IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:35

Јафа коцки

Јафа коцки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шеќер
  • 2 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 300 грама Портокал
  • 200 милилитри Масло
  • 100 грама Мармалад
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 300 грама Брашно
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кое било од неколкуте видови мали дрвја или грмушки од родот агруми и нејзините плодови, се одгледува во тропските и суптропските области, тркалезниот плод речиси има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц.

Главните комерцијлни видови се кинескиот портокал, мандарините, морскиот портокал без семки.

Дрвото има широко, сјајни зелени листови со средна големина, рачки на листовите со тесни крилца и многу мирисни цветови.

На неговото дрво зреат плодови обично од 50 до 80 години. Портокалите го губат својот квалитетот кога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат кога се целосно зрели.

ПОДГОТОВКА:

 Одојте ги жолчките од белките.

Во белките ставете малку сол и заматете цврст снег, па тоа ставете го во фрижидер малку да отстои додека ги митиме жолчките.

Во жолчките ставете 400 грама шеќер и 1 ванилин шеќер.

Матете додека сè добро не се поврзе, а потоа додадете го маслото.

Матете додека не добиете хомогена смеса. Во брашното вмешајте 2 кесички прашак за пециво.

Наизменично со млекото додавајте ги во смесата со жолчките.

Сè добро изматете во пенаста смеса, а потоа со лажица помешајте со оладените белки.

Смесата излијте ја во предходно намачкан и побрашнет калап за колчаи и ставете ја во рерна на 180 степени околу 40 минути, додека убаво не се испече.

Печениот бисквит исечете го на пола.

Долниот дел премачкајте го со мармалад.

Горната половина иситенете ја на ситни парченца, а во неа изрендајте 2 поголеми смрзнати портокали и прелијте со сируп од 150 гр. вода и 15 лажици шеќер.

Сè добро измешајте и премачкајте преку долната половина од бисквитот.

На крајот прелијте со глазура од чоколадо и оставете да се олади.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:36

Сникерси

Сникерси

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 200 грама Шеќер во прав
  • 500 грама Чоколадо
  • 300 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 1 лажица/ци Масло
  • 400 грама Лешник
  • малку лажица/ци Какао
  • 10   Жолчка/ки
  • 80 грама Брашно
  • 10   Белка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Консумирањето кикиритки најмалку 5 пати неделно, или пак путер од кикиритки може да го намали двојно ризикот од срцев удар. Во прилог на намалување на холестерол, спречува воспаление и ја подобрува состојбата на крвните клетки околу срцето.

ПОДГОТОВКА:

Тесто: изматете ги белките со 2 лажици шеќер во цврст шам. Лесно вмешајте го брашното, маслото, какаото, печивото и на крај 200 гр. мелени лешници. Убаво соединетата смеса истурете ја во плех од шпоред намачкан со маргарин и лесно наросен со брашно. Ставете во рерна загреана на 180 стеопени и печете околу 30 минути. Испечената кора оставете да се излади.

Фил: На пареа варете - матете ги жолчките со шеќерот во прав и 200 гр. чоколадо додека смесата не се згусти. Изладениот фил измешајте го со пенесто изматениот 250 гр. путер и намачкајте ја кората. По површината наросете со сецканите лешници и оставете малку да се зацврсти. Лешниците лесно притиснете ги во кремот. Оставете половина часво фрижидер, па извадете, исечете на штангли и поличте со глазурата. До служење повторно вратете во фрижидер.

За глазурата на ниска температура истопете 300 гр. чоколадо со 50 гр. путер.

Ако сакате поекономичен колач, тогаш наместо лешници употребете кикиритки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:37

Кока кола колач

Кока кола колач

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 кесичка/ки Шлаг пена
  • 6   Шекер лажичка/ки
  • 100 грама Шеќер
  • 20 милилитри Рум
  • малку   Прашак за пециво
  • 250 грама Ореви
  • 6 лажица/ци Лимонов сок
  • 1   Кора од лимон
  • 500 милилитри Кока Кола
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 250 грама Брашно
  • 250 грама Бисквити
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Првиот рецепт за Кока-кола беше измислен во Колумбија, Џорџија, во аптека на Џон Пембертон, а во почетокот беше познат како кока-вино кое го носеше името "Француско кока-вино на Пембертон" во 1885. Постои веројатност дека бил инспириран од неверојатниот успех на Вин Мариани, европско кока-вино.

Кока-колата за прв пат се продаваше во шишиња на 12 март, 1894г. Првата надворешна ѕидна реклама беше изложена истата година во Картерсвил, Џорџија.Лименките Кока за прв пат се појавија во 1995г. Првото флаширање на Кока-колата се случи во Виксбург, Мисисипи, во компанијата за слатки Беденхарн во 1891г. Нејзин сопственик беше Џозеф А. Беденхарн. Оригинални шишиња се оние на Беденхарн, и беа многу поинакви од подоцнежниот дизајн “тесно здолниште”, кој денес е многу познат.

ПОДГОТОВКА:

Белките одвојте ги од жолчките и изматете цврст снег.

Жолчките изматете ги пенесто со шеќерот, 1 кесичка ванилен шеќер и кората од лимон.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво, па наизменично со снегот од белките додавајте го во брашното.

Подготвената смеса излијте ја во намрсена и побрашнета тава и печете во загрена рерна 15 до 20 минути.

За тоа време подгответе го кремот. Кока-колата кусо проварете ја со шеќерот и 1 кесичка ванилен шеќер, па измешајте ја со мелените бисквити и ореви.

Додајте рум, сок од лимон и сè измешајте во еднолична смеса.

Печениот бисквит изладете го, по него распоредете го подготвениот крем.

Шлаг-кремот подгответе го според упатството. Намачкајте го шлагот над кремот.

Пред служење колачот добро оладете го и исечете го на коцки.

Печениот бисквит можете да го исечете на половина, па да го филувате и да го украсите со шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:37

Бајадера

Бајадера

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 800 грама Шеќер
  • 200 грама Чоколадо
  • 30 грама Путер
  • 300 грама Ореви
  • 50 милилитри Млеко
  • 250 грама Маргарин
  • 400 грама Бисквити
  • 100 грама Шеќер во прав


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Бајадера

ПОДГОТОВКА:

Шеќерот се става во тенџере, се додава малку вода колку да се покрие. Се вари на тивок оган густ шербет. Се остава да се лади и кога ќе биде млако се додаваат мелените бисквити, маргаринот на собна температура и мелените ореви.

Се меша, и смесата се дели на два дела. Во едниот се додава стопената чоколада и се меша да се изедначи. На фолија се плеска прво темната смеса, а врз неа се става белата смеса.

Целиот колач се прелива со глазура од 100 гр. чоколада, шеќер во прав, малку путер, 3 лажици млеко, стопени на сосема тивок оган. Се остава добро да се олади и да стегне, потоа се сечат тенки долги четвртасти парчиња.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:38

Урмашици

Урмашици

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 600 грама Шеќер
  • 275 грама Путер
  • 2 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 50 грама Ореви
  • 1   Лимон/и
  • 200 грама Кисела павлака
  • 2   Жолчка/ки
  • 500 милилитри Вода
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 370 грама Брашно


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Урмашици

ПОДГОТОВКА:

Изматете го путерот со 2 лажици шеќер и 2 жолчки заедно со киселата павлака.

Во тоа додадете го брашното помешано со прашакот за пециво.

Потоа замесете меко и мазно тесто за да не се лепи на рацете.

Оставете го 10 минути да се одмори.

Од тестото кинете топчиња со големина на орев.

Земете ренде и на рапавата страна и стиснете ги топчињата, па формирајте правоаголници.

На средината од тестото ставете парче орев и завиткајте прво од едната страна преку оревот во средина, а потоа и од другата страна.

Така подготвените урмашици редете ги во подмачкан плех обложен со кујнска хартија, но одвеоени едни од други затоа што тестото ќе нарасне.

Пeчете на 200 степени додека тестото малку не порумени.

Прелив: Сварете сируп од 600 грама шеќер, половина литар вода, лажичка ванилин шеќер и еден ислупен и на кругови исецкан помал лимон.

Варете 5 минути, па оладените урмашици прелијте ги и оставете ги да го упијат сокот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:41

Марципан топчиња

Марципан топчиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Шеќер во прав
  • 50 грама Чоколадо
  • 30 милилитри Рум
  • 100 грама Ореви
  • 100 милилитри Млеко
  • 150 грама Кокосово брашно
  • 300 грама Бисквити


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кокосот се смета за најкорисно дрво на светот, а од него се добиваат храна, пијалок, облека... Речиси ништо од кокосот не се фрла во Филипините, каде што го нарекуваат "дрво на животот". Индонезијците велат: "Постојат толку многу употреби на кокосот колку што има денови во годината".

Кокосот не содржи холестерол. Тој е добар извор на: тијамин 0,1 мг во 240 г свеж кокос, рибофлавин 0,1 мг, калциум 58 мг, растителни влакна 2,6 г, витамин Ц 5,8 мг, магнезиум 60 мг и калиум 600 мг. Единствено што е лошо кај него е богатството на натриум 252 мг и големото количество калории 45 што се добиени од шеќерите 6 г.

ПОДГОТОВКА:

 Добро измешајте го кокосовото брашно, оревите, иситнетите бисквити,
шеќерот и румот.

Чоколадото растопете го во млеко и сипете го на
претходната смеса.

Замесете така да добиете компактна смеса, правете
топчиња и прелијте ги со чоколаден прелив.
 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:43

Какао коцки

Какао коцки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 250 милилитри Млеко
  • 100 грама Маргарин
  • 500 грама Какао
  • 250 грама Брашно
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Какаото се добива со сушење и мелење на неговата билка, која пак највеќе се употребува за правење чоколадо.

Какаото во Европа за прв пат е донесено од страна на Кристофер Колумбо во 1502 год. од Америка, од каде што и потекнува. Таму чоколадото било користено за правење на пијалоци кои им се допаднале на шпанските колонизатори.

ПОДГОТОВКА:

Со миксер измешајте гио јајцата со шеќерот.

Додадете омекнат маргарин.

Помешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво, па ова додадете го на предходната смеса наизменично со млекото.

Убаво измешајте. Калап за печење премачкајте го со масло и побрашнете го, па во него истурете ја смесата.

Печете во рерна на 200 степени.

По 5 минути намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 25-30 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:44

Дамски каприц

Дамски каприц

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 10 милилитри Рум
  • 500 грама Рибизли
  • 250 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 100 милилитри Млеко
  • 6   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 200 грама Брашно
  • 6   Белка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Путерот содржи 81% маст и 14-16% вода. Путерот и припаѓа на групата меки масти, со точка на топење од 20 степени целзиусови и се одликува со лесна сварливост и висок степен на искористување во организмот.

Путерот се карактеризира со пријатен мирис и вкус, а значаен е заради присуството на витамините А и Д. Значајно е путерот да биде застапен во исхраната кај децата, но се разбира во дозволени граници.

ПОДГОТОВКА:

Путерот и шеќерот изматте ги пенесто, па наизменично додавајте ги жолчките и брашното во кое сте го додале грашокот за пециво.

Потоа вмешајте ги румот, ренданата коричка од лимон и на крај преостанатото брашно и млеко.

Добиената смеса сипете ја во сад обложен со хартија за печење и печете 20 минути на 180 степени.

Површината посипете ја со рибизли, а преку то ставете цврст снег од белките и 250 грама шеќер во прав.

Продолжете да печете уште 20 минути. Колачот малку изладете го и исечете го на парчиња.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:47

Ледени коцки

Ледени коцки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 200 грама Шеќер во прав
  • 100 грама Чоколадо за готвење
  • 300 грама Путер
  • 1   Нишесте
  • 600 милилитри Млеко
  • 1 парче/чиња Ванила
  • 100 грама Брашно
  • 8   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Препорачливо е да се одбегнува чоколадото пред спиење затоа што може да предизвика несоница.

Иако чоколадата е богата со масни материи, сепак тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина која во црниот дроб бргу преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.

Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.

Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти, а како први се манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од исхраната.

ПОДГОТОВКА:

 Изматете ги жолчките со шеќер во прав, додајте ги изматените белки и брашното.

Смесата ставете ја во подмачкан и набрашнет калап и печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Во 300 мл. измешајте нишесте и ванилин шеќер.

Смесата ставете ја во 300 мл. врело млеко.

Со постојано мешање сварете густ крем.

Кога ќе се олади постепено додавајте го во изматениот путер со шеќер во прав.

Чоколадото и 50 грама путер растопете ги на пареа, за смесата да биде еднолична и прелијте го колачот.

Сечете на коцки и служете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:48

Мач мелоу

Мач мелоу

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 21   Шекер лажичка/ки
  • 200 грама Шеќер во прав
  • 200 грама Путер
  • 100 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Лимонов сок
  • 3 лажица/ци Какао
  • 300 милилитри Вода
  • 2   Ванила пудинг/а
  • 100 грама Брашно
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мач мелоу

ПОДГОТОВКА:

Се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер, потоа се додаваат 60 грама брашно и 3 лажици какао. На печеното тесто му се додава прелив направен од 300 милилитри вода, 15 лажици шеќер и малку лимон.

Колачот се филува со следниов фил:
Се варат 2 пудинга од од ванила во 100 милитри млеко, и 40 грама брашно. Кога ќе се свари и ќе се олади, се додава путер изматен со 200 грама шеќер во прав, се меша и се сипува преку колачот. Одозгора се прелива со чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2013 во 15:20
Овој рецепт не е за мач мелоу
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 17:59
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Овој рецепт не е за мач мелоу

Не е, затоа што не се прави со пудингсреќа
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:01
Еве ресана торта, но оваа не е тортата што се прави со ресана, туку оваа изгледа како ресана.

РЕСАНА ТОРТА








Состојќи:

За тесто: 
- 6 јајца
- лажици шеќер
- 24 лажици млеко
- 24 лажици масло
- 24 лажици брашно 
- 1 пециво 

За фил:
- 300 мл вода
- 300гр.шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 портокали 
- 2 чоколада за готвење





Јајцата се матат со шеќерот, и се додаваат преостанатите состојки за тесто. Се обложува голем четвртаст плех за печење и се пече на 200 степени.

Потоа се подготвува филот : се рендаат замрзнатите портокали на ситна страна од рендето.
На шпорет во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се додаваат изренданите портокали.

Топлиот фил го ставаме врз испечениот пандишпан.

Врз филот ја рендаме чоколадата за готвење. Се сече на коцки !!! 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 18:04
Ова го имам правено како колачи и топло го препорачувам!!!
Преубаво е.

БАУНТИ





Состојки:

- 300 г. брашно
- 150 г. шекер
- 100 г. маргарин
- 2 жолчки
- 1 лажица какао
- 1/2 пециво
- пола кисела павлака или малку млеко
- 6 белки
- 150 кокос
- 150 г. шекер
- 4 жолчки
- 2 пудинга од ванила
- 600 мл. млеко
- 150 г. маргарин
- 100 г. шекер во прав
- 150 г. чоколадо за готвење или се става кокос

 

Подготовка:

Во сад ставаме брашно правиме вдлабнатина ставаме 100 г. насецкан маргарин, 2 жолчки, 1 лажица какао, пециво и малку млеко или кисела павлака да добиеме глатко тесто. Одма го делиме на два дела и на набрашнета маса развлекуваме кора колку што ни голема тавата (кај мене 25 х 37 )Тавата ја премачкуваме со масло, ставаме брашно и ја ставаме првата кора внатре.

Белките добро ги матиме и малку по малку го додаваме шекерот да добиеме цврст снег. Внатре лажица по лажица го додаваме кокосот и се добро промешуваме. Смесата ја ставаме врз кората во тавата и добро израмнуваме со лажица.

На набрашнета маса развлекуваме уште една таква кора и ја ставаме врз изматените белки во тавата. Печеме во загреана рерна на 180 Ц. 20 мин.

ФИЛ
Жолчките пенасто ги матиме го додаваме пудингот и 100 мл.млеко и се изматуваме. Остатокот од млекото го вариме и кога ке се свари внатре се додава смесата со пудинг и на средна температура вариме густ крем. Кога е готов кремот го оставаме да се олади.

На страна матиме 150 г. маргарин и 100 г. шекер во прав, внатре го додаваме оладениот пудинг и се заедно матиме со миксер. На оладените теста го ставаме жолтиот фил и ставаме во фрижидер да се олади околу 30 мин.

Колачот го поливаме со 150 г. стопено чоколадо или само со кокос.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.