![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 55> |
Автор | |
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Формула 1 е спасена! Си оди Макс Мозли Осум тимови од Формула 1 кои се одлучија да стартуваат со сопствено натпреварување сепак се откажаа од своите намери. Цехот го плати претседателот на ФИА кој конечно се повлекува идната година. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Liderot vo generalen plasman, Jenson Button veli deka prednosta na Red Bull na trkata vo Silverstone ne bese tolku golema kako sto izgledase, dodeka negoviot sef Ross Brawn veli deka rezultatot mozese da bide i polos. "Ocigledno Red Bull napravija golem cekor napred so nivniot bolid, no nie sekogas kazuvavme deka se blisku do nas. Mozebi vo Germanija ke mozam da mu ja rasipam domasnata trka na Vettel kako sto toj ja rasipa mojata", hahaha skokotnete me za da se nasmeam sam si ja rasipa a Barrichello mozese da bidi daleku ponapred ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мозли го сака Тод за наследник?
![]() Претседателот на ФИА, Макс Мозли, призна дека Жан Тод може да го наследи на раководната позиција во Париз, иако екипите не го поддржуваат. Меѓу можните кандидати се спомнува и претседателот на сенатот на федерацијата, Мишел Боери, кој е претседател на федерациојата на Монако и кој го презеде договарањето меѓу ФИА и ФОТА по првично постигнатиот договор. Од друга страна, потпретседателот на ФИА, Херман Томчик изјавил во германскиот печат дека нема да се кандидира. - Не можам да го видам Боери дека е заинтересиран за таа позиција. Тој исто така е доста стар. Не можам да го исклучам Жан Тод. Доколку има повеќе од едне кандидат, ќе дадам моја препорака,- изјави 69-годишниот Мозли, кој ја водеше организацијата во тек на четири мандати. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сезоната не е завршена
![]() Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло инсистира дека сезоната за најтрофејниот Формула 1 сеуште не е завршена. Италијанецот вели дека покрај слабиот старт на сезоната, има време за радост до крајот на сезоната, при што не се отпишува и победата на трка како цел во завршницата на оваа сезона. Ферари започна катастрофално, без бодови од првите три трки. На четвртата трка во Бахреин, Кими Раиконен ги донесе првите бодови за тимот. Врвот, барем досега во сезоната е постигнат на трката во Монако, каде Раиконен го донесе третото место, претходно квалификувајќи се за старт од првиот ред. По таа трка, беше очекуван напредок и борба за победи, но следните трки не донесоа значајни подобрувања на перформансите на италијанскиот бренд. За споредба, Ферари е четврти тим во поредокот, со само 26 освоени бодови, за разлика од водечкиот Браун со 105 и второпласираниот Ред Бул со 74,5 бодови. - Морам да признаам дека годината не беше добра за тимот. Има неколку причини за тоа, но убеден сум дека со работата на Стефано Доменикали и целиот тим, вклучувајќи ги и возачите, ќе имаме причини за задоволство до крајот на годината - вели ди Монтеѕемоло за официјалниот сајт на италијанскиот тим. Италијанецот се осврна и на отфрлањето на КЕРС, кој се покажа како скапа играчка за сите тимови, кои се договориле да не се користи во иднина. Иако овој контроверзен систем го доживеа својот крај по нецела година од неговото воведување, сепак Ферари е единствениот тим кој ќе продолжи со употреба на истиот до крајот на тековната сезона. - Сите тимови одлучија да не го користат КЕРС во Ф1 следната година. Во рамките на ФОТА, сите тимови разгледуваат неколку опции, со цел да се подигне интересот во деновите пред трката. Има неколку предлози на маса. Ќе ги провериме и ќе дискутираме за нив - додава претседателот на Ферари и ФОТА. f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ФОРМУЛА 1 - МОЗЛИ СО НАВРЕДИ ЗА МОНТЕЅЕМОЛО, ВО ФОТА ОСТАНУВААТ МИРНИ
Дали кризата се враќа во Ф1? Мирот пристигна во средата, но по се изгледа објавувањето беше предвремено - во формула 1 повторно се подготвуваат за "војна". Од една страна Макс Мозли постојано се заканува да го раскине договорот со осумте тима членови на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) доколку лидерот на ФОТА, претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло не ги повлече коментарите за него. Претседателот на ФИА е лут што ФОТА објави дека ја добила војната и дека Мозли ветил дека ќе си замине. "Во моторспорт светот никој не го сфаќа сериозно Ди Монтеѕемоло. На него се гледа како што велат Италијанците 'бела фигура', или стилот пред фактите. Тој е претседател на Фиат, но сериозната индивидуа која ја води компанијата е Серџо Маркионе и не верувам дека тој внимава многу на Лука", вели Мозли во последното интервју за Дејли Мејл. Според Мозли лут е и Берни Еклстоун, неговиот добар пријател. "Берни го започна животот продавајќи автомобили, и една од неговите реченици е: 'кога ќе го продадеш автомобилот, престани да зборуваш'. Лука направи нешто уште полошо, не само што не престана да зборува, туку почна да зборува глупости", додава Мозли. Тој вели дека има голем притисок од членовите на ФИА да се кандидира за уште еден мандат во октомври, иако од ФОТА објавија дека дел од договорот е неговото заминување во историјата. "Тие направија грешка што танцуваа на мојот гроб пред да бидам закопан. Не е добро тие да велат дека сум готов, кога стојам тука пред вас. Сега имам притисок да останам на позицијата, но не го сакам тоа бидејќи сум малку престар. Кога почнав бев доволно стар да бидам татко на помладите Ф1 возачи, а сега сум доволно стар да бидам дедо на тие кои возат", вели Мозли. Претседателот на Ферари, Ди Монтеѕемоло пак повика на крај на политичките борби, велејќи дека е уморен од препукување. "Задоволен сум од договорот и знам дека фановите се веќе лути на оваа серија соопштенија за јавноста, нејасни правила и правила кои се менуваат на шест месеци. Ни треба стабилност, мир, транспарентност. Сите ја сакаме Ф1, но сакаме Ф1 која секогаш е екстремна во однос на технологијата и возачите. Сега треба да сопрат сите полемики, бидејќи мораме да го сочуваме спортот", вели Монтеѕемоло избегнувајќи одговор на прашањето дали ќе му се извини на Мозли. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер вели дека отварањето на старите рани ќе донесе нова војна со ФИА, која би била "катастрофа". "Сега да се влегува во нова конфузија и контроверза би било катастрофално за нас, за ФИА и за формула 1. Мозли има завршено фантастична работа во безбедноста во формула 1 и тоа мора да се цени. Се надевам дека пактот нема да се растури", вели Хорнер. Ферари веќе се фокусира на следната година? Од Ферари најавија дека по лошиот старт на сезоната 2009, може да го прекратат развојот на Ф60 болидот за да се концентрираат на развојот на болидот за 2010. По осум од седумнаесет трки во календарот, актуелните шампиони кај конструктори се 4. во генерален пласман со неверојатни 79 поени помалку од лидерите Браун ГП. Како Хонда, тимот кој подоцна стана Браун, во 2007 и 2008 се откажа прерано за да се фокусира на следните сезони, сега и Ферари размислуваат за таква опција. "Сигурен сум дека можеме да ги подобриме перформансите во следните трки, но тешко е, а можеби и невозможно да се сврти сезоната сега, посебно бидејќи немаме тестирање. За несреќа оваа година се фокусиравме на изградба на болид околу КЕРС системот и започнавме со сиви зони во правилата. Тоа ни се врати како бумеранг", вели претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло. Mosley i Ecclestone se za vo BARDOVCI ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пет можни наследници на Мозли
Пет луѓе се најсериозни кандидати за претседателската фотелја во ФИА, при што сите тие се од различно потекло, со или без искуство како возачи или спортски функционери, а претставуваат пет различни држави од три континенти ![]() Жан Тод е најозборуваниот наследник кој одамна беше во игра, но поради неговото минато со Ферари тој не е омилен во Ф1 заедницата. Дополнително, неговиот ангажман во Ферари заврши чудно и неочекувано, иако беше советник на Монтеѕемоло, бидејки Доменикали ја презема шефовската функција во тимот, додека на позицијата извршен директор беше поставен Амадео Фелиса. Според тогашното соопштение на Ферари, Тод сам побарал да биде ослободен од функцијата, што е и сторено на 18 март, а оставката уследи две недели подоцна. Во јавноста проструи информација дека тој има нарушени односи со Лука, но последниот отказ што го даде беше на ден-два пред избивањето на скандалот во кој Мозли беше уловен со пет проститутки и фрли сомнеж врз целиот настан. Тод е на возраст од 63 години, односно е само шест годни помлад од Мозли, кој најави дека се повлекува поради тоа што веќе нема енергија како пред 20 години кога прв пат почна го презема претседателкскиот кабинет. Медиумите во Малезија објавија дека владата на оваа земја му понудила сума нешто поголема од 400.000 долари за да биде туристички амбасадор на нивната земја, бидејќи тој е верен за поранешната „Бонд-девојка“, Мишел Јео, која потекнува од оваа држава во Југоисточна Азија. ![]() Најголемо изненадување е можната кандидатура на Ари Ватанен, поранешен светски шампион во рели, кој имаше политичка кариера како пратеник во Европскиот парламент, но на последните избори пролетва остана без мандат. Ватанен е човек со многу контакти во светот на Формула 1, бидејќи тимски шеф во Пежо со кој го освојуваше Париз – Дакар му беше токму Жан Тод, а со-возач во период од три години вклучувајќи ја и онаа кога стана светски првак во 1981 година му беше Дејвид Ричардс, човекот кој најави формирање тим со Астон Мартин, но не доби поддршка од Мозли. Негова предност е возраста (57 години) и политичката заднина, бидејќи може да влета како кандидат на местото на Тод, кој се оценува дека ја има подршката од Мозли, па така да добие и голем број гласови од спортските федерации членки на ФИА. Засега, единствена потврда за неговите амбиции се групите за поддршка на Фејсбук. ![]() Тројца од можните пет наследници веќе се спортски функционери и имаат одредено искуство во ФИА и со раководењето на националните федерации. Мишел Боери, претседател на федерацијата на Монако, која ја има лиценцата за организирање на трката во кнежевството, сега е претседател на сенатот, а уште пред Мозли да стане претседател се кандидирал против тогашниот „диктатор“, Жан Мари Балестре. Се оценува дека е еден од клучните луѓе кои стојат зад Мозли, но поради сличната возраст не би се кандидирал самиот. Можноста да го инфлуира изборот на наследникот е исто така голема, бидејќи тој е еден од „играчите“ кои контролираат поголем број други гласови на некои федерации. ![]() Зачудувачки брза кариера во ФИА направи Американецот Ник Кроу, кој има функција потпретседател на ФИА за спорт, по заминувањето на Марко Пичинини (поранешен тимски шеф на Ферари и банкар). Кроу има поддршка од регионот во кој Мозли не котира најдобро, бидејќи федерациите од САД и Германија беа лидери во бунтот против Мозли, што заврши со гласање за негова доверба по скандалот од пролетта 2008 година. Кроу ја дели позицијата во ФИА со Мохамед бен Сулајем, човекот кој на Мозли му обезбеди гласови од Блискиот Исток, па оттука поставувањето на Кроу за претседател би му дало поголема улога и на функционерот од Обединетите арапски емирати. ![]() Последен на листата претседателот на федерацијата на моторспорт клубови од Индија, Вики Чандок, чиј син Карун веќе неколку години се натпреварува во ГП2 серијата. Чандок сениор бил рели возач, мошне популарен во својата земја, а се смета за добар пријател на Берни Еклстоун и Виџеј Малија, со кои се обидува да ја донее Формула 1 во неговата татковина. Дополнително, политичко-функционерските ангажмани на Чандок како еден од луѓето кој ја средил поделеноста на федерациите во сопствената земја, бидејќи таму имало ситуација со двојни асоцијации, но бидејќи само една од нив може да биде членка на ФИА, сега работата е под контрола со Виџеј Малија на раководното место како обединувач на страните од конфликтот. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Браун го има најскапиот болид во историјата
![]() Поранешниот тест возач на Хонда, Александер Вурц, изнесе неверојатни тврдења во интервју за магазинот Ауто, мотор унд шпорт, вклучувајќи го тука и податокот дека била потрошена половина милијарда евра за развој на болидот за 2009 година. Екипата која за 2008 година имаше оправдување за слабите резултати поради лошото калибрирање на возушниот тунел, па добиле погрешни резултати за унапредување на болидот, според Вурц имала на располагање дури пет возушни тунели! Тие го „изеле“ и најголемиот дел од буџетот, бидејќи болидот бил анализиран во три развојни правци, од кои што два се покажале како погрешни. Хонда била шокирана од развојот на глобалната економска криза и решила да го затвори тимот, кој потоа му беше даден на тимскиот шеф Рос Браун преку менаџерски откуп. Почнувањето од „нула“, значеше дека новиот сопственик ќе мора самиот да најде буџет за да го издржува тимот, што пак резултираше со 170 откази во март, веднаш по првата победа во Австралија. - Браун го има веројатно најскапиот болид, а има најмал оперативен буџет,- вели Вурц. Во интервјуто австрискиот пилот му дава на Себастијан Фетел оценка „10 од 10“, но вели дека тој нема да има лесна работа до крајот на сезоната. Проценката на Вурц е дека според перформансите, Браун и Ред Бул се изедначени, па за победите во трките ќе одлучува конфигурацијата на патеката, во смисла која од двете екипи има болид што повеќе одговара на некој автодром. За Ред Бул е познато дека има добра аеродинамика, што му дава предност во брзите свиоци. Браун, поради својот речиси уникатен концепт со двојниот дифузер, генерира поголема потисна сила, која генерално повеќе им е потребна на болидите кога возат на бавните патеки, што се виде и на трката во Монако, кога Ред Бул беше засенет дури и од Ферари. Во кратки црти, Хокенхајм, Хунгароринг и Валенсија на хартија би требало да се наклонети за Браун, додека Монца, Спа и Сузука би биле повеќе за Ред Бул. На крајот на сезоната се и трките во Сингапур, Бразил и Абу Даби, кои повторно би требало да бидат во корист на Браун, освен доколку развојот на Ред Бул не напредне до тоа ниво за да ја престигне конк*ренцијата убедливо. f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новаците Мејнор велат дека "одат на жив песок"
![]() Шефот на новиот формула 1 тим, Мејнор Гран При, Џон Бут призна дека подготовките за нивната прва сезона во шампионатот се како "одење на жив песок". Тимот од јужен Јоркшир е прифатен за следната сезона заедно со американскиот проект УСФ1 и шпанскиот ГП2 тим Кампос, но откако апликацијата им беше прифатена, иднината на спортот стана неизвесна поради битката на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) и претседателот Макс Мозли со осумте актуелни тима собрани во Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА). Според првиот план за влез, тимовите требаа да имаат ограничен буџет од 40 милиони фунти, но сега по "мирот" меѓу ФИА и ФОТА тоа е неизвесно и може да го остави тимот со с$ поголем буџет и на крај со повлекување од спортот. "Секогаш кога ќе помислите дека некои работи се средени, с$ се менува од почеток - како да одиме на жив песок. С$ додека не го видиме Конкорд договорот, не можеме да коментираме ништо. Недостатокот на ограничен буџет е многу голем проблем, но бидејќи се обврзани да ги намалат трошоците би требало с$ да биде в ред", вели Бут. Тој признава дека најверојатно не би аплицирал во шампионат под правилата од 2009. "Најверојатно не. Но, дали навистина остануваме на правилата од 2009? Нема да има дополнување гориво и тоа е многу важно, но за другите работи навистина не знаеме што ќе се случи", додава Бут. Добра вест за него може да се шпекулациите дека Ричард Бренсон по "експериментот" со Браун ГП оваа сезона, следната година брендот Вирџин ќе го пресели токму во Мејнор Ф1 тимот. Проблемот е што со фантастичниот успех на Џенсон Батон и на Браун тимот, цената на спонзорство на тимот одеднаш скокна и за разлика од 250.000$ по трка, како што беше на почетокот на сезоната, сега се бараат далеку повеќе пари. "Вредноста на Браун скокна од ништо на 50 милиони фунти годишно! Пресреќни сме за нив, но најверојатно следната година цената ќе биде астрономска и ќе мораме да одиме со помал тим", изјави самиот Бренсон за ББЦ. Мејнор тимот вози во Ф3 Евросеријата, а кај себе го има одличниот експерт, Ник Вирт, поранешниот шеф на Симтек. Тие имаат амбициозен проект со кој ќе го имаат првиот болид целосно дизајниран на компјутери со ЦФД технологијата место со воздушни тунели. Во помалите серии Мејнор во своите болиди имаше возачи како шампионите Луис Хамилтон и Кими Раиконен. Ф1 ФЛЕШ Откако нивниот болид победи на 3/4 од сите трки оваа сезона, Алекс Вурц ја откри тајната на успехот на БГП001 машината на Браун ГП. Минатата година, тогашниот тим на Хонда имаше дури пет воздушни тунели на располагање вели нивниот поранешен тест-возач и буџет од половина милијарда евра. "Болидот беше однесен во три различни насоки во воздушниот тунел. Две од нив беа погрешни, така што тимот само се префрли на третата страна. Болидот на Браун најверојатно е најскапиот Ф1 болид со најмал оперативен буџет", вели Австриецот. Хеики Ковалаинен е опуштен во тимот на Мекларен и не е загрижен за неговата иднина како формула 1 возач. Финецот, кој ја вози својата трета Ф1 сезона и втора со тимот од Вокинг вели дека и покрај лошите резултати нема проблем со мотивацијата. "Не знам зошто, но тоа не било проблем за мене никогаш. Знам дека го давам мојот максимум и тоа е доволно", вели Ковалаинен. 38-годишниот Дејвид Култхард вели дека се пензионирал една година предвреме, иако извозе речиси 250 трки во 17 сезони. И покрај двете досегашни победи на неговиот заменик во Ред Бул, Германецот Себастијан Фетел, Култхард вели дека би бил одличен во 2009. "Се прашував дали имам уште енергија за формула 1, но регулативите оваа година без тестирање се навистина лесни. Но, знаев дека Ред Бул го чекаат Себастијан и дека беше време да заминам", додава Култхард. Од Ферари сега се дистанцираат од можноста да настапат на познатата трка на издржливост 24 Часа Ле Ман. Овој месец, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, направи посета на познатата трка во Франција и најави дека е можно тимот да се пресели од Ф1 на Ле Ман. Но, сега со смирувањето на страстите, Монтеѕемоло вели дека Ле Ман е тежок проект да оди паралелно со формула 1. "Да се тркате на Ле Ман морате да одделите многу месеци за подготовка, тестирање и развивање на автомобил. Тоа е невозможно да се направи ако во исто време сакате да бидете во врвот на Ф1", објаснува Монтеѕемоло. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Алонсо сигурно во Ферари, Кими размислува за рели трки?
![]() Шпанските медиуми повторно ги кренаа шпекулациите дека има договор меѓу нивниот миленик Фернандо Алонсо и тимот на Ферари и дека деталите ќе бидат објавени на 11 септември на Италијанското ГП во Монца. Двократниот светски шампион, кој настапува во Рено, веќе подолго време е поврзуван со италијанскиот тим и не ја крие желбата да настапи во црвен болид, а традиционално во Монца се соопштуваат многу важни работи околу Ферари. Шампионот од 2005 и 2006, по двете титули со Рено си замина за Мекларен, каде што имаше контроверзна сезона 2007 во која јавно не се согласуваше со британскиот колега Луис Хамилтон и со шефот Рон Денис, за на крајот да се врати во Рено, каде што очигледно не е задоволен од слабата форма на тимот. Покрај ова се верува дека тој има клаузула во својот договор со која може да си замине на крајот на сезоната. Шпанскиот Диарио АС посочува дека Италијанското ГП е често сцена на комерцијални соопштенија од Ферари за следните сезони, а покрај трансферот на Алонсо би се случило и доаѓање на шпанската банка Сантандер како главен спонзор. Шпанците тврдат дека Алонсо ќе добие договор до 2014 година, но дека главното прашање е кој од двајцата сегашни возачи на Ферари, шампионот од 2007 Кими Раиконен и вицешампионот од минатата сезона Фелипе Маса е подготвен да си замине. ![]() КИМИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА РЕЛИ ВРЦ ДЕБИ Од друга страна Раиконен ќе дебитира во Рели ВРЦ шампионатот против возачи како Себастиен Леб и Мико Хирвонен на своето домашно Финско рели на крајот на јули. Шампионот од 2007 веќе се натпреваруваше на три релија оваа година, а сега ќе вози со Фиат Абарт Гранде Пунто и сонародникот Кај Линдстром како со-возач. Линдстром претходно беше со-возач на четирикратниот светски шампион Томи Макинен. "Финското рели е едно од потешките. Релијата кои ги возевме со Кими беа помали, но сега се работи за супер-долго тридневно рели со голем интензитет. Имаме два дена да ги направиме забелешките за патеките, но Кими го прави тоа одлично. Многу е талентиран и сигурен сум дека нема да има проблеми", вели Лидстром. Финското рели стартува во петокот по Унгарското ГП во Будимпешта на 26 јули. 29-годишниот Раиконен има настап на две локални релија во Финска и едно во Италија на стартот на годината. Тој има само 10 поени од осумте ГП трки оваа сезона. ЗАУБЕР ГО САКАЛ БАТОН ВО 2002? Џенсон Батон многу лесно можеше да се најде зад воланот на БМВ Заубер. Основачот на швајцарскиот тим, Петер Заубер во последната колумна за швајцарскиот Блик напомена дека се обидел да го земе Британецот на крајот на сезоната 2002. "Батон влезе во 2000 во формула 1 како супер-талент. Но, некако потоа успеваше да најде вистински тим во погрешно време. Тогаш ѕвездата не сјаеше толку силно", вели Заубер, кој го продаде тимот од Хинвил на почетокот на 2005. По две лоши сезони во Бенетон/Рено, шефот Флавио Бриаторе го "шутна" Батон за Фернандо Алонсо, и Британецот заврши во БАР на Дејвид Ричардс. Тој тим потоа стана Хонда, а сега Браун. "На почетокот на 2002 се обидов да го донесам Батон во Швајцарија, но тоа не успеа. Ми се допаѓа бидејќи е навистина добро момче", признава Заубер. ФОТА сака трка во Северна Америка Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) се обидува да добие трка во САД, откако спортот веќе две години нема Американско ГП на календарот. Според ФОТА, тркањето во САД е "апсолутно неопходно" за формула 1. Откако последен пат се тркаа во Индијанаполис во 2007, минатата година се одржа и последната трка во Монтреал за Канадското ГП, што значи дека оваа година Ф1 нема да патува во Северна Америка, клучен пазар за автомобилската индустрија. "Трка во САД е апсолутно неопходна. Северна Америка за нас претставува дел од нашата историја со многу важни победи за Ферари во Себринг и Дејтона", вели претседателот на Ферари и ФОТА, Лука ди Монтеѕемоло. Откако се вратија во САД во 2000, трката во Индијанаполис имаше серија проблеми. Во 2001 година тоа беше првото интернационално спортско натпреварување по терористичките напади, а во 2005 година таму се извозе една од најбизарните Ф1 трки, кога само шест болиди излегоа на патеката, откако Мишелин објави дека нивните гуми не се безбедни за трка. "Се сеќавам на некои победи на Михаел Шумахер во Индијанаполис кои беа фантастични. Сакаме да се вратиме дека ги сакаме САД, и дека тоа е нашиот најголем пазар", додава Монтеѕемоло. ![]() Роси: "Тоа се разговори за со кафе!" Мото ГП светскиот шампион Валентино Роси повторно ги отфрли последните шпекулации кои го поврзуваат за трансфер во Ф1, како "разговори за со кафе", иако самиот беше цитиран дека би можел да вози трет болид на Ферари за две години. Роси стигна до јубилејните 100. победи во Асен минатиот викенд, по што посочи дека е можно во 2011 да направи трансфер во Ф1. "Се работи за обичен разговор за со кафе, кој е направен за да се стимулира имагинацијата на фановите. За 2010 имам договор со Јамаха, а с$ уште не сум направил одлука за трансфер. С$ ова почна кога бев брз на некои приватни тренинзи, но едно нешто е да си солиден на тренинзите, а друго е да се натпреваруваш во формула 1", вели Роси, кој има и неколку настапи во Рели ВРЦ трки, последен пат во декември на Велшкото рели. Ф1 ФЛЕШ Марк Вебер ја пополнува тринеделната пауза во Ф1 календарот со нова авантура. Тој прво беше на супербајк трки, пред да оди на тренинг со австралискиот крикет тим предводен од неговиот сонародник и добар пријател Рики Понтинг. "Рики ме покани, така што се работеше за добра шанса да се видиме", вели возачот на Ред Бул, кој ќе го посети и Вимблдон. Дизајнерот на неговиот тим, Адријан Њуи, пак, минатиот викенд настапуваше на Бриткар трката во Спа-Франкоршамп. Карлос Гарсија, шефот на Шпанската автомобилистичка федерација и член на Светскиот совет на ФИА, се сомнева во шпекулациите дека претседателот на ФИА, Макс Мозли, го подготвува поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод како замена. "Доколку Макс не полудел повеќе отколку што мислев, нема да го поддржи Жан бидејќи сите знаеме од каде тој доаѓа. Не го поддржувам Макс до смрт, но Ди Монтеѕемоло претера. Нема да ме изненади Макс да остане уште за еден мандат", додава Гарсија. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, инсистира дека двајцата возачи Себастијан Фетел и Марк Вебер се еднакви во битката за титулата. По осум трки, Фетел има две победи и е трет во генерален пласман со само 3.5 поени пред Вебер на четвртото место. "Нема возач број 1 кај нас. На болидите се работи паралелно и така ќе остане до крајот на сезоната", вели Хорнер. Рос Браун вели дека неговиот тим ќе мора да направи голем чекор напред во перформансите на Германското ГП за да се одбрани од предизвикот од Ред Бул. "Тие се блиску до нас цела сезона, така што мораме да пронајдеме екстра перформанси по Силверстоун. Дали сега имаме вистинска битка пред нас? Да, јас го кажував тоа цело време", вели шефот на Браун ГП. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ферари ги отфрли шпекулациите околу Алонсо
![]() Голем број написи низ медиумите тврдеа дека Фернандо Алонсо на големата награда на Италија ќе биде назначен за нов член на Ферари, сепак, челниците на италијанскиот гигант побрзаа да ги демантираат овие информации. Низ шпанските медиуми во петок информираа дека на 11 септември во пресрет на големата награда на Италија во Монца, Фернандо Алонсо и официјално ќе биде претставен за нов член на Ферари. "Не сакаме да си го губиме времето околу коментирањето на вакви шпекулации. Сите знаат дека Фелипе Маса и Кими Раиконен имаат договори до 2010 година", изјави портпаролот на Ферари. Главен проблем во целата приказна би претставувал фактот што еден од актуелните возачи Маса и Раиконен би морал да биде "шутнат" од тимот иако имаат важечки договори. Меѓутоа, шпанските медиуми се уверени дека целата оваа приказна е вистинита и дека Ферари кон средината на ноември ќе направат своја фешта за обележување на крајот на сезоната во Валенсија и на тој начин да му искаже благодарност на новиот спонзор, шпанскиот Сантандер кој ќе ги прати во 2010 година, а во пакет ќе пристигне и Алонсо. Според пишувањата на шпанскиот Диаро АС, возачот на Ферари би добил договор до 2014 година. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ф1 од 2011 во Бугарија?
![]() Претставници на бугарскиот автомото сојуз следната недела ќе имаат состанок со сопственикот на комерцијалните правата на Ф1, Берни Еклстоун, во Германија и ќе се обидат да го договорат доаѓањето на најелитната автомобилистичка трка во својата земја во 2011 година. Од следната година во Бугарија ќе возат најдобрите светски рели тркачи, а со МотоГП е договорена петгодишна соработка со старт од 2012 година. Претставникот на автомото сојузот на оваа балканска земја, Румен Петков, ќе разговара со Еклстоун на трката на Нирбургринг и се надева дека ќе успее да договори соработка со која Бугарија ќе се најде на календарот на Ф1 од 2011 до 2015 година, со можност на продолжување на соработката до 2020 година. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Забраната за дополнување по планираното
![]() Иако овогодинешните правила во основа ќе останат непроменети и во 2010 година, предложените правила за забрана за дополнување на гориво за време на трката сепак ќе бидат воведени следната сезона. Бидејќи дојде до примирје помеѓу асоцијацијата на тимовите на Ф1 – FOTA и управувачкиот дел во овој спорт – FIA минатата среда, решено е „правилата во 2010 година да бидат со регулативите од 2009.“ Бидејќи тимовите веќе започнале со работа на болидите за следната сезона засновани на забраната за дополнување со гориво, тоа правило ќе биде спроведено по планираното, изјави шефот на McLaren Martin Vitmarsh, за новинарите. „Сигурен сум дека забраната за дополнување на гориво се воведува. Сите се сложивме околу тоа уште во претходните фази бидејќи претставуваше фундаментална основа за дизајнот на болидите.“ Martin признал дека McLaren засега го завршил основниот концепт на болидот предвиден за 2010 година, со значително поголем резервоар за гориво. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Подобро диктаторство отколку демократија?
![]() Берни Еклстоун е мета на напад на еврејските здруженија откако во интервју за Тајмс изјави дека демократијата не е најдобро решение за сите ситуации, како и дека Адолф Хитлер бил добар пример за тоа како една работа треба да биде завршена! Промотерот на Формула 1 од својот пријател Макс Мозли (како претседател на ФИА) ги откупи правата за емитување на спортот во следните 99 години, при што се знае дека овој е син на Сер Освалд Мозли, претседателот на Фашистичката странка на Британија пред Втората светска војна. Еклстоун во интервјуто застанал во одбрана на Мозли, тврдејќи дека никој нема право да го осудува за приватниот сексуален живот, кој излезе на виделина кога еден таблоид од Англија објави слики од него и пет проститутки во униформи од нацистички логор. Сепак, кога се појави скандалот тој побара Мозли да даде оставка, по што нивните односи се заладија. Имајќи предвид дека во октомври ќе се спроведат избори за наследник на Мозли (доколку се повлече како што најави), очигледно е дека Берни сега настојува да биде што е можно поласкав кога е во прашање неговиот пријател, па дури би сакал да го види и како премиер. - Луѓето можат да прават што сакаат. Го знам Макс повеќе од 40 години и немав идеја дека е инволвиран во ваква работа. Поточно, му реков „Бев поканет на сите твои состаноци, но заборави да ме поканиш на овој“. Преферирам силни лидери. Маргарет Тачер носеше одлуки во од и ја вршеше работата. Таа беше една од оние кои ја изградија оваа земја пополека. Сега ја пуштивме да оди надолу. Овие момци, Гордон и Тони (актуелниот и поранешниот премиер, н.з.) се трудат да ги задоволат сите, постојано. Макс би бил супер лидер. Мислам дека неговиот бекграунд нема да биде проблем,- тврди Еклстоун, но натаму разврзува на други политички теми. – Политичарите се често загрижени за изборите. Направивме грозна работа кога ја поддржавме идејата да се тргне Садам Хусеин, бидејќи тој беше единствениот што можеше да ја контролира таа земја. Исто е и со Талибанците. Одиме во земји каде што немаме поим за нивната култура. Американците во Босна веројатно мислеле дека тоа е град во Мајами. Има луѓе во Африка кои се прегладнети, но ние седиме и не правиме ништо, а се инволвираме во работи кои треба да ги оставиме на страна. На прашањето дали има омилен диктатор, Еклстоун не се двоумел многу, иако му биле понудени имињата како Сталин и Мусолини. - Меги (Тачер, н.з.) си замина... На м,ногу начини, иако е страшно да се каже, надвор од фактот дека Хитлер се занел и продолжил да прави нешта за кои немам идеја дали ги сакал или не, тој беше некој што можеше да командува многу луѓе кои беа способни да ја завршат работата. На крајот, се загубил и не бил многу добар диктатор. Или знаел што се случува и инсистирал на тоа, или само продолжил покрај тоа, но и во двата случаи не бил диктатор. Од друга страна, Берни ги осудил расистичките испади во Шпанија против Луис Хамилтон. - Ако уште еднаш направат нешто, ќе одам и ќе ги најдам, а потоа ќе ги натерам да дојдат и да се сретнат со Луис,- тврди 78-годишниот Еклстоун, кој го оправдува возачот на Мекларен што поради даночни причини заминал во Швајцарија. – Ако работиш напорно, те оданочуваат повеќе. Би сакал да се ослободам од тоа. Има доста работни места ако луѓето ги сакаат. Овие луѓе се гребатори,- тврди седокосиот бизнисмен. Тој исто така целиот свој бизнис го имаше регистирано на сопругата Славица, поради помали даночни зафаќања, но со неа се разведе во март. Тој тврди дека биле среќни, иако таа тврдела дека поради работата го запоставил семејството. Во интервјуто открива дека ќерките Петра и Тамара го повикувале секој ден за да прашаат дали се храни, а тој тврди дека знаел да приготвува само салати. Но, од друга страна, открива дека го сака редот. – Мора сите конзерви во фрижидерот да ми бидат подредени. Ако сликата не е остра, мора да ја изострам,- открива Еклстоун, кој предвидиува дека Јужна Америка и Азија ќе ја засенат европската економија. – Европа ќе има економија како земјите од Третиот свет, особено Британија. Во Јужна Америка и Азија работењето е прашање на морал. Овде се сакаат бесплатно. Би требало да ја водиме земјата како бизнис, а не како социјална грижа,- завршува Берни, откривајќи дека одбил да биде дел од аристократијата со тоа што не ја прифатитил титулата „Командир на Британската империја“. f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Slednata sezona vo F1 i dve pripadnicki na ponezniot pol? |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |