IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 20:42

Додека трае сезоната на јагоди, не пропуштајте да ги набавите и да ги јадете живи, да си направите шејк од јаготки, да ги додадете како декорација на некој десерт или да направите вкусна торта.

ednostavna-i-vkusna-torta-od-jagodi-1

Потребно

Tесто:
5 jajцa, 200 гр шеќер, 250 гр брашно, 150 мл масло, 150 мл цеден сок од портокал и малку сол.

За прелив:
200 гр јагоди, 100 гр шеќер

Фил:
500 гр јагоди, 2 лажици шеќер, 1 кесичка желатин.

Фил за декорација:
300 мл слатка павлака

Начин на подготвување:

500 гр јагоди пресечете ги на четвртинки и посипете ги со 2 лажици шеќер. Оставете ги да постојат во фрижидер додека не пуштат сок.

Прелив: 200 гр јагоди изгмечете ги и додајте им малку шеќер по вкус. Варете ги околу 10 мин додека смесата не стане изедначена, а потоа оставете ја на ладно.

Тесто: Јајцата и шеќерот изматете ги убаво за да добиете кремаста смеса, а во нејзе полека додавајте масло и сок од портокал, за на крај да го помешате со брашно. Печете на 180 степени околу 25 минути. Тестото мора да биде малку поцврсто испечено, зашто во него не се додава пециво. Кога испеченото тесто ќе се олади, пресечете го на пола и средината намачкајте ја со сварениот и оладен прелив.

На горниот дел на колачот се редат јагодите, а во сокот кој ќе ви остане додајте 2 – 3 лажици вода и прелијте преку јагодите, за да се натопи и тестото.

Спремете го желатинот според упатството на кесичката и прелијте ги јагодите и десертот е спремен за јадење.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 16:23

Јаболка, рум, цимет, тиква...некои од аромите на есента кои ако ги искористите по наша препорака, ќе може да уживате во прекрасни и сочни залчиња.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-01

Чоко мафин со лeшник

Потребно е:

100g маргарин, 200g шеќер, кесичка ванилин шеќер, 2 јајца, 50g топено црно чоколадо, 200ml млеко, 100g брашно, 100g какао, 50g пудинг од чоколадо, половина прашок за печиво, лажичка сода бикарбона, 2 лажици цимет, 70g сечкани лешници

Подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете едно јајце, па откако смесата ќе се соедини додадете го и другото. Истурете ја истопената чоколада, а потоа додавајте ги и какаото, млекото, пудингот во прав, со постојано мешање. На крај додадете ги прашокот за печиво, сода бикарбона и цимет. Во калап за мафини ставете хартиени корпици и наполнете ги до половина. Останатата половина наполнете ја со кршени лешници и печете на 180 степени околу 20 минути.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-02

Колач со вишни и бадеми

Потребно е:

За тесто: 200g путер, 200g шеќер, ванилин шеќер, јајце, прстофат сол, 500g брашно, прашок за пециво, цимет по желба

За фил: 150g вишни, 100g сечкани бадеми, 2-3 лажици џем од сливи

Подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното со прашокот за печиво, обичниот и ванилиниот шеќер, солта, циметот и полека додавајте го растопениот путер. Со миксер направете ронливо тесто. Во длабок плех, премачкан со масло, истурете го тестото. Премачкајте го со џем, наредете ги вишните без семки и сечканите бадеми. Можете да го печете како колач или пак да го замотате во вид на ролат. Печете околу 25 минути на 200 степени.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-03

Коцки со рум

Потребно е:

За бисквит: 200g шеќер во прав, јајце, 50g маргарин, 40g мед, 300g брашно, прашок за печиво, 2dl млеко

За прелив: 250g шеќер, 200g маргарин, 50g какао, 5 лажици вода, ½ dl рум, 200g кокос

Подготовка:

Растопете го маргаринот, па додајте го медот. Изматете го јајцето, додадете ја течноста од мед и маргарин, млеко, брашно и прашок за печиво. Во намачкан плех истурете ја смесата и печете на 180 степени околу 25 минути. Потоа растопете ги сите состојки за прелив, па измачкајте ги испечените коцки со него. На крај извалкајте ги во кокос.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-04



Изменето од Valerija - 09.Ноември.2013 во 16:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2013 во 18:58

Лесна и превкусна тирамису торта

Секогаш сте кандидат кога се работи за нешто што лесно се приготвува, не се пече и превкусно е? Ако е така тогаш ова е вистинската торта за вас! Кремаста и воздушеста при секој нареден залак, оваа лесна и вкусна торта е вистински предизвик за сетилата.

Потребни состојки:

• 6 јајца

• 6 лажици шеќер

• 236 гр крем сирење по избор

• 500 мл слатка павлака

• ½ шолја еспресо или нес кафе

• ½ лажици ликер од кафе (или по избор)

• 1 лажица какао

• Плазма бисквити (или по избор)

Начин на подготовка:

  1. Изматете ја слатката павлака во длабок сад.
  2. Одвојте ги белките од жолчките во два посебни сада, а потоа во белките додадете го шеќерот. Матете, додека не добиете погуста смеса во која подоцна ќе ги додадете жолчките и убаво ќе соедините.
  3. Оваа смеса полека претурете ја во веќе изматената слатка павлака и матете.
  4. Крем сирењето прво убаво изгмечете го, за кога ќе го ставите во претходно подготвената смеса од слатка павлака и јајца, полесно да го соедините. Матете така уште некое време.
  5. Откако кремот е готов, во сад истурете го претходно приготвеното топло еспресо или нес кафе и додате го румот. Во оваа смеса топете ги бисквитите кои ги избравте. Внимавајте сосема да не ги растопите, тие само треба да впијат малку од течноста за да бидат вкусни.
  6. Во сад наменет за тортата наредете ги бисквитите, а потоа убаво нанесете од кремот одозгора и распоредете. Редете онолку колку сметате дека е потребно за тортата да биде висока. На крај наросете какао или пак изрендајте чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2013 во 18:52

За сите љубители на слаткиот спој од костени и чоколадо, имаме едно вкусно изненадување. За да го подготвите потребен ви е најмногу 1 час, а ќе можете да уживате во него во студените зимски денови.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-01

Потребно ви е:

  • 250g сенаменско брашно
  • 120g квалитетно какао во прав
  • 50g чоколадо за готвење
  • 1 лажица прашак за печиво
  • 2 лажици сода-бикарбона
  • 230g шеќер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 260g пире од костени
  • 2 јајца
  • 230 ml млеко
  • 230ml кафе, по можност еспресо

Подготовка:

1. Со малку масло премачкате го калапот за торта во кој ќе ја печете смесата и загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Посипете го брашното, какаото во прав, прашакот за печиво и содата во голем сад. Додајте го и шеќерот, екстрактот од ванила, пирето од костен, јајцата и растопеното чоколадо. Прелијте со млеко и мешајте додека смесата не се соедини. На крај додадете го кафето.

3. Мешавината истурете ја во калапот и печете на средна температура околу 40-50 минути. За да проверите дали тортата е готова, боцнете ја со метално стапче во средината. Доколку стапчето е чисто откако ќе го повлечете, тогаш тортата е подготвена за сервирање.

4. Оладете ја тортата околу 5-10 минути, а потоа превртете ја на голема чинија. Посипете со какао или цимет, додајте уште малку екстракт од ванила и декорирајте по желба.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-02

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 18:04

За празниците кои следуваат сигурно ви се потребни неколку идеи за слатки изненадувања. Оваа чоколадна торта со освежувачка нота од вишни е правиот новогодишен избор.

podgotvete-praznicna-cokoladna-torta-so-visni-01

Потребно ви е:

  • 150g млечно чоколадо
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 140g шеќер
  • 175g брашно
  • 3 јајца
  • 3 лажици млеко
  • 1 банана
  • 140g путер
  • 140g замрзнати вишни
  • 150g слатка павлака
  • 200g бело чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте ја тавата во која планирате да ја печете тортата.

Ставете го брашното, прашокот за печиво и шеќерот во голем сад. Додајте ги јајцата, млекото и растопениот путер. Матете со миксер околу 2 минути.

Изрендајте го чоколадото и заедно со испасираната банана додајте ги во смесата.

Рамномерно распоредете ја смесата во плехот и печете 25-30 минути.

Извадете ја тортата и оставете ја да се олади. Во меѓувреме растопете го белото чоколадо.

10-15 парчиња од вишните до пола потопете ги во чоколадото, а потоа наредете ги на алуминиумска фолија. Оставете ги да се оладат 5-10 минути.

Во преостанатиот дел од чоколадото додајте ја слатката павлака и матете неколку минути. Исечкајте ги вишните, додадете ги во кремот и премачкајте го филот врз или во средината на чоколадната торта. Од горе наредете ги вишните.

Добро оладете ја тортата пред послужување, декорирајте по желба со слатки зачини или чоколадни фигури и уживајте!

podgotvete-praznicna-cokoladna-torta-so-visni-02

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 21:41

Чоколадни коцки со лешници готови за 5 минути

Додека сме дома често не „напаѓа“ желбата за нешто благо, па поради тоа знаеме да прочепкаме насекаде со цел да најдеме нешто што ќе не засити. Денеска се одлучивме да ви понудиме рецепт за сочен десерт, чоколадни коцки за чија подготовка ви се потребни само пет минути.

Станува збор за колач кој потсетува на чоколадо со лешници, а за да го подготвите дури не ви треба ни рерна.

Потребни состојки:

- 4 чаши шеќер

- 1/2 чаша какао во прав

- 1/4 чаша млеко со повисока содржина на масти

- 1/2 чаша путер

- 2 лажички екстракт од ванила

- една рака пржени, исецкани лешници

Подготовка:

1. Подгответе сад од приближно 10x10 см и намачкајте го со малку масло, путер ли пак хартија за печење.

2. Измешајте ги шеќерот и какаото и ставете ги во сад кој го собира во микробранова печка.

3. Мешавината прелијте ја со млеко и на крај додадете путер во парчиња

4. Ништо не мешајте туку ставете да се грее околу 2 минути, додека путерот целосно не се стопи

5. Извадете го садот од микробрановата, додајте екстракт од ванила и со миксер добро измешајте на најсилна брзина додека не добиете еднолична кремаста маса.

6. Во смесата додајте ги лешницата и се заедно измешајте

7. Смесата рамномерно ставете ја во претходно подготвениот сад на кој имате ставено хартија за печење или малку путер и ставете го во замзнувачот 10 минути

8. Потоа, свртете го садот наопаку и на површината ќе добиете чоколадна плочка која потоа ќе ја исечете на коцки

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:41

Слаткиот вкус на пената и чоколадото на Манчмелоу колачињата сега можете да го подготвите и во домашни услови. Со овој рецепт, за само неколку минути ќе го добиете омилениот вкус од детството.

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-01

Состојки:

Кора:

  • 1 ½ шолја брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажички какао
  • 1 ½ шолја млеко
  • 1 ½ шолја шеќер
  • 1 шолја масло
  • 6 јајца


Фил:

  • 6 белки
  • 12 лажици шеќер


Глазура:

  • 200 гр чоколадо за готвење


Подготовка:

Започнете со матење на 6те жолчки и шеќерот. Постепено додавајте го млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво.  На крај додадете го брашното и матете ја смесата додека не се соедини.

Поставете ја на тава обложена со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути.

Во меѓувреме изматете ги белките и шеќерот и размачкајте ги врз кората. Вратете во рерната и печете најмногу 5 минути.

На крајот, кога матените белки ќе се зацврснат, прелијте со топено чоколадо за готвење и оставете го колачот да се олади.

Исечете мали коцкички и уживајте!

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-02

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:43

Нема некој што не се заљубил во вкусот на бајадерите. Верувале или не, домашно подготвените бајадери се исто толку добри.

kako-da-podgotvite-domasna-bajadera-1

Доколку имате желба да подготвите вкусен десерт, во прилог се инструкциите:

Што ви е потребно?

Состојки за внатрешната смеса

  • 500 гр шеќер
  • 500 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви
  • 300 гр путер
  • 170 мл млеко
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо


Состојки за глазурата:

  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 мали лажички маргарин
  • 1 лажица масло


Како се подготвува:

Млекото, шеќерот и путерот се ставаат во тенџере на оган за да зовријат. Штом почне смесата да врие, садот се тргнува на страна.
Во врелата течност се додаваат бисквитите и оревите и добро се мешаат сите заедно.
Смесата се дели на 2 дела.

Во едниот се додава белото стопено чоколадо, а во другиот црното чоколадо.

Земете плех и прво истурете ја црната смеса со дебелина од прилика 1цм, а потоа ставете ја и белата смеса.

Оставете на кратко да отстојат во фрижидер. Во меѓувреме, подгответе ја глазурата – маргаринот, темното чоколадо и маслото се топат на пареа додека да добијат течна форма.

Прелијте го колачот со глазурата и оставете ги да се изладат заедно.

Сечете на парченца по желба!

Уживајте во омилениот десерт!

kako-da-podgotvite-domasna-bajadera-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 16:37

Тазе пржени крофни, премачкани со сочен мармалад или крем... Сладок залак на кој ниту една генерација не му одолеала.

krofni-po-receptot-na-baba-neka-zamirisa-cela-kukja-1

А, за да ве вратиме во детството и мирисот на крофните подготвени од вештите раце на баба, ви го нудиме следниот рецепт.

Потребно ви е:

  • 2 јајца
  • 1 коцка квасец
  • 1 чаша јогурт
  • 1 kg брашно
  • 300-350ml вода
  • Половина лажичка сол
  • 5 лажици шеќер
  • 200g шеќер во прав
  • 100ml масло
  • Крем или мармалад, по желба


Подготовка:

Во топла вода растопете го квасецот и додајте го јогуртот. Солта, шеќерот, брашното, маслото и јајцата додавајте ги постепено. Замесете тесто и оставете го да одстои 10 минути.

Потоа развлечете го и исечете кругови со големина по желба. Оставете ги да постојат 10тина минути, а потоа пржете ги во врело масло.

Готовите крофни, додека се топли, проросете ги со шеќер во прав и наполнете ги или премачкајте ги со крем или мармалад.

На здравје!

krofni-po-receptot-na-baba-neka-zamirisa-cela-kukja-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:18

Суфле тортата е идеален начин да уживате во вкусот на темната, ако сте зависник од овој сладок порок.

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-01

Затоа што за подготовка на оваа торта се потребни само 30 минути, е еднa од најлесните и најсочни чоколадни задоволства.

Потребно ви е:

  • 300g чоколада за готвење
  • 50g какао
  • 10 јајца
  • 300g шеќер
  • Лажичка цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • 500g путер
  • Шеќер во прав или чоколадна глазура (за фил)
  • Слатка павлака или сладолед за декорација
  • Јагоди и малини како додаток

Подготовка:

На пареа, на тивок оган растопете го путерот, чоколадото и циметот.

Во посебен сад одвојте ги жолчките и белките. Од белките направете цврст крем, а жолчките изматете ги со шеќерот за да добиете жолт крем.

Оладеното чоколадо истурете го во смесата со жолчки, а потоа постепено додавајте ја пената од белки.

Добиената смеса истурете ја во калап за печење, премачкан со путер и печете на 175 степени половина час.

Откако тортата ќе се олади посипете ја со топено чоколадо, шеќер во прав или цимет. Декорирајте со неколку малини и јагоди, сладолед или шлаг пена.

Ако сакате да бидете креативни, додадете ликер или рум по желба.

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-02

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-03

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 23:55
Една моја измислена експрес торта....и преубава


Готови теста за торта(немаш печење)
Во зависност од нивната големина дали се коцкести или округли си гледаш од око колку јајца ќе ти требааат најмалку 5 најмногу 12


и сега вака:
Посебно се матат белките,посебно жолчките со 1 маргарин и шеќер по желба
па се мешаат во едно и целата смеса на два дела се дели
едниот дел плазма кекс и три бели чоколада
другиот кикиритки за торта прво потпечени па мелени или лешници со 3 црни чоколада

и после филуваш,завршуваш со хопла или чоколадна шлаг пена врз цела торта
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 08:41

Ова слатко - солено чоколадно задоволство вообичаено го купуваме од продавница. Но, сега може и сами да го подготвите дома. Вкусот е речиси идентичен како и оригиналното чоколадо.

napravete-go-najvkusniot-domasen-snikers-01

Потребни состојки:

  • 1 маргарин + 80 гр за глазурата
  • 300 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо + 100 гр за глазурата
  • 3 јајца
  • 300 гр бисквити
  • 300 гр кикирики
  • 2-3 капки масло

Фил:

Во поголема чинија искршете  300 гр бисквити и додајте 300 гр мелени кикирики. Кикириките пред  да ги сомелете пропржете ги во тепсија додека не добијат малку заруменета боја.

Стопете го маргаринот, 300 гр шеќер, 100 гр чоколадо и додајте ги 3-те јајца. Сето тоа варете го и полека мешајте додека не добиете хомогена смеса и нормална густина.

Двете смеси соединете ги во една чинија и сипете ја измешаната смеса рамномерно во подмачкана тепсија.


Глазура:

Во едно подлабоко тенџере стопете 80 гр маргарин додека не зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додајте 100 гр искршена чоколада и 2-3 капки масло. Мешајте додека чоколадото не се стопи.

Прелијте ја глазурата врз претходно ставената смеса во тепсија.

Оставете го колачот да се излади и зацврсти на собна температура, а потоа пресечете го на правоаголни коцки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 15:39
Јајцава....дирекно на оган,нематени
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:12

Шарени божиќни ѕвезди

Шарени божиќни ѕвезди

Состојки

  • 250гр. брашно
  • на врв на нож прашок за печиво
  • 100гр. шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • на врв на нож мелен цимет
  • на врв на нож мелено каранфилче
  • на врв на нож мелен кардамом
  • на врв на нож мелен анис
  • 1 јајце
  • 125гр. путер омекнат
  • Глазура
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • 1 лажиче зејтин
  • шарени шеќерни перли

Подготовка

Сите состојки за тестото заедно со зачините ставете ги во еден длабок сад и изматете ги со миксер со спиралните маталки. На крај измесете ја смесата со раце за да добиете мазно тесто.
Работната површина набрашнете ја и развлечете тенка кора од тестото. Со модлици во две различни големини вадете ѕвезди (ист број од двете форми). Ставајте ги во плех на хартија за печење и печете ги 8-10 минути на 180° во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат оставете ги убаво да се оладат.
За тоа време подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со зејтинот ставете го на пареа да се стопи.
Големите ѕвезди премачкајте ги со глазурата и одозгора ставете ги малите ѕвезди така да се гледаат аглите од големите ѕвезди кои ќе ги наросите со шеќерните шарени перли.
Оставете ги да се стегне чоколадната глазура па потоа послужете.
Затворени убаво во кутија можат да траат 3-4 недели.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 15.Декември.2013 во 21:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.