IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Чоколадо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чоколадо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 36>
Автор
Порака
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 01:47

Slabost mi e .... jbg ..... голема%20насмевка

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 08:50
Темното чоколадо го регулира варењето на храната

Истражувањето кое што го спроведоа американските и германските научници покажа дека консумирањето на црно чоколадо може да ги намали дигестивните проблеми.

Истражувачите од Детската Болница и Истражувачкиот Центар во Оукленд во соработка со германските колеги од универзитетот Heinrich Haine открија дека флавоноидите од црното какао во тенкото црево го ограничуваат излачувањето на течности кои доведуваат до дијареја и до проблеми со варењето.

Според нивното мислење, флавоноидите би можеле да послужат како темел за производство на природни додатоци наменети за ублажување на симптомите на проливот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 10:31

Како се прави чоколадото?

 

Семките или зрната од какао дрво, кои растат блиску до екваторот, се основните состојки за правење на чоколадо.

Зрната се наоѓаат во мешунката од дрвото. Кога ќе созреат мешунките, се отвараат и се собираат зрната,  се редат на земја за да се исушат на соце.

Откако ќе се исушат, се транспортираат до производствени плантажи, каде што се чистат, се печат за да го добијат нивниот природен вкус и се лупат.

Излупените зрна се мелат за да се добие прав. Како резултат на топлината од мелењето, маснотиите од зрното, наречени какао путер, се ослободуваат и се мешаат со правот за да се добие чоколадна течност, богата, темна течност со јак мирис. Од оваа чоколадна течност подоцна се произведуваат чоколади за готвење.

Со мешање на оваа течност со млеко и шеќње се добива млечно чоколадо

Старите Ацтеки во Мексико ги употребувале какао зрната како пари

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:52

Со чоколадо против кариес

Ако се случи забарот да ви препорача чоколадо за да го избегнете кариесот, не помислувајте дека со него нешто не е во ред. Зашто, најновата вест од Јапонија потврдува дека какаото во чоколадото содржи антибактериски состојки кои ја спречуваат оваа болест на забите. Сепак, не претерувајте со количеството чоколадо! Повремено заменете го со какао напивка.

Кон врв
BarBarella Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BarBarella Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:55
bas ubava vest
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 22:56
Прочитав дека сме станувале зависници од чоколадото, затоа што се топело на температура, што ја има нашата крв!
always look on the bright side of the life!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13948
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 13:04
ushte eden kako mene zavisnik od chokoladi., /decava doma gi krijat od mene/ povelele
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 06:04
Зошто е добро да се јаде чоколадо

Чоколадо на рецепт за подобро здравје – звучи предобро да би било вистинито. Зарем од чоколади да немаме проблематична и масна кожа полна со акни? Зарем чоколадото не нè дебелее и ги затнува крвните жили? – Речете збогум на грижата на совеста откако повторно сте изеле некоја коцка чоколадо бидејќи вашиот најомилен десерт е здрав.

Богато со хранливи материи

Антиоксиданси, железо и цинк – какаото е богато со нив. Дури и витамин C се наоѓа во состојките на чоколадото. Антиоксидансите го забавуваат процесот на стареење, цинкот е важен за добар вид, а воедно ги зајакнува коските, мускулите, косата и ноктите.

Минерали

Секоја коцка црно чоколадо на нашиот организам му ги овозможува потребните минерали, како магнезиум, кој се вбројува во темелните состојки. Состојките на црното чоколадо позитивно делуваат на активноста на мозокот, го зајакнуваат срцето и коските, а воедно имаат позитивно влијание на мускулите.

Добро расположение

Веќе од претходно е познато дека чоколадото го поткрева нашето расположение. Но, за тоа не е одговорен серотинот. Чоколадото навистина го подигнува нивото на серотин, но причината за нашата насмевка всушност лежи во допаминот. Имено, ако личноста јаде нешто што сака, организмот сам го лачи овој хормон. Не само што омилениот десер го подобрува расположението, туку ги намалува последиците од стрес и воедно го поткрева нивото на енергија.

Срцето го сака чоколадото

Популарното чоколадо содржи флавоноиди кои ги зајакнуваат крвните жили и го намалуваат ризикот за создавање на крвни згрутчувања. Ова го докажаа бројните меѓународни студии.

Што уште чекате?! Посегнете по чоколадото, причини имате и повеќе од доволно.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 20:57
Go obozavam crnoto Alpikoљубов
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 20:00
ЛЕКОВИТОСТ НА ЧОКОЛАДОТО



Чоколадото се смета за одговорно за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е тој кога по некој оброк кај нас предизвикува чувство на пријатност.

Чоколадото се смета за одговорно за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е тој кога по некој оброк кај нас предизвикува чувство на пријатност.

По кунсумирањето чоколадо во нашиот организам се ослободуваат ендорфини, кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, затоа што имаат природно смирувачко и антидепресивно влијание.

Чоколадото содржи тонизирачки материи како танин, теобрамин и кофеин.
Кофеинот е присутен во многу мали количества (една шоља чоколадо содржи околу 10 мг, додека мал филџан црно кафе содржи 60 - 120 мг.). Теоброминот е материја присутна ви многу поголеми количества и која делува како регулатор на крвниот притисок, ги опушта крвните садови (со што обезбедува добра снабденост на срцето со крв), го активира излачувањето на мокрачата, го регулира нервниот состав и е корисна во случави на анемија. Заради тоа е разбирливо што во случај на тежок физички или психички напор само мало количество на чоколадо постигнува запрепастувачко влијание на општата состојба на организмот.


Препорачливо е да се одбенува чоколадото пред спиење затоа што може да предизвика несоница.

Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни материи тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина која во црниот дроб бргу преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.

Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.

Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти а како прво се манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од исхраната.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 20:21
Помалку чоколадо

Тешко му се одолева на чоколадото. Најголемите зависници се правдаат дека опсесијата за чоколадо е, всушност, одлична за здравјето. Но ако јадете по 100 грама чоколадо секогаш кога ќе седнете пред телевизор, ги зголемувате шансите да го влошите здравјето. Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете од ова задоволство. Потребно е само да имате контрола на тоа колку ќе изедете. Знаевте ли дека зависноста од шеќер се поистоветува со онаа од хероин. Шеќерот ги стимулира истите биохемиски процеси како хероинот, па не е чудо ако се разбудите среде ноќ со потреба за чоколадо. Ако не можете да ја намалите потребата за чоколадо и да се ограничите само на неколку коцки, обидете се со следново:
-Не јадете од здодевност. Недостигот на активности во текот на денот ќе ве натера да го отворите фрижидерот. Затоа, место да јадете чоколадо од здодевност, пешачете, трчајте, возете велосипед.
-Спротивставете и се на слабоста со парче овошје, како, на пример, банана, бидејќи таа постепено го зголемува нивото на шеќерот во крвта.
-Депресијата и слабата самодоверба може да бидат причина за поголема потреба за чоколадо. Откријте дали потребата за благо е резултат на вашата емоционална состојба.
-Препораката е најмногу 50 грама чоколадо дневно. Се препорачува да го поделите ова количество на три дела, со тоа што секој дел ќе го јадете половина час по оброкот.
-Вежбајте! Освен што ќе добиете добра линија, ќе ви се намали потребата за чоколадо. Вежбањето го поттикнува серотонинот и го ослободува ендорфинот, што придонесува да се чувствувате среќно и расположено.


Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2011 во 01:55
Ма кој ги шиша овие статии и се некои истражувања, едни велат здраво било, едни велат не.
Ако ви се јаде - јадете.
И плус од доктор имам слушнато, кога учам многу време нормално концентрацијата се губи, секогаш чоколадо треба да се има при рака и јаткасти плодови.
Можам и од месо да се откажам или од нешто друго, ама од чоколадо - НЕ.

Јас не сум јас ... ако не изедам нешто благо .... нешто многууу благо ....
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 12:17
Антиоксидансите кои се содржат во чоколадото со поголема содржина на какао, штитат од создавање на тромбоцити во крвта кои придонесуваат за кардиоваскуларни болести.Антиоксидансите можат да се борат со некои болести на артериите предизвикани од пушењето.

Чоколадото е и еден од најголемите извори на магнезиум, кои е од суштинско значење за мозокот. Тоа ја подобрува меморијата и штити од Алцхајмерова болест и други мозочни заболувања и го зајакнува и зголемува имунолошкиот систем, го намалува хормонот кој предизвикува стрес и висока анксизност. Покрај тоа, јадењето на црно чоколадо може да го продолжи животото за една година.

Лошата вест е тоа што, доброто дејство има поголем ефект кај мажите отколку кај жените, од сеуште непознати причини за научниците.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 06:02

Чоколадото создава зависност?

Се откажувате од чоколадото зашто сте уверени дека, освен што е многу калорично, предизвикува акни и кариес, го зголемува холестеролот во крвта и создава зависност. Истото тоа важи и за сладоледот.

* Зошто е погрешно тоа?

Ни чоколадото, ниту пак, сладоледот не се толку штетни како што се зборува. Стручњаците сметаат дека чоколадото, благодарение на високата енергетска вредност, се препорачува за урамнотежена исхрана. Кога станува збор за сладоледот, едно шпанско истражување покажа оти млечните сладоледи се добар извор на калциум.

* Што да правите?

Ако го сакате чоколадот, не откажувајте се од тоа уживање, но поставете си граници. Сладоледите содржат исто количество на калории и калциум како и една чаша млеко со неколку бисквити.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.