![]() |
|
Македонски литературен јазик |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3132333435 46> |
Автор | ||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Според мене беЗжичен е правилно- без жица,но најдобро ќе ни објасни некој со Педагошки факултет,тие го изучуваат предметот ''Говорење и пишување'' и таму го има појаснувањето за вакви спорни зборови.
|
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
BisernA ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
оу ноу, не е исто... беспотребно има едначење по звучност
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Ahasverus Japonicus ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 15.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 37 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
со една реч регресивна асимилација. ама овде има уште друг проблем со другата асимилација “зж“ > “жж“ > “ж“ која не се одражава na правопис на македонски. во говорен јазик (или стил) безжичен се изговори како “бежичен“, како си претпоставувам. Изменето од Ahasverus Japonicus - 04.Октомври.2010 во 19:13 |
||
![]() |
||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дали тоа значи дека правописно се пишува безжичен,а се изговара бежичен???
|
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во македонскиот јазик зборовите подлежат на гласовни промени.Како што знаеме секоја секоја безвучна согласка има свој звучен пар (б-п, д-т, г-к, в-ф, з-с, ж-ш, ѕ-ц, џ-ч и ѓ-ќ).Знаеме и дека звучните се слеваат во безвучните па така блузата да стане блуска, бабиното да премине во бапска,Велик ден во Велигден.
Во случајот со безжичен, немаме слевање по звучност ( з е пар со с, а ж со ш) но имаме префиксиран збор кој се формира со префиксот без (тука спаѓаат и из- раз- ) па се пишуваат и изговараат безжичен, изжичен, разжичен ![]() Инаку без преминува во бес ..пр. без цена -бесценет, из цеди- исцеди, раз черечи-расчеречи, разседла-раседла ...) |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А да ве прашам, што мислите за прекумерната употреба на латинизми и странски зборови во нашиот јазик, и тоа кога за тоа нема никаква потреба, бидејќи си имаме наши соодветни зборови? Тоа особено го забележувам кај новинарите, а и кај политичарите, а истото потоа се одразува и на говорот на обичните луѓе, кај кој што ако се додадат србизми, турцизми, сленг итн. јазикот ни станува ужас. Своевремено се издаваа речници и лексикони за да ги разбереме странските зборови и изрази - сега ќе ни требаат истите за да ги најдеме македонските изрази за тие странски зборови
![]() |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мода, помодарство. Колку по не разбран толку по кул (така викаат). Јас милувам да го зборувам изворниот македонски јазик (кој не ми е мајчин) и многу се нервирам кога слушам лугето кои треба да се емисари на литературниот говор како говорат неговорно ![]() |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да, сметам дека тоа е убаво од твоја страна. Смешно е што самите си го обезличуваме јазикот на тој начин и го претвораме во некој вид есперанто, мешавина од што -годе. А како што кажав, си имаме толку убави зборови наместо тие туѓите, ама очигледно не знаеме како да си го цениме своето. Еве неколку примери: едукација - образование елиминација - отстранување дигнитет - достоинство имплементира - воспоставува, поставува, спроведува интегритет - целовитост култивира - одгледува, негува дискусија - разговор тенденциозно - нарочно, намерно, со умисла репрезентативен - претставителен инспирација - вдахновение, воодушевување компензација - надомест, отштета иритира - дразни киднапира - грабнува, граба дефинитивно - определено евентуално - крајно комодитет - удобност хармонија - согласие, согласност тортура - измачување, мачење раритет реткост експлоатира - искористува финишира - завршува демонстрира - покажува Мислам, зошто мора речиси секоја наша реченица да звучи како медицинска дијагноза? ![]() Изменето од Pat - 04.Октомври.2010 во 21:41 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Се согласувам со Пат
![]() ![]() Ама сепак,кога ќе споредам бидејќи зборувам три јазици, ми се чини дека нашиов е сиромашен со вокабулар. Колку пати сум се нашла во ситуација да мислам и мислам, и не ми текнува македонски збор за да кажам нешто што сакам. Едноставно го нема, бидејки ние имаме само еден збор кој го употребуваме со повеќе значења. На пример, дали целовитост во секоја ситуација може да се употреби наместо интегритет? Во некои и повеќе ситуации, не ја доловува целосно суштината и смислата на пораката. Или согласие наместо хармонија? Некако, не е тоа тоа. |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кали, ама тој вокабулар, т.е. речник ![]() Е сега интересно е тоа што го кажа за интегритет. А гледај, на пример и во англискиот се употребува тој збор и кога се мисли на целовитоста на државата на пример, но и кога се мисли на интегритет на личноста, така ли е? Можеби едноставно се работи за навика во восприемање на нештата. Еве кажи на пример, колку пати го имаш слушнато тој збор во последно време - восприемање? Повеќето на пример би го избрале перцепирање. Но ете, наместо да кажеме дека некоја личност е со интегритет, може да се каже дека некој е прибран, дека има држење, дека е човек со став или дека е постојан - буквален превод за стабилен. А инаку хармонија е грчки збор кој што буквално преведено на нашиот јазик е токму тоа - согласие. На пример, тоа и тоа семејство живее во хармонија; тоа семејство живее во согласие. Или, тоа семејство е хармонично - е тука веќе не можеме да кажеме: тоа семејство е согласно, но можеме да кажеме: тоа семејство е сложно. Или ете, го имаш употребено зборот комплицира - усложнува. Секој од нас веќе подсвесно ги бира тие зборови наместо нашите родни, а сметам дека тоа не е затоа што толку немаме зборови во нашиот јазик, колку што е последица на, како што кажа и Маманд, помодарството и снобизмот на некои личности кои што влијаат на сите нас, пред се преку медиумите. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
Ahasverus Japonicus ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 15.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 37 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако итно се изговара, може да биде “бежичен“. Ама тоа не е преку ортоепски норми (литературно-правилен изговор), а говорен јазик. |
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ...za drugoto najverojatno si se zbunil ,..i za toa pod nego...
![]() |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А зошто сметаш дека сум се збунил, можеш ли да посочиш точно во што тоа сум се збунил, како и да го докажеш истото, или тоа само колку да се каже нешто? Во дискусијата учествуваат дискутанти, но во разговорот учествуваат учесници во разговорот
Изменето од Pat - 06.Октомври.2010 во 16:39 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3132333435 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |