![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3031323334 69> |
Автор | ||
Leprechaun ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 10.Декември.2013 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 25 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Што се чудите толку на киксовите на власта ...
Така е кога (и)кономисти наместо политичари ја водат државата ... Економија и политика не се една иста работа, колку и да е некој добар, просечен или лош економист тој човек никогаш неможе да биде добар политичар бидејќи во економијата 2+2 мора да бидат 4 а во политиката 2+2 може да бидат и 15, нам очајно ни се потребни политичари кои размислуваат со своја глава, политичари кои знаат да даваат голови и флексибилни политичари, бог да чува од технократи кои освен теорија немаат никаква животна школа и никаква пракса од ниту една работа ! Младиве па министерчиња/пратеничиња/директорчиња... од владеачкава партија се толку безрбетни, безгласни и чипувани амеби кои просто човек кога ги гледа и слуша да се зачуди каде е нивната младост и интелект ! |
||
![]() |
||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Еве уште еден бисер од наводните бранители на државата,односно нивни член,мислев на она бедасто здружење, гдом
Тони Михајловски не гледа ништо лошо во фашистичката идеологија?!http://libertas.mk/тони-михајловски-не-гледа-ништо-лошо-в/ Иако овој лав претворен во ОВЦА,го избришал ова од својот фејсбук статус,некој тоа го снимил за доказ ВАкви персони ќе ја бранеле ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА. |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
![]() |
||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Изгледа јаки лекарства земаат и двајцата....
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
текстот го преземав целосно од ФБ профилот на една пријателка....затоа што сметам дека ја отсликува идеално душевната состојба на нашиве криминални властодршци...
И после денешните сознанија само се зацврстува впечатокот. Се е во духот на фамозните “ЦРНИ ТРОЈКИ“ и понатаму.
Еј, а сакавте да се прикажете како млади луѓе што нешто разбирате и нешто сте учеле. На кои книги сте растени бе дечки? Ве гушкал ли некој кога сте биле малечки? Ви кажувале ли родителите приказни за добра ноќ? Што ви биле родителите? Пијаници? Насилници? Психопати? Деликвенти? Што? Или пак не сте биле прифатени од другарчињата? Да не сте жртви на сексуална злоупотреба? Каде е проблемот? Не е нормално вакви да излезете ако потекнувате од просечно пристојно македонско семејство. Има тука некој голем, некој тежок, синдром ли е, феномен ли е, кој да знае. Но што и да е , јасно е дека ви треба помош. Стручна помош. |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Искрено, и ако заврши во затвор нема да е голема штета, напротив корисно ќе му биде,да подразмисли за злобата што ја носи во себе и ја шири наоколу... Само штета ќе биде само зајко да заврши ќорка, а оној скот бц се уште да биде на слобода кој што е и најголемиот виновник за сето зло кое го трпи македонецот минатите 2 децении а богами ќе го трпи уште долго како последица од работењето на бц и неговата банда. А и овие од ВМРО, Гоца и Мијалков треба да го јадат стапот затоа што дозволиле низ министерството да им вршљаат кој и како стигнал. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добро утро… Значи, Верушевски признава дека тој бил оној што нелегално прислушкувал, а не Мијалков, Груевски или некој друг од владата, дека сите тужби дадени во судот против владините претставници поради, наводно, нелегалното прислушкување на опозицијата и 20.000 граѓани паѓаат во вода како невалидни и дека наскоро ќе следи судски процес… … на кој ќе им се суди на Верушевски и неколкумината негови соработници за нелегално снимање туѓи телефонски разговори, ќе се суди Заев за поседување нелегални и објавување нелегални материјали, за непредавање нелегални податоци на полицијата, за уценување на премиерот, за издавање државни тајни… белким ќе има среќа (нагодба) да избегне судење за соработка со странска известувачка служба (за тоа би била особено заинтересирана и државата на која што припаѓа таа служба). Ќе биде интересно како ќе се одвива судењето (се надевам дека ќе биде транспарентно и јавно), како ќе се бранат обвинетите, како ќе се огради и дистанцира СДСМ и опозицијата од сето ова, како ќе реагираат надворешните фактори… Какви турски серии, какви бакрачи… ова е вистинско reality show! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Баш ме изненади веста дека Верушевски го признал делото, па морав да ги извртам сите вмровски гласила во надеж дека ќе најдам нешто повеќе за тоа...најдов...
Падна одбраната на Верушевски, првообвинетиот го призна делото и со тоа ги закопа сите надежи на одбраната. Имено, адвокатот на првообвинстиот на излегување од Судот на новинарите кои го следат случајот им рекол дека неговиот клиент не може да биде виновен за недостатоците во системот на МВР. цццц...јас досега вакво признание не сум видел, незнам што воопшто уште се судат, што не го однесат одма на стрелање.... ![]() туку за провизиите шупрајме...15% од изградбата на автопатот нема да се заборават....никогаш... без оглед на офанзивата и мобилизацијата што ја имаат помеѓу членството...топката е тргната надоле и тука нема запирање....се осеќа веќе и во воздухот. никој повеќе не им се плаши и не шепоти, секој ден се погласни и посмели се коментарите на оние што девет години молчеа и ги толерираа
|
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
После изјавата на Верушевски, пренесена преку неговиот адвокат, со која не го негира извршеното дело на нелегално прислушкување, туку не се чувствува виновен за истото поради, наводно, недоведноста на полицијата да го пронајде и сопре во истото, се јави Зоран Заев, кој после првичното одрекнување на познанството со Верушевкси, па соочен со фактите потврди дека сепак го знае и контактирал со него, сега изненаден од изјавата пренесена од адвокатот и соочен со неминовната завршница на аферата "Пуч" бара спас со повторно тврдење дека не го познава Верушевски. ![]() Какви турски серии, какви бакрачи… ова е вистинско reality show! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Каде тука си го сретнал името на Верушевски,тој ги наведуба 5-то и 6-то осомничениот.Веројатно си се збунил со провладините портали кои обожаваат да ја искривуваат вистината...но за среќа и на тоа ќе му дојде крајот,како на нацизмот..фашизмот..груевизмот....
И еве прашање до разумниот свет,не оној што мисли како што ќе му кажат Власта набави систем за следење на 20.000 граѓани од Израел,преку телефонијата и интернетот,во институциите си имаат вработено,едноставно си кажува целата ситуација,секој од тие вработени може да прави штосака,како што ќе му текне,а после на власта и е крив некој Верушевски или Заев,што самат власт е составена од Неписмени кецароши со купени дипломи,и тоа со кренати носеви како наследници на УДБА и КОС,мислејќи дека самот ие можат да прислушуваат некој,но ова докажува дека нивниот безбедносен систем е пропаднат. Инаку за волја на вистината,како неписмена дечурлана овие од власта мислеа дека ќе продолжат на истиот начин како од претходниот систем,со чистење на некои кадри од полицијата,се зафркнале има сеуште луѓе кои работат таму и мислат поинаку од тоа само да се мести и да се кради. Нај информативно и поучно. http://libertas.mk/ви-ја-прислушкуваат-и-вашата-интернет/ Ви ја прислушкуваат и вашата интернет комуникацијаИзменето од Gorazd777 - 11.Април.2015 во 18:15 |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А тоа значи дека го познава, нели?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Меси значи само да не се наседнува на секакви спинови...
Фала богу интернетов не е за публика на турски серии и риалити шоуа. Гугле се си кажува,за да човек сам си ја склопи приказната ако сака. Имено видеото што го имаш ставено е исечено(очигледно тоа го знаат,па затоа на почетокот за тоа обвинуваа). Инаку тој дел од изјавата е одговор на новинарско прашање во видеото на линкот од целосната изјава започнува на 1 : 30 мин. |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Најбитен можент од целава ситуација е тоа дали Заев го знае Верушевски, тоа е темелот на кривичното дело....
![]() Тоа што баграва земала провизии од десетици милиони евра, се заканува со линч и ликвидации, и што има направено милион изборни нерегуларности, тоа не е важно, тоа е споредно во целава ситуација....среќа што тоа е размислување само на вмровското членство, бројот на оние што реално ја согледуваат состојбата секој ден е се поголем |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Благодарам. Целосното видео обелоденува дека тој не одрекнува познанство со Верушевски, но се одрекнува од евентуалната одговорност за делата на двата осумничени. Останува битен моментот на адвокатот на Верушевски кој во видеово вели (почнува од 44 секунда) дека Верушевски во истрагата дал изјава дека не се чувствува одговорен за извршеното дело нелегално прислушкување на телефонските разговори кои Заев ги објавува затоа што, парафразирано, полицијата не била доветна да го открие и спречи во тоа. Претпоставуваме дека неговиот адвокат не дава лажнa изјавa за јавноста во врска со испитувањето бидејќи истото официјално се регистрира и секогаш може да се провери. Изменето од Messenger - 11.Април.2015 во 20:54 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Почна цревата да ми се превртуваат кога повторно во главна улога го слушнав гласот на Јанкуловска...
Ќе го прекршам правилата на Форумот ако ова суштество го наречам така како што сакам да го наречам... |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3031323334 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |