![]() |
|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 242> |
Автор | |||||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Vo Pravoslavieto od grad do grad , od selo do selo ima razlicni tradicii, toa da ne te cudi. Cisto sueverie e da ne smee nekoj cela godina da se vencava ako bil kum, taka mislam jas. Samo pazi, kako sto rece brat Ahmar, kumot da ne se sine od igranje i da napravi belja ![]() A za trosocite i za keseto da ne pravime muabet ![]() P.S. Ako e za tvoja svadba, da ne pokanis site od forumot Veroispoved, ke ti kupime pokloni ![]() |
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Затоа што се попови и секој си ја следи својата (човечка) традиција. Јас ти одговорив согласно Божјиот Збор (Библијата) сметајќи го како авторитет да каже што е исправно, а што не, што е дозволено, а што забрането. Зад моите одговори стои Божјиот Збор (Библијата), зад одговорите на поповите стојат православните традиции, а на тебе останува кој одговор ќе го прифатиш согласно твоето убедување околу она што е вистина. |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
EvAngelos ...прашувам само заради тоа што еден поп вика, кумот, до годината не смеел да се венчава или повторно да венчава, а друг вика исто како тебе...!!!.....двајцата се попови...едниот од Соборниот Храм, другиот од срквата Свети Петар и Павле.....
![]() ![]() |
|||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Пчеличке, оваа тема е предвидена за општи и неврзани разговори околу религиите, така што овде секогаш е местото за било какво прашање, за било каква дискусија.
Бог дозволува колку сакаш венчавки па дури и симултано да се случуваат. Јас бев еднаш на две венчавки едно по друго и прекрасно си поминав. Тоа што едниот бил кум на другиот брак нема никаква врска, ни пред Бог, ни пред законите на државата. Кумството и онака нема библиска основа, туку чисто традиционална, така што единствено оптеретување би можело да биде финансискиот дел на кумот кој ќе треба да се потроши малку за својата свадба, а и за другата каде што ќе им дава на трубачите кога ќе му свират: Еј море куме златен, во небрано ти си фатен, еј море куме бре ќесето ти изгореее
![]() |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Колку што знам мислам дека не е никаков проблем.
п.с ал што ќе се шине од играње дечкото ![]() ![]() Изменето од ahmar1 - 08.Септември.2009 во 20:50 |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
![]() |
|||||
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
...
Можеби не е овде местото... но сепак сакам да ве прашам...
..Дали може да се извршат две венчанија во рок од две недели... имено...дали може, кумот кој едната недела венчаваше млад брачен пар, оваа недела тој да се венчава... ???
|
|||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Златниче мило, што не ти е јасно од она што ти го напишав во предходниот коментар? |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Како и што претпоставив ...! Со самото читање на твојот пост, помислив која е таа институција, кои се автори на тоа што го наведе ... и, побарав во линкот кој го даде. Што најдов таму? Од кои профили се луѓето во таа институција, поточно компанија? Сакам да нагласам дека во ниту еден момент не го ставив под сомнеж нивниот бекграунд, нивната стручност во нивната област на делување, но каква врска имаат подолунаведените авторитети со биологијата, генетиката и другите сродни науки од областа за која ние дискутираме? Еве што најдов:
градежници, професори за термодинамика, земјоделци, инжинери за нано технологии, машинци, учители, правници,... а, има и такви кои иако не директно, сепак се индиректно поврзани со биологијата и за нив може во извесна смисла да имам некакво разбирање, оправдување. Но, во професииве, некако црвенава боја ми е најзастапена! Се некои пастори, евангелисти, министри во евангелски, баптистички цркви, се некои автори на религиозни книги ... да ти е милина да си читаш! ![]() Случајност! ![]() ![]() Пристрасност! ![]() ![]() Субјективизам! ![]() ![]() Неее! Кај смее да има такво нешто! ![]() На крај, реков и порано, не тврдам дека е сосема точно тоа што го вели Дарвин, затоа таа е само теорија, но тој дава можен доказ за неговиот поглед за тоа како настанал човекот (како што се доказите за теоријата за „големата експлозија“). За разлика од него, верниците секогаш од другите бараат докази ...
![]() ... и притоа паѓаат од смеа, а незнам зошто? ![]() ![]() А, кога некој ќе даде било каков доказ, тие (ако не е во врска со бог и неговото дело) веднаш го отфрлаат. Ова не се однесува само за дарвиновата теорија, туку за било која област. Отпрво негираат и се потсмеваат (а „бога ми“ некаде и убивале) за секое научно докажување. Подоцна, откога и самите ќе согледаат дека не биле во право, ќе се „помират“ со тој факт, но сеоак, тоа ќе си го прилагодат на сопствените потреби, па ќе речат: „ете гледате ли каква совршеност направил бог. Кој друг може да направи овакво нешто ...“ (Пр. за движењето на Земјата околу Сонцето)! И повторно, по којзнае кој пат, ќе побарам, дајте вие (верниците) ваш доказ за тоа што го тврдите, дека бог го направил човекот од кал и вода. Само немојте она веќе виденото: „па погледни околу тебе, се што гледаш е најголем доказ за божјото дело“ или „така пишува во библијата, а ти треба само да веруваш и ќе видиш“! ![]() А доколку и вие немате такви докази какви што ги барате од другите, не е ништо страшно или срамно, едноставно признајте го тоа и готово! ![]() Р.Ѕ. Отпосле забележав, и затоа направив edit. Дали приметивте дека сите наведени личности се мажи! ![]() Не, сосема случајно, како во црквите, е и ова! ![]() Изменето од Zlatnik - 07.Септември.2009 во 14:16 |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Не празнини, туку меѓу секој животински вид на планетава постојат непремостливи провалии кои се крунски аргумент за создавањето, а погубителен доказ за теоријата на еволуцијата.
Zlatnik, ако самиот признаваш дека имаш непознавање во овој процес, тогаш од каде таа храброст во тебе истиот да го наведуваш како "доказ" за еволцуијата?
Човечкиот ембрион не поминува низ никакви еволутивни фази. Тој нема никакви чкрги, нема никаква опашка, во никој стадиум не е влекач, туку тој од самиот почеток до крајот е човечки ембрион кој полека се оформува во бебе, а тоа што нам субјективно ни изгледа (или пак ни се причинува како што ќе објаснам подоле) нема никаква врска со реалноста.
Оваа "теорија" т.е. научна измама дека човечкиот ембрион поминува низ некакви еволутивни фази и дека во нив тој наликува на другите животни ја пласираше Ернст Хекел во почетокот на минатиот век. Тоа тој го направи пласирајќи една низа на сликички, емрбиони на различни животни, кои многу наликуваа едни на други. Бидејќи во тој период еволуцијата беше сеуште WOW речиси никој не се посомнева во веродостојноста на неговите слики и во недостигот на очекуваната фосилна подршка на еволуцијата, сите еволуционисти се фатија како слепец за стап за овој "крунски доказ" за еволуцијата. Но подоцна некои паметни решија да ги проверат сликичките на Хекел и увидоа дека се работи за тежок фалсификат т.е. за најголемата измама во науката. Речиси секаде во светот оваа измама е јасно разобличена и им се кажува на учениците уште во најраните школски денови, освен ако што гледаме во нашиве посткомунистички индоктринизирани држави. Хекеловите сликички се отстранети или пак маркирани како фалсификати речиси во сите сериозни научни музеи. Еве ви доказ за тоа: http://www.truthinscience.org.uk/site/index.php?option=com_content&task=view&id=215&Itemid=63 Еве ви и слика каде што можете да ги видите сликичките на Хекел споредени со вистинските ембриони на наведените животни. http://www.helsinki.fi/~pjojala/textbook%20fraud%20deceit%20fake%20doctoration%20Haeckel%20embryo%201.jpg Имајте предвид дека горната низа на слики се фалсификатите на Хекел, а долната се слики на вистински ембриони. Се надевам дека разјаснивме околу "еволуцијата" на човечкиот ембрион. И уште нешто заборавив да додадам. Тоа што некорекно се нарекува "жабри" кај човечкиот ембрион всушност се "Фарингални ќеси" кои немаат никаква врска со дишење, ниту пак се отвараат. Тие се развиваат во тимусна жлезда, паратироидни жлезди и во канали на средното уво - и ниту еден од овие органи нема ништо заедничко со дишењето, под вода или над вода. Исто така и "Опавчето" не е никакво опавче, туку тоа е орган во кој се формира крв. Е сега ако вие знаете некое животно што има опашка во која се формира крв, бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата ![]() Изменето од EvAngelos - 05.Септември.2009 во 02:41 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Доста несериозно. |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
|||||
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Од кого или од што е отсечена Православната Црква? Од кого или од што е одлачена Православната Црква? Кој ти е реперот?
Само да те потсетам. Господ вели: И на уште едно нешто ќе те потсетам:
Кои се ВИСТИНСКИТЕ малкумина? Баптистите? Анабаптистите? Новата реформирана апостолска црква? Едните или другите адвентисти? Евангелистите?... кои? Кој е реперот за тоа? Зарем СИТЕ тие не претендираат дека ја зборуваат Вистината? Колку Вистини има? А колку претенденти за Неа има?
Ако си ја проучувал Историјата на Светата Црква во делот на Вселенските Собори, ќе знаеше дека присутните на тие собори биле најревносните СВЕДОЦИ на Христовата Православна Вера. Не само ЗБОРУВАЧИ, туку оние кои со својот ЖИВОТ и ДЕЛО - ПОСВЕДОЧИЛЕ што е и која е Вистината!! На тие собори не се гласало во стилот “јас гласам вака и вака зашто така МИ приличи МЕНЕ и на МОЕТО ЕГО“ туку “гласам вака зашто сметам дека Му е на Бога така угодно“. Ако ти го нагласи зборот “ГЛАСААТ“, јас би го нагласил зборот “ЖРЕПКА“. Прочитај во книгата “Дела Апостолски“ од Новиот Завет како бил избран дванаесеттиот апостол на местото на Јуда Искариот... Ако гласањето заедно со молитвата на Светите Отци на Вселенските Собори била погрешна, тогаш дали била погрешна жрепката заедно со молитвата на Светите Апостоли во споменатиот случај?
Тогаш ајде сите да тегнеме на своја страна и да продолжиме да ја расцепкуваме Црквата, затоа што на едни вака ќе им се чини исправен тој и тој став, а на други така ќе им се чини исправен. На крајот, факт е дека кај ЕДЕН од нас СИГУРНО ќе биде објективната Вистина, ама еден со еден нема да бидеме во општење... ма каква Црква... само една дезорганизирана незаедница на верници-индивидуалисти од кои секој за себе е во право, а во суштина секој за себе, освен едниот кој е објективно во право, си има СВОЈА претстава за Бога и за Верата и СВОЕ лично толкување на Библијата и СЕКОЈ за себе си го гради својот личен однос со Него, и СЕКОЈ е РЕАЛНО во својата објективна ИЛУЗИЈА дека ја знае објективната Вистина. Зарем не е ова тажно...? Блазе мене што не сум од тие!! Фала Му на Бога!! Баш заради тоа Господ и ја изгради Својата Црква! Читаш? ЦРКВА (а не само по еден човек во една генерација). Неа ја изгради за да биде не само вистински и правилен чувар на објективната Вистина, туку и вистински и правилен пренесувач на објективната Вистина на другите луѓе од оваа генерација и на луѓето од наредните генерации, а освен тоа и да биде Семејството во кое ќе пребива Христовиот Мир и Љубов. Дали е така во Протестантизмот како движење? Дали Протестантизмот се залага за такво нешто со тоа што ги зближува луѓето или прави спротивно од ова и со тоа ги разединува луѓето? Зарем еден од начините на дејствувањето на злиот не беше она “Раздели, па владеј!“ ?? Изменето од Pravoslavie - 05.Септември.2009 во 02:03 |
|||||
![]() |
|||||
папата ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 81 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Фосилите се доказ за атеизмот?
WOW! |
|||||
Баци!!!
|
|||||
![]() |
|||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ев, и ти како и сите верници, упорно избегнуваш во давањето одговор, односно доказ, за божјото постанување на човекот. И постојано велите: „ еве погледни околу тебе и ќе видиш дека тоа бог го создал ...“ или нешто во тој стил. Но, каде е тука превидот кој (намерно или не ![]() Вие, во стремежот да го објасните постанокот на животот, самиот тој живот го користите како доказ! ![]() ![]() Значи да се разбереме, работата е кој го создал човекот и се она „што ние го гледаме во природата“? И за тоа да се даде доказ. А не самото појавување на постоење на животот да биде доказ дека е божјо дело. Ако одам по оваа твојата логика во објаснувањето, јас би требало да речам: „па еве гледај, се околу тебе е дело на еволуцијата. Зарем тоа не е доволен доказ...“? Значи, да резимираме, дај доказ дека човекот е дело на бог, како што Дарвиновата теорија (која е сепак те о р и ј а ) дава докази. А кои се тие? И самиот кажа, дел од доказите се фосилните остатоци. Е сега дека има некои празнини ... има. Се сеќавем уште како ученик во основно наставничката по биологија ни’ кажа дека при еволутивниот развој се прави двоен квалитативен скок во мозокот, односно бројот на клетките се удвостручува од понискиот кон повисокиот вид. Е сега, овде е оној недостаток за што вие (сега засега со право) се „фаќате“! Имено, денес човековиот мозок има (да речеме) 100 милијарди клетки, а има такви животински видови кои имаат 25 милијарди клетки, но (за жал) сеуште нема откриено некое суштество (фосил) кој би имал 50 милијарди клетки. Тоа е таа алка која недостасува и која ви е „мелем на рана“! Но незначи дека ако денес не е нешто откриено, дека „утре“ тоа нема да биде познато. Да го земеме за пример периодниот систем на елеменети во кој имало многу празнини (и денес ги има), но тоа секако не значи дека тие елементи не постојат! Можеби ги нема овде на Земјата, но кој вели дека на друга планета ги нема? Btw. некој со иронија спомна дека „можеби животов е донесен од вселената ...“ А што е тука чудно или смешно? Зарем навистина верувате дека само овде има живот? ![]() Вториот доказ за еволутивниот развој на човекот е во утробата на мајката. Од самото зачнување, па се до породувањето, човњекот мине низ разни еолутивни фази како и многу други животни (водоземци, ’рбетници, цицачи...). Можеби моето непознавање на овој процес некој од вас ќе го искористи да најде некоја „цака“ па да се фати за неа, но сепак тоа не го менува фактот дека внатре, во утробата, плодотот се менува, се додека не дојде до - човек! ![]() Р.Ѕ. Ми падна на памет ова да го претставам „табеларно“: верници атеисти извор библијата дарвиновата теорија „учење“ бог го создал човекот човекот настанал по еволутивен пат доказ(и) ![]() Р.Р.Ѕ
Е?! Изменето од Zlatnik - 05.Септември.2009 во 01:43 |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Тоа што нема да признаат, тоа не значи дека тоа не е така. Ако Светото Писмо за нив е ВРВ, тогаш тие нема би ја признале современата пророчица Елена Вајт затоа што Господ Исус Христос во Светото Писмо вели дека пророците се до Јован Кристителот, а потоа следува проповедање на евангелието.
Апостолот Павле во Светото Писмо вели дека можеме да јадеме се што се продава во месарница (нема веќе чиста нечиста храна), но сепак адвентистите не јадат храна која што била забранета во стариот завет (како свинското на пример). А да не зборувам пак за забраната за јадење одредени зачини, кафе, црн чај и сл - работи кои Елена Вајт, а не Светото Писмо им ги забранила.
Значи, не гледај што вели нивната уста, туку што велат нивните дела.
Слична е дискусијата и за православието како и за адвентизмот. Православните на уста велат дека нивниот краен авторитет е Бог и Божјиот Збор, а во пракса гледаме дека тоа се одредени луѓе (ткн. свети отци).
Православието верува и подучува дека Светото Писмо не може да го разбере обичниот верник (мирјанин) со својот непрочистен ум и дека треба истото да го чита преку толкувањата на светите отци. Со други зборови тоа значи дека православието го чита Светото Писмо преку призмата на светите отци. Од тука следува дека не е авторитетот Светото Писмо, туку она што светите отци "протолкувале" дека Светото Писмо всушност велело. Значи Божјата заповед "не си прави слика ниту идол на им се поклонувај и не им служи" не е авторитет за православните, туку авторитет е светиот отец кој вели "прави си слика, поклонувај се пред неа, пали и кандила, осветувај ја итн."
Со оваа реченица, како што забележи папата, вие всушност го прогласувате за еретик еден од оние кои ги нарекувате "свети отци" Атанасиј Велики кој, наспроти горната православна изјава, рекол: "Ако сите се против мене, тогаш јас сум против сите, ама Христос е Господ!"
![]() Како што кажа папата, теократија, а не демократика. Божјиот Збор е авторитетот во Црквата (барем Христовата), а не надгласувањето на човечките зборови.
Не е само тоа случајот си протестантизмот. Ист е случајот и со Христос и апостолите кои исто така не се согласувале со мислењето на мнозинството во рамките на матичната заедница, па затоа се отцепиле, затоа и биле наречени "сектата Патот" (Дела 24:14), затоа и Христос бил распнат (затоа што бил Радикал и не се согласувал со мнозинството вероучители тогаш), затоа и биле прогонувани Христовите следбеници, затоа и протестантите излегле од католичката црква, затоа што не се согласувале со мислењето на мнозинството дека треба да купуваат индулгенции (прошталници) за своите гревови или пак за да бидат избавени од чистилиштето и сл.
Гледаш, сите овие си се во една совршена теолошка хармонија со Христос, наспроти демократијата на православните
![]()
Христос учеше дека треба да Му се молиме и поклонуваме само на Бог, а православната учи дека треба да им се молиме и поклонуваме и на починатите верници и на ангелите.
Христос учеше дека привелигираните позиции на Небото единствено Бог ги одредува, а православните веќе ја поставија Марија над Господ на Небото нарекувајќи ја пресвета и преблагословнеа (титули кои ниту Бог ги нема во Светото Писмо)
Христос учеше дека нема поголем човек кој е роден од жена од Јован Крстител освен Исус, а православните учат дека блажената Марија е поголема.
Христос учеше никого на земјава да не нарекуваме наш Отец, а православните тоа го прават.
Христос учеше дека не треба да се прави бизнис и тезгарење во храмовите, православните тоа редовно го прават со одреден нагласок за нивните празници.
Доволно е? Изменето од EvAngelos - 05.Септември.2009 во 01:37 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |