IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 04:36
ФОТА СО ПЛАН ЗА НОВИТЕ Ф1 ТИМОВИ



Во ФОТА договориле да се предложи систем на техничко партнерство за да им се помогне на новите тимови за влез во Ф1 2010. Оваа одлука е донесена на вчерашниот состаноок во Лондон. Како што се ближи крајниот рок за пријавување за следната сезона, тимовите се се поблиску до постигнување договор со ФИА за идните правила во Ф1. Од ФОТА се надеваатдека тој компромис би им овозможил на потенцијално новите тимови помош со што нивните трошоци во првата сезона не би надминале многу повеќе од сегашната цифра за ограничениот буџет.

ФОТА форсираат "линија на помал отпор" пристап на донесување на ограничениот буџет, со смалување на трошоците во два чекори, т.е. ово 2010 трошоците би биле ограничени до € 100 милиони, и да паднат до € 45 за следната сезона. Со системот на техничко партнерство новите тимови би добиле помош во смисла на делови(кои немаат влијание на брзината), како и некои know-how дизајни.

Иако конечен договор уште не е постигнат, се верува дека ФОТА и ФИА се блиску до резолуција до утрешниот рок
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 14:22
Мерцедес со иницијатива, Мозли подготвен за компромис?

Шефот на Мерцедес Моторспорт, Норберт Хауг, разви можно решение на несогласувањата околу ограничениот буџет пред последниот рок за пријавување за следната сезона, кој завршува денес. Германскиот производител ги поднесе своите предлози до ФИА, кои, пак, контактираат со сите други тимови за "Мерцедес Иницијативата". Тојота, Ред Бул, Рено и Ферари се заканија дека ќе си заминат од спортот и без официјален договор меѓу Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) и ФИА.

Според "Мерцедес Иницијативата" тимовите би имале ограничен буџет од 100 милиони фунти за 2010, а за ова тимовите мораат да понудат помош на сите нови тимови, како снабдување со евтини делови и делење на технички информации. Покрај тоа тимовите мораат да се обврзат дека ќе бидат во формула 1 барем до крајот на 2012 година, а од 2011 ќе биде воведен ограничениот буџет од 40 милиони фунти.

Според Аутоспорт, Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) се согласила за систем за техничко партнерство за новите тимови за 2010, по состанокот на шефовите во Лондон во средата.

МОЗЛИ Е ПОДГОТВЕН ЗА КОМПРОМИС

Претседателот на ФИА, Макс Мозли, пак, конечно, призна дека е "подготвен за компромис" околу контроверзните предлози и е оптимистички расположен дека до утре ќе се најде решение за да се спречи криза.

Досега од актуелните тимови само Вилијамс се пријави за новите правила, поради што беа исклучени од ФОТА, а се верува дека и лидерите во генерален пласман Браун ГП и малите Форс Индија се подготвени за тоа бидејќи Ф1 е нивниот единствен бизнис.

"Секако дека сум подготвен за компромис, но само ако малите и новите тимови ќе можат да работат со многу понизок буџет и нема да се многу побавни од останатите. Многу сум оптимистички расположен околу решението. Големите и малите тимови имаат различни интереси и мораме да ги заштитиме сите. Дали Ферари ќе поднесе документи до петок? Верувам во тоа. Јас сум оптимист. Ферари се многу важни за формула 1, но и формула 1 е многу важна за Ферари", додава Мозли.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 04:07
ФОТА ТИМОВИТЕ СЕ ПРИЈАВИЈА ЗА СЕЗОНАТА 2010



Сите овогодишни Формула 1 тимови поднесле пријави до ФИА за Ф1 2010 првенството. Меѓутоа од ФОТА изјавија дека нивните пријави се условни, т.е. потпишување нов Конкорд договор кој ќе биде потпишан од сите страни, и тоа пред 12 Јуни.

"Обновувањето на Конкорд договорот ќе овозможи сигурност за иднината на Ф1, со права и обврски пропишани за сите страни од договорот", се вели во изјавата на ФОТА.

Во оваа изјава исто така се вели дека правилата за следната сезона да се темелат на овогодинешните правила и да бидат идентични за сите, и дополнети во склад со предлозите што ФОТА ги има доставено до ФИА."

"Сите тимови од ФОТА сега со оптимизам гледаат за иднината да проактивно и продуктивно соработуваат со ФИА, се со цел воспоставување солидни темели на кои ќе се изгради успешна иднина за Формула."
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 16:35
Сите тимови потпишаа за 2010, ќе се разговара понатаму
Нема опасност за бојкот на следната F1 сезона

Заканата на Ферари за откажување од формула 1 по се изгледа заврши откако во петокот тие и другите 8 формула 1 тимови поднесоа условна апликација за натпреварување во Светскиот шампионат 2010. Мекларен, БМВ, Тојота, Рено, Ред Бул Рејсинг, Торо Росо, Форс Индија и Браун ГП потврдија дека ќе се натпреваруваат во 2010, по се изгледа ставајќи крај на "граѓанската војна" со ФИА околу ограничениот буџет предвиден за новата сезона. Но, и покрај компромисите на двете страни, деветте тима јасно кажуваат дека нивното учество бара исполнување на некои барања.

"ФОТА потврдува дека сите членки се посветени да бидат вклучени во формула 1 шампионатот, а тоа се потврди со нашата желба да се намалат трошоците во следните три години, но така да се задржи техничкиот напредок и спортскиот предизвик, а во исто време да се направи приод кон новите Ф1 тимови. Овие мерки се веќе одлучени во ФОТА. Сите тимови на ФОТА прифатија да учествуваат во 2010 но само ако, Конкорд договорот биде потпишан пред 12 јуни 2009 година, по што сите тимови на ФОТА ќе се обврзат на формула 1 до 2012, и основата на регулативите за 2010 ги прават правилата од оваа година, поправени со предлозите на ФОТА", се вели во соопштението на ФОТА.

РИЧАРДС ВЛЕЗЕ СО ПРОДРАЈВ/АСТОН МАРТИН, ЛОЛА И ЛАЈТСПИД ПОТВРДИЈА

И покрај тоа што велеше дека ќе чека додека ФИА и ФОТА не се договорат, Дејвид Ричардс поднесе апликација за влез следната сезона со тимот на Продрајв. Неговата апликација била поднесена во четвртокот и се шпекулира дека тој ќе го води тимот под името Продрајв, пред да го смени во Астон Мартин до 2012.

"Болидите ќе бидат градени во седиштето на Продрајв во Бенбјури и ќе има мотори со логото на Астон Мартин, кои ќе бидат добиени од друг производител. Ова ќе бидат вистински Астон Мартин болиди. Тоа беше планот цело време", изјави Ричардс за Аутокар магазинот, но не сакаше да потврди дали Мерцедес ќе бидат снабдувачи со мотори.

Покрај тимот на Ричарс, претходно се пријавија и УСФ1 и Кампос Рејсинг, а последни кои потврдија се и британските Лола. Компанијата последен пат беше во Ф1 ви 1997 година.

"Лола Групацијата смета дека одлуките за ограничен буџет и помош при техничките работи се вистински и со нив се овозможува влез на нас како тим", се вели во соопштението на Лола.

Во исто време апликација поднесе и британскиот Формула 3 тим, Лајтспид, кој има поддршка од добро познатиот Ф1 инженер Мајк Гаскојн. Шефот на тимот Нино Џаџ, слично како УСФ1 тимот, веќе платил депозит за снабдување на мотори од британскиот Косворт.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 04:28
Тојота се откажува од Фуџи, но и од Ф1?



Сопствениците Тојота решија повеќе да не го помагаат оддржувањето на Јапонското ГП на Фуџи Спидвеј патеката, објави Асахи весникот во петокот. Патеката, поставена во подножјето на историската планина Фуџи на запад од Токио, беше домаќин на Јапонското ГП во 2007 и 2008, и требаше да се врати на календарот во 2010, бидејќи имаа договор за менување на една година со патеката Сузука, која е во сопственост на Хонда.
Според Асахи Шимбун одлуката на Тојота е донесена поради потребата да се намалат трошоците, а доаѓа откако се се погласни шпекулациите дека јапонскиот производител е подготвен наскоро да замине од Ф1. Од Тојота ги отфрлаат овие шпекулации.
"На Фуџи Спидвеј ние правиме подготовки за формула 1 трката следната сезона. Нема вистина во извештаите дека се повлекуваме", вели портпаролот на компанијата.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 04:31
БМВ со двоен дифузер во Турција



БМВ Заубер потврдија дека ќе го воведат ткн. "двоен дифузер" на Турското ГП следниот викенд во Истанбул. Тимот имаше нов катастрофален викенд во Монте Карло, каде што Роберт Кубица и Ник Хајдфелд прво не успеаја да ги поминат првите квалификации, а потоа Кубица се откажа во 28. круг, а Хајдфелд заврши на 11. место. БМВ има само 6 поени оваа сезона.
"Пред Турското ГП нашите резултати воопшто не се добри. Никој не очекуваше да имаме ваква сезона, а откако направивме чекор напред во Шпанија, во Монако пак бевме слаби. Во Истанбул конечно го имаме двојниот дифузер, но овој чекор назад во последните трки нема да не натера да ја смениме нашата политика", вели шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 04:38
Новиот Конкорд ќе разјасни многу нешта



Најавата дека сите екипи ќе потпишат нов договор „Конкорд“, со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на учесниците во светското првенства на Формула 1, навестува и можни репозиционирања во делот на календарот. Со претходниот договор кој истече во 2006 година, тимовите беа согласни на 17 трки по сезона, но најавите на Еклстоун беа дека со новиот договор ќе се оди на бројка од 20 трки по сезона, иако тој лично преферира таа бројка да биде уште повисока.



Во 2009 година планирани се 17 трки, вклучувајќи ја и новата во Абу Даби, но наскоро кон циркусот треба да се приклучат Јужна Кореа и Индија. Покрај тоа, постојат желби за враќање во календарот на некои патеки кои биле домаќини на Формула 1 во минатото, како што е тоа случај со Имола која ја организираше трката за Големата награда на Сан Марино, а можно е да се разговара и за Австрија, каде што сопственик на Целтвег стана газдата на Ред Бул, Дитрих Матешиц. Следува кус преглед на вестите кои беа лиферувани низ медиумите, а се врзани за одредени географски локации како можно организатори на трки за Формула 1.



Откако се појавија шепекулации дека е можно враќањето на ГП Франција, се разбранува јавноста за можната патека на која би се одржала трката. Промотерите на патеката Мањи-к*р му предложиле враќање на оваа патека на премиерот на Франција, Франсоа Филон, кој пак претходно побара организирање на трката на привремена патека.

- Бараме патеки. Дали треба да се изгради нова? Веројатно да. Несомнено за тоа ќе треба време. Во меѓувреме, дали трката треба да се вози на посточека патека. За ова дискутираме... Не можеме да прифатиме дека нема да има Француско ГП до 2012. Франција го воведе автомобилското натпреварување, а првата Формула 1 Гран при се возеше во Франција - вели премиерот Филон.

Покрај Мањи-к*р, која е обновена, како кандидати за трка во Франција се и локациите Флин-Лес Муро и Вал де Франс. Сепак, најавено е дека поради политички проблеми, доведена е во прашање изградбата на патеките. Покрај тоа, патеката Пол Рикар е најавена како сериозен кандидат, иако на неа се вршат голем број на тестирања.



Промотерите на ГП САД се решени да се врати и оваа трка, која своевремено стандардно се појавуваше во Формула 1 календарот. На состанок кој бил свикан минатата недела, покрај другото, бил разгледан и проектот за враќање на фамозната Инди во најбрзиот октански спорт. Сепак, иако состанокот поминал добро, во медиумите се појавија шпекулации дека извршниот директор на патеката Индијанаполис, Тони Џорџ е блиску до разрешување од функцијата, со што во најмала рака се пролонгира враќањето на трката во САД.



Најавите говорат дека и трката во Канада повторно е пред вратите на Формула 1. Според францускиот Ла Прес, Берни Еклстоун поканил анонимен бизнисмен од Монтреал на состанок, со кој би бил разгледан договор за враќање и на Канадското ГП. Шпекулациите одат дотаму што го во Еклстоун гледаат нов промотер на трката во Канада, секако со подршка на локалните власти. Дополнително Еклстоун преговара со промотерите на трката во Аргентина, за можно враќање на Формула 1 во Буенос Аирес.

- Зборувам со луѓе во Аргентина. Само што започнавме да разговараме - изјави Британецот.

Тврдењата на Еклстоун ги потврдија и аргентинските власти.



Спротивно на кандидатите за влез во календарот, има и случаи каде опстанокот во Формула 1 е неизвесен. Најкритична е ситуацијата во Германија, каде беше предвидено наизменично да се менуваат Хокенхајмринг и Нирбургринг, со забелешка дека оваа година редот е на втората патека. Проблемот настана кога беше објавено дека Хокенхајмринг нема повеќе да биде домаќин на ГП трка, а дополнително беше најавено дека Нирбургринг нема да може да ја замени догодина. На седницата во Штутгарт, на која се разгледуваше овој проблем беше повикан и Берни Еклстоун.



- Ги земаме в предвид сите опции и резултатот останува комплетно отворен. До лето мораме да знаеме на што сме бидејќи трката во 2010 треба да биде испланирана - вели градоначалникот на Штутгарт, Дитер Гумер.

Сепак, по средбата пристигнаа оптимистички прогнози за враќање на Хокенхајмринг догодина, но сепак и во Германија допрва треба да се донесе конечна одлука.



И трката во Унгарија, која има договор до 2012 година, е доведена во прашање по истекот на истиот. Продолжувањето на договорот е неизвесно, а кога би бил продолжен, Хунгароринг би ја гледале до 2016 година. Глобалната рецесија е повторно мотивот кој ги натера промотерите да размислат добро пред да се потпише новиот договор, со кој ќе се обврзат на дополнителни четири години верност.



Сомнежи се појавија и за историската трка во Монако, по изјавата на промотерот Мишел Боери дека ако брендот Ферари исчезне од Формула 1 и кнежевството ќе престане со организација на Ф1 трки. При тоа, активниот договор со Формула 1 менаџментот истече оваа година и тоа директно ги засили стравовите дека ја гледавме последната трка низ улиците на Монте Карло. Сепак, Берни Еклстоун не ги зема здраво за готово заканите и смета дека Монте Карло е дел од календарот за секоја сезона.

- Монако е дел од Ф1 календарот и секогаш ќе биде ако мене ме прашате - вели Британецот.



Најави пристигнаа и од Јапонија, според кои сопствениците на патеката Фуџи, тимот на Тојота се решиле на продавање на патеката, а со тоа и откажување од нејзина сопственост. Според весникот Асахи, Јапонците го повлекле овој чекор поради намалување на трошоците, кои се огромни кога е во прашање поседувањето на патеката. Фуџи, која е лоцирана под падежите на истоимената планина, беше домаќин на ГН Јапонија во 2007 и 2008 година. Според принципот на наизменичност, домаќин оваа година ќе биде патеката Сузука, за догодина повторно да се врати Фуџи како патека на која се одржува трката во Јапонија.



На крајот, Абу Даби има тенденција за втора ноќна трка, откако патеката Јас Марина ќе биде осветлена со рефлектори. За време на трката во Монако беше објавен податокот од страна на промотерот Филип Гурдијан, при што трката во Обединетите Арапски Емирати ќе се вози во термин кој одговара на европската публика. Иако пред извесен период проструија информации дека има проблеми со довршувањето на патеката, истите беа експресно негирани. Ова е добар начин да се покаже дека се е потготвено за одлично деби Абу Даби на во Формула 1, зачинето со фактот што, како и Сингапур, ќе дебитира како ноќна трка. Со тоа продолжува тенденцијата на Еклстоун да се оди кон ноќни трки на тлото на Азија, што е случај и со Малезиското ГП, кое има најави дека од година може да премине во ноќна трка.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 04:43
Многу тимови заинтересирани за Батон



Успешниот настап во тимот на Браун оваа година, го направи британскиот возач најинтересен за другите тимови во Формула 1. За него веќе се заинтересирани повеќе моќни тимови.

Според едно интервју со засега неименуван шеф на некој тим, перформансите на Батон оваа сезона се феноменални, а доказ за тоа е и тоа што тој на секоја трка е подобар од својот тимски колега, Рубенс Баричело.

За наредната година ќе има неколку слободни места во тимовите, а најбаран ќе биде токму Батон. Иако Браун изјави дека тој нема да си оди од тимот, факт е дека има многу финансиски помоќни тимови во првенството, на кои нема да им биде проблем да платат голема сума на пари за возач како Џенсон.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 03:31
Паул Гасол влегува во F1



Екипата Кампос наводно веке се пријавила за натпреварување во следната сезона на Формула 1, искористувајќи ги “кавгите” на големите тимови со Меѓународната Автомобилска Федерација (FIA) околу лимираниот буџет.

Шпанскиот тим, предводен од бившиот возач на Минарди Адријан Кампос, наводно веќе осигурал пари за дебитанската сезона во F1 шампионатот, со голема помош од најдобриот кошаркар на “црвената фурија” Паул Гасол, но и од мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим.

Играчот на Лос Анџелес Лејкерс, спрема пишуваната шпанска медија, одушевен влегол во нов проект, како што со своето име и авторитет, кои има во спортските кругови, би му помогнал на тимот да осигура уште спонзори.

Екипата Кампос, наводно веќе го решила и прашањето за возачкиот кадар. Станува збор за искусниот 38-годишен Педро Де Ла Роса, кој моментално тестира за Мекларен, дупло помладиот и поперспективен Мексиканецот Серхио Перез кој оваа сезона ќе се зајакнува во GP2 првенството.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 03:35
"Ф1 ќе умре без нови тимови"

Шефот на ФИА, Макс Мозли, целосно ги поддржа новите апликации во формула 1, што не е изненадувачки ако се знае неговата битка со постоечките тимови околу ограничувањето на буџетот. Ферари прво јавно ги исмејуваа новите тимови велејќи дека за таква формула 1 е подобро да се нарече "Формула ГП3", но Мозли вели дека тоа е вистинскиот потег.

"Ниту еден спорт не е здрав без нови луѓе. Ферари забораваат дека сегашниот БМВ тим започна како Заубер, сегашниот Вилијамс тим почна кога Вилијамс го купија Марч. Тајрел стартуваа како мал тим на крајот на 60-тите, потоа станаа Хонда, а сега се Браун. Дури и Енцо Ферари дојде во 1948 година стартувајќи од нула. Ако ги сопреме новите тимови тогаш формула 1 ќе умре. Не смее да останат само старите луѓе", вели Мозли.

69-годишниот Британец беше еден од основачите на тимот на Марч, а по заминувањето од тимот во 1977 година почна неговиот политички раст.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 03:05
Тојота подготвени да си заминат



Од тимот на Тојота се упорни дека ќе останат дел од формула 1 шампионатот само ако контроверзниот предлог за ограничен доброволен буџет од 40 милиони фунти е отфрлен за 2010. Сите сегашни тимови поднесоа апликација за следната сезона по долгиот конфликт на линија ФИА-ФОТА околу иницијативите за намалување на трошоците, но сите тимови од Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) јасно објавија дека нивното учество зависи од "задржувањето на сегашните регулативи за 2009, сменети според предлозите на ФОТА".

Тимовите исто така бараат нов Конкорд Договор, со кој се уредуваат односите ФИА-тимови-носител на комерцијални права, и тоа до 12 јуни, кога ФИА треба да ги објави успешните кандидати за пополнување на 26 стартни места следната сезона.

Досега, шест нови тимови - Продрајв, Лола, Тим УСФ1, Кампос Мета 1, Тим Суперфанд и Лајтспид ГП, поднесоа апликации за влез во шампионатот.

Потпретседателот на Тојота Моторспорт и во исто време потпретседател на ФОТА, Џон Хаует потврди дека ако има било какви "траги" од двоен систем на правила со технички ограничувања за тие кои нема да прифатат ограничен буџет, големиот јапонски тим и неколку ривали ќе побараат нова тркачка серија.

"Веруваме дека сите мораат да се натпреваруваат под исти правила. Не верувам дека некој има против новите тимови во формула 1, но во моментов нема да има разговори за ограничување на буџетот. Повеќето тимови сметаат дека ако овие услови не се исполнат, тогаш ќе мораме сериозно да размислиме за алтернативите", вели Англичанецот.

Има многу шпекулации дека тимот со седиште во Келн нема да продолжи на долги патеки во формула 1, прво поради тоа што немаат ниту една победа во 129 трки од Ф1 дебито во 2002 година, а потоа и поради глобалната економска криза.

Поизненадувачка е заканата на тимот на Ферари, од каде исто така велат дека се подготвени за заминување. Скудерија е единствениот Ф1 тим кој ја стартувал секоја сезона од воспоставувањето на Формула 1 Шампионатот во 1950 година.

"Не, апсолутно не", одговори шефот на тимот Стефано Доменикали на прашањето дали пријавувањето за шампионатот значи прифаќање на ограничен буџет. "Барањето за регулативите од 2009 значи дека нема да има ограничен буџет. Ако тоа не се исполни тогаш апликациите се неважечки".

Во меѓувреме несигурноста во формула 1 ги разубеди тимовите на РМЛ, Епсилон Еускади и иСпорт од влегување во спортот, додека Суперфанд тимот, предводен од поранешниот Ф1 возач Алекс Вурц, бара брзо објаснување на ситуацијата.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 03:43
"Ф1 тимовите имаат нереални желби"



Макс Мозли во средата не звучеше оптимистички расположен за крај на политичката битка во формула 1 откако одби да ги послуша барањата на сегашните Ф1 тимови. Откако го суспендираа Вилијамс од ФОТА алијансата, деветте останати тимови во петокот поднесоа "условна" апликација за влез во шампионатот во последниот рок. Тие јасно ставија до знаење дека нивните апликации ќе бидат "неважечки", отстранувајќи се од шампионатот во 2010, доколку ФИА не потпише Конкорд договор за 2012, престана со плановите за ограничен буџет и се согласи на нивните предлози за намалување на трошоците.

Но, Макс Мозли за швајцарската публикација Моторспорт Актуел не изгледаше дека е подготвен да ги прифати овие барања.

"Ние ги правиме правилата. ФИА одлучува како ќе биде. Тоа го правиме веќе 60 години и ќе продолжиме да го правиме", вели Мозли.

Тој додава дека не знае дали конфликтот има решение, но ги отфрли поголемиот дел од барањата на ФОТА како "крајно нереални".

На пример за новиот Конкорд договор, тој вели дека е финализиран предоцна, така што нема смисла да биде потпишан до 12 јуни. Тој исто така е критичар на тоа што тимовите решија апликациите да ги поднесат на крајниот рок на 29 мај.

"Очигледно тие сакаат да направат тешка атмосфера за новите тимови", вели Мозли, посочувајќи ја иронијата за намалување на трошоците да се прави на скапата јахта на Флавио Бриаторе во Монако.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 04:04


Sefot na Red Bull Racing, Christian Horner e ubeden deka bitkata za titulata ne e zavrsena i pokraj golemata prednost na Brawn vo dvata sampionata.
Jenson Button so Brawn stigna do pet pobedi vo sest trki i ima 16 poeni prednost pred kolegata Rubens Barichello i 28 poeni povekje od Sebastian Vettel
vo Red Bull. Brawn vo megjuvreme vodat so 43.5 poeni pred Red Bull. "Brawn ima ogromna prednost vo plasman na konstruktori i golema kaj vozacite, no nie se
fokusirame od trka na trka. Slednite nekolku pateki ni odgovaraat na formata na nasiot bolid i imame dosta podobruvanja", veli Horner.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 01:27
Батон ставил 50.000 долари дека ќе биде шампион сезонава
05/06/2009 16:26

Два дена пред трката во Турција, германски Билд излезе со информација дека британскиот возач Џенсон Батон се обложил на себеси пред почетокот на сезоната.

Како што се наведува во таблоидот моменталниот лидер во Ф1 циркузот на почетокот на овогодинешново првенство ставил 50 000 долари дека токму тој ќе биде новиот шампион во Формула 1 оваа сезона. Се претпоставува дека тој бил мошне добро информиран дека неговиот тим е технички супериорен во однос на другите оваа сезона.

Батон е убедлив лидер во Ф1 сезонава. Тој има пет победи на шесте трки одржани сеознава и е на добар пат дури и да го сруши рекордот од најмногу победи во едена сезона на Шумахер.

Се уште нема никаков демант на оваа информација и се очекува да се види како ФИА ќе реагира на сето ова.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.