|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 3233343536 56> |
Автор | ||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Новогодишна трпеза: Елена тортаНа празничната трпеза мора да има од се по нешто. Откако деновиве ви понудивме неколку рецепти за печено месо, за денеска се одлучивме да ви дадеме идеја за нешто благо и вкусно. Потребни состојќи:
За филот:
Подготовка: Пријатен апетит! |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Божиќна трпеза: Боемска тортаОткако помина новогодишната прослава, полека се подготвуваме за бадниковата и божиќната трпеза. Ако првата е посна и претежно вниманието ни е насочено кон бадниковото лепче со паричка, тогаш втората трпеза е онаа на која има од се по нешто. Овој пат се решивме да ви претставиме нешто вкусно и благо.
За прв фил:
За втор фил
Подготовка: |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Корпи колачи полнети со мармаладСостојки
ПодготовкаПосни, едноставни, вкусни колачиња. Го замесуваме тестото, го расукуваме и вадиме со кругови или пак ако имате модла на цвет користете ја таа. Јас имав модли на срце, вадев од него, па ги спојував, ама правев и со кругови. Тестото ставајте го во модла за мафини. Печеме на 230 степени да поцрвенат. Дополнителни фотографии |
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Мињони со карамелПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Мињони со карамел ПОДГОТОВКА:Оревите се сецкаат ситно или се блендираат. Истото го правите и со чоколадото. Една белка добро изматете ја и со оревите, чоколадото и џемот ги ставате во сад и сето заедно убаво го промешувате го месите и формирате топчиња (колку пинг понг топче) и во средината додадете вишња без семки, или некое друго овошје по ваша желба. Во средно големо тенџерче ставате 200 грама шеќер и 2 лажици вода. Го загревата на среден оган а по потреба и го намалувате да не загори карамелот. Топчињата ги тркалате во карамелот и ги ставате на влажна даска или било каква влажна подлога (за да не се залепи карамелата). Оставате да се оладат некои 3-5 минути и уживајте во вкусот. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Колач - мраморни коцкиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Јајцата се честа состојка во многу рецепти. Полни се со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија. Големата нутритивна вредност на јајцето е логична со оглед на тоа што оплоденото јајце треба да овозможи се што му е потребно за развој на малото пиле. Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. ПОДГОТОВКА:
Во подлабок сад ставете го омекнатиот путер, шеќерот и жолчките.
Матете ги со миксер додека не добиете густа и пенлива смеса. Потоа додајте ги ванилата, румот и млекото, сè измешајте да добиете хомогена смеса. Постепено, намалувајќи ја брзината на миксерот вмешајте ги брашното и пецивото, а на крај и снегот ов белки, најдобро со лажица. Подготвената смеса поделете ја на два дела. Еден оставете жолт, а во другиот додајте ги какаото, кое сте го раствориле во 1 лажица млеко. Во правоаголна тава намачкана со маргарин, од сите страни, и покриена со хартија, со лажица ставајте наизменично од жолтото и кафеавото тесто, сè додека не ги потрошите смесите. Така подготвениот колач ставете го во рерна загреана на 180 степени и печете 35-40 минути. Ако температурата е премногу јака намалете ја за да колачот се испече постепено. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
За сечиј вкус: Касато тортаОткако за претстојната божиќна трпеза ви понудиме вкусна „Боемска торта“, за денеска се одлучивме да ви претставиме уште нешто благо и привлечно. Станува збор за популарната „Касато торта“. Потребни состојки
Подготовка: |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Со мало задоцнување Божиќни елкиСостојки
ПодготовкаВо еден сад измешајте ги брашната, содата, циметот и солта. Во меѓувреме се припрема глазурата ( се мешаат шеќерот со сокот од лимон, додека не се соеднинат) и се нанесува на оладени колачиња. Колачињава ги правевме со ќерка ми, додадовме и рендано чоколадо по нејзина желба, ви препорачувам да ги припремите и вие за празнициве што доаѓаат, одлично време поминато со најмалите........ ( чистењето потоа...не се споменува) Дополнителни фотографии |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Божиќни колачињаСостојки
Подготовка1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце. Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор. Јас половина од колачињата ги украсив со растопено чоколадо, а другата половина со гласа која ја направив со шеќер во прав, малку топла вода и сок од лимон.Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата. Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Нанаимо барсСостојки
ПодготовкаНанаимо барс е популарен канадски десерт, кој името го добил по градчето Нанаимо во Бритиш Колумбија, а покасно неговата популарност се проширила и на целиот северноамерички континент. Настанал во почетокот на педесетите години, но со тек на време претрпувал незначителни измени по количината на составот. Во 1986 год. градоначалникот на Нанаимо распишува конкурс за да се изгласа најдобриот рецепт за Нанаимо барс. Победува рецептот на Џојс Хардкастл, кој се прогласува за најорогинален рецепт за овој десерт. Растопете ги путерот, шеќерот и какаото. Додадете го јајцето, предходно разматено и мешајте додека не се згусти смесата. Тргнете го садот од оган и вмешајте ги бисквитите, кокосот и бадемите. Истурете ја смесата во калап 20х20 и убаво набијте и израмнете. За крем делот, убаво изматете го путерот и шеќерот. Постепено
додавајте ја слатката павлака и на крај прашокот за пудинг. Матете некои
5 мин., односно додека смесата на стани кремасто воздушеста. Потоа,
премачкајте ја врз подлогата и убаво израмнете. Оставете кратко време во
фрижидер да се здрви, а во меѓувреме растопете го путерот со
чоколадото. Премачкајте одозгора колку можите побрзо и повторно вратете
го колачот во фрижидер убаво да стегни. *** Со овој рецепт, во оваа прилика, би сакала на сите со најубави желби да ви ја честитам Новата 2014 година, а во меѓувреме нека ви се весели Божиќните празници! Уживајте и бидете така цела година! |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Султаново окоСостојки
Подготовка1. Прво на секоја сува смоква и се вадат дршките, со ноже се прави мал отвор и се полни со јатки орев. Дополнителни фотографии |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Медена питаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Медот ја подобрува работата на сите органи, ја
поттикнува умствената и физичката активност, го зголемува имунитетот и
му дава сила на целиот организам, а исто така, брзо и потполно се
апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и
заразувања, поради тоа што има антисептичко дејство. Одличен е против
кивавица, настинки и суво кашлање. ПОДГОТОВКА:
Од 400 гр. брашно, половина лажичка сода бикарбона,
80 гр. шеќер, 90 гр. маргарин, медот, 1 јајце и 30 гр. млеко замесете
тесто.
Ако е премногу тврдо додајте млеко, а ако е премногу меко додајте брашно. Од тестото испечете 3 кори на превртен плех од шпоред, намачкан со маргарин. Оставете ги корите да се ладат, а за тоа време подгответе го кремот: во ладното 300 мл. млеко измешајте го 50 гр. брашно, па на ниска температура варете додека не добиете густ крем. Оставете го да се излади. Посебно изматете ги 120 гр. маргаринот и шеќерот во прав, додајте во ладниот крем и на крај вмешајте го сокот од лимон. Корите филувајте ги со кремот. Убаво притиснете ја последната кора. Филуваната пита полијте ја со чоколадна глазура направена растопени 100 гр. чоколадо и 50 гр. маргарин. Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:51 |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Едноставно и вкусно: Милка торта без печење
Веројатно огромен е бројот на оние кои што
чоколадите Милка им се омилен десерт, па затоа сигурно тие ќе бидат
воодушевени и од овој едноставен рецепт за торта Милка.
Станува збор за едноставен рецепт за брза подготовка на торта
Милка, без кори, односно само со вкусен фил со вкус на најпознатите
чоколади во светот. Она што е особено важно е тоа што десертот се
подготвува сосема лесно и за кратко време во вашиот дом ќе имате торта
со која ќе ги воодушевите најблиските. Во продолжение погледнете кои се потребните состојки и како тортата се подготвува. Потребни состојки: ● 1 литар млеко ● 10 лажици шеќер ● 3 пудинзи од ванила ● 300 грама млечна Милка чоколада ● 100 грама бела Милка чоколада ● 500 милилитри слатка павлака ● Плазма кекс во количина доволна за обложување на дното од садот Подготовка: ❶ Најпрво од вкупната количина на млекото одземете малку, се со цел истото да го употребите за матењето на пудингот и шеќерот, а останатото млеко ставете го да се вари, па потоа во истото ставете го разматениот пудинг и шеќер. ❷ Откако пудингот ќе биде готов, поделете ја смесата на два дела, па во едниот ставете го темното млечно чоколадо, а во другиот белото Милка чоколадо, и мешајте се додека чоколадото не се стопи. Потоа, така подготвениот крем оставете го да се излади. ❸ Во друг сад изматете ја слатката павлака, па по ¼ од истата ставете во белиот и темниот крем. ❹ На крајот, земете сад и истиот обложете го со кеса во која што ќе го истурите најпрво белиот крем, врз кој потоа ќе го ставите остатокот од слатката павлака, односно половината од вкупната количина и на крајот ставете го темниот крем. Внимавајте, сето тоа треба да го правите бавно и внимателно. На самиот врв ставете еден ред плазма бисквити натопени во млеко. На крајот, затворете ги рабовите од ќесата и вака подготвениот десерт оставете го во фрижидер неколку часа. ❺ По неколку часа, извадете ја тортата, отворете ја ќесата и целата торта превртете ја на чинија за послужување. Вашата Милка торта ќе биде со идеален облик, а целиот десерт можете да го декорирате по ваша желба. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Вкусен чоколаден колач во филџан готов за 5 минути Кога љубителите на благото "ќе ги фати криза"
за своето омилено јадење, тие сакаат колку што е можно побрзо да се
засладат, а токму за еден таков рецепт станува збор во продолжение.
Колку и да звучи неверојатно, за само пет минути можете да
подготвите вкусен чоколаден колач. Едноставните состојки и брзата
припрема ќе ја задоволат секоја ваша желба за благо. Така, во продолжение погледнете кои ви се потребните состојки за овој вкусен десерт кој откако ќе се уверите колку едноставно се подготвува, веројатно ќе сакате да го правите секој ден, одново и одново воодушевувајќи ги најблиските. Потребни состојки: ● 1 голем филџан ● 4 лажици брашно ● 2 лажици шеќер ● 2 лажици како ● 1 јајце ● 3 лажици млеко ● 3 лажици масло ● ½ лажица екстракт од ванила ● Мали парчиња чоколадо или друг додаток по желба Подготовка: ❶ Најпрво, сите суви состојки, поточно брашното, шеќерот, какаото и парчињата чоколадо помешајте ги во филџанот, а потоа додадете го јајцето и сето тоа заедно добро измешајте го. ❷ Потоа во смесата додадете го млекото, маслото и екстрактот од ванила, па шолјата со подготвената смеса ставете ја во микробрановата печка и почекајте да нарасне во следните три минути, на највисоката температура. ❸ Готовиот колач ќе нарасне до врвот на шолјата, а откако ќе биде готов, оставете го малку да се олади и послужете. Секако, подгответе и за вашите најблиски и сигурно тоа ќе биде и вашиот нов омилен десерт со кој ќе се заблажувате секогаш кога сакате да каснете нешто благо, во најбрзо можно време. Добар апетит! Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:53 |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 3233343536 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |