|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 2930313233 55> |
Автор | |
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По доминацијата на Браун ГП тимот и проблемите на Мекларен, Мерцедес-Бенц размислува да го додаде своето лого на БГП001 болидот на Браун. По пет трки Браун води убедливо во генерален пласман. "Има можности да се додаде ѕвездата на болидите на Браун. Ќе размислиме за тоа, но не сакаме да се откажеме од партнерството со Мекларен", вели Норберт Хауг од Мерцедес-Бенц. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Супер Агури ги отфрли шпекулациите за шокантен кам-бек во формула 1, само една година откако поради финансиски проблеми јапонскиот тим се откажа од спортот. "Нема шанси да се случи тоа. Дури и без светската финансиска криза и влијанието на јапонската економија не можеме да го направиме тоа. Ние веќе еднаш се повлековме. Да имаме 60 милиони $ ќе мораме да стартуваме од почеток", вели поранешниот ко-сопственик на тимот, Фумио Акита |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шефот на Ферари, Стефано Доменикали, вели дека единствената позитивна работа за италијанскиот тим од Шпанското ГП е подобрената брзина. Кими Раиконен се откажа поради механички проблем, додека Фелипе Маса заврши како шести откако забави за да сочува гориво. "Мислам дека брзината е единствениот позитивен аспект. Без проблемите Фелипе речиси сигурно ќе се бореше за подиум. Шампионатот не е завршен и треба да се погрижиме да не се повторат грешките", вели Доменикали. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па и не е лош шефов на Ферари
Поред батон не гледам блескава иднина ни за Раиконен ни за Маса.. Некако ко бледа сенка во неговиот ретровизор се.. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ред Бул се надеваат дека на следната трка во Монако ќе имаат нови подобрувања со кои ќе можат да бидат поблиску до лидерите Браун. Марк Вебер и Себастијан Фетел во неделата беа на третото и четвртото место зад болидите на Браун во Шпанија, а главниот дизајнер Адријан Њуи се надева дека тимот ќе го има новиот двоен дифузер за трката на 24 мај. "Се работи за нешто што мораме да го завршиме бргу иако нашиот капацитет не е толку голем. Не е лесно само да се постави двоен дифузер бидејќи тој не е дизајниран за нашиот болид од стартот", вели Њуи. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bleskava idnina nema ni za McLaren (Hamilton) ni za BMW ni Renault itn... Ne deka Button (kopceto) e koj znae kakov vozac ama titulata moze da ja zemi Prvite lugje sakaa da ja napravat sezonata pointeresna ama e uste podosadna za razlika od Moto GP kade e daleku pointeresno so "Doktorot" |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ферари не пријавува тим за 2010
Ферари потврдија дека нема да влезат во Светскиот Шампионат следната година доколку плановите за доброволно ограничување на буџетот од 40 милиони фунти останат. Иако тимот веќе најави дека не се согласува со планот на Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА), со ова соопштение по состанокот на бордот на Ферари во Маранело во вторникот се станува кристално јасно. "Исти правила за сите тимови, стабилност во регулативите, продолжување на обидите на ФОТА методиски и прогресивно да се кратат трошоците и водењето на одговорна формула 1. Тоа се приоритетите за иднината. Ако овие принципи не се почитуваат и ако не се воведат регулативи за 2010 кои ќе бидат разумни, тогаш Ферари нема намера да аплицира за формула 1 шампионатот", се вели во соопштението од Маранело. Последниот рок за доставување на апликации за 2010 е на 29 мај, а Тојота и двата тима на Ред Бул веќе најавија дека нема да аплицираат доколку правилата останат исти. Исто така се оценува дека и другите производители ќе се приклучат на бојкотот, и дека само независните тимови Браун ГП, Вилијамс и Форс Индија ќе аплицираат. Како и кај другите тимови, главната загриженост на Ферари е за ткн. "систем на подвоен шампионат", бидејќи некои тимови ќе решат да се натпреваруваат со ограничен буџет и со далеку поголема техничка слобода, додека тие кои ќе решат да трошат слободно ќе бидат "хендикепирани". "Иако состанокот на Светскиот Моторспорт Совет (ВСМЦ) на 29 април беше свикан за да се разгледаат дисциплински мерки против еден тим, одлуките кои беа донесени значат дека во 2010 за првпат ќе има двојни правила кои ќе бидат поставени на економски параметри. Ако тоа претставува слика за иднината на формула 1, тогаш причините поради кои Ферари учествува во формула 1 во последните 60 години, како единствен тим кој учествува од 1950, нема веќе да постојат", се додава во изјавата. Иако Ферари се целосно против правилата во Ф1 за 2010, исто така како проблем се јавува и начинот на водењето во спортот и вклученоста на тимовите во одлуките. "Правилата на водење кои придонесоа за раст на формула 1 во последните 25 години не се земаат во предвид, како и обврзувачки договори помеѓу ФИА и Ферари околу стабилноста на регулативите. Ферари знае дека фановите ќе ја сфатат оваа тешка одлука, но мораме да останеме на нашите принципи - спортски и технички", завршува соопштението на Ферари. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Британија може да биде без ГП трка во 2010 доколку Донингтон Парк не ги заврши работите навреме, предупредува Ф1 шефот Берни Еклстоун. "Ако работата во Донингтон не е завршена на време, тогаш само ќе прескокнеме една година. Не сакам да го загубам Британското ГП, но сигурно нема повторно да одиме во Силверстоун", вели Еклстоун. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кими Раиконен повторно ќе оди на професионалено рели, негово трето оваа година. Светскиот шампион од 2007 влезе на две трки на Финскиот Шампионат во текот на зимата, возејќи Фиат Абарт Пунто подготвен од поранешниот шампион Томи Макинен. Возачот на Ферари, кој сега е 13. во генерален пласман со истиот автомобил ќе вози на Рели Дела Марка во Италија меѓу Монако ГП и Турското ГП |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Себастијан Фетел не е на продажба, велат од неговиот Ред Бул тим. Талентот на 21-годишниот Германец беше забележан и последните две години, но во 20009 тој е трет во генерален пласман со една победа, по што повторно беше поврзуван со Ферари и Мекларен. "Себастијан е многу среќен во нашиот тим и ние сме среќни со него. Тој е член на семејството на Ред Бул долго време и мислам дека г-динот Дитрих Матешиц нема намера да го продава", вели Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сер Френк Вилијамс призна дека тој нема да се приклучи кон заканите за бојкот пред новиот шампионат. Тојота и Ред Бул веќе предупредија дека ќе си заминат, слично како и Ферари и Рено, но помалите тимови како Вилијамс, Браун ГП и Форс Индија, чиј главен бизнис е формула 1 веќе се согласија за ограничен буџет со 40 милиони фунти. "Ние ќе се тркаме. Што друго ми останува?", вели Вилијамс. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стефано Доменикали призна дека ќе размисли за својата позиција шеф на тимот ако со тоа италијанскиот тим излезе од криза. И покрај чекорот напред во Барселона, само Вилијамс, Торо Росо и Форс Индија се поспори од актуелните шампиони кај конструкторите, а серијата грешки се повтори и во Барселона. Изменето од Iron Man - 14.Мај.2009 во 04:29 |
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По Ферари и Рено се заканува со повлекување!
Рено се последниот тим кој се закани дека ќе си замине од формула 1 доколку предлозите за воведување на доброволен ограничен буџет од 40 милиони фунти за 2010 останат. Во вторникот, Ферари и официјално најави повлекување од формула 1, како што претходно тоа го направија Тојота и Ред Бул. "Ако одлуките кои се донесени од ФИА не се ревидираат, немаме избор освен да се повлечеме од Ф1 шампионатот на крајот на 2009", вели Флавио Бриаторе, шефот на Рено. ФИА со предлогот за ограничен буџет сака да ги привлече новите тимови во спортот, а според планот тие кои ќе го прифатат ограничувањето од 40 милиони фунти ќе добијат далеку поголема техничка слобода во споредба со тие со неограничени буџети. Големите тимови сметаат дека така ефективно ќе се направи формула 1 на два дела. Според шпекулациите само воведувањето на флексибилни крила, кои сега се нелегални, би им донеле на тие со ограничен буџет болид побрз за 2 секунди по круг. "Рено секогаш сметале дека формула 1 е врвот на мотоспортот и совршено место да се покаже техничката надмоќ. Остануваме посветени кон спортот, но не можеме да бидеме вклучени во шампионат кој работи со поинакви правила и затоа ќе мораме да се повлечеме на крајот на сезоната", вели претседателот на Рено Ф1 тимот, Бернар Реј во известувањето. Ф1 СВЕТОТ НЕ Е УБЕДЕН ВО ИСКРЕНОСТА НА ФЕРАРИ ФИА, Берни Еклстоун, експертите, новинарите и фановите не се убедени дека Ферари (и Рено) се сериозни во заканите за повлекувањето од формула 1. "Јас не сум тој што треба да зборува за совршени бракови, но бракот Ферари-формула 1 е совршен. Толку е едноставно и тоа нема да се смени. Се надевам дека Ферари нема да решат да си одат и дека сите ќе останат смирени и ќе се најде решение", вели Еклстоун. Техничкиот директор на ФИА, Тони Парнел вели дека ова е нова закана за "Армагедон". "Секако дека сум оптимист. Кога и да се правеше некаква промена во формула 1, тимовите врескаа армагедон - дали се работеше за замрзнувањето на развојот на моторите, В10 на В8 мотори и така натаму... Секогаш се зборуваше дека Ф1 ќе се распадне. Затоа ние во ФИА не реагираме на хистеријата", вели Парнел. Според анкетата на Газета Дело Спорт, дури 62.4% од фановите веруваат дека Ферари ќе бидат на стартот на новата сезона, додека британскиот Гвардијан вели дека 49.6% од фановите сметаат дека Ф1 може да преживее без Ферари. МОЗЛИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ФОТА ОВАА НЕДЕЛА Портпаролот на ФИА во средата потврди дека претседателот на федерацијата, Макс Мозли се обврзал да се сретне со Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) оваа недела, иако не посочи кога ќе се сретне тоа. И покрај тоа што многумина не ги сфаќаат заканите на Ферари сериозно, шефот на Италијанскиот Олимписки Комитет (ЦОНИ), Џовани Петручи е зад Скудерија. "Стоиме зад Ферари и нивните менаџери", вели Петручи. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мерцедес засега не си оди
Шефот на Мерцедес-Бенц Моторспорт, Норберг Хауг инсистира дека заканите на нивните ривали за повлекување од Ф1 поради контроверзниот предлог за буџетот следната година се реални, но дека засега компанијата од Штутгарт не размислува за таков потег. Мерцедес, кои имаат 40% од тимот на Мекларен засега молчи, можеби бидејќи неодамна избегна голема казна во случајот со лажењето на стјуардите на ФИА. "Сите тимови се согласуваат дека не може да има формула 1 со два сета правила. Сакаме да ја оствариме заедничката цел и за тоа ќе работиме заедно", вели Хауг. |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 2930313233 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |