоѓа 45 км северно од Солун и има население од 13 000 души, од кои 12 000 се Македонци и 1 000 души Турци и Цигани. Тој град пред близу 70-80 години бил еден од центрите на производството на платна во Македонија нужни за секое семејство, но имало и претпријатија што произедувале платна за продажба и за извоз во други околини. ( Влахов - Мемоари )
• За родниот град Кукуш , уште во Воведот од своите Мемоари ,Влахов вели : • Кукуш е “еден од малкуте градови во Македонија, што благодарение на своето компактно население, можел да игра значајна улога во делото на преродбата на македонскиот народ.“ • Ќе продолжи со тоа дека токму тој град дал поети како Смирненски, писатели како Георги Тишинов, воени писатели како Дарвингов, но и основопложници на револуционерното македонско дело како Гоце Делчев. Напротив во минатото најсилниот отпор на грцизмот пропагиран од Грција и Патријаршијата, токму Кукуш го дава. • Се случува и интерсен момент за кој ни говори Влахов во својот Предговор од Мемоарите а за родниот Кукуш и обидот за Грцизирање. Имено кога десетина Грци опседнати од силен грчки национализам се населени од Патријаршијата и грчката држава со цел да го грцизираат Кукуш преку своите пропаганди и пари, самите се претопуваат во компактниот македонски народ. И токму нивните плодови на мешањето – потомствата, подоцна се чувствуваат никако поинаку освен како “Македонци”, наместо очекуваниот да ги направт другите“Грци”. • Кукуш e бастион на македонскиот народ и неговата ревлуционерна борба, ликвидирани се на 5-6 поалчни луѓе додека од останатите, по тоа турските власти не можеле да знаат ништо што работи организацијата. Секој граѓанин на Кукуш е во борбата на организацијата како што сведочи Влахов ( “за време на револуционерните борби ,можеше да му се довери скоро на секој жител на тој град”). • Во однос пропагандистите на соседите за Кукуш , Влахов ќе рече во своите Мемоари • За неомразата кон другите народи но само сопствената гола одбрана на Кукушани, Влахов дава и друг белег па вели : Тоа се должеше исклучиво на подбуцнувањето од емисарите на великобугаризмот, кои ползувајќи ги успесите што ги имаа сојузниците, и специјално Бугарите, за време на војната против турското господство, пројавија садизам кој го извалка славното име по кое беше познат овој град и ја компромитира толерантноста што беше една од важните пројави во општествениот живот на граѓаните. Тие не се водушевуваа од никаков антисемитизам или јудофобство кои, меѓу другото им беа совршено туѓи, од никаква омраза против самиот грчки народ чии што претставители дури и живееја и работеа во Кукуш како лекари и аптекари, ниту против Србите или србоманите, што се беа јавиле во градот за да создадат во тој компактен македонски град великосрпската пропаганда, ниту против великобугарската доколку можеа да се сретнат во градот и во неговата околија.“ Кукуш беше пазарен центар за житни храни. Помнам дека имаше неколку души големи трговци кои секој пазарен ден, четврток , ги отвараа своите магази и купуваа од пазарот храни, главно пченица, што селаните ги изнесуваа на пазар. Тие храни беа извезувани во Солун и оттаму препраќани во Марсеј , откаде што се внесуваа освен редица колонијални манифактурни стоки ( манифактурните стоки се добиваа главно од Англија, а колонијалните стоки : шеќер, кафе, ориз – извесен ориз се добиваше од Струмица, а населението го претпочиташе Струмичкиот ориз пред тој внесуван преку Марсеј од југоисточна Азија), исто така и железнички стоки, добивани преки Марсеј, дури од Шведска ( шведско меко железо) Ние добивавме , на пример, во Кукуш од Марсеј сапун, разни миродии, стакларија, сол, вреќи,зобови,од кои ред години се приготвуваа вреќи, а освен тоа и суви смокви, суво грозје, урми, лопати, паламари, српови, сенки, сламени шапки со кои се служеа жетварите.“ Сопствениците на шаралганџилниците постепено стануваа индустријалци, строеја парни мелници во кои произведуваа секаков вид брашни производи. Некои од тие фабрики имаа свои филијали во Солун и таму ги пласираа своите производи.“ “ Лозарството во Кукуш не беше слабо развиено. Повеќето луѓе имаа и по малку лозје од кое добиваа грозје за консумација и за вино. А освен тоа , во самиот реон, во месноста наречена Чарлан , каде што живееја главно Турци – Јуруци, преселени од Коња, се произведуваше многу убаво слатко бело грозје , кое го преплавуваше и пазарот во Кукуш.Тоа беше предимно десертно грозје за јадење , а не за производство на вино.“ - И продолжувајќи со последиците од вака големото одгледување на лозови насади а кои се рефлектирале во големото количество алкохол и бакалници низ градот, влахов продолжува : Плодови во Кукуш се произведуваа слабо, а зеленчуци во достатно количество. Имаше една бавча во самиот град и една вон од градот, кои го снабдуваа кукушкиот пазар со достатно количество зеленчуци кои се продаваа по многу ниски цени. Да одбележам дека компири во Кукуш не се произведуваа, а се внесуваа од Марсеј и компирот беше луксузен артикал. “ - За занетчиството и неговото учество економскиот живот на Кукуш, Влахов ќе каже : Турците се занимаваа со некои од овие занаети : сарачи, налбати, бербери , кафеџии, Циганите со производство на клинци, плочи и разни решета и сита, а нашите Македонци со останатите занаети : ковачи, чевлари, папуџии, шивачи, туфекчии, бербери, кафеџии, крчмари, бакали, мануфактуристи, кожувари, самарџии, златари, бакарџии и ред други занаети какви постоеја во Кукуш. “ “ Трговијата беше, како едрата, така и ситната, исклучиво во рацете на Македонците. Во Кукуш имаше над 3 000 куќи и 850 дуќани. Пред 60-70 години ( бидејќи Мемоарите се пишувани 1952 г., ов значи се мисли за периодот на 1880-90 год. – з.н ) занаетчиите имаа достатен приход да преживеат. Домашната индустрија беше слабо развиена. Таа била развиена пред 70-80 години, а после не беше развиена. Напротив , во Кукуш се внесуваа производи за домашна индустрија од други места. А подоцна, кога под влијанието на конкуренцијата што ја правеа стоките внесувани од европските индустриски земји, како стоки поубави и попривлечни и поевтини, многу од занаетчиите го напуштија Кукуш и се преселија во Солун каде имаше повеќе работа и можеше да живеат по подобри услови. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
До денес нема ниту еден решен случај пред суд во Грција за враќањето на имотите на Македонците, вели за „Дојче Веле“ д-р Никола Костурски, претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција. - Решавањето на имотното право во една држава е многу тешко, а уште потешко кога тоа право треба да се побара во друга држава, во која се` уште се на сила низа дискриминаторски закони со коишто им е одземен имотот на Македонците со потекло од егејскиот дел од Македонија. Затоа, ние како Македонци не можеме да ги оствариме тие права, вели Костурски. Протераните Македонци од Грција не се откажуваат од нивните барања за враќање на имотите, објаснува претседателот на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција. - Формирана е комисија, која има ангажирано адвокатска канцеларија што ќе ги брани правата и ќе се грижи за враќањето на имотите на Македонците со потекло од Егејска Македонија. Одбрани се педесет случаи со целосна документација, тапии, издадени од грчки катастари и дадени на разгледување таму. Тоа е макотрпна работа која ќе трае со години. Досега, откако од пред две години се ангажирани тие адвокати, немаме некаков резултат, истакнува Костурски. На прашањето зошто нема напредок во овие случаи, Костурски одговара дека „грчките судови ја влечкаат работата за да не ја решат. Дури да дојде до Врховен суд ќе поминат години“. Тој не верува многу дека постапката што се води во Грција ќе донесе резултати, но сепак има надеж. - Надежта никогаш не умира, таа умира последна. Ние се надеваме дека со влегувањето на Македонија во ЕУ, кога таа ќе биде рамноправен член со Грција и кога ќе можеме сите да одиме таму да вадиме изводи од матичната книга на родените, да бидеме европски граѓани, мислиме дека Грција ќе мора еден ден да ги укине тие дискриминаторски закони, посочува Костурски. На прашањето дали постои проценка на тоа колку имоти се побаруваат назад и колку изнесува нивната вредност, д-р Никола Костурски вели: „Тешко може да се направи таква проценка, такви пописи на имотите во овие простори на Македонија, во составот на бившата југословенска федерација се правени неколку пати. Последниот е направен сега, пред три години. Луѓето веќе не веруваат во тоа што им се ветува и бара, тие се скептични кон тие инцијативи. Покрај сето ова, ние собравме околу 20.000 побарувања“. Досега никој не успеал да поврати имот по судска постапка во Грција. - Такви нема. Еден случај, којшто индивидуално се водеше, ги помина сите инстанци во Грција за враќање на имотот во Чеган. Бидејќи беше одбиен од сите судови во Грција, тој на крајот поднесе барање во Стразбур, и тоа не се реализира. Има случаи каде што браќа од коишто едниот живее во Грција, а другиот тука, спогодбено си го поделија имотот и го продале својот дел на братот. Случаи добиени пред судот нема, нагласува Костурски. Д-р Никола Костурски се надева дека најавеното обединување на сите организации и здруженија на етничките Македонци протерани од Грција во една единствена координативна конференција ќе доведе до водење заедничка политика за спроведување на нивните барања и права. |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А ти Емил дали знаеш зашто е постојаната битка за Македонија да се откаже од името? Дали знаеш што ќе значи отворањето на Букурешкиот договор во 2013 година? Дали знаеш како грците постапувале спрема Македонците во граѓанската војна, и зашто биле протерани сите Македонци од Егејскиот дел? Дали знаеш колкава отшета ќе треба да плати гејлада по отворањето на договорот. На кој начин и зошто Британија ја аминувала одлуката Грција да го земе Егејскиот дел од Македонија? Дали ги знаеш сите овие факти или сурфаш на интернет за да изнајдеш нешто што мислиш дека е факт?
Македонија т.е децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија се правни наследници на земјата во тој дел. Само што некој упорно го негира тоа... Прашањето е до кога ќе може да одолее на оваа борба, која дефинитивно ќе заврши со враќање на имотите или нивна компензација.. А дали знаеш дека Бугарија го призна Македонското малцинство во Пиринскиот дел на Македонија и дека си го плати тој дел? Или тоа не си го знаел до сега... Со самото тоа Бугарија ги потврди работите кои и неправдите кои се нанесени на Македонскиот народ од тој период... Уште Грција остана да си ја исправи грешката и светот ќе ја осознае вистината за Македонија и Македонскиот народ и сите неправди кои му биле нанесени... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И зошто ме прашаш сето тоа ?
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
... nemoj previshe da se nadevash ,...ako i ti imash interes nekoj od toa . |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поентата во тој дел Брза ми беше дека Бугарија ја призна Македонија, постоењето на Македонското малцинство во Бугарија како доказ за овие ултра националисти тука кои упорно негираат... Државата признава тие се трескаат од земја у некои нивни спротивни факти и убедувања... А за интерес од Грција тоа е знак прашање дали и моите внуци ќе видат нешто од таму... Јас сум тука кај што сум, ако ми дадат дел од таму ќе направ кенеф за сите Македонци кои ќе патуваат да може да се посерат без пари у таа држава и тоа на раат без никој да им мрчи...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Една слика илјада зборови. In the area of Verketop - Vodena (November 1917). At the entrance of the cemetery Macedonian, All Saints' Day: Women seeking Macedonian bones of their parents
А под сликата некој французин напишал дека македонката си ги бара коските на своите родители Македонци. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Внеси реплика | страница <1 37383940> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |