IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 21:59
Шуми имал тежок судар во февруари, но се враќа на мотициклите






Швајцарскиот весник Блик објавува дека Михаел Шумахер бил посериозноп повреден при падот во февруари на тестирањето за германската Супербајк серија на Картахена патеката. Шумахер тогаш тврдеше дека бил во болница само како мерка на претпазливост, но Блик инсистира дека седумкратниот Ф1 шампион имал сериозен потрес на мозокот и две скршени ребра. 40-годишниот Германец беше на трката во Шпанија минатиот викенд и некои приметија дека тој не може целосно да ја сврти главата, што значи дека имал повреда и на рбетот. И покрај ова менаџерот на Шуми, Вили Вебер вели дека тој се враќа на две тркала.

"Михаел ќе почне со тестирањето набргу. Планира да ја стартува сезоната во германскиот Супербајк на 29 мај во Нирбургринг", вели Вебер.

Шефот на неговиот тим, Јенс Холцауер ги отфрли шпекулациите дека Шумахер се враќа предвреме.

"Тој возеше 20 години во формула 1. Ако кажува дека се е во ред, тогаш се е во ред", вели шефот на Холцауер Рејсинг.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:01



Фелипе Маса можеби го нема најдобриот старт на сезоната со Ферари, откако Ф60 не може да се снајде против посилните тимови, но 28-годишниот Бразилец ќе добие ново искуство оваа година - ќе стане татко за првпат. Бразилецот призна дека неговата сопруга Рафаела е бремена со машко дете кое треба да се роди во ноември. Маса и Рафаела се во брак од ноември 2007.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:04


Нико Розберг вели дека останува "отворен" за неговата иднина во формула 1, откако Германецот призна дека размислува за опциите за 2010. Возачот на Вилијамс пред стартот на сезоната најави дека ако неговиот тим нема добра форма оваа сезона ќе размисли дали да ја побара среќата на друго место. "Ја разгледувам мојата ситуација и се обидувам да видам кои се моите опции за следната година. Факт е дека се чувствувам добро во овој тим, тие ме поддржуваат и растеме заедно и би сакал да имам добро долгорочно решение", вели Розберг.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:07



Претседателот на Тојота, Џон Хаует вели дека тимовите сакаат да имаат вистинско водство во формула 1, но посочува дека нивната цел е да се остане во спортот. Тојота, Ферари, Ред Бул и Рено се заканија дека ќе си заминат од формула 1 ако не се сослушаат нивните предлози за ограничувањето на буџетот во 2010. "Мислам дека од Ферари убаво кажаа за сите проблеми кои ги имаме како формула 1 тимови. Сакаме да имаме умно водство во спортот, а да се обезбеди тоа мораме сите да играме по исти правила", вели Хаует.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 05:11
FOTA и FIA не се договорија – тимовите си одат!?




На вчерашниот состанок на организацијата на тимовите и Светската Автомобилистичка организација, не беше постигнат договор околу ограничениот буџет, кој FIA го наметнува за наредната сезона и кој во големо ги фаворизира помалите тимови.

Најгласен на состанокот беше Ферари, кој потоа на прес конференција изјави дека тие сега ќе ја тужат FIA во Франција за да спречат создавање на првенство во кое едни тимови ќе се фаворизираат повеќе, а едни помалку. Скоро сите тимови потсетија и дека доколку остане вака, тие нема да останат во првенството.

Изјава после состанокот имаше и контроверзниот Макс Мозли, кој во врска со откажувањето на тимовите рече: “Ќе бидам изненаден ако навистина го направат тоа, но кога ќе почнат да поставуваат барања, навистина е тешко да се преговара со нив”. Тој потврди и дека Ферари ќе ја турка работата на суд, а кажа и дека ќе ги сослушаат тимовите.
Сепак, претходно, неименувани извори од FIA изјавија дека организацијата нема намера да попушти во врска со донесувањето на новиот закон, што ги става во пат позиција – или ќе ги напуштат овие тимови или тие што требаше да влезат нема да дојдат.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 11:36
"Нема компромис околу правилата!"

Клучниот состанок на ФИА со тимовите заврши без договор во петокот на аеродромот Хитроу во Лондон откако ФИА одби да направи компромис околу плановите за доброволен ограничен буџет. Претседателот на ФИА, Макс Мозли, изјави дека се работело за пријателски разговори со тимовите, но дека ФИА нема планови да се откаже од ограничениот буџет од 40 милиони фунти, ниту од крајниот рок од 29 мај за апликација за Ф1 шампионатот во 2010.

"Се работеше за пријателски состанок, но на крајот се што се случи е тоа што тимовите отидоа да разговараат дали можат да најдат подобра идеја од ограничениот буџет. Објаснивме зошто не можеме да се повлечеме и не смееме да ги ставиме во незавидна состојба новите тимови кои ќе сакаат да аплицираат. Но, подготвени сме да чуеме што имаат да кажат. Во меѓувреме регулативите остануваат какви што се и објаснивме дека сакаме единствени правила, но така што сите тимови ќе се согласат со ограничен буџет. Не гледаме зошто некој не би можел да работи со тој буџет, а во исто време ќе се работи за олеснување на техничките правила, како што бараа сите инжинери. На крајот изборот е меѓу интелектуална слобода и финансиска ограниченост или интелектуална ограниченост и финансиска слобода, како што имавме досега. Мислам дека некои од тимовите се согласуваат, но сега тие треба да одлучат", изјави Мозли по состанокот.

Ферари, Рено, Тојота и Ред Бул тимовите официјално се заканија дека нема да аплицираат за шампионатот следната година според сегашните правила. Претставниците на тимовите веднаш заминаа на посебен состанок да разговараат за предлозите.

Во исто време Ферари ја префрли битката и пред француските судови, каде што поведе барање против предвидените формула 1 правила, призна Мозли.

"Во текот на состанокот беше јасно дека Ферари поставија тужба до францускиот суд за да се спречи воведувањето на правилата", призна Мозли.

Мозли исто така додаде дека преговорите се прошириле на новиот Конкорд договор, кој се уште не е потпишан. Со т.н. Конкорд договор се уредуваат односите меѓу тимовите, ФИА и носителот на комерцијални правила.

"Тие ме прашаа за Конкорд договорот и јас сум подготвен да се продолжи тој од 1998 на уште пет години. Но, нема договор меѓу тимовите и Берни Еклстоун, нешто за што зборуваат веќе две и пол години", додава Мозли.

Од тимовите нема коментар за состанокот, иако претходно Флавио Бриаторе, шефот на Рено, изјави дека мора да се најде некаков компромис.

"Тимовите се формула 1, додека ФИА треба да е судија. Правилата треба да се направат за нас, и не смеат да бидат воведувани од Макс без да разговара со кого било. Така не може да се работи", вели Бриаторе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 04:25



Liderot vo generalen plasman i osvojuvac na pet F1
trki, Jenson Button ke ucestvuva na triatlonot vo London
ovaa godina za dobrotvorni celi. Anglicanecot od timot
na Braun ke pliva, trca i ke vozi velosiped za "Make a
Wish", fondacijata koja pomaga na deca so teski bolesti.
"Imav zadovolstvo da sretnam mnogu vakvi deca i bi sakal
da im pomognam. Vo poslednite nekolku godini ucestvuvam
na triatlon trki, taka sto nema da bide problem. Duri
uspeav dvajcata moi inzineri Sov i Bono da gi nateram
da bidat so mene", veli Button

Изменето од Iron Man - 17.Мај.2009 во 04:37
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 04:30



Renault postavi razlicni delovi od formula 1 bolidite
na prodazba ovaa nedela davajki im sansa na fanovite
da dobijat delovi od bolidite na Renault, no i na tie
bolidi koi koristea V10 motori (timovite na Williams i
Beneton vo 1990-tite). Na primer menuvacot od bolidot
na Williams od 1991 i auspuh od R26 bolidot od 2006
cinat 3.500 evra, a za tie so poplitok dzeb tuka e
"nasocuvac na prstot" od 1993 za 40 evra

Изменето од Iron Man - 17.Мај.2009 во 04:31
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 04:34


Trikratniot svetski sampion Nelson Piquet povtorno
zastana vo odbrana na negoviot sin, vozacot na Renault, Nelson
Piquet Junior velejki deka toj nema dovolna poddrska
od timot. Piquet Junior zavrsi sedum mesta zad Fernando
Alonso vo Barselona, no negoviot tatko veli deka za razlika
od spanecot, negoviot sin nemal "celosno podobren
bolid". "Prvpat Nelsinho bese podobar od Alonso.
Nemu mu nedostasuvase samo 1 desetinka od Fernando, no
go nemase i modificiraniot dvoen difuzer. Toj vredi
okolu 2 desetinki", veli 56-godisniot Piquet Senior

Изменето од Iron Man - 17.Мај.2009 во 04:36
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 04:49


БМВ СО НОВ ДИФУЗЕР И КЕРС ВО ТУРЦИЈА


Во БМB-Заубер најавуваат нов напредок после измените на аеродинамичноста на нивниот болид на неодамнешното Шпанско ГП. Германскиот тим се уште го нема во водечките тимови во оваа сезона, но нивниот шеф Марио Тајсен инсистира дека во Барселона имаше знаци на подобрување после страшната ситуација во првите четири трки.

Двојниот дифузер кој не беше дел од пакетот на надградби во Шпанија, ќе биде воведен во нивните болиди за време на Турското ГП.

"Да бидам искрен, јас со нетрпение го очекувам Истанбул", рекол Ник Хајдфелд, кој го прослави неговиот роденден освојувајќи два поени во Шпанија. "Во Турција ќе имаме нов пакет надградби на аеродинамиката на нашиот болид. Се надевам дека во иднина ќе освојуваме многу повеќе поени", додал Германецот.

Исто така во Истанбул во БМВ планираат да го воведат повторно КЕРС-от, после поминати две трки без него, во Барселона како и наредниот викенд во Монако. КЕРС-от кој планираат да го користат од Турција нема ни малку да биде сличен на претходниот, истакнуваат од БМВ.




Изменето од Iron Man - 17.Мај.2009 во 04:50
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2009 во 10:06
Мозли повторува Ф1 може без Ферари

Претседателот на ФИА, Макс Мозли, ја повтори својата теза дека формула 1 можат да опстанат и без своето најзвучно и најпознато име, Ферари. Берни Еклстоун неодамна се обиде да ги "омекне" овие коментари велејќи дека формула 1 е еднакво со Ферари, но решението на италијанскиот тим да оди на суд да ги сопре правилата за 2010, го налути Мозли.

"Идејата дека без нив не можеме е глупост. Тоа е како стариот добар Сена. Тој беше најважниот човек во Ф1 во 1994, но кога загина, формула 1 продолжи. Лотус беше важно име во формула 1, како и Бребем", вели Мозли.

Британецот верува дека тимот од Маранело на крајот ќе се согласи со ограничениот буџет од 40 милиони фунти, но дека ќе продолжат препукувањата уште некое време. Тензијата е огромна, што се потврдува со коментарите на Мозли дека шефот на тимот Стефано Доменикали не знаел за тужбата која Ферари ја поднесе пред француските судови.

"Тоа беше навистина оригинално. Да пратиш шеф на тим без да го информираш што треба да прави. Мислам дека беше доста засрамен", вели Мозли, кој откри дека дознал за судскиот случај преку СМС порака.

Мозли исто така вели дека Британецот Џон Хаует, претседателот на тимот на Тојота го почнал состанокот на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) со ФИА во петокот барајќи од колегите да си заминат кога ќе се разговара за буџетот.

"Мислев дека тоа е целосно детско. Тие сите го игнорираа", вели Мозли.

Доменикали

Ферари потврдија дека бараат стопирање на правилата пред француските судови и објавија дека ќе се одлучува на 19 мај. Официјално Ферари бараат од судот да ги тргне соопштенијата на веб-сајтот на ФИА за сите промени за 2010, посебно бидејќи ФИА постави краен рок до 29 мај за пријавување на тимовите.

"Мораме да се регистрираме од 22 до 29 мај и тоа значи дека ќе ги прифатиме овите правила, што не е можно. Немавме друг избор", вели адвокатот на Ферари, Емануел Гајар.

Ф1 тимовите ветија дека ќе работат за намалување на трошоците во спортот на начин кој е прифатлив за ФИА и покрај неуспехот од петочните разговори.

"Мислам дека покажавме дека тимовите се обединети во напорите за прогрес во спортот и сега ќе разговараме пак на трката во Монако. Тоа е се што можам да кажам. Тешко е да се стигне до компромис, а не се работи само за намалување на трошоците", вели шефот на Ферари, Доменикали.

Тимовите ќе почнат да разговараат оваа недела, кога во вторник ќе се сретнат во Монако, пред трката во малото кнежевство. Се верува дека Мозли им дал краен рок до петок во Монако за да го комплетираат својот предлог.

Сер Френк Вилијамс, пак, не е убеден дека тимовите се подготвени да се откажат, иако Ферари, Рено, Тојота и Ред Бул се заканија.

"Не верувам дека некој не е подготвен да се трка следната година", вели Вилијамс.

Берни Еклстоун вели дека и покрај тоа што нема договор, во петокот се стигнало до еден заклучок - ќе нема "двоен" систем.

"Најважната работа која не ја сакаа тимовите е да има два сета на правила и мислам дека е договорено тоа да не го има. Ќе има едни регулативи најверојатно со ограничен буџет. Сега тимовите ќе се обидат да одат на 40 милиони фунти, но и тоа ќе се среди", вели оптимистички Еклстоун.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 01:56
Хајдфелд подобри рекорд на Шумахер



Иако многу доцна, статистичарите објавија интересна вест во пресрет на 6-та трка од годинешниот Формула 1 шампионат. Пресметано е дека Ник Хајдфелд со финишот на 7-та позиција на ГН на Шпанија пред повеќе од една недела, успеа да го собори рекордот на Михаел Шумахер, кој се однесува на најмногу последователни финиши на трка. Завршувањето на трката за Хајдфелд значеше 25 последователни пласмани на трките за Германецот, подобрувајќи го постигнувањето на сонародникот во периодот од 2001-2003 година, кога седумкратниот шампион застана на бројката 24.

Сега возачот на БМВ Заубер има 14 пласмани во бодови, од нив 4 се на подиумот, притоа сите подиуми се пласмани на 2-та позиција. Во периодот од ГН Кина 2007 до последната трка возена во Шпанија оваа година, Хајдфелд успеа да заврши 25 трки по ред, при што рекордот сеуште е активен и има можност да биде подобруван. Дополнителен позитивен факт кој го зачинува целиот настан за Ник Хајдфелд е тоа што во неделата Германецот го прослави својот 32-ри роденден.

- Би сакал да се заблагодарам на БМВ Заубер тимот за стабилноста на болидот, што очигледно е главниот фактор за рекордот - вели Хајдфелд.

Од друга страна пак, Михаел Шумахер од ГН Унгарија 2001 до ГН Малезија 2003 го создаде рекордот во нему својствен стил, со 21 пласман на подиумот и 14 победи, плус дополнителни три пласмани на места кои носат бодови (односно пласман во бодови на сите трки). Во периодот од ГН на САД 2001 до ГН Јапонија 2002 Шумахер имаше серија и од 19 последователни подиуми.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 02:22


Актуелниот шампион Луис Хамилтон призна дека порано "уживал во формула 1" и дека тоа се сменило по скандалот со лажењето на стјуардите во Мелбурн, додавајќи дека се чувствува како "некој кој отишол во затвор, а не треба да е зад решетки". "Како да сум нокаутиран од сето ова. Чувството е такво иако знам дека тоа што се случи во Австралија е лошо. Сакам да бидам возач, а не политичар. Уживав во формула 1, но не мислев дека има толку политички борби во спортот", вели Хамилтон.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 02:32



Британската Лола потврди дека е подготвена да влезе во формула 1 и покрај нејасноста околу воведувањето на ограничениот буџет поради заканата за бојкот. Компанијата од Хантингдон беше прва која најави сериозно разгледување на влезот во Ф1 доколку се направат потребните подготовки. "Ние ќе поднесеме апликација за формула 1 шампионатот од 2010. Ограничениот буџет од 30 милиони фунти е одлична идеја за нас", се вели во известувањето на компанијата.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.