|
ФИФА СП (Мундијал) |
Внеси реплика | страница <1 35363738> |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шефице, дефинитивно е добро што не си се кладела затоа што после епскиот пораз на Бразил финалето нема да го види ниту Холандија ....
По долгииииииии 120’ вториот финалист мораше да се решава со пенали. Одамна не се случило на полуфинален натпревар на СП да не се даде ниту еден гол. Така синоќа Аргентина и Холандија останаа на 0:0 во натпревар во кој немаше ниту една реална шанса за гол. Иако и аргентинците според мене не го заслужуваат местото во финалето (за разлика од Германија) Холандија дојде со пенали во полуфиналето и не сакав со пенали да отиде и во финалето. Аргентинците на оваа СП потсетуваат на грчката репрезентација која на сличен начин го освои ЕП во 2004 година ... (мислам дека беше 2004 ) Значи финалето ќе биде Аргентина - Германија (уште од сега можам да и честитам на колешката ) и да кажам дека искрено се надевам дека и аргентинците ќе ги снајде слична судбина како Бразил и коначно евроски тим ќе победи на латиноамериканско тло .... (И сега за кого ќе навиваат бразилците - за аргентинците кои толку многу ги мразат или за германците кои ги уништија )
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А ево како било на полувреме во соблекувалната на Бразил
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Море и јас си ги подигнав критериумите. Реков, после бразилското демолирање, не гледам повеќе фудбал без минимум 5-6 голови на натпревар. Што е тоа досада, цел натпревар гол да не се дадело, само трчаат натаму-наваму ко муви без глава... И од што ми беше досадно, си правев филмови од натпреварот. Си ги замислував аргентинците како некои затвореници со тие пругастите дресови, па дури и бројчиња си имаат. Ме насмеа коментаторот со забелешката, вика: на овие им е страв да дадат гол, за да не играат во финалето со Германија. Мислам дека да играше Македонија, во таква ситуација дури и автогол ќе си дадевме. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ова е најубавата навивачка на Мундијалот...
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас ја изгледав само првата,и најверојатно ќе го изгледам финалето...Не ветувам.
Но интересна сторија за најверниот бразилски навивач,Кловис Фернандез. Кој со зборовите: -Однесете го во финале.Како што гледате не е лесен,но Вие го заслуживте. Ви честитам. Им ја предал репликата од трофејот на германските навивачи. http://newtime.mk/zabava/24-casa/solzite-na-brazilskiot-navivac |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заврши и мечот за третотот место на ова СП (кој бил тотална глупост според Ван Гал )...
Бразил - Холандија завршија со 0:3 , со што домаќините го завршуваат Мундијалот со фантастични 10 гола во својата мрежа .... Некако се надевав дека ќе успеат малку од малку да и се одолжат на верната публика но ништо од тоа, наидоа на уште еден солиден пораз. Уште од почетокот се зборуваше за тоа како бразилската репрезентација на ова СП има подобра одбрана од напад ( а тоа никогаш досега не се случило) сега се наметнува прашањето КОЈА ОДБРАНА?!?!? Нападот беше непостоечки а и одбраната не е ништо подобра .... Нешто како видеото кое почна да се шири по историскиот пораз од Германија на кој се гледа дека германците играат на празен терен .... Останува уште вечерва да го проследиме финалето и да ја завршиме приказната за СП во Бразил 2014 ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 гола... не.
Бразилците го завршуваат Мундјалот со 14 примени голови.. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
во исчекување на финалето ...
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,vo prodolžetoci,,,2 ales dojĉland-1 argentina gauĉos,,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислев на последните два натпревара ... ама очигледнос ум заборавила да го напишам тоа ....
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крај на СП во Бразил 2014 ( и како сега кога се навикнав )
Германија - Аргентина долги 120’ и резултат 1:0 благодарение на Mario Goetze во 113’ .... Првите 90’ не беа ништо посебно .... ниту првото продолжение .... второто продолжение имаше малку од малку фудбалска убавина ... Manuel Neuer заслужено ја крена Златната ракавица како најдобар голман на ова СП .... но знае ли некој да ми објасни зошто Lionel Messi ја доби Златната топка на ова СП ? Само затоа што е Messi?Точно е дека во раните натпревари покажа дел од своите можности но ако бидеме реални тој беше далеку од „најдобар играч на СП 2014“ ... James Rodriguez е најдобриот стрелец со дадени 6 гола. Paul Pogba е најмладиот најдобар играч на СП 2014. А Колумбија ја доби наградата за фер - плеј ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојот идеален тим од ова СП:
Фан Перси Родригез Меси Робен Маскерано Швајнштајгер Забалета Флар Гарај Лам Хауард Селектор Луис Фелипе Сколари.. Изменето од LiDivio - 14.Јули.2014 во 16:55 |
|
Внеси реплика | страница <1 35363738> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |