|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 3132333435 56> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Божиќни елкиСостојки
ПодготовкаВо еден сад измешајте ги брашната, содата, циметот и солта. Во меѓувреме се припрема глазурата ( се мешаат шеќерот со сокот од лимон, додека не се соеднинат) и се нанесува на оладени колачиња. Дополнителни фотографии |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Божиќни колачињаСостојки
Подготовка1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце. Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор. Јас половина од колачињата ги украсив со растопено чоколадо, а другата половина со гласа која ја направив со шеќер во прав, малку топла вода и сок од лимон.Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата. Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Божиќни кокос колачиСостојки
ПодготовкаСе замесува тесто од брашното, маргаринот, 100гр кокос, пецивото, ванилата и јајцето и се остава да одмори во фрижидер 15 минути. Потоа се ваѓаат колачи низ машина за месо или со обични калапчиња за колачи. Се печат многу кратко 8-10 минути и готови се лепат со крем, а потоа се декорираат со чоколада и кокос или чоко трошки. Дополнителни фотографии |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Празнични колачи за 2014гСостојки
ПодготовкаСекоја година ги правиме со мојата Еми овие колачиња. Тие се вистинско уживање за правење и релаксирање. Но најпрво да се пушти фантазијата и да се почне со работа. Од сите состојки се замесува глатко тесто и се остава да се одмори 20мин. Потоа се сучи кора и со калапите од делимано се прават различни форми. Бидејки и беше желба на Еми да направиме слатка кука, така и направивме и тоа е нејзино ремек дело. Колачите се печат на 180С -15мин. Кога ќе се испечат се оставаат во плехот да се малку оладат и на допир мора да бидат меки. Глазура Дополнителни фотографии |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Празнични посни колачињаСостојки
ПодготовкаВо сад се става зејтин, вино(или пиво), шеќер, пециво и додаваме
брашно колку да замесиме меко тесто. Сукаме кора и ја расечуваме на
коцки. Се печат на 200С додека да заруменат(околу 10-15мин.) и се посипуваат со шеќер во прав. Дополнителни фотографии |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шах тортаСостојки
ПодготовкаЗа мојот стоти рецепт се одлучив да ја направам оваа шах торта. Во оригиналниот рецепт за оваа торта ви се потребни 2 пандишпани,
еден темен и еден жолт. Се прават правоаголни кори, се делат на два
дела, потоа на жолтата кора се премачкува од кремот и се редат коцки,
една темна една жолта и да се добие поле на шах. Потоа се става темната
кора и се почнува со спротивната боја од претходната кора, значи темна
коцка и така наизменично да се добие пак шаховско поле. Тортата ја
филувате со крем и ја декорирате. Бадемите и лешниците ги мелеме во посебни садчиња. Чоколадото го растопуваме. Од белките правиме добро изматен снег од белки. За темното тесто ги матиме жолчките со шеќерот, убаво да се згусти смесата. Го додаваме растопеното чоколадо, бадемите и промешуваме. Го додаваме и брашното, промешуваме малку со миксерот и го додаваме снегот од белките и добро мешаме да се изедначи смесата. Рерната ја загреваме на околу 180 - 200 степени. На плекчето ставаме малку зејтин, размачкуваме насекаде и ставаме исечена хартија за печење. Ја истураме смесата и печеме околу десетина минути или зависно од јачината на рерната. Повремено проверуваме со чепкалка да не се лепи од тестото. Жолтиот пандишпан го правиме на следниот начин. За подготовка на кремот ставете во подлабок сад да зоврие вода. Го земаме најголемиот обрач од темното тесто и го ставаме на површината на која ќе ја филуваме тортата. Земаме од филот и ставаме странично внатре околу обрачот. Го додаваме помалиот обрач од жолтото тесто, го филуваме и го ставаме помалиот обрач од темното тесто. Така правиме до последното делче од пандишпанот. Нежно со рацете притискаме насекаде да биде рамна површината на тортата и ја филуваме со кремот. Наредниот спрат на тортата го започнуваме со најголемиот обрач од
жолтото тесто и како на првата кора редиме наизменично, една па друга
боја. Така ја повторуваме постапката до крајот на редењето на сите
обрачи. На крајот тортата ја филуваме со кремот или павлаката во мојов
случај. Оваа торта многу е декоративна, а секако и вкусна, затоа ви ја препорачувам да ја пробате. За декорацијата не мора строго да се придржувате до количината на состојките, можете да филувате и со рендано чоколадо како шаховско поле. Ви посакувам убаво да се засладите. Дополнителни фотографииИзменето од Valerija - 15.Декември.2013 во 21:33 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сочен чоколаден колач (Лоуренсов колач)Состојки
Подготовка1.Се двојат жолчките од белките. Рерната се уклучува на 150 ст.С, а .калапот за печење се обложува со пекпапир. ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоколаден колач со бананиСостојки
ПодготовкаПриклучете ја релната на 180 степени. За тестото, избијте го путерот се шеќерот, додајте ги јајцата едно по
едно, избијте го убаво, па додавајте малку по малку де млеко, па од
измешаното брашно со какаото, содата и солта. Дополнителни фотографии |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме раванијата . Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството. Сосотојки:
Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додајте го измешаното брашно со гризот, прашокот за печиво и изренданата корка од лимон. Изматете ги белките па додајте ги на претходната смеса. Тавчето за печење намачкајте го со путер, посипете го со брашно и во него ставете ја смесата за раванија. Печете на 200 степени 20 минути. Раванијата полејте ја со сварениот шербет. Изладена раванија - топол шербет. На здравје! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Освен тоа што овој рецепт е неверојатно брз, нема шанси да ја погрешите подготовката. Ако не сте вешти со подготовката на десерти, а сакате да изненадите со неколку чоколадни мафини, ви предлагаме да го испробате овој рецепт уште денес. Потребни состојки:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени додека на тава ги поставувате украсните корпи за мафини. Во стаклен сад измешајте ја Нутелата, јајцата и брашното и миксирајте додека не добиете мазна, кашеста смеса. Со лажица истурете малку од смесата во калапите за печење, ставете еден кекс, а потоа прелијте го со уште малку смеса од Нутела. Печете ги мафините во рерна околу 12 минути, а потоа почекајте уште 5 минути да се оладат пред да ги извадите од калапите. Послужете ги со шлаг пена и овошје или пак со прелив од карамела и рендано бело чоколадо. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штрудлата е еден од омилените десерти во светот, па затоа може да се пронајдат многу различни начини за подготовка. Овој рецепт што ви го нудиме е штрудла со јаболка и сладолед од ванила и е идеално летно освежување. Состојки потребни за подготовка
Сладолед од ванила Исецкајте ги јаболките на коцки во големина од 1,5 cm. Посипете ја кората со растопен путер и во средина поставете ги сецканите јаболки. Испрскајте со шеќер, цимет и суво грозје. По желба можете да ги ставите во рум да потстојат пред да ги искористите за штрудлата. Свиткајте го тестото и поставете го во тепсија. Избоцкајте го за да не попука горниот дел. Печете во загреана рерна на 180 степени 30 до 40 минути се додека тестото не добие златна кора. Оставете ја штрудлата да се олади и послужете со топка сладолед од ванила. Декорирајте со нане, цимет или топено чоколадо. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За сите љубители на кокосот имаме едноставен рецепт како секојдневно може да си приготват слатко задоволство. Во домашни услови, со едноставни состојки и брз рецепт подгответе Баунти топчиња чиј вкус не е далеку од оној оригиналниот. Сè што ви е потребно е: - 3 шолји (за млеко) брашно од кокос - 200ml кондензирано млеко - 5-6 лажици шеќер во прав - 1 лажичка екстракт од ванила - 350gr темно чоколадо Комбинирајте го кокосовото брашно со кондензираното млеко во голем сад. Додадете го шеќерот во прав, така што треба да добиете тврда смеса. Додадете го екстрактот од ванила и добро промешајте ја смесата. Оставете ја да потстои во фрижидер или замрзнувач додека не се зацврсти. Потоа обликувајте мали бомбици кои ќе ги прелиете со топено чоколадо. По желба може да ги прелиете со бело чоколадо, да додадете чоколадни мрвици или пак некоја арома. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога веќе ќе се изморите од празничните специјалитети, “одморете” и почестете се со еден брз, а неверојатно чоколаден рецепт. Чоколадните палачинки се сечија слабост, па во комбинација со ванила крем и кокос, не веруваме дека некој ќе ги одбие. Потребни состојки: За палачинки
За крем
За декорација
Подготовка: Измешајте ги сите состојки за тестото, по ред, додека не добиете нешто погуста смеса од онаа за обични палачинки. На тавче полиено со малку масло, пржете палачинки со големина по ваша желба. Ако имате потреба од метален калап, можете да го искористите за да добиете еднакви кругови. Кога сите палачинки ќе бидат готови, сварете го пудингот со 2те лажици шеќер. Откако ќе се олади, додадете го брашното од кокос и мешајте додека добро не се соедини. На голема чинија редете една палачинка, па премачкајте 1-2 големи лажици од кремот. Повторувајте ја постапката додека имате материјал. На крај прелијте ја тортата со топено чоколадо или чоколаден прелив и додадете ситно сечкано овошје. Проросете цимет или ванила и тортата е готова за послужување! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоколадна пита со ореви и бурбон
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница <1 3132333435 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |