|
Веронаука!!! |
Внеси реплика | страница <1 3031323334> |
Автор | ||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
toj so probava da nauci na tugjite greski nikogas nisto ne naucil toa e vistina... se drugo e pusta zelba |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Проблемот е во носењето на законите, односно во начинот. Ако Уставниот суд има право да поништува закони, тогаш не треба да стапуваат на сила пред Уставниот да го даде своето мислење. А овој закон требаше да се укине. Зошто јас, односно моето дете да учи веронаука, ако сум атеист? Или можеби член на некоја мала верска групација? Црквата нека си организира свои училишта, па ако некој сака, нека учи таму. Но и тие имаат технолошки вишок, па вака најдоа да вработат свои луѓе. Полоши се и од политичарите...
|
||
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
....vozdrzan,a mozebi bev i poveke protiv za ovoj zakon uste pred da stapi na sila!...no me trogna edna druga rabota,sto za zal kaj nas e odmna vo sekojdnevniot zivot,a toa e, da se proglasuvaat pobednici i pobedeni,i tamu kade sto gi nema..!
citam eve i ovde,duri i na smetka (negativna)na svoite deca,no vo ime na politikata za inaet, ,da bide kako sto resil Ustavniot sud!...na nekoi luge ne mozes navistina da im go smenis mislenjeto!...jas ne se ni obiduvam,za moja sreka i nemam nekoi relacii so niv...rascistiv na vreme!
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да се потсетиме на бројките на ученици кои 3 тромесечија учеа, добиваа оцени, а сега за едно тромесечие...
УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА ВЕРСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧИЛИШТАТА Веронауката не го дочека Велигден Основците веќе нема да изучуваат веронаука, одлучи Уставниот суд кој вчера ја укина законска одредба со која се овозможуваше организирање верско образование во училиштата. Според судиите, овој член од Законот за основно образование е спротивен на Уставот, кој гарантира одвоеност на државата од верските заедници. Подносител на иницијативата беше Либерално-демократската партија. Минатата година Собранието донесе измени и дополнувања на Законот за основно образование со кои од учебната 2008/2009 година петтоодделенците избираа меѓу два предмети, веронаука или историја на религии, а учениците од шесто одделение меѓу етика и граѓанска култура. Законот беше донесен со 51 глас „за“, осум „против“ и еден воздржан. Против оваа идеја беа и пратениците од владејачката коалиција Лилјана Поповска и Јагнула Куновска, кои со амандман, кој не беше прифатен, бараа наместо можноста учениците да избираат меѓу веронаука и историја на религии, тие да станат само втор незадолжителен предмет. - Нашата држава е секуларна, а местото на веронауката не е во училиштата. Тоа во општество како нашето може да донесе само повеќе проблеми и сегрегација, отколку корист “ изјави тогаш Поповска од говорницата. Против овој член беа и пратениците од СДСМ за кои беше дискутабилно кој и како ќе го контролира процесот на ваквото образование и кој може да гарантира дека тоа нема да се злоупотреби од предавачите кои би можеле да прокламираат фундаментализам. На воведувањето веронаука во училиштата се спротивставија и голем број интелектуалци и невладини организации. Ова е втора иницијатива на ЛДП за укинување на веронауката. Првата ја поднесоа пред две години за првиот закон за веронаука, но додека Уставниот суд стигна да ја разгледа, владејачкото мнозинство донесе нов закон кој почна да се применува од оваа учебна година. Според наставната програма, веронауката беше застапена со два часа во неделата, и тоа во петто одделение за учениците кои се запишани во осмолетката и во шесто за тие од деветолетка. Во првата година од воведувањето на верското образование 13.700 петтоодделенци изучуваат веронаука, а 7.250 ученици историја на религиите. |
||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
VERONAUKATA PADNA PRED USTAVEN ZASTO NEMAME OBRAZOVANI VEROUCITELI KOI PRAVILNO JA RAZBIRAAT VERATA PA TAKA TIE JA IZOBLICUVAAT BIBLIJATA I VERSKITE STAVOVI I TAKA TIE DOAJDZAAT VO KONTRADIKTORNOST SO SE. MENE LICNO MNOGU MIE ZAL ZASTO UNIVERZALNITE MUDROSTI NEMA DA GI IZUCUVAAT NOVITE GENERACII I ZA KOE ZNAEJNE DA GO POSTIGNAT VO ZIVOTOT POTREBNO E DA POMINAT PO ISTIOT TRNLIV PAT PO KOJ POMINALE NIVNITE PREDCI.analizirajci ja svesta na nasive taka nareceni svetiteli vera profesori" zakluciv deka nivnata svest e izgradena od losi verski gledista i pothranuvana od losi faktor lica" koi ja odrzuvaat verata vo predraspajdzajne - ova neznaci deka licata koi treba da predavaat veronauka treba da bidat lica izolirani od sekakvi faktori na vlijanie, no samata svera na nivnata teologija bara tie da bidat izrasnati vo sovrsen verski svet odnosno da se monasi od deca za da novnoto predavajne ne dojde vo kontradiktornost so naukata i sekularnosta na drzavata.NAJDOBRO E AKO SAKAME DA NE SE SLUCI OVA STO SE SLUCI SO PAJDZAJNEVO NA USTAVEN NA VERONAUKATA SLEDNIOT PAT KOGA KE VOVEDUVAME VERONAUKA TOA DA GO NAPRAVIME SO ZEMAJNE VEROUCITELI OD NADVOR-sprotivno na toa ni se pojavuva sostojbata deka MPC NE E PRAVILNA CRKVA I TREBA DA PODPADNE POD DRUGA CRKVA a toa taka zasto mpc ja upravuvaat lica -svestenici milenici na na kapitalisti i politicari A TOA ZA EDNA CRKVA PRETSTAVUVA RAZOR
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
верата не може да се изучува како наука бе луѓе
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Министерот воздржан, нема да коментира и ќе спреведува...
-------------------------------------------------------------------------------------- МОН ќе постапи по одлуката за укинување на веронауката Битола, 16 април (МИА) - Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска во Битола изјави дека нема да ја коментира одлуката на Уставниот суд за укинување на предметот веронаука во основното образование и оти Министерството ќе постапи по неа. - Како министер нема да ја коментирам одлуката на Уставниот суд, бидејќи таа е извршна и МОН ќе постапи според неа. Нема да го коментирам ниту времето во кое е донесена со која е укинат членот 26, односно дали сега беше вистинскиот момент за една ваква одлука. Ќе причекаме таа да излезе во Службен весник и да го прочитаме образложението, бидејќи сме должни да им дадеме објаснување на 250 просветни работници кои реализираа настава по веронаука и кои сега ќе останат без работа, како и на 65 насто од учениците кои се одлучија да ја следат наставата по предметот веронаука, истакна Стојановски. Тој додаде дека Уставниот суд донел одлука со која ја укинал формата за реализација на веронауката, но не и потребата од реализирање на веронаука. Министерот за образование и наука денеска во Битола присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на нова спортска сала во општинското средно училиште „Јане Сандански“. Тој соопшти дека таа е прва од десетте фискултурни сали кои ќе бидат изградени во три средни и во седум основни училишта во Битола. Проектот треба да заврши за три години, а го финансира Владата. Инвестиција е вредна 56 милиони евра. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"...............i .МОН ќе постапи според неа.................."
ajde bogati?! ,...a, kako drukchie mozesh da postapish? |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега сите се во безизлезна ситуација. Никој не знае што да прави. Не е лошо малку да се внимава на изјавите. Посебно на оние со тестирањето.
Училиштата затекнати, родителите и децата чекаат Министерот за образование и наука Перо Стојановски не ја коментира одлуката на Уставниот суд, но вели дека ќе постапи по неа. |
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ај скокни од 9 ти спрат да видиш дали можиш да леташ? |
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не можам да разберам зошто сега во 21 век некој не може да размислува со своја глава,ова што го донесе уставниот суд ми наликува на времето на инквизицијата.Јас не принудувам ни едно дете да мора да верува дека Бог го создал светот едноставно со ВЕРОНАУКАТА му дозволувам да размислува и малку поинаку.Ако учиме за Дарвиновата Теорија дека сме еволуирале од Мајмуни до каде ќе стигнеме до некоја врста на пософистицирано-изеволуиран мајмун односно суштество .......Нека размислува дека можеби не создал Бог или некое посовршено суштество.
СВЕТОТ ГО СВАЌАМ КАКО ДЕМОКРАТСКО ПОЛЕ НА КОЕ СЕ НАОЃА И ОВА ПАРЧЕ ОД БАЛКАНОТ И ЗАТОА НЕ БИ САКАЛА ДА МЕ ОГРАНИЧУВА НЕКОЈА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД-ЗАМИНА ВРЕМЕТО НА ЕДНОУМИЕТО ОВА Е ВЕЌЕ ДЕМОКРАТИЈА И ЈАС ИМАМ ПРАВО ДА ИЗБИРАМ НА КОЈА ТЕОРИЈА ЌЕ И ВЕРУВАМ ИЛИ БАРЕМ ЗА КОЈА ЌЕ РАЗМИСЛУВАМ.Г-НЕ БРАНКО јас сакам да знам повќе не само за ТИТО И СТАЛИН,МАРКС И ЕНГЕЛС и вашата МАрксистичка идеологија во која бевме еднакви сите, додека ние се изедначувавме вие изнакупувавте по 2-3 луксузни куќички,вилички,па дури и островчиња.А НИЕ ОСТАНАВМЕ СО КНИГИТЕ НА МАРКС И ЕНГЕЛС,ТАЖЕЈЌИ ЗА ТИТО И ШТАФЕТАТА НА МЛАДОСТА..... И ДЕНЕС КОГА ЈАС ИМАМ ДЕТЕ КУБУРАМ СО МОЈАТА СКРОМНА ПЛАТИЧКА ПРЕЖИВУВАЈЌИ ЗАТОА ШТО МОЈОТ ТАТКО НЕ БЕШЕ ВОЕНО ЛИЦЕ,МИЛИЦАЕЦ ИЛИ БИЛО КАКОВ ЧИНОВНИЧКИ СЛУЖБЕНИК,ТУКУ ОБИЧЕН РАБОТНИК ВО ТОПИЛНИЦА КОЈ ВЕРНО И ВЕРУВАШЕ НА ВАШАТА ИДЕОЛОГИЈА И КОЈ РЕДОВНО НЕ НОСЕШЕ НА ТИТОВИТЕ ПАРАДИ..... ТОКМУ ЗАТОА СТЕ СЕГА ВИЕ ТАМУ БЛАГОДАРЕНИЕ НА МОЈОТ ТАТКО КОЈ ВЕРНО И СЛУЖЕЛ НА ВАШАТА ИДЕОЛОГИЈА, НО ВРЕМИЊАТА СЕ МЕНУВААТ ЗАМИНА ВРЕМЕТО НА КОПЕРНИК И ЏОРДАНО БРУНО СЕГА Е НОВА ЕРА БЕЗ ИНКВИЗИЦИЈА И ИНФОРНБИРОВЦИ ...ДОЗВОЛЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ДА ДОЗНЕ ДЕКА ЗАД ТАА ВАША ЗАВЕСА ИМА И ДРУГ СВЕТ ОСВЕН ОВОЈ....ДОСТА СО ТИЕ ВАШИ ИЗРЕКИ ДЕКА СМЕ ЗАТВОРЕНИ ЧОВЕК Е ЗАТВОРЕН КОГА НЕ МУ ДАВАТЕ ДА РАЗМИСЛУВА ИНТЕЛЕКТУАЛО , А НЕ КОГА НЕКОЈ ПОДРЕДЕНО МОЌНИ ЗЕМЈИ МЕЃУ КОИ И ГРЦИЈА ЈА ЗАТВОРИЛЕ СВОЈАТА ГРАНИЦА...А КАДЕ И БИ ОДЕЛЕ Г-НЕ СО ПЛАТА ОД 200 ЕВРА МОЖЕБИ ВО ШПАНИЈА,ПОРТУГАЛИЈА,САД,ШВАЈЦАРИЈА? ДАЈТЕ ВЕ МОЛАМ НАПРАВЕТЕ НЕШТО ЗА НАРОДОТ ЗА СМРТНИКОТ ДОСТА СЕ ПРЕПУКУВАТЕ СО НЕКОЈ ГЛУПАВИ ФОРИ ЗА ЗАТВОРЕНА ЗЕМЈА НА КОЈА СВЕТОТ И ГИ ЗАТВОРИЛ ГРАНИЦИТЕ А ВИЕ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД ОЧИТЕ.....НЕ ЗНАМ КОЈ ПРАВИ ПОГОЛЕМ ГРЕВ ЕВРОПА И СВЕТОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ ИЛИ МАКЕДОНЕЦОТ (АКО ВООПШТО ТОА СТЕ) НА МАКЕДОНЕЦОТ Изменето од *moon* - 21.Април.2009 во 23:36 |
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На веронауката местото и е во црквите и џамиите. Во училиштата не треба да има место за неа.
На први час, по биологија, учам дека животот настанал со еволуција, а на вториот, по веронаука учам дека животот е создаден од господ. Во што да верувам???? |
||
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Одлуката на уставниот суд ќе се почитува од МОН
Часовите по веронаука ќе се пополнуваат со други содржини, а запознавање со религиите останува, решило Министерството за образование откако вчера стапи во сила одлуката на Уставниот суд ......Веронауката ќе престане да се изучува, а часовите до крајот на учебната годината ќе се пополнуваат со други содржини, се дознава неофицијално од Министерството за образование. Одлуката на Уставниот суд за укинување на верското образование вчера стапи во сила со објавувањето во „Службен весник“. Учениците што го избрале предметот запознавање на религиите ќе продолжат да го учат, бидејќи Министерството смета дека одлуката на Судот се однесува само на веронауката.- В понеделник ќе ги соопштиме мерките што ќе се преземат за побезболно спроведување на одлуката. Ќе има вонредна измена на наставниот план, во кој ќе се изземе веронауката, а часовите ќе се пополнат со други содржини и активности. Целта е тие часови да бидат исполнети и децата да останат во училиште. Веронауката нема да биде внесена во сведителствата - велат во Министерството. |
||
Внеси реплика | страница <1 3031323334> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |