IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 02:36


Возачот на Рено, Нелсон Пике Јуниор за холандскиот Формула 1 Рејс Репорт магазин изјави дека се навикнал на постојаните критики од шефот на тимот Флавио Бриаторе. "Тој смета дека со отворени критики ќе постави притисок на возачите да бидат подобри", вели Бразилецот. Претходно оваа година Бриаторе изјави дека Пике не би освоил титула со ниту еден болид, а потоа се зачуди дали неговиот возач мисли дека "колку повеќе се врти, толку повеќе поени ќе освои". "Такви работи морам да игнорирам. Не смеам да бидам загрижен", вели Пике.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 04:05
           Двоен дифузер за Ред Бул





Иако официјално соопштение се уште нема од страна на екипата базирана во Милтон Кинс, австриската телевизија ОРФ соопшти дека Ред Бул за трката во Монако ќе има на располагање надграден болид со имплементирана солуција за двоен дифузер. Нивната информација е исцрпена од интервјуто со Себастијан Фетел, во кое тој најавил дека вистински надграден болид ќе имаат во Турција, кога очекува таа солуција да даде подобар ефект. Сепак, во една реченица, тој наводно се издал дека всушност ќе започнат да го користат дифузерот од Монте Карло, велејќи дека „доколку е од помош, тогаш тоа ќе се види уште во Монако“.

Трката низ улиците на џебното кнежевство е најбавната од сите во календарот, а од техничка страна бара најголема потисна сила од воздухот (даунфорс), која што пак најмногу се генерира преку дифузерот. Со правилата за 2009 година, димензиите на дифузерот беа смалени, со што се очекуваше дека генерирањето на воздушната сила ќе опадне за 25%, но тогаш се појави Рос Браун со неговото толкување на правилата и го воведе контроверзниот двоен дифузер. По неколку жалби, ФИА го прогласи тоа решение за легално во спорот што заврши пред Апелацискиот суд во Париз.

Техничкиот директор на Ред Бул, Адријан Њуи, во друго интервју изјавил дека ситуацијата околу нивниот дифузер може да биде „пипни и стартувај“, наговестувајќи дека доколку го употребат дифузерот во Монако тоа нема да биде во ситуација каде што ќе бидат комплетно подготвени, напротив можеби би го користеле и без претходно да го тестираат. За време на прес-конференцијата на тимските шефови во Малезија, Кристијан Хорнер во името на Ред Бул изјави дека поради специфичноста на нивниот болид за 2009 година, имплементацијата на решение за двоен дифузер би подразбирало комплетно преуредување на задниот дел од болидот, при што ќе треба да се работи на нова суспензија и нов менувач. Речиси е сигурно дека во ова решение кое се очекува да дебитира во Монако, тие промени не се направени, па затоа останува да се сочекаат детали за време на гран при викендот.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 11:48
ФИА мора да ги слуша големите тимови

ФИА мора да размисли добро околу идните правила во формула 1, кои мораат да се поклопуваат со желбите на постоечките тимови, вели поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо. Зборувајќи на промоција на еден од неговите спонзори, Шпанецот вели дека ја сфаќа позицијата на својот тим и на преостанатите кои веќе се заканија дека ќе си заминат од спортот доколку се воведе ограничување на буџетот.

Ферари, Ред Бул и Тојота јасно се заканија дека ќе си заминат од формула 1, и Алонсо вели дека тоа мора да се сфати сериозно.

"Големите тимови го направија спортот спектакуларен. Поради таа причина не е исправно да се остават тимовите на една страна и да се обидеш во исто време да донесеш три нови тимови", вели 27-годишниот Алонсо за Диарио Ас.

По откажувањето на Хонда на стартот на сезоната, Макс Мозли предложи да има ограничување на буџетот за следната година и во исто време го зголеми бројот на можни тимови од 12 на 13.

"Во Премиер-лигата би било незамисливо да има слободни места, така што навистина нешто не е во ред со формула 1", изјави Мозли.

Алонсо, пак стравува дека постоечките тимови сакаат да се заменат со помали тимоив.

"Не се работи за тоа дека големите тимови не ги сакаат новите тимови, но не можеш да направиш се да привлечеш нови тимови, а потоа да изгубиш седум тимови кои ја изградија формула 1", вели Алонсо.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 04:32
Button многу попопуларен од Hamilton во Британија




После четири победи во првите пет трки во новата сезона на Формула 1 Jenson Button стана најпопуларен британски возач, а публиката на Островот многу повеќе го сака од актуелниот светски првак Lewis Hamilton.

Моментално најголемиот playboy меѓу возачите на Формула 1, водечкиот во шампионатот, Jenson Button преку ноќ стана најголема автомобилистичка ѕвезда во Британија.

Последните две сезони луѓето му се смееја додека се мачеше зад воланот на Honda, но сега кога победува тој е оној кој сите го сакаат, многу повеќе од Lewis Hamilton, кој падна во немилост на публиката после скандалот со лизгањето на Г.Н. на Австралија.

„Во Британија Jenson е многу попопуларен отколку Lewis затоа што е поприроден и поопуштен“, изјави Christian Homer, шефот на Red Bull, кој исто така има еден возач кој е миленик на публиката.

„Jenson е лесно да го засакаш исто како и Sebastian. Со него лесно е да се сложиш бидејќи и двајцата се многу професионални“, заклучил тој.

Button во вкупниот поредок на Ф1 води со 41 поен од можните 44, а најголемата опасност му доаѓа токму од Sebastien Vettel, кој заостанува со 18 поени, во очи на тркалата во Монако.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 04:38
Ферари одбиен на суд, најверојатно се откажува од F1!



Судот во Франција, ја одби жалбата на италијанскиот F1 тим како неоснована и со тоа само го подгреа излегувањето на Ферари од спортот. Тимот таму ја тужеше FIA за двојните правила во новата сезона.

Сега, после губењето на суд, најверојатно ќе биде тешко и Макс Мозли да попушти околу правилата и покрај големиот притисок од тимовите, возачите и Берни Еклстоун, на кој се помалку му се допаѓа законот.

После сите овие случувања, Ферари изјави дека воопшто нема да размислува за напуштање на првенството, нормално доколку биде донесен спорниот закон. Уште пет тима се закануваат со напуштање (Тојота, Рено, Ред Бул/Торо Росо и БМВ), но истото го изјавуваат и возачите, на кои нема да им се допаѓа таквото првенство со мали тимови.

Сето ова може да заврши со два епилога – првенство без најважните тимови и нов закон или првенство со големите тимови без ограничувања наметнати од FIA.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 17:05
Ферари го загуби случајот, влезе во остра офанзива против ФИА

Францускиот суд ја отфрли жалбата на Ферари со која италијанскиот тим се обидуваше да ги сопре ФИА во воведувањето на новите контроверзни правила за следната сезона. Шампионите кај конструкторите, Ферари отидоа пред Трибунал Де Гранд во Париз во обид да се отфрли можноста од 2010 да има доброволен ограничен буџет на тимовите од 40 милиони фунти.

"Нема ризик за штета која би била спречена со овој потег на федерацијата", истакна судијата Жак Гонран Де Робер во одлуката.

Ферари по ова влезе во неверојатен напад на предвидените промени, а останува нејасно дали најпознатиот и најтрофеен формула 1 тим планира да се повлече од шампионатот 2010, заедно со тимовите на Ред Бул, Тојота и Рено, кои имаа слични изјави пред судскиот случај.

Сега Ферари отворено го критикува квалитетот на тимовите кои се обидуваат да добијат место во формула 1 следната сезона, со што според нив не само што ќе се намали стандардот на натпреварувањето туку во исто време ќе претставува потсмев за репутацијата на Ф1.

"Нашите вработени не можеа да си поверуваат на сопствените очи кога ги прочитаа весниците и ги видоа имињата кои планираат да влезат во формула 1 следната година. На листата, која се појави од Париз вчера, не можете да најдете ниту едно познато име, кои може да плати 400 евра по човек за место на трибините на една трка. Рисрч, Лола, УСФ1, Епсилон Еускади, РМЛ, Формтех, Кампос и иСпорт - тоа се имињата кои сакаат да влезат во спортот предводен од Мозли. Со целосна почит, дали може да се спореди вредноста на таков шампионат со вредноста на сегашниот шампионат, каде што се Ферари и големите производители и тимови кои ја формираа историјата на спортот? Дали е можеби подобро овој шампионат да се нарече Формула ГП3", се вели во соопштението на тимот објавено на нивниот официјален веб-сајт.

По ова претседателот на ФИА, Макс Мозли, ги обвини Ферари дека ги поставуваат сопствените интереси пред тие на формула 1.

"Ниту еден натпреварувач не смее да ги постави своите интереси над спортот во кој се натпреварува. ФИА, тимовите и нашите комерцијални партнери сега ќе продолжат да работат за подобра иднина на формула 1 во 2010 и понатаму", вели Мозли.

Претходно Аутоспорт објави дека поранешниот шеф Ник Вирт, тимот Епсилон Еускади, инжинерската компанија Реј Мелок и ГП2 тимот Кампос Рејсинг се приклучиле на листата на тимови кои сакаат место во 2010. Со сите овие апликации Мозли се закани дека ако големите тимови не решат да поднесат апликација до 29 мај, тогаш можеби за нив нема да има место.

"Ако почекаме уште малку, нема да можеме да имаме нови тимови. Сега имаме 11 тимови од кои мислам дека 7 се сигурни дека сакаат да влезат во Ф1", изјави Мозли.

Ферари повторија дека немаат план да аплицираат за 2010 под сегашните услови.

"Ако не е можно за сите страни да стигнат до договор, тогаш според одлуката на бордот на Ферари од 12 мај, Ферари нема да аплицира во натпреварување кое според сегашното сценарио ќе биде разводнета формула 1. Во ваква ситуација, Ферари ќе продолжи да се натпреварува во трки кои го заслужуваат името Ферари во однос на иновативноста и технолошкиот развој", се вели во последниот извештај на Ферари.0

Алонсо загрижен за неговата иднина

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо призна дека е загрижен за неговата иднина и за тоа каде оди формула 1. Неговиот тим Рено претходно изјави дека нема да влезе во формула 1 следната сезона ако не се сменат правилата, и Алонсо признава дека не се чувствува најдобро.

"Секако дека е загрижувачки за мојата иднина. Се обидов да се исклучам и да се концентрирам на мојата работа. Во Монако ќе бидам фокусиран на трката, но кога ќе се вратам дома не е можно да се исклучам. Ако големите тимови и производители заминат од формула 1, тогаш не сакам да се тркам со мали тимови бидејќи такви категории има многу без да се нарекуваат формула 1. Чудно е што никој не размисли како сето ова штети на спортот во последните два месеци. Не можам да сфатам како е можно да се кажува дека е прифатливо да се загубат седум од најдобрите тимови, за да дојдат три-четири нови тимови", вели 27-годишниот Шпанец.

Во исто време Кими Раиконен повторно ги отфрли шпекулациите дека следната година ќе биде заменет од Алонсо и покрај неговиот договор за 2010.

"Не знам зошто с$ уште се зборува за тоа. Имам договор за следната година и сигурно ќе бидам тука", вели Раиконен.



Ф1 ФЛЕШ

КЕРС технологијата која се користи во формула 1 може да биде воведена на новите возови во лондонското метро, откако инжинерите на популарната Тјуб беа восхитени од тоа што го видоа при посетата на Вилијамс Ф1 тимот. Вилијамс имаат уникатен КЕРС систем, кој може да се користи при премините на возовите во метрото.



Европското ГП во Валенсија има несигурна иднина откако еден од главните поддржувачи, претседателот на регионалната влада Франциско Кампс е обвинет за корупција за развојот на пристаништето во шпанскиот град. 46-годишниот Кампс беше еден од клучните луѓе во договорањето на трката со Берни Еклстоун.



По новите шпекулации за иднината на Нико Розберг, шефот на Вилијамс, Сер Френк Вилијамс, најави дека ќе се бори до крај за да го задржи талентираниот Германец во тимот. Договорот на 23-годишниот Розберг, син на поранешниот шампион Кеке Розберг, завршува на крајот на сезоната. "Ќе се борам за Нико! За мене тој е на исто ниво како Хамилтон и Фетел. Другите тимови се заинтересирани, а кога се работи за парите, ние сме ограничени. Единствен начин да го задржиме е да имаме побрз болид", вели Вилијамс.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 19:02
Најпознатата F1 трка не е толку гламурозна оваа година


Индискиот магнат Виџај Малја не дозволува глобалната економска криза да влијае на неговиот стил, иако повеќето од негови колеги во Ф1 ќе бидат поскромни на Монако ГП трката овој викенд. Магнатот кој работи со авионски бизнис е сопственик на Форс Индија тимот и неговата 95-метарска јахта "Индиска Императорка" веќе е во пристаништето на Медитеранот и се подготвуваат за забава.

"Мислам дека гламурот и спортот одат рака-под-рака и тоа најдобро се гледа во Монако. Монте Карло е трка што е толку позната, така што сите ја знаат и сакаат да ја посетат. Ова не е важно само за тимот туку и за спонзорите. Повторно ќе бидеме домаќини на две забави бидејќи и во економска криза треба да се работи на брендот. Времињата на неограничени буџети заминаа, но мислам дека нема да има проблем", вели Малја, кој самиот се нарекува "Крал на добрата забава" и кој "страдаше" во економската криза - Форбс го постави на листата на 355 поранешни милијардери, и сега само милионери.

Принцот на Монако, Алберт, заедно со друштво на богати и познати ќе се појават на ексклузивна добротворна аукција и модно шоу в петок во знак на почит на фондацијата за Сида на Елтон Џон.

Другите, сепак, не сакаат да го покажуваат своето богатство во време на рецесија. Повеќето од банкарите се заминати, додека шефовите на тимовите и големите производители кои доминираат во спортот не сакаат да се покажуваат додека нивните акционери и вработените страдаат.

"Мислам дека насекаде луѓето мислат дека ова е погрешно време за трошење пари. Таква е ситуацијата. Луѓето кои имаат пари, кои можат да трошат како и порано, не трошат... Тоа е главниот проблем", вели Берни Еклстоун, кој признава дека ова ќе биде поинаква година во Монако.



СПОНЗОРИТЕ НЕ ВЛОЖУВААТ КАКО ПОРАНО

Кредит Свис си заминаа од БМВ Заубер, додека ИНГ на крајот на годината си заминуваат од тимот на Рено. Спонзорите на Вилијамс, Ројал Бенк оф Скотланд (РБС) станаа државна британска компанија и веќе нема буџет за трошење во Монако. Пензионираниот трикратен светски шампион и "глобален амбасадор" на РБС, Џеки Стјуарт откри дека неговиот престој во хотелот во Монако лани чинел 53.000 евра. Шкотланѓанецот нема да биде во Монако првпат од 1960-тите, иако смета дека Монако мора да биде извадено од контекст на кризата.

"Има чувство на неудобност, шефовите мислат дека нивните акционери ќе го сфатат тоа негативно место позитивно. Монако е напорна работа за сите таму поради причина. РБС направија одлука дека оваа година нема да биде пристојно да се расфрлаат пари таму. Според мене, требаше да се оди таму бидејќи мораш да продолжиш со бизнисот. Вака пропуштаат шанса", вели Стјуарт.

Пристигнувањето на трките во Сингапур минатата сезона и Абу Даби оваа година им дадоа шанса на Ф1 спонзорите шанса за две нови гламурозни трки.

"Во нашиот случај знам дека ќе имаме помалку гости во Монако. Сега ќе имаме повеќе гостиво Абу Даби", признава претседателот на Тојота, Џон Хаует.

Швајцарската компанија за производство на дијаманти, Штајнмец повторно ќе имаат дијаманти во кацигите на возачите на Мекларен, нивната импресивна јахта с$ уште е во Монако, но на неа нема многу гости.

"Очигледно работите се сменија од 2008 во 2009. Размислувавме за тоа што треба да направиме и затоа ќе потрошиме помалку пари", вели Лиор Левин од Штајнмец.

Стјуарт, кој победи во Монако во 1966, 1971 и 1973, вели дека нема опасност кнежевството да го загуби својот шарм.

"Монако е исто толку силно и гламурозно како секогаш. Ова е отворање на сезоната на француската ривиера и сите доаѓаат, дали од скијачките центри, од Латинска Америка или од Азија. Ако почне да се зборува дека не треба да одиме таму бидејќи ќе пратиме погрешна порака, тоа е навистина лошо", додава Стјуарт.



Роси повторно поврзуван со Ферари!

Валентино Роси повторно е поврзуван со трансфер во Ферари откако италијанскиот тим се закани дека ќе формира нова серија во која ќе можат да возат со три болиди. Италијанската Мото ГП ѕвезда претходно беше најавуван како големо име во спортот, но реши да остане до Јамаха и изјавуваше дека формула 1 за него е завршена приказна, но сега вели дека е можен трансфер. Роси тестираше неколкупати со Ферари од 2004 и беше блиску до трансфер во 2006.

"Изгледа тешко бидејќи имам договор со Јамаха, но ако направат серија со три болиди тогаш и тоа е можно. Денес би кажал дека тоа е неверојатна хипотеза бидејќи имам договор со Јамаха. Имам добри односи со Ферари и сега ќе почекам да видам што ќе се случи. Можеби Макс Мозли ќе попушти и тие ќе се вратат во формула 1. Секако дека с$ уште ми е сон да возам Ферари, но следната година тоа ќе биде невозможно", вели 30-годишниот Италијанец за Газета Дело Спорт.



БМВ и Браун тивки за 2010

Од сегашните формула 1 тимови само 2-3 може да се пријават за учество во Светскиот шампионат 2010 пред крајниот рок на ФИА на 29 мај. Официјалното пријавување може да почне денес, но Ферари, Рено, Тојота и двата тима на Ред Бул објавија дека нема да се пријават поради контроверзните правила за ограничување на буџетот. Од другите 5 тимови, Мекларен Мерцедес, кои неодамна избегнаа голема казна од ФИА, не кажуваат што ќе прават, додека БМВ Заубер признаа дека решението со буџетот може да ги натера членовите на бордот на БМВ да се предомислат за учеството во спортот.

"Ќе разговараме тогаш, а не сега. Мораме да бидеме позитивни дека може да се најде решение", вели Марио Тајзен од БМВ.

Се смета дека Вилијамс, Форс Индија и Браун, трите независни тимови ќе застанат зад идејата на ФИА, но шефот на Браун, Рос Браун не сакаше да го потврди тоа.

"Не сакам да коментирам бидејќи нон-стоп се разговара. Како тим ние го поддржуваме ограничениот буџет, но не сакаме такво буџет да ги истера тимовите од Ф1", вели Британецот.



Розберг повторно најбрз на тестирањето

Нико Розберг во Вилијамс повторно постави најбрз круг на второто тестирање на Монако ГП, додека Рубенс Баричело во Браун беше најбрз на првиот тест. Светскиот шампиуон Луис Хамилтон покажа добра форма со Мекларен поставувајќи топ-три пласман на двете сесии. Баричело беше исто така трет во втората сесија пред лидерот во генерален пласман и негов колега Џенсон Батон. Себастијан Фетел во Ред Бул и Роберт Кубица во БМВ Заубер имаа проблеми со моторот во првата сесија.



Ф1 ФЛЕШ

Стефано Доменикали одби да ги демантира постојаните шпекулации дека Фернандо Алонсо може да дојде во тимот на Ферари. Претходно оваа недела, на промотивна кампања на новиот спонзор на Ферари од 2010, шпанската банка Сантандер, Алонсо изјави дека е "престиж" да се вози во Ферари. "Што мислам за коментарите? Ми се допаѓаат, ми се допаѓаат. Тој е 'брависимо' возач. Ќе видиме!", изјави Доменикали за Диарио Ас.



Заканите на големите тимови за напуштање на формула 1 можеби не се сфаќаат целосно сериозно, но некои од возачите предупредија дека формула 1 може да "исчезне". "Ферари ќе најдат што да прават со мене бидејќи имам договор", вели возачот на Ферари Кими Раиконен, застанувајќи зад одлуката на својот тим. Марк Вебер од Ред Бул вели дека е загрижен и дека во битката има луѓе кои имаат проблем со своето его. "Тешко е да се биде позитивен кога толку често ги переме нашите алишта во јавност", вели Вебер.



По четири победи во првите пет трки од сезоната, лидерот во генерален пласман Џенсон Батон вели дека успехот го направил опсесивен и "досадно копиле". "Оваа сезона е навистина чудна бидејќи откако победив на трките, уживав во неделите, но потоа во понеделниците повторно мислев на следните трки. Сега мислам само на тркањето. Претходно кога не одеше добро се забавував, мислев на други работи, а сега станав досадно копиле. Мојата девојка ќе ви го потврди ова", вели 29-годишниот Батон, кој има 14 поени водство пред својот колега Рубенс Баричело.



Мекларен Аутомотив, одделот на Мекларен Групацијата во кој е вклучен и формула 1 тимот, аплицираше за дозвола за градење на нова фабрика покрај нивниот Технолошки Центар во Вокинг во која би се граделе 20 улични автомобили дневно. Мекларен Продакшн Центарот би вработувал 800 луѓе и е предводен од Рон Денис, поранешниот шеф на тимот. "Откако го презентиравме спортскиот автомобил на Мекларен во 1992 година, мој сон беше да имаме ваква компанија", вели Денис.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 19:08
Вилнев размислува за враќање во Ф1


Поранешниот светски шампион во Формула 1, Канаѓанецот Жак Вилнев признал дека би сакал да се врати во "најбрзиот циркус" во кој 1998 година дојде до титулата шампион.

"Правилата кои ќе настапат следната сезона во Формула 1, (пр. забрана за долевање гориво) се правила кои за кои и самиот се залагав. Дефинитивно размислувам за враќање" - изјавил Вилнев, кој се наоѓа во Монте КАрло каде во недела ќе се одржи трката за големата награда на Монако.

Во 165 настапи во Формула 1 Вилнев забележа 11 победи и 23 пласмани на пиедесталот. Откако во 2006 година го напушти "најбрзиот циркус" настапуваше и во американската НАСКАР серија, а возеше и на познатата трка 24 часа Ле Ман.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 04:38
ОД ВИЛИЈАМС ПРВИ ПОТКЛЕКНАА



Вилијамс е првиот од сегашните Ф1 тимови со пријава за наредната Ф1 сезона, и покрај моменталната неизвесност околу правилата за идната година. Само 24 часа откако ФОТА тврдеше дека сите нејзини членови се обединети во своите напори како би добиле промена на правилата, Вилијамс одлучи да поднесе пријава за следната године.

CEO на Вилијамс, Adam Parr за Ројтерс изјавил дека оваа одлука на неговит тим не значи дека е нарушено единството на ФОТА.

"Единството на ФОТА е од најголема важност за Вилијамс. Знаете дека се придруживме кон другите членови на ФОТА во писменото обраќање кон ФИА, со барање да продолжат напорите да се пронајде компромис за правилата за 2010. "

Тимови писмено му се обратија на претседателот на ФИА Макс Мозли велејќи дека ќе се натпреваруваат до 2012, и ќе потпишат нов Конкорд договор, доколку ФИА ги измени правилата за идната година.

"Вилијамс има обврзувачки договор со FOM (Ecclestone's Formula One Management) и со ФИА да учествува во светските првенства 2008-2010. Ние бевме исплатени во целост за нашето учество во Ф1 и чуствуваме дека морално и правно сме обврзани да учествуваме во Формула 1 и во иднина како што го правевме тоа во последниве 30 години.

"Ние тоа им го должиме на нашите вработени, нашите спонзори и секако фанови, сите кои се погодени од изјавите дека тимовите можеби нема да се пријават за следната сезона на Ф1. Продолжуваме да работиме во ФОТА и со ФИА и ФОМ да најдеме заеднички прифатлив компромис, но никој не треба се сомнева во нашата лојалност кон Ф1 ФИА светското првенство. "

Останатите членови на ФОТА се очекува да се состанат во текот на неделава да одлучат што ќе прават со пријавите за следната сезона. Како што сите знаеме крајниот рок е овој петок.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 18:14

Сите 10 екипи се закануваат дека ќе ја напуштат Ф1


Здружението на тимовите кои се натпреваруваат во Ф1 на претседателот на ФИА, Макс Мозли му предаде петиција во која се бара повлекување или одложување на правилата за ограничени буџети кое беше планирано за следната сезона.

Писмото што го доби Мозли е потпишано од сите десет екипи, и ако не се усвои нивното барање подготвени се да разгледаат колективно повлекување од натпреварувањето!

„Бараме и следната сезона да се применуваат правилата кои моментално се на сила, а во меѓувреме ќе се договориме за правилата за 2011 година“, изјави тим менаџерот на Ферари, Стефано Доменикали.

Потсетуваме, пречка за соработка меѓу ФОТА и ФИА претставува ограничувањето на буџетот на 40 милиони фунти со што поголемиот дел од екипите не се согласуваат, па по одделни закани за повлекување од Формула 1, стигна и колективна.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 18:15
НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО СОПРЕ ТИМОТ НА БРАУН ГП
Батон со победата во Монако на чекор до титулата

Џенсон Батон ги отфрла тврдењата дека светската титула е веќе негова откако победи на Монако ГП трката во неделата за петта победа во шест трки во 2009. 29-годишниот Англичанец го зголеми водството на 16 поени пред својот тимски колега од Браун ГП тимот, Рубенс Баричело, кој беше втор.

"Поставувате негативна енергија со тоа што велите дека не можам да загубам. Имам предност пред останатите, но се уште ништо не е завршено, и титулата не е моја да ја загубам. Не сакам да размислувам така", вели Батон.

Британецот е само 7 возач во историјата кој победил на пет од првите шест трки во историјата на Ф1, по великаните како Алберто Аскари, Хуан Мануел Фанџо, Џим Кларк, Аиртон Сена, Најџел Менсел и Михаел Шумахер. Сите тие возачи ја имаат освоено титулата во сезоната во која стартувале така.

"Давам се од себе и во моментов тоа е доволно, но не знам што ќе се случи во следните неколку трки. Докажавме дека имаме силен болид и дека изгледаме моќно во блиска иднина. По победа на 5 трки се надевав дека ќе имам поголема предност, но повозбудливо е што првото и второто место ги делат само два поени. Но, ова е конк*рентна сезона. Ред Бул се тука, Мекларен, Ферари и Тојота се тука, и сите се борат за поени", вели Батон.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од Мекларен смета дека Батон е во одлична позиција да ја освои титулата.

"Џенсон завршува фантастична работа и секако дека е во најдобра позиција за титулата. Ако би се обложувал тогаш парите би оделе на него", вели Хамилтон.

Неверојатната позиција на Батон е уште позачудувачка кога ќе се знае дека во поголемиот дел од зимата неговиот тим се бореше за опстојување. Браун излезе од "рушевините" на тимот на Хонда, кога јапонскиот производител се повлече поради економската криза, а самиот Батон доби помала плата за тимот да опстане. Браун се уште немаат главен спонзор (освен договорот со Вирџин кој носи околу 250.000 фунти по трка), така што се уште постојат сомнежи за нивниот опстанок.

Генералниот директор на Браун, Ник Фрај пак вели дека Батон е блиску до нов договор со тимот.

"Џенсон е со нас долго време, во кое имавме неуспеси и успеси. Мојата цел и целта на тимот е да го задржиме до крајот на неговата кариера. Ништо не се сменило. Со спонзори можеби ќе можеме да си го приуштиме", вели Фрај.

РЕЗУЛТАТИ (МОНАКО ГП)

1.Џенсон Батон (Браун) 1:40:44.282 10

2.Рубенс Баричело (Браун) +7.666 8

3.Кими Раиконен (Ферари) +13.442 6

4.Фелипе Маса (Ферари) +15.110 5

5.Марк Вебер (Ред Бул) +15.730 4

6.Нико Розберг (Вилијамс) +33.586 3

7.Фернандо Алонсо (Рено) +37.839 2

8.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1:03.142 1

9.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1:05.040

10.Тимо Глок (Тојота) +1 круг

11.Ник Хајдфелд (БМВ) +1 круг

12.Луис Хамилтон (Мекларен) +1 круг

13.Јарно Трули (Тојота) +1 круг

14.Адријан Зутил (Форс Индија) +1 круг

НЕ ЗАВРШИЈА

15.Казуки Накаџима (Вилијамс) +2 кругови

16.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +26 кругови

17.Роберт Кубица (БМВ) +48 кругови

18.Себастијан Фетел (Ред Бул) +62 кругови

19.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +66 кругови

20.Себастиен Буеми (Торо Росо) +68 кругови

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Џенсон Батон (Браун) 51

2.Рубенс Баричело (Браун) 35

3.Себастијан Фетел (Ред Бул) 23

4.Марк Вебер (Ред Бул) 19.5

5.Јарно Трули (Тојота) 14.5

6.Тимо Глок (Тојота) 12

7.Фернандо Алонсо (Рено) 11

8.Кими Раиконен (Ферари) 9

8.Луис Хамилтон (Мекларен) 9

10.Фелипе Маса (Ферари) 8

11.Нико Розберг (Вилијамс) 7.5

12.Ник Хајдфелд (БМВ) 6

13.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 4

14.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3

15.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Браун ГП Мерцедес 86

2.Ред Бул Рејсинг Рено 42.5

3.Тојота Панасоник 26.5

4.Скудерија Ферари 17

5.Мекларен Мерцедес 13

6.Рено Ф1 11

7.Вилијамс Ф1 Тојота 7.5

8.БМВ Заубер 6

9.Скудерија Торо Росо Ферари 5

-.Форс Индија Мерцедес 0
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 02:31
Тојота ќе остане во Формула 1?



И покрај сите најави на медиумите, шефот на тимот на Тојота, Џон Хаует, изјави дека тимот сака да остане и наредната година во првенството и дека информациите кои тој ги кажал биле извртени.

“Тоа е тука ставено намерно за да се направи дополнителна тензија во настанатава ситуација. Мислам дека тоа сега оди подалеку од Тојота, се префрла на еден или повеќе од другите индустриски тимови. Не го знам изворот, но можам само да кажам, дека во нашиот случај има јасна желба за влез во шампионатот за наредната година.” Сепак, тој појасни дека времето за пријавување до петок е многу кратко и дека тоа што тој го кажал е многу лесно, но е потешко да се направи.

Во врска со новите правила кои треба да стапат наредната година, Хаует имаше интересен одговор. Според него, ограничениот буџет на 40 милиони фунти е добар, но сето она што е дозволено доколку се почитува тој - неограничени тестирања, неограничено испитување во воздушен тунел, посилен KERS систем и подвижни крилца, бара дупло поголем буџет отколку што тие имаат оваа година, а тоа е за околу 10 пати повеќе отколку тие 40 милиони фунти!

На прашањето дали Тојота ќе продолжи во некоја друга тркачка серија доколку го напушти F1 првенството, Хаует изјави дека јапонската компанија секогаш била посветена на мотоспортот и е скоро сигурен во тоа.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:42
АЛОНСО "УМОРЕН" ОД СРЕДИНАТА
На Алонсо му е "доста"

Според шпанскиот печат, Фернандо Алонсо станува се поуморен од животот во средината на формула 1. Со секој следен ден се зголемуваат знаците дека Шпанецот дефинитивно ќе си замине од Рено на крајот на сезоната, најверојатно во тимот од неговите соништа Ферари.

Во серија интервјуа во Шпанија, 27-годишниот двократен светски шампион зборуваше блескаво за Скудерија, а во неделата изјави дека "возбуден" што во анкета на еден италијански весник се покажа дека италијанските фанови го сакаат зад воланот на Ферари.

Од друга страна тој станува се понезадоволен од неговиот сегашен Р29 болид на Рено, дури иако шефот Флавио Бриаторе му вети подобар болид за Турција и победнички болид пред крајот на сезоната. Бриаторе за слабиот резултат во Монако изјави дека беше виновна мешаницата и додаде дека "Фернандо ќе можеше да се бори со Ферари и Ред Бул, но не и Браун". За Ел Мундо, Алонсо веднаш одговори.

"Нема да поминам цело време на прес-конференцијата одговорајќи на тоа што го кажал или не го кажал Флавио. Ќе воведеме нови делови за Турција, но мислам дека ќе остане исто. Тоа се случи и во Барселона - сите ветуваа многу, а ситуацијата беше непроменета", вели Алонсо.

За Диарио Ас, тој продолжи: "Се уште сум многу мотивиран, но мака ми е што заостанувам се почесто".
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 07:23
ВИЛИЈАМС СУСПЕНДИРАН ОД ФОТА



Откако во понеделникот екипата Вилијамс официјално поднела документи за настап во сезоната 2010 според правилата за кои останатите екипи се бунат (поради рестрикциите во буџетите), денес асоцијацијата на сите тимови го суспендира англискиот тим. Според соопштението на екипата, суспензијата е привремена и се однесува на активностите во работната група.

- Иако жалам за одлуката на ФОТА, истата ми е разбирлива. Ние како тркачки тим, како компанија чиј што единствен бизнис е Формула 1, имаме обврски кон нашите вработени инашите партнери. Оттука, поднесувањето на пријавата за учество во ниеден момент не беше доведена во прашање. Дополнително, ние сме легално обврзани со нашиот договор со ФОМ и ФИА да учествуваме во светското првенство до крајот на 2012 година,- вели сопственикот Френк Вилијамс, кој е и тимски шеф, во соопштението за медиумите издадено како реакција на спомнатата одлука.

Претходно, Френк Вилијамс изјави дека лично не ги поддржува сугерираните промени преку воведување на два сета на правила, за екипи со помал и екипи си поголем буџет, како и дека посакува да исти правила за сите. На состанокот во Лондон, на кој што беше објавено дека Ферари ја дал ФИА на суд, извршниот директор на екипата, Адам Пар, на медиумите им најави дека тие имаат намера да го почитуваат рокот предвиден од ФИА за поднесување пријави до 29 мај оваа година, а екипата продолжи да биде активен учесник во преговорите кои потоа продолжија во Монако.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,125 секунди.