IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 69>
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:35
знаеш дека образовните институции се под него, нели...верувај, има случаи...дури го знам името и презимето на жената и на кој функционер е сопруга таа што е примена на негово место
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:36
БРАНКО СЕ ЈАВИ - НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ 

По неколкудневните прозивки на адреса на поранешниот лидер на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски, тој денеска излезе со свој став за целокупната состојба во државата, од тоа зошто јавно досега ништо не коментирал, до неговиот став за „бомбите“ на Зоран Заев.

Неговото писмено обраќање ви го пренесуваме интегрално:

Кога пред две години решив да се повлечам од лидерската позиција во СДСМ, донесов и  одлука за мое целосно повлекување од јавноста.

Во изминатиов период се изнаслушав разни шпекулации и измислици на што се должи мојата доброволна самоизолација.

Од тоа дека сум тешко болен, па до тоа дека сум изложен на сериозни уцени и закани.

Од тоа дека ми е повредена суетата, па до тоа дека не ми е грижа ниту за народот ниту за државата.

Па, еве конечно да одговорам на овие лажни конструкции.

Фала му на Господ, здравјето ми е добро. Никој ниту имал, ниту има со што и за што да ме уценува. Што се однесува до заканите, тие во мојот случај предизвикуваат сосема спротивен ефект, само поголем мотив и желба за борба.

На македонската јавна сцена има многу суетни личности но нив ќе ги препознаете, не по нивното молчење туку по тоа што ја користат секоја прилика за медиумско присуство, без разлика дали имаат  или не нешто паметно да соопштат.  А за тоа дали и колку сум загрижен за состојбите во државата оставам сами да заклучите врз основа на она што ќе го соопштам во овој текст.

Кои беа вистинските причини за мојот двегодишен молк

 1.Не сакав на било каков начин да и дадам можност на власта да ја продолжи повеќегодишната, примитивна и црна кампања поврзана со мене и против новото раководство на СДСМ.

2.Новоизбраното раководство на СДСМ се определи за програмски и кадровски дисконтинуитет. Дали тоа беше паметно или не покажа и ќе покаже времето. Но тоа беше легитимна одлука на новото лидерство и заслужуваше фер шанса и доволен временски период за реализација на новиот концепт.

3.Како лидер на СДСМ, а посебно после настаните од „црниот понеделник“ на 24ти декември 2012 година се залагав за целосно делегитимирање на власта, за активен и континуиран „отпор“, за перманентни протестни собири и маршови, за разни облици на граѓанска непослушност и за бојкот на локалните избори. За таквите мои намери бев жестоко напаѓан и обвинуван од страна на власта што беше сосема разбирливо и очекувано. Но она што беше неочекувано беа критиките и оспорувањата кои доаѓаа од одредени опозициони кругови дека тој концепт е погрешен па дури и резултат на некои мои лични мотиви за задржување на лидерската позиција во партијата.

Се заговараше „конструктивен политички дијалог“ со власта, битка преку институциите на системот, учество на изборите… Сфатив дека во тој момент моите аргументи не се доволни да обезбедам единство на опозиционата сцена и дека само времето ќе ја потврди или демантира исправноста на овој мој  пристап и концепт.

Поминаа две години. Се надевам дека денес работите им се многу појасни на сите.

Кој е мојот став за состојбите во Република Македонија

Со Република Македонија владее еден тоталитарен, криминоген и корумпиран режим за кој не постои ниту устав ниту закон.

Режим кој целосно, прво ги партизираше, а потоа и  приватизираше сите институции на државата.

Режим кој ги злоупотребува сите финансиски ресурси на земјата не за доброто на народот туку за една единствена цел-како да се задржи власта и да се полнат приватните сметки во странските банки. Тоа е една структура од исфрустрирани ликови за кој човечкиот живот не вреди ниту 5 пари, кои зацрнија цели семејства и кои од Македонија направија земја на политички затвореници. Кој живее на кредит умира на рати, а оваа власт неколкукратно ја задолжи земјата и тоа за забегани  и коруптивни проекти со што ја уништија перспективата на овој народ. Со овој и ваков режим Македонија нема никаква, а камоли Европска иднина.

Уверен сум дека на секој барем малку подобро информиран човек со здрав разум, а камоли на припадниците на т.н. политичка, интелектуална и бизнис  елита сето ова им беше јасно и познато и пред т.н „бомби“ на Заев. Сосема друго прашање е што многумина заради лична калкулација решија да затвораат очи пред реалноста обидувајќи се на разни начини да ја релативизираат и на тој начин да ја смируваат сопствената совест. На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку „Вистината за Македонија“ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за ничии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува.

Сега кога им е на сите јасно предочено кои и какви ликови одлучуваат за нашите судбини и иднината на нашите деца повеќе простор за незаинтересирани или неопределени едноставно нема.

-или слобода или тиранија!

-или демократија или диктатура!

-или правна или криминална држава!

-или Македонија или тие!

Но да не се залажуваме. Осознавањето на вистината за карактерот на овој режим не е доволно тој режим да падне. Јасно е дека тие се подготвени да направат се за да ја задржат власта. Клучното прашање е што сме спремни да направиме ние?

Ваков бескрупулозен режим не се руши само со прес конфренции и лајкови на фејсбук.

Ваква тоталитарна власт која ги контролира сите институции, ги злоупотребува народните пари и ги уредува најмоќните медиуми во земјата не може да  биде поразена нту од поединци ниту од опозициони партии.

ВАКВА ДИКТАТУРА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРАЗЕНА САМО ОД НАРОД И СО НАРОД!

Но, за да  се случи тоа претходно мора да се направат неколку неопходни чекори.

1.Да се ослободиме од илузијата дека по обелоденување на „бомбите“ Груевски и камарилата самите ќе си поднесат оставки и со наведнати глави ќе си заминат. Детски наивно е да се очекува од вакви луѓе после се што направија да покажат било какво чувство на одговорност.

2.Погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада. Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски  му е битно каков е нивниот став. Тој во себе одамна има расчистено со евро-атлантската иднина на Македонија.

3.Приказните кои се шират во одредени опозициони кругови дека промената на власта само  што не се случила па уште и се лицитира кој  на чело на кое министерство или институција ќе дојде се погубни. Или искрено и чесно оваа битка ќе се дефинира како битка пред се и над се за интересите за народот и државата или ако биде препознаена како борба за задоволување на нечии клиентелистички потреби ќе биде изгубена  пред и да почне.

По расчистувањето со овие илузии и дилеми „отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски!

ДAЛИ НАШИОТ НАРОД ЌЕ ГО ПРИФАТИ И ПОДДРЖИ ОВОЈ КОНЦЕПТ?  ДАЛИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИТЕ И ПЛОШТАДИТЕ?

Во оваа прилика сакам да ги отфрлам како апсолутни глупости тезите од типот: „ние македонците не сме такви, во нашиот менталитет не е да се бунтуваме и да протестираме“. Тврдам, и не да мислам туку знам дека нашиот народ не е ниту помалку храбар, ниту помалку слободољубив и правдољубив од било кој друг во регионот или пошироко. Знае овој наш народ многу добро што е правилно, а што погрешно, што е правда а што неправда, за што вреди а за што не да се бори и ризикува. Не е клучното прашање дали тој ќе ја поддржи и ќе учествува во оваа битка. Решавачки ќе биде кој, за какви идеи и со кој кредибилитет ќе го повика во таа борба.

На Македонија во битката против овој злосторнички и тоталитарен режим и е потребно едно широко народно движење, еден сеопфатен опозиционен демократски фронт кој во себе ќе ги вклучи буквално сите кои можат и сакаат да дадат свој придонес.

Мојот СДСМ во овој процес ќе има повторно, како и многу пати во минатото една исклучително одговорна но во исто време и комплексна задача.

Од една страна како најголема и најдобро организирана опозициона партија да биде главниот двигател во сите овие активности и во исто време заради општото добро и историската улога да ја демонополизира опозиционата сцена во земјата. Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни  етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат. Целта е една и единствена. Одговорноста за тоа е на секој поединец но најмногу на раководството кое мора да ја најде формулата за обединување. Од лично искуство знам дека тоа е тешка и макотрпна но во исто време и суштинска и неопходна работа.

На лидерството во партијата му посакувам многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача.

Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам  денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин, како и на 24-ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови!

И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина.

Ладата, симболот на „отпорот“ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана.

Сосема на крај. Денес е 20ти април. Ја користам оваа прилика  на сите мои сопартијци да им го честитам роденденот на СДСМ и да им посакам многу среќа и успех во работата!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:41
Бранко се јави смеење 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:42
Да беее...и по стар добар обичај, повторно е во право...голема насмевка
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:48
Абе иста перендија се и двајцата, ама како што пишав дека Грујо за Заев е " Пут у Хаваи "  истото важи за Бранско спрема Заев.

Заев е дилетант човече.

Што му е целта на Бранко со јавувањето не знам, ко што гледам поддршка му дава на Заев, најверојатно пресметал се и сега му дава К*раж за да се до самоуништи Заев самиот па ај после јово- на ново све во СДСМ.

Ќе видиме што ќе биде, ама интересно ќе е многу 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:53
ти викам јас да почекаш...најинтересното допрва доаѓа..намигнување
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:57
Абе во ред, ама не е добро тоа за држава, се искара народов, се поларизира страшно.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 13:59
Ич не е интересно Фикс... Ама ич. Да му се дозволи на зајко опиночето самопрогласенот месија од Бога пратен вака да ровари по државата е крајно несериозно од власта.

Власта има несоборлив мандат, 200к гласа разлика и нема што да се пренемага со тој селски ѓилкош. 
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 14:07
Јас Зекси, никако не можам да се сложам дека ова што Заев го прави е некоја исправна постапка за да срушиш власт, за ова со бомбите ама ич не сакам да праам муабет дека е исправно, тоа не иде во обзир.

Ич не го одобрувам и тоа што СДСМ како партија не оди во собрание, што им е целта, цел мандат ќе седам по дома и ќе земаат по 1000 евра плата, па тоа е крајно лицемерие.

Утре ВМРО ќе биде опозиција, и што треба, истото да го прави и државата нон - стоп да е заложник на било која опозиција ако не и се допаднат изборните резултати?
Срамота е упм, 25 години држава не може да кинисам како што треба
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 14:15
А обој дел каде се исповедаат за криминалите, тоа не ви се слуша...
Знаете што ми е чудно...мене живо би ме интересирало ако тиј што го добил мојот глас е замешан во криминал, особено кога има и вакви снимени материјали каде што самиот тоа си го признава...а вас вмровците како софтверот да ви е ограничен само еднострано, никако да погледнете на другата страна, да ги разгледате работите од друг непристрасен агол
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 14:22
Ја велам секој кој праел далавер да си сноси одговорност, ама снимките не докажаа ништо до сега, додуша како знаеме дека нешто не е сеќено, кастрено, додавано и слично.

Едно да се разбереме, секој кој бил на власт гледа водата да си ја наврти кон нивата своја, и за се што има докази дека се праело дубари да се одговара....ама снимките се слупости чисти, муабети за што би било ако би било

Нека се докаже и нека се сноси одговорност.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 14:27
каде да се докаже ?????
кај Јанкуловска во МВР?
Кај оној бркото во обвинителство ????
Кај Неделкова во суд ????
па тие се носители и покровители на криминалот....они ли ќе проверуваат автентичност...Јанкуловска сама ли ќе се вештачи како вика шупрајш ???  немој бе...
на крај..оригиналите моментално ги имаат Груевски и Мијалков, ги запленија од Верушевски и самите го потврдија тоа...нека ги пуштат автентичните разговори, па сиѕте ќе видиме каде е сечено, каде е лепено, каде е додавано...дотогаш нека ќутат како пи..и  и нека се мислат дали и како да го стават Заев зад решетки


Изменето од Ninja 35 - 20.Април.2015 во 14:28
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 14:30
Ма остај снимките, тие се завршена работа, ни еден суд на светов тоа не го признава како доказ.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 14:36
јас не реков дека се доказ...
во кривичната материја има нешто што се вика ИНДИЦИЈА за извршено кривично дело... и државните органи се должни кога постои показател (индиција) за криминал, да отворат постапка за тоа, МВР, Обвинителсатвото треба да започнат истрага за тоа....самиот факт што нашиве институции не сакаат да си ја работат работата за која се наменети, кажува доволно за тоа до  која фаза е испартизирано се
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 69>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,813 секунди.