|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 3637383940 55> |
Автор | |
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Formula 1 se vraka na Suzuka
Трката од шампионатот во Фромула 1 за големата награда на Јапонија од 2010 година нема повеќе да се вози на стазата Фуџи спидвеј Инаку во сопственост на Тојота, бидејќи оваа автокомпанија сака да ги намали своите трошици поради светската економска криза. На оваа стаза се одржаа последните две трки за Големата нафрада на Јапонија, а во периодот од 1987 до 2006 година трките се возеа на стазата Сузука. која судејќи по се, повторно ќе му биде домаќин на "најбрзиот циркус на светот". |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жак Вилнев планира враќање во Формула 1?
Поранешниот светски шампион во Формула 1, канадскиот возач Жак Вилнев најави можност за враќање во ова натпреварување. Вилнев, кој во 1997 година беше светски првак во болидот на Вилијамс, последната трка во Формула 1 ја извозе во 2006 година. "Јас сум возач и секогаш ќе бидам. Затоа, размислувам за враќање во Формула 1", изјави 38 годишниот Вилнев, кој веќе разговарал со една екипа од Формула 1, но не сакаше да открие за која станува збор. "Не можам да кажам што ќе се случи, но имам желба повторно да возам во Формула. Денешните болиди се поатрактивни за гледање, а верувам дека наредните години ќе бидат уште побрзи", додаде Вилнев. Во минатите три години, Вилнев возеше во натпреварувањето НАСКАР, кое е многу популарно во северна Америка. "Формула 1 престана да биде интересна кога ја напуштив. Всушност, полоша беше атмосферата надвор од патеката. Многумина се врзаа со компјутерите, а само половина час дневно проаѓавме со инженерите". Вилнев во Формула 1 возеше од 1996 до 2006 година и во тој период оствари 11 победи. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Екипите не можат сами да ги одредуваат правилата
Асоцијацијата на тимови во формула 1 (ФОТА) не може сама да ги определи правилата за 2010 година освен ако нема согласност и на тимовите и на организацијата. Осумте тима на ФОТА ќе треба да се сретнат на Нирнбургринг со претставниците на Форс Индија, Вилијамс и трите нови екипи за да ги разгледаат плановите за следната сезона. Од ФИА се едногласни, потребен е апсолутен консензус меѓу противничките екипи за промена на правилата. Претседателот на федерацијата на ФИА, Макс Мозли, прати писмо до сите учесници со изјава: "Како што знаете, според член 66 од меѓународниот спортски правилник, не може да се променат веќе публикуваните правила без одобрение на сите учесници во првенството. За тоа ќе ве советувам да одржите состанок со ФОТА и да побарате спогодба од сите тимови. Кога ќе го завршите тоа, ќе треба веднаш да ја известите ФИА за правилата да бидат публикувани", заврши Мозли. Во друго писмо испратено до Лука ди Монтеѕемоло, на тимовите членови на ФОТА им се препорачува строго да се придржуваат кон правилата и ги потсетува дека не смеат да вршат никакви измени без да биде известена ФИА. |
|
|
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тимовите од Ф1 ја бојкотираа средбата со ФИА
Тимовите членови на ФОТА во формула 1 ја обвинија ФИА, дека иднината на овој спорт е ставена на ризик по синоќешната средба меѓу двете страни на пистата Нирбургринг во Германија. ФОТА, екипите и претставници на ФИА се сретнаа за да разговараат за новите технички правила за сезоната 2010 година. Изненадувачки, ФИА им даде до знаење на членовите на ФОТА дека немаат право на глас и не можат да учествуваат во дискусијата околу новите правила бидејќи не фигурираат во конечниот список за 2010 година. Откако го разбраа тоа, сите претставници на ФОТА демонстративно ја напуштија средбата. "Соопштението на ФИА, дека ќе немаме право на глас е нешто ново, бидејќи на 24 јуни успеавме да се договориме со нив и бевме вклучени во списокот. Тогаш најдовме решение и за многу посложени работи, а сега наеднаш не нема на фамозниот список", објаснија од ФОТА. На средбата на Нирбургринг освен членовите на ФОТА - Ферари, Мекларен-Мерцедес, Рено, Тојота, БраунГП, БМВ, Ред Бул и Торо Росо, присуствуваа уште и Вилијамс-Тојота, Форс Индија и трите нови тима Манор, Кампос и УСФ1. Како што е познато, Макс Мозли пред некој ден писмено ги извести екипите на ФОТА дека не можат сами да ги определат правилата освен ако нема апсолутен консензус меѓу сите екипи. Друга главна пречка во целиот настан беше изјавата на ФИА која вели дека од следната сезона ќе воведе буџетско ограничување за секоја екипа од 40 милиони фунти. Иако многумина мислеа дека војната меѓу ФИА и ФОТА е завршена, ни оддалеку не изгледа така. Кризата се повеќе се продлабочува и сигурно ќе се одрази врз трките на најелитното автомобилско натпреварување. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВАТАНЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИА
Поранешниот светски рели првак Ари Ватанен потврди дека ќе се кандидатира за Претседател на ФИА на Октомвриските избори. "Одговарајќи на барањата на многубројните авто-мото асоцијации членки на ФИА, јас решив да се кадидатирам на претседателските избори во ФИА, во Октомври оваа година", изјавил Ватанен. Мислам дека е време за промени. Мој главен фокус ќе биде помирувањето внатре во ФИА, транспарентност во работата. Должност на претседателот е да се заштитат милијардите автомобилисти и авто-мото спортот." Ватанен ја донел оваа одлука како последица на неизвесноста за тоа дали моменталниот Претседател Макс Мозли ќе се номинира повторно за оваа функција или нема да го направи тоа. Од ФОТА сакаат Мозли да замине, па затоа со носителот на Ф1 комерцијалните права, ЦВЦ се обидуваат да постигнат договор со кој ќе се гарантира заминувањето на Макс Мозли, како би се осигурала иднината на Ф1. Следен чекор на Ватанен сега треба да биде доставување на список од 22 члена кои ќе пополнат одредени места во структурата на ФИА, ако тој биде избран. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Button: Јас сум најдобар возач на сите времиња
Водечкиот во овогодинешниот шампионат на Формула 1, Британецот Jenson Button, мртов-ладен, се прогласил за најдобар возач во историјата на својот спорт. Во интервју за јулското издание на магазинот GQ, Button на прашањето кој го смета за најдобар возач во историјата како од пушка одговорил:„Јас, јас сум најдобар“. Иако британските медиуми, кои ја пренесоа оваа изјава, не наведуваат детали, за претпоставка е дека Британецот одлучил да се пошегува. Одговарајќи на прашањето за сонародникот Lewis Hamilton, минатогодишниот првак, Button рекол: „Не ме интересира кој победува ако тоа не сум јас. Сакам да победувам и љубоморен сум на сите други кои победуваат. Но, титулата на Hamilton беше добра и за мене бидејќи го насочуваше вниманието на британските медиуми на него, а јас можев да се спремам за оваа сезона“. Button во болидот на Brawn-Mercedes победи во шест од осум трки од оваа година и со 64 поени убедливо води на Ф1 табелата. najdobar si ako se lazime |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
F1 News
ПЛАНОТ ЗА АЛТЕРНАТИВНА Ф1 С# УШТЕ Е АКТИВЕН Шефот на формула 1 тимот Тојота, Џон Хаует, призна дека плановите за алтернативен шампионат с$ уште се живи. Поради честите конфликти тимовите бараат решение кое ќе ја спаси од кризата Ф1. "Плановите с$ уште не се уништени. Се надевам на компромисно решение со ФИА, меѓутоа ако нема подобрување на ситуацијата ние имаме алтернативни решенија", изјави Хаует. Од друга страна се подигнува и тезата дека последните одолговлекувања на решенијата на Мозли и ФИА имаат цел да ја притиснат ФОТА, да изгуби доста време во обид да организира алтернативна формула 1. АЛОНСО ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ БОЛИД ВО ОВИЕДО Шпанскиот возач Фернандо Алонсо ќе направи демонстрации со својот Рено болид во родниот град Овиедо во Шпанија. Двократниот светски шампион ќе се прошета низ улиците на градот на петти октомври. Патеката која ќе ја помине е долга 1,8 километри, а се очекува на настанот да присуствуваат околу 100 илјади луѓе. НА ЕКЛСТОУН ЌЕ МУ БИДЕ ОДЗЕМЕН МЕДАЛ Австрискиот министер за спорт Норберт Дарабос изјави дека ја разгледува можноста да му го одземат специјалниот орден на шефот на формула 1 Берни Еклстоун добиен пред околу 10 години, поради коментарите во кој го спомнува нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Тој изјави дека денешната демократија не донела ама баш ништо и затоа моделот на Хитлер е идеално решение за проблемите. Тие изјави донесоа бурни реакции во светски рамки и со тие недолични изјави си го оцрни своето име. "Останав без зборови. Се вчудовидив кога ги слушнав неговите коментари. Човек на таква позиција не смее да дава вакви според мене недолични изјави", објасни Дабарос. Британските медиуми коментираат дека ова е еден вид притисок врз Еклстоун да ја вклучи и Австрија во календарот на формула 1. А Интересно е тоа што пред некое време Еклстоун го одби орденот кој му го доделуваше Британската влада. ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПОТВРДУВААТ: АЛОНСО И ФЕРАРИ ИМААТ ДОГОВОР Како што Шпанците изјавуваат кон нивните изјави се приклучија и италијанските медиуми околу преминот на Фернандо Алонсо во тимот на Ферари. Тие потврдуваат дека постои договор меѓу Алонсо и Ферари иако шпанскиот возач ги одрекува овие информации. Изданието Аутоспринт дури објави насловна страница, на која имаше обработено снимка на Фернандо со екипата на Ферари на која пишуваше дека Алонсо на 15 ноември се приклучува кон овој тим. Во Газета дело Спорт тврдат дека договорот на Шпанецот ќе биде две години, со можност да биде продолжен на уште една. Според истиот извор, Алонсо требал да пристигне во Ферари уште минатото лето, но тимот објави дека ќе почекаат да изминат договорите со Фелипе Маса и Кими Раиконен, кои се со важност до 2010 година. РЕД БУЛ ЌЕ ПРАВИ БОЛИД ПО МЕРКА НА ФЕТЕЛ За следната сезона болидот на Ред Бул ќе биде направен според стилот на Себастијан Фетел, изјави шефот на тимот Кристијан Хорнер. Самиот тој пред некое време изјави дека неговата екипа нема пилот т.н. број 1. "Како и Себастијан и Марк имаат еднакви болиди и се конструирани подеднакво. Стилот кој го поседува Себастијан е многу поразличен од перформансите на болидот и ќе мора да извршиме неколку корекции. Тоа ќе се случи во 2010 година. Истото се однесува и за Вебер. И тој ќе има болид кој ќе му прилега, но за разлика од неговиот колега неговиот болид ќе претрпи многу мали промени", изјави Хорнер. Разликата меѓу двата возачи изнесува 3,5 поени, а имаат шанси да го достигнат и водешкиот двоец Џејмс Батон и Рубес Баричело. ВО СКУДЕРИЈА ОЧЕКУВААТ ДОБРА ТРКА НА НИРБУРГРИНГ Оваа сезона се покажа како исклучително сложена за тимот на Скудерија Ферари. Покрај лошите изданија нивните пилоти Фелипе Маса и Кими Раиконен се далеку зад водечките возачи, меѓутоа тимот е уверен дека со трката за Големата награда на Германија сето тоа ќе се промени. "Пистата Нирбургринг е многу поволна за нас, отколку онаа на Силверстоун. Разгледуваме неколку можности за трката и за тактиката ќе одлучиме пред самиот старт. Мислам дека многу ќе зависиме од пневматиците. Со Кими ќе пробаме некои нови компоненти за време на тренинзите па ќе одлучиме како ќе стартуваме. Сигурно очекуваме добар пласман бидејќи добро ја познаваме оваа патека и мислам дека е полесна за возење", изјави Фелипе Маса. "Тимот многу работи за подобрување на состојбата и верувам дека нашата сила ќе ја покажеме на патеката во Германија. Очекувам добро издание и бескомпромисна борба во водечките возачи", рече Раиконен. МАСА ПРИЗНА, ЌЕ СТАНЕ ТАТКО Пилотот на Скудерија Ферари, Фелипе Маса ја потврди информацијата дека до крајот на годината ќе стане татко. Пред два месеци беше јасно дека 28-годишната сопруга на ѕвездата во формула 1, Рафаела, е бремена и се очекува Маса да добие син во ноември. Бразилецот изјави дека го очекува детето токму по завршувањето на сезоната во формула 1 на први ноември во Абу Даби. "С$ се одвива според планот. Чуството дека наскоро ќе станам татко е извонредно!", изјави Маса. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОРМУЛА 1 ВИКЕНДОВ СЕ ВОЗИ ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА Нирбургринг во сенка на новите првирања во Ф1
Викендов ќе се одржи деветтото Гранд при во шампионатот на формула 1, односно трката за големата награда на Германија на патеката Нирбургринг. Дали повторно на престолот ќе го видиме Џенсон Батон или Себастијан Фетел или можеби некој друг. Токму Британецот е најавен како најголем фаворит за победата поради шесте претходни триумфи на формула 1 трките. Возачот на БраунГП победи на Австралија, Малезија, Бахреин, Шпанија, Монако и Турција. Меѓутоа со претходните две победи, особено последната на патеката Силверстоун на Себастијан Фетел, кој ќе има голема помош од домашните фанови ни дава право да очекуваме добра борба и незивесна трка. Токму пилотите на Браун и Ред Бул ги држат првите четири места во генералниот пласман, меѓутоа до крајот има уште доста трки и може да се очекува поместувања на табелата. Нирбургринг - или како што ја нарекуваат ентузијастите "прстенот", се наоѓа на 70 километри јужно од Келн и претставува една од најтешките трки во шампионатот. Токму поради опасните свиоци прославениот Ф1 пилот Џеки Стјуарт ја има наречено "Зелениот пекол". Еден круг на патеката е долг 5,148 километри, а ќе се мине точно 60 пати. Пилотите уште синоќа го извозеа првиот слободен тренинг во кој возачот на Ред Бул, Марк Вебер постигна најдобро време од 1:33.082. Втор беше лидерот на првенството Џенсон Батон, а натаму следуваа Фелипе Маса, Јарно Трули, Џанкарло Фисикела и Кими Раиконен. Победникот на последната трка во Англија, Себастијан Фетел заработи повреда со својот болид по 10 круга и на крајот остана осми. Фетел загуби 20 минути од тренингот, но успеа да се врати во последните секунди на пистата и да направи неколку круга. Светскиот шампион Луис Хамилтон ја заврши трката на очајното 13. место. Веќе на вториот тренинг Хамилтон се надмина себеси и оствари најбрзо време. Пилотот на Мекларен ја мина патеката за 1 минута и 32,149 секунди пред Фетел и Батон на втората, односно третата позиција. В сабота се возат квалификациите, а во недела со почеток од 14 часот е главната трка. Меѓутоа, трката во Нирбургринг е ставена во втор план. Секојдневно излегуваат на површина нови и нови скандали кои и се закануваат на иднината на најелитното автомобилистичко натпреварување. Хамилтон на вториот слободен тренинг ФИА: ТИМОВИТЕ ЛАЖЕА НА СРЕДБАТА ВО ГЕРМАНИЈА Војната за власт меѓу ФОТА и ФИА повторно се разгори. Меѓународната автомобилна федерација ја обвини ФОТА за лаги и изопачување на вистината на фамозната средба одржана на Нирбургринг. Како што е познато, во четвртокот беше закажана средба меѓу членовите на ФОТА и ФИА на која требаше да се разговара за новините кои ќе се применуваат за идната сезона, но откако не можеа да најдат заеднички јазик членовите на ФОТА го напуштија состанокот. "ФОТА очигледно не го разбира статусот на "набљудувач" и за време на средбата не сакаа да ја кажат вистината. Можеби тоа значи дека тие воопшто не ги познаваат основните правила во спортот", објаснија од ФИА. ФОТА СО УЛТИМАТУМ: ОСТАНУВАМЕ ВО Ф1 САМО АКО МОЗЛИ СИ ЗАМИНЕ Тимовите во формула 1 членови на ФОТА повторно ја отворија можноста за создавање на алтернативен шампионат по последните драми и несогласувања со ФИА. Шефовите на тимовите очекуваат дека можат да најдат решение со Берни Еклстоун и ФИА, но само ако си замине претседателот Макс Мозли по истекувањето на неговиот мандат во октомври. ФОТА го насочија своето внимание директно кон сопствениците на комерцијалните права на формула 1- корпорацијата "ЦВЦ". Тимовите се согласија да го потпишат новиот договор "Конкорд" меѓутоа под еден услов - само ако Мозли си замине. Како потсетување договорот "Конкорд" ги регулира комерцијалните и трговските права во Ф1 и се потпишува меѓу тимовите, Берни Еклстоун и ФИА и одредува кој колку пари треба да добие. ТЕХНИЧКИОТ ДИРЕКТОР НА РЕД БУЛ ГО НАПУШТИ ТИМОТ Техничкиот директор на Ред Бул, Џеф Вилис, го напушти тимот и веќе не работи за Австријците. Сите од Ред Бул се изненадени од ваквиот потег на Вилис и тоа токму пред трката на Нирбургринг. Вилис работеше во Ред Бул од 2007 година заедно со неговиот партнер Ендрју Нуи, а претходно работеше како шеф во Вилијамс, консултант во тимот Лејтон Хаус кон 90-сетите, подоцна и во Хонда, пред да премине во Ред Бул. "Вилис нe напушти поради тоа што позицијата и работата во тимот станаа претешки за него", изјавија од Ред Бул. РАИКОНЕН: ФЕРАРИ НЕКА КАЖЕ ДАЛИ СМЕТА НА МЕНЕ Финскиот возач, член на Ферари, Кими Раиконен за последен пат ги демантираше информациите дека токму тој ќе биде првиот кој ќе си замине од тимот и неговото место ќе го пополни шпанскиот возач на Рено, Фернандо Алонсо. Според информациите Кими ќе му го отстапи местото на Алонсо, а тој ќе замине да се натпреварува во Светскиот рели шампионат. "Постојано ме прашуваат и постојано и одговарам. Јас имам договор и за следната сезона и планирам да ја одработам до крај. Можете да ги прашате од Ферари дали ќе го променат своето мислење за мене. Тие се одговорни за мојата иднина", изјави Раиконен. БАТОН: ВЕБЕР Е ПОСИЛЕН ОД ФЕТЕЛ Лидерот на Ф1 шампионатот Џејсон Батон ја почна психолошката војна со основниот конк*рент за титулата оваа сезона Германецот Себастијан Фетел. Возачот на Ред Бул доминираше на претходната трка во Силверстоун, а се очекува Браун ГП и Батон повторно да имаат проблеми на трката во Германија. "Очекувам Вебер да биде многу побрз на Нирбургринг. Тој е подобар од Фетел иако Германецот се натпреварува на домашна писта. Тој има попрецизен и спокоен стил на пилотирање и поради тоа Марк ќе биде посилен од Себастијан на оваа патека", рече Британецот. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Техничкиот директор Џоф Вилис го напушти тимот
Досегашниот технички директор на Ред Бул, Џоф Вилис си замина од Британскиот тим од засега необјаснети причини. Од тимот дадоа само кратко соопштение дека повеќе не бил потребен, не давајќи јасна слика што е причината за прекинот на соработката меѓу двете страни. - Неговата позиција во тимот стана излишна - вели претставничка од тимот за Аутоспорт. Адријан Њуи, пак вели дека заминувањето на неговата досегашна десна рака нема да го смени начинот на кој размислува и нема да има никакво влијание на работата на тимот. - Мојата улога и дневниот начин на работа ќе остане ист - вели Њуи. Британецот нагласи дека повеќе не е потребен само еден технички директор, односно Дека дизајнерот Роб Маршал и шефот на одделот за аеродинамика, Петер Продрому ќе сносат поголема одговорност, заменувајќи го заминатиот Вилис. Инаку Британецот Џоф Вилис беше еден од најзаслужните за перформансите кои ги прикажува Ред Бул годинава, покрај Адријан Њуи, преформанси кои го вбројуваат тимот од Милтон Кејнс меѓу најдобрите два тима годинава и единствен тим, кој покрај Браун има две победи во шампионатот. Почетокот на инженерската кариера на Џоф Вилис во Формула 1 вклучува инженерска позиција во поранешниот тим на Лејтон Хаус, на почетокот на деведесеттите. Во тој период го запознава Адријан Њуи, кој го повлекува во тимот на Вилијамс. Откако Њуи го напушта Вилијамс за да премине во Мекларен, Вилис е унапреден како шеф на аеродинамичкиот оддел. Ова улога ја превзема во тимот на БАР во 2001 година, подоцна Хонда, позиција која Британецот ја напушти во јули во 2007 година. Истата година се приклучува на тимот на Ред Бул, како технички директор, за точно по две години да ја напушти и оваа функција. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tuka e so majka mu na slikata Shefot na formula 1, Bernie Ecclestone, potvrdi deka pretsedatelot na FIA, Max Mosley, nema da se kandidira za nov mandat. "Siguren sum deka Mosley ke ja napusti FIA. Otkako go poznavam, toj go pravi ona sto go kazal", izjavi Ecclestone. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алонсо сопственик на тим?
Двократниот светски првак Фернандо Алонсо сака да востанови професионален велосипедски тим, објавуваат италијанскиата Ла Газета дело спорт, но и шпанската Марка. Според овие пишувања, тимот би требало да биде подготвен за да се натпреварува следната сезона, а шпанскиот возач го побарал Алберто Контадор да биде лидер на екипата. Контадор победи на Тур Д Франс во 2007 година, а лани немаше шанса да ја брани жолтата маичка бидејќи неговата екипа беше меѓу осомничените за користење допинг, па не доби лиценца за настап. Годинава, во екипата се врати седумкратниот победник на легендарната трка низ Франција, Луис Армстронг, па местото на Контадор како предводник е загрозено и се шпекулира дека тој бара нов тим. На годинешново издание кое стартуваше во Монако, по девет етапи на врвот се наоѓаат шест велосипедисти во интервал помал од една минута, од кои дури четири се од Астана. Контадор е второпласиран, шест секунди зад лидерот Ночентини, додека Армстронг е само две секунди поназад. Според шпекулациите, Алонсо е вљубеник во велосипедизмот и во зимскиот период тренирал со тимот Червело на Карлос Сестре, кој победи лани на Тур д Франс. Пилотот бил на годинешниов старт во Монако и ја следел етапата низ едно од пропратните возила, по што наводно имал разговор со Контадор за неговите планови. Спонзор на екипата би требало да биде банкарската групација Сантандер, која наводно сака да го спонзорира и влегувањето на Алонсо во Ферари. На акредитираните новинари во Германија, шпанскиот пилот дури им дал и една изјава која ја навестува неговата нова страст. - Не сум деморализиран или тажен, само сум „одложен“. Тоа е како на Тур Д Франс, сега сум во етапа на која ја чувам мојата енергија за возењето по планините, бидејќи тогаш е времето кога ќе бидам на врвот,- одговорил Алонсо на прашањето зошто би посакувал трансфер во друга екипа. Тој на прес конференцијата на англиски јазик им се заколнал на новинарите дека нема шанса да премине во Ферари, а потоа на прес конференцијата за шпанските новинари рекол дека трансфер во тимот од Маранело е опција за во иднина, елаборирајќи го тоа дека таму би имал најдобар болид. Од друга страна, неговиот менаџер, Луис Гарсија Абад, за францускиот весник Либерасион потврдил дека Алонсо сака да вози за Ферари. - Фернандо би сакал да вози за нив еден ден, тоа не е тајна. Но, во моментов е малку прерано за да се зборува за таа можност,- вели Абад, што е во согласност со најавите од Ферари дека тие имаат склучени договори со двајцата пилоти за идната година, па евентуален трансфер е можен од 2011 година. Но, за да имаат новинарите полни раце работа, финските медиуми објавија дека Кими Раиконен се фокусира да ја продолжи кариерата во рели шампионатите, а тоа го потврдиле и неговите пријатели кои изјавиле дека возачот на Ферари едноставно не зборува повеќе за Формула 1, туку само за трките со автомобили. Раиконен имаше настапи на помали настани во минатото, а на крајот од месецот ќе вози во родната земја во трката „1000 езера“ која се бодува за светското првенство, иако вообичаено големите екипи им бранат на своите возачи да прават опасни работи во кои можат да се повредат. Раиконен ќе вози со Гранде пунто, подготвено од четирикратниот светски првак Томи Макинен, а совозач ќе му биде Кај Линдстром. Тоа за некои е знак дека Ферари би му дал на Раиконен можност да го раскине договорот, а Финецот демантираше дека тоа е нешто сериозно, туку дека неговите сегашни работодавци се љубезни, што со други зборови значи дека имал забрана за такви активности во Мекларен. f1almanah.com |
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мозли потврди дека ќе си оди
Макс Мозли го поддржа поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод, како свој идеален наследник откако им стави крај на шпекулациите дека е можно да оди на петти мандат како шеф на Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА). Британецот напиша писмо до сите членови на ФИА и добил речиси 100 пораки за поддршка, но решил да си замине. 69-годишниот Мозли вели дека новиот Конкорд договор за формула 1 е блиску до финализирање. "Размислував да останам, но така многу ќе си ги искомплицирав моите домашни работи и ќе го ставев моето семејство во втор план", вели Мозли. Тој додава дека Тод е најдобриот човек за негова замена, "реклама" која може да му донесе голема предност на Французинот за изборот во октомври, но додаде дека не верува дека тимовите ќе се согласат. "Верувам дека тие кои ме поддржуваат можат да стигнат до целта со силен и искусен тим, кој ја поддржува независноста на ФИА. Верувам дека вистинска личност за тоа е Жан Тод, кој е најдобриот менаџер на својата генерација", вели Мозли. 63-годишниот Тод беше шеф на Ферари при нивниот најуспешен Ф1 период со петте титули едноподруго на Михаел Шумахер од 2000 до 2004. Тој исто така има победа во Рели ВРЦ шампионатот, Париз-Дакар и 24 Часа Ле Ман како шеф на Пежо Моторспорт. Финецот Ари Ватанен, светскиот рели шампион од 1981 година, досега е единствениот друг кандидат за местото на ФИА. Ватанен победи на Дакар релито под водство на Тод, а ја има поддршката на претседателот на Американската автомобилистичка асоцијација (ААА), Роберт Дарбелнет, еден од најголемите критичари на Мозли. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фаворизирањето на еден возач е пресудно?
Шампионатот во Формула 1 дојде во фаза кога втор тим е во позиција да се вмеша за титулата, пред се поради формата на Ред Бул, но и неконк*рентноста на Браун, чија предност полека, но сигурно почнува да се топи. Интересен став по прашањето за одлуката на титулата има поранешниот возач на Џордан, Вилијамс и Тојота, Ралф Шумахер. Германецот смета дека во овој дел од шампионатот, кога секој поен е значаен, пожелно е да се фаворизира еден возач. За Ралф, постабилен и подобар возач во Ред Бул е неговиот сонародник, Себастијан Фетел и тој е возачот кој треба да се протежира и да атакува на победи. - Нема тимски правила во Ред Бул, каде спортот е во преден план. Но, за тим кој се натпреварува во светски шампионат, тоа всушност претставува грешка. Себастијан е посилниот возач и треба да собира што е можно повеќе бодови. Од друга страна, ова беше прва победа за Вебер по многу години минати во Формула 1 и тимот не сакаше да му ја одземе. Во име на спортскиот дух тоа секако е добро, но што се однесува до титулата, тоа беше грешка, - изјави помладиот од браќата Шумахер. Претходно имаше најави од Ред Бул дека болидот за 2010 година ќе се развива според критериумите на Фетел, но од тимот негираа секакви протежирања или фаворизирања на младиот германски возач. Во спротивниот табор на Браун, пак, завладеа параноична атмосфера по вториот неуспех едноподруго. Фактот што втора трка по ред тимот не доаѓа до победа е неочекуван, според летечкиот старт кој го имаа Британците. Браун влегува во фаза кога мора да биде координиран, бидејќи губи драгоцени бодови, кои супериорно ги стекна на почетокот на сезоната. Рубенс Баричело упати големи критики во кои ја прекори некоординираната работа на тимот и честите механички и технички грешки кои се случуваат во последно време, што е комплетна спротивност од првиот дел од 2009. Бразилецот беше посебно нервозен што пеховите му се случуваат само на него, алудирајќи на трката во Германија, кога од тимот му кажаа дека имаат проблеми со долевањето гориво. Дополнително, под сомнителни околности, при третото застанување во боксот на возачите на Браун, Џенсон Батон го презеде петтото место, кое дотогаш го имаше Баричело. - Тимот приреди добро шоу, покажувајќи како се губи трка. Ужасно сум вознемирен со тоа како се одвиваа работите. Направив сè што требаше да направам. Бев најдобар по првиот свиок, но тимот направи да ја изгубам трката. Ако вака продолжат нештата, ќе ги изгубиме двете титули. Се сожалувам себеси и тимот, - изјави Баричело за Би-Би-Си, веднаш по трката во Германија. Рос Браун испрати официјално извинување до Бразилецот, кое навидум ги смири страстите. Но, иако од Браун, како и од Ред Бул има постојано негирање на гласините дека се фаворизира само едниот возач, на сите им е јасно дека за спас на сезоната мора да има жртви и добитници, поразени и победници. За несреќа на Баричело, во моментов Џенсон Батон е тој со шест победи, кој ја брка титулата, а Бразилецот постојано се обидува медиумски да се наметне, иако сеуште без победа. Веројатно и нему му е јасно како стојат работите во тимот, но најави дека не се откажува, освен ако нема веќе теоретски шанси за титулата. - Ќе се борам се додека немам шанси за титулата. Ветувам, - вели возачот на Браун. f1almanah.com |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 3637383940 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |