|
Мисирков |
Внеси реплика | страница <1 3435363738 39> |
Автор | |
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со што сум задоволен?! Па со тоа што веќе со години го трубам. Дека словенобугарскиот идентитет и државност се творба на Русите. Има некој доблест и во руската творба тоа јавно да го каже. Завиено, демек се скарале со најблиските, ама го кажа! Сега сме свои на свое, барем во рамките на Република Македонија. Борбата продолжува, се до онај момент додека тапкањето по рамо нема да биде само обично тапкање или лицемерие, како сакаш. Изменето од Platenik - 27.Август.2012 во 23:17 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак ќе ти кажам, самиот наслов кој го добил видеово е манипулативен, бидејќи човекот никаде не кажува дека Бугарија е руска творба, бидејќи по иста аналогија и Македонија би требало да биде творба на Тито, па во два наврати се имаме скарано со него за да ни го покаже местото (пресметката со ВМРО(об.) во рамките на КПМ и судирот со Крсте Црвенковски во седумдесеттите), нели? Важно е да се види контекстот во кој е кажано тоа што го кажува, инаку пак си правиме колаж историја. Значи, народот во Бугарија имал стремеж за слобода, но немал можности за избавување, а што пак во голема мера зависело и од нивната местоположба - веднаш до Цариград. Во Русија се развива пансловенска солидарност, делумно искрено, делумно преку домашна пропаганда со која се подготвувал рускиот народ да учествува во идната ролја на руската политичка елита. Таа Русија има направено многу за сите православни народи на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, бидејќи истата таа Русија ги спонзорира и Мисирков и Чуповски, зар не, а пак за преродбениците со кои ние се гордееме и да не зборуваме. Е сега, и ние ли сме руска творба? И сега, што се случува во Бугарија - пак да парафразирам дел од книгата што ја спомнав погоре - исто како и во меѓучовечките односи, се пресликуваат истите механизми и во меѓудржавните односи. Еве на пример, да замислиме двајца пријатели, од кои едниот е задолжен до гуша и е пред пропаст. Другиот му помага и очекува благодарност од него. Овој и чувствува благодарност, но овој првиов се заборава во очекувањата и нормално е после некое време тој однос да пукне. Меѓутоа бившиот должник се уште не успеал да стапне на свои нозе и во тој миг му приоѓа некој трет „пријател“ кој пак си има некакви кусури со оној што помогнал и почнува и тој да му помага на должникот меѓутоа полека привлекувајќи го под негово влијание. Ете тоа е односот Русија - Бугарија - Германија.
Тоа што ти чувствуваш некаква лична одвратност кон бугарскиот народ и сакаш да веруваш дека нешто е така не значи дека навистина е така. Еве да кажеме дека Бугарија е руска творба и дека тој потпис што го имаш земено од српска книга (во којашто пак да повторам, Македонците се претставени како Срби или како бугаризирани Срби) буквално значи „јас го измислив бугарскиот народ за руски интереси“, а не „јас ја создадов Сан-Стефанска Бугарија за руски интереси“, тогаш Русите многу лесно можеле, ако не да ја уништат својата творба, тоа барем да покажат дека Бугарите се руска творба и дека всушност тие се - Руси! Арно ама, руската историографија во голема мера се поклопува со бугарската историографија, секој кој читал, ги знае тие работи. A кога на нас ќе ни кажат „вие не постоите, вие сте измислица на тие и тие“, и ние ќе им одговориме со „е не, вие не постоите, вас ве измислиле тие и тие“, со тоа ли ќе се легитимираме како народ? Изменето од Pat - 28.Август.2012 во 00:28 |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Незнам дали да плачам, да се смеам, да се радувам или тагувам.
Многу напиша малку кажа! Кога сакаш да ги ги гледаш работите со розови очила, тоа и ќе го правиш. Тие розови очила убаво ти ја отсликуваат, не бугарската историографија, туку бугарската пропаганда. Тоа ти помогнува да ги разбереш работите во бугарски контекст, но не и во македонски. Македонците во ниту еден сегмент од битисувањето не му оспорувале или го оспоруваат правото за самоопределување на ниту еден народ. Тоа е основното правило, вредносен систем, по кое се водат Македонците. Неверувам дека некогаш тоа правило ќе биде прекршено. Тоа и треба да биде основно и загарантирано право на секој еден човек, на секоја една идивидуа! За разлика од Македонците, опкружувањето на Македонија се води по едни сосема други критериуми, па затоа и денеска во 21 век имаме бугаромани, гркомани и србомани. Пропагандите од 19 век се институционализрани и се во функција на негирање на населението кое се определило да се декларира како македонско, во етнички смисол. Проблемот настанува кога погоре споменатите пропаганди се презентираат како апсолутна и неспорна историска вистина. Тоагаш, ние оспоруваните, имаме морална должност и одговорност да ја сочуваме и покажеме нашата вистина. Тоа треба да го правиме на секој чекор и во секоја една прилика. Тргнувајки од тие постановки, нашата борба, во еден домен ќе биде и демантирање на така наречената институционализирана бугарска историографија, а јас би рекол пропаганда. Значи целта не е да се негира нечива определба како Бугарин, туку да се негираат причините за индроктринираноста на одереден етнички сегмент. Политичките процеси, пансловенското движење, имеријалистичките цели.... на некој начин требало да бидат научно верификувани, од страна на антропологијата, етнолгијата етнографијата, историјата..... Во недостаток на вердостојни, автентични документи таканаречените научници ќе бидат често пати приморани да користат и одередени митови и легенди. Така не се пришува историја, така се пишува пропаганда. Но целта ги оправдува средствата, да се ослободи словенското население од Турција, да се излезе на топлите мориња, па затоа да се протне и некоја лага небило греф. Меѓутоа, консеквенците од тој греф се илјадници заблудени луѓе. Правиш многу голема грешка кога ги релативизираш работите и правиш споредба меѓу процесите кои се одвивале во Македонија и во словенска Бугарија. Прво и основно, царска Русија затстанува зад она што подоцна ќе биде познато како Бугарија и во името на словенството, притоа неводејќи сметка за желбите и интересите на локалното население. За жал Македонците извисиле, а некои кои подоцна ќе станат Бугари ќе ги прифатат овие идеи. Борбата ќе продолжи до денешен ден меѓу оние кои ги прфатиле руските идеите и станале Бугари и оние кои продолжиле да се борат за зачувување на својот македонски идентитет. Има основни разлики по прашањето кој кого создал и како. Во руско-труската војна Русите ќе испратат 750000 војници, од кои според некои извори животот ќе го изгубат 225000. За ослободувањето на новото кнежевство ќе усчествуват и 24000 српски и црногорски војници и само 6500, според тогашната терминологија Бугари. Од овие 6500, илјада и петстотини биле етнички Македонци. За инвестициите во образованието, создавањето на кадри, пишување книги и весници, стандардизирањето на јазикот и азбуката несакам ни да зборувам. Тој период новите Бугари ќе го наречат ПРЕРОДБА! Преродба на што? На која Бугарија? Првата или втората, кумнаовлашката или аспаруховата? Тоа неможе да биде препородено, тоа е зародиш на еден нов фетус кој дотогаш никогаш не постоел. Во многу работи руската и бугарската историографија се разединуваат, а во сегментите кои имаат допирни точки, хм, зарем треба да не чуди компатибилноста?! Кога зборуваш за Тито и како тој ја создал македонската нација, повторно ја препознавам бугарската пропаганда. Тито не испратил 750000 војници да ја ослободуваат Македонија! Тито знаел дека во Македонија живее македонско население кое несака да биде ниту српско, ниту бугарско, ниту грчко. Бил толку далекувид да го види ова и да го искористи локалното население како ресурс за постигнување на неговите идеи и идеите на неговите следбеници. Борба за нов политчки систем и поредок или како Мисрков го вели, ноото течение. Значи Македонци гинеа за својата татковина, а не Срби или Хрвати. Зад оваа идеа гинеа и Македонците во Беломорјето и во Втората светска воја и во Граѓанската војна. Таму Тито и Ѓорги Димитров не ги создадоа Македонците! По некоја случајност, вековната бораба за осамостојување Македонците ја реализрале баш во тој период, во втората светска војна. Сосема исправно и легално! Македонецот не чувстува грижа на совест дека ете од некакви идеолошки побуди треба да носи вина што својата цел ја постигнал во текот на НОБ. Зошто пак создавањето на Бугарија, Србија или Грција би било полегитимно ако се создадени во периодот на империјализмот?! Па ти сега направи праценка кој кого ослободил и создал! Со релативизирање на нештата не му правиш никому добро, најмалку на сопствениот народ, без разлика на кој народ веруваш дека му припаѓаш. Значи борбата продолжува, а целта е разнебитување на небулозите од словенобугарската историографија. Полемика кои се Бугарите и ден денес се води во самата Бугарија. Дека е така ни укажува и постоењето на многубројните теории и хипотези за потеклото на Бугарите. Се чини дека самите Бугари, какви и да се, немаат постигнато консезус на научно ниво, кои се всушност Бугарите! Решавањето на сите проблеми директно зависи од решавањето на бугарскиот идентитет и потекло. Затоа останува отворено прашањето, кои се Бугарите! ПС. Зошто не се запрашаш со што ќе се легитимираат Бугарите како народ?! Изменето од Platenik - 28.Август.2012 во 11:35 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Ташко
Сениор Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До кога бе едно те исто ќе го вртиш на кое веќе ти било одговорено? Виде не ти поминува со постирање текст па реши малку "фототипно" демек? И што е со финтиве за дечиња од градинка, зошто само до тука си го исекол ова ХИПОТЕТИЧКО прашање на Мисирков? Да видиме, дали iет тоа така. |
|
Ташко
Сениор Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ташко
Сениор Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ponekogash se chudam dali od isti kngi chitam shto znahi zamoopredeluvane? kazi shto razbiash? |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се надевам Ташко да го прочитал тоа што го покажал.
Дај да видиме дали се согласува со констатацијата дека сте се велеле Бугари, па тогаш да видиме дали монетата е фалшива или не е. Како што се гледа, Мисирков ги побива тезите на Платеникот за русдките креации. Много интересно е ова
Мисирков признава нешто, а по тоа кажува дека било случајно. Имаме еден факт, потврден од сите и желбата на Мисирков опшността да била нешто случајно. Не врзуаше једно обшчо име, а тоа име е ...? |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сликата на Ташко
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што неразбираш тука? Да ти преведам?
|
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас разбирам се. Се прашам дали се согласуваш со напишаното како фактологија, изнесена од Мисирков.
За неговите лични размислувања ќе зборуваме по тоа. |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако си стварно писмен ќе ја разбереш поентата на Мисирков дека Македонскиот народ со векови бил преименувам, покоруван и припојуван кон останатите држави од проста неможност да се издвои како посебен народ заради преголемото влијание на останатите народи.. Значи Македонскиот народ бил кажуван како Срби ако убаво прочита во еден дел, потоа бил кажуван и како раја и како каури, па потоа како Бугари, за на крај да проработи свеста кај народот и да дојде до виделина Македонското име кое народот со гордост си го враќа назад, а тоа е така зашто притисокот од Бугарија веќе е намален и Македонецот ја гледа можноста за само определување и враќање на името... Ако добро го прочита и разбра последниот дел од извадокот мислам дека под итно треба да престанеш да се бламираш и удираш со глава во зид... И делот кој си го издвоил ти цитирам .. " ЗНАЧИ НАС СО БУГАРИТЕ НЕ ВРЗУВАШЕ " ..убаво издвоено е НАС од бугарите.. Дефинира два посебни народи... Бугари и НАС под кое сите знаме дека пишува за Македонскиот народ... И мислам дека претера со твоето глупирање и покажување на незнаење на форумов...
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
stavi nekoj obektiven kriterij za razlikuvane na makedonci od bugari?
|
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извадок од тријазичник (Речник од три јазика) од Ѓоргија Пулевски , 1875 година
"Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.... po taa definicia na polevski kakvi sa makedoncite i bugarite? Изменето од d4 b3 - 29.Август.2012 во 13:48 |
|
Внеси реплика | страница <1 3435363738 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |