|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 2829303132 55> |
Автор | |
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Возачите со поддршка за Ферари во битката со ФИА
Возачите застанаа на страната на Ферари, а не на претседателот на ФИА, Макс Мозли, кој посочи дека спортот ќе преживее и без Ферари. Моќните тимови се вклучени во битка за моќ со ФИА околу контроверзите со воведувањето на ограничен буџет од 2010. “Без Ферари нема формула 1 повеќе”, вели Џанкарло Физикела од тимот на Форс Индија. Двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо исто така изјави дека да се размислува за модерната Ф1 без италијанскиот тим е “невозможно”, додека актуелниот шампион Луис Хамилтон исто така вели дека “не може да замисли таква ситуација”. Фелипе Маса од Ферари вели дека не сака да се постави во “средина” на дебатата, но призна дека не му се допаѓа политиката во Ф1. “Би било подобро да имаме подобар спорт. Со помалку политика и повеќе спорт”, вели Бразилецот. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браун ГП тимот се договори за промотивен договор со Сони Пикчрс за промоција на новиот Терминатор Салвејшн филм, кој ќе излезе во САД на 21 мај. Болидите на Браун ќе бидат пресликани со мотиви од четвртото продолжение на Терминатор, а ова не е првпат во Ф1 да се промовираат филмови, обично во Монако. Јагуар, а потоа и Ред Бул помогнаа во промоцијата на Оушнс 12 и на Стар Ворс 3, додека Тојота лани го промовираше Црниот Витез на Британското ГП. Се шпекулира дека и новиот Трансформерс ќе биде промовиран во Монако. Себастијан Фетел и неговиот Ред Бул тим не смеат да си дозволат да “фрлат” нови поени оваа година бидејќи сега се во борба за титулата, вели Германецот. “На секоја трка можеш да освоиш 10 поени и е дел од борбата за титулата. Не смееме да дозволиме да губиме глупави поени”, вели Фетел. Возачот на Вилијамс, Нико Розберг побара итна ревизија на тежината на болидите откако возачите продолжуваат да слабеат за да имаат поконк*рентен болид. ФИА веќе најави зголемување на минималната тежина на болидите за 15 килограми за следната сезона, но Германецот вели дека е предоцна. “Во Бахреин некои возачи ја губеа свеста поради тоа што имаат помалку килограми. Знаеме дека КЕРС додава 30 килограми, но тоа не значи дека ние треба само да слабееме”, вели Германецот. Луис Хамилтон доби посебна почест од патеката Каталуња во Барселона, една година откако беше цел на расистички напади од гледачите на патеката. Тој сега како светски шампион ќе добие место во Авенијата на шампионите, приклучувајќи се на имиња како Михаел Шумахер, Аиртон Сена, Најџел Менсел, Фернандо Алонсо и Нелсон Пике. “Навистина е фантастично да се биде тука на една од моите омилени патеки и да се добие ваква награда”, вели Хамилтон. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Розберг специјалист за петоците
Џенсон Батон на Браун и Нико Розберг на Вилијамс се двајцата возачи кои имаа најдобри пласмани на првите два тренизи возени на европска почва годинава. Нико Розберг покажа дека е најрасположениот возач во петоците, но за жал перформансите не успева да ги валоризира и во официјалните наптревари, односно во трката. Ова му е 5 пласман на првото место во вкупно 10 возени петочни сесии сезонава, и со исклучок на Кина, на секоја трка бил прв барем на еден од петочните тренинзи. Во секој случај, првиот тренинг помина во доминација на Браун, односно нивниот возач Џенсон Батон, кој немаше посериозни проблеми да постави време од 1:21.799 и беше единствениот кој возеше под минута и 22 секунди. Претходно, долго време на врвот беше Јарно Трули, кој на крајот излезе како второпласиран. Добра трка најавија возачите на БМВ Заубер, кои ги зазедоа 3-то и 4-то место. Победникот од Кина, Себастијан Фетел е 13-то пласиран, додека вториот болид на Браун, возен од Рубенс Баричело е 10-ти. Од, условно кажано, фаворитите, Фелипе Маса го има најдобриот пласман - 9-то место, додека Кими Раиконен со 11-то место го заокружи тренингот на Ферари. Мекларен, пак, со Луис Хамилтон и Хеики Ковалаинен ги зазема само 14-то и 19-то место. Во втората сесија, тимот на Вилијамс покажа најголема брзина и покрај Розберг, второпласиран беше вториот возач, Казуки Накаџима. Јапонецот доцнеше речиси две десетинки од реперот кој го постави неговиот колега, 1:21.588, кој притоа е резултат на денот, односно најдобро постигнување во двете сесии заедно. Сепак, со механички проблем, Розберг мораше да застане при крајот на сесијата. Силно трето место имаше возачот на Рено, Фернандо Алонсо, додека 4-ти беше Рубенс Баричело. Џенсон Батон и Себастијан Фетел финалните активности во петок ги завршија како 6-ти и 7-ми. Ферари и Мекларен, веќе стандардизирани во средината на поредокот, имаа слаби постигнувања. Кими Раиконен беше 10-ти, а од 13-та до 15-та позиција се пласираа Луис Хамилтон, Хеики Ковалаинен и Фелипе Маса. Единствен возач без време во втората сесија беше Адријан Зутил, кој поради проблем со горивото не се појави на патеката. Марк Вебер доби казна од 6 400 евра, поради пребрзо возење низ боксот. Зачудувачки е што максималната брзина дозволена во боксот е 60 км/ч, а Австралијанецот во втората сесија успеал да ја пречекори за дури половина од вредноста, при што возел 91,5 км/ч. Генерално, сите возачи се задоволни од подобрувањата на нивните болиди, со што утре се очекува поизедначена квалификациска сесија, споредена со претходните четири трки. Интересно е што болидите на Рено не беа опремени со КЕРС, а претходно беше најавено дека овој уред ќе се користи. Рено реши да ги следи стапките на БМВ Заубер, и да ја стопира употребата на КЕРС, фокусирајќи се на негова надоградба. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Донесена ли е конечната одлука?
На ден 30 април, по состанокот на светскиот совет за моторспорт на ФИА во Париз, беа објавени правилата за следната сезона. Во членот 6.1 беше образложено дека титулата ќе се решава според тоа кој има најмногу победи во сезоната, односно поточно, “титулата ќе припадне на оној возач кој завршил прв на најголем број трки”. Со тоа повторно се разбранува Ф1 јавноста, при што интуитивна претпоставка е дека речиси сите кои се на било каков начин инволвирани во спортот, од возачите до телевизиските гледачи се против таква разврска на шампионатот. Но, бидејќи ни тоа не беше доволно, по официјалниот протест на неколку тимски шефови, ФИА донесе одлука повторно да го врати бодовниот систем за следната сезона, покажувајќи конфузност и неодлучност. За потсетување, хронолошки, првично ФИА го воведе новото правило за тековната сезона, па откако наиде на неодобрување од ФОТА, правилото беше прекомандувано за да дебитира во 2010 година, но со овој потег на ФИА, повторно неговото можно воведување во иднина се остава во неизвесност. Можеби предлогот е добар и во некои натпреварувања добро функционира, но покрај се, Формула 1 е спорт во кој традицијата е многу значајна, па според тоа е потребно да се задржи истата и да се остане на бодување на првите најдобри возачи. Бидејќи традицијата ни говори дека секојпат шампион бил оној со најголем број на бодови собран во трките, а не најголемиот број на победи. Во секој случај, не можеме да бидеме сигурни дека ФИА тука ќе стави крај на ова фијаско. Се покажа дека одлуката која била донесена на состанокот не е исправна, а ФИА требаше да го има тоа на ум, земајќи го в предвид фактот што првичниот предлог помина очајно лошо и веднаш, впрочем како и овој пат, беше повлечен. Конфузноста на ФИА не води никаде, а тоа на духовит начин го кажуваат и натписите на повеќето светски Ф1 сајтови, малку адаптирани на македонски сленг - “Сад га видиш, сад га не видиш!!!” |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тојота и Раиконен најавија откажување во знак на протест!
Тимот на Тојота нема да влезе во формула 1 шампионатот следната сезона доколку новите правила на ФИА не се променат, вели претседателот на тимот Џон Хаует. "Ако ништо не се промени, нема да поднесеме барање за влез во 2010 до крајниот рок на 29 мај. Но, мислам дека не сме единствени во ова мислење", вели Хаует. Хаует е потпретседател на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), кои луто реагираа на обидот од 2010 да се воведе доброволен ограничен буџет од 40 милиони фунти. Предходно на сличен начин реагираа и тимовите на Ферари и на БМВ, бидејќи тимовите со ограничен буџет ќе имаат значајна техничка слобода во споредба со тие кои ќе сакаат да трошат колку што сакаат. "Тоа е двоен шампионат и мораш да одиш на ограничен буџет. Но, не се работи само за буџетот туку за вредноста на формула 1. Со ограничен буџет значи мораме да отпуштиме многу луѓе", вели Хаует. Светскиот шампион од 2007 година, асот на Ферари Кими Раиконен исто така најави дека ќе се откаже од спортот ако се случи ограничување на буџетот. "Ова веќе не е формула 1! Задоволен сум во Ферари, имам договор за следната година, но таква формула 1 не прави смисла за мене", вели Раиконен. Изменето од Iron Man - 12.Мај.2009 во 21:09 |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Берни: "Формула 1 = Ферари!"
Формула 1 и Ферари се "брак направен во рајот" и една од тие работи кои навистина одат заедно, вели Берни Еклстоун по заканите на претседателот на ФИА, Макс Мозли дека спортот може да преживее и без најстариот и најпопуларниот Ф1 тим. "Не верувам дека Макс го мислеше тоа што го кажа. Тој само му враќаше на Лука Ди Монтеѕемоло. Формула 1 е Ферари, а Ферари е формула 1. Тоа е брак направен во рајот", вели 78-годишниот Еклстоун. Изменето од Iron Man - 12.Мај.2009 во 21:13 |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо го обвини својот неуспех и економската криза за празните седишта на Шпанското ГП. Организаторите очекуваа 100.000 фанови на патеката Каталуња, помалку од рекордните 140.700 од 2007 година, но и од минатогодишните 132.600 фанови. "Мислам дека кризата има ефект, а можеби не е добро да го кажам тоа, тоа е и поради тоа што не победуваме. Да бевме во добра форма трибините ќе беа полни", вели Алонсо. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разочараниот светски шампион Луис Хамилтон по нова лоша трка во Барселона остана без поени и на седмото место во генерален пласман со ист број на поени со својот поранешен колега Фернандо Алонсо. "Што можам да кажам? Возев до максимум, како и секогаш, но болидот не одеше... Не размислувам за титулата, бидејќи не сме стигнале до половина на сезоната, но јасно е дека немам болид за титулата. Штета бидејќи тимот работи напорно, моралот е на високо ниво, но ништо не оди. Едноставно нема надеж", вели Хамилтон. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако плановите на УСГПЕ за влез во формула 1 од следната сезона се познати, Берни Еклстоун најавува дека има два американски тима кои се борат за место. Шпекулациите велат дека ИндиКар тимовите Пенске и Андрети Грин се заинтресирани за трансфер од другата страна на Атлантикот. "Има два американски тимови. Тоа е супер, што има нови лица", вели Еклстоун. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
САМО ТРИ Ф1 ЕКИПИ СОГЛАСНИ ЗА 2010
За време на гран при викендот во Шпанија се избистрија работите по прашање на прифаќање на ултиматумот од страна на ФИА, со кој Макс Мозли прогласи дека кој сака да настапува во 2010 во Формула 1 ќе мора да ја поднесе својата апликација до 29 мај оваа година, но голем број од екипите имаат забелешки на правилата кои федерацијата сака да ги имплементира од идната сезона. Поради тоа, најпрвин Тојота, а потоа и Ред Бул и Торо Росо, отворено потврдија дека нема да ги поднесат апликациите во таква форма. Најголем дел од екипите се против системот кој сугерира двојни правила, едни за тие што ќе прифатат буџетски лимит од 45 милиони евра, а други (далеку порестриктивни од техничка страна) за оние кои ќе се определат да трошат над таа сума. - Не верувам дека ова е единствено мислење меѓу натпреварувачите. Нема таков износ на средства кој ќе ги надомести разликите. Верував дека здравиот разум ќе надвладее, но морам да кажам дека сега сум песимист,- изјави за Ројтерс претседателот на Тојота, Џон Хаует. - Условите во моментов не се такви за да пријавиме екипа за следната година. Од другите екипи само две или три ќе останат,- се надоврза Дитрих Матешиц, сопственикот на компанијата Ред Бул, во интервју за весникот Нахрихтен од Салцбург. Со тоа се очекува предлогот на Мозли да биде прифатен само од најмалите, приватни екипи, како Форс Индија и Браун, додека Вилијамс иако е за лимитирање на буџетите, не поддржува двојни правила. Долгогодишниот технички директор и косопственик на Вилијамс, Патрик Хед, смета дека предноста би се должела на фактот што тимови кои би имале техничка слобода би користеле флексибилни крила, при што теоретски би имале предност од секунда и пол или две секунди по круг, што со други зборови, не може да се постигне со неограничено трошење. Сличен е и ставот на сите екипи кои се под капата на некоја автомобилска фабрика. Закани за напуштање на првенството имаше од Ферари и БМВ Заубер, при што првите имаа директна медиумска комуникација со Макс Мозли. Берни Еклстоун се обиде да ја смири тензијата, откако Мозли изјави дека спортот ќе преживее и без Ферари. - Формула 1 е Ферари и Ферари е Формула 1. Тоа е како брак од рајот, една од тие работи кои функционираат добро,- рече Еклстоун. Крајниот рок за доставување на апликацијата за влез во шампионатот, поткрепена со 309 000 евра е 29-ти мај, односно уште 19 дена. Најави има дека Макс Мозли ќе се сретне со претставници на тимовите следната недела во Лондон, но без прецизирање на точниот датум, поради семејната трагедија и загубата на 39-годишниот син Александар. Дополнително, Мозли вети дека во јуни ќе објави и дали ќе се кандидира за нов мандат како претседател на ФИА, што секако ја усложнува работата во преговорите, бидејќи евентуалниот негов наследник можеби нема да размислува како него. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хамилтон во дебела сенка на Батон
Водечкиот во Шампионатот на Ф1- по пет трки има 32 поена повеќе од бранителот на титулата Двајцата британски возачи во Формула 1 продолжија со заземањето спротивни краишта од спектрумот минатиот викенд кога Џенсон Батон додаде уште еден плус во својот старт од соништата додека Луис Хамилтон остана да се бори со кошмарот што изгледа како да нема крај за него сезонава. Браун ГП беше доминантен и во неделната трка во Барселона, па ако беше прифатен планот на Берни Еклстоун за доделување медали по урнек на олимпијадите Батон ќе беше на добар пат да ја обезбеди титулата пред паузата во август. Во петтата трка сезонава, Големата награда на Шпанија, 28-годишникот ја забележа својата четврта. Дури и според сегашниот систем на бодување, големи се шансите шампионатот да биде решен доста пред ноемвриското финале во Абу Даби. Батон повторно освои повеќе поени во еден викенд од бранителот на титулата Хамилтон од Мекларен, кој заврши деветти. И покрај тоа што доби само половина од поените за својата победа во прекинатата трка поради дожд во Малезија, Британецот води кај возачите со 41 поен, 14 повеќе од тимскиот колега Рубенс Барикело, а Хамилтон е седми со само девет бода. Батон сам има освоено само 1,5 поен помалку од Ферари, Мекларен, Рено, БМВ Заубер, Вилијамс, Торо росо и Форс Индија заедно! Браун ГП, пак, има повеќе поени (68) од второпласираниот Ред бул (38,5) и Тојота (26,5) заедно. „Сонот ни се оствари во досегашниот тек на сезоната“, изјави Батон по втората еден-два победа на Браун годинава. „Дури и кога изгледа тешко, способни сме да победиме. Кога оди - оди, нели? Така беше и лани. Кога тргна лошо, заврши навистина лошо. Навистина се чувствувам како да сум на врвот на светот во моментов“. Првата трка во Европа сезонава малку придонесе за зголемување на самодовербата на страдалничката елита, која од своите претходни височини годинава тресна на земја. Браун е недофатлив, а Ред бул се' уште му е најблизок гонител. Шампионот Ферари покажа знаци на напредок, но и понатаму го мачи непостојаноста. Мекларен го нема никаде. „Што да правам? Го оставив срцето на патеката, како и секогаш“, слегнува со рамената Хамилтон. „Едноставно, болидот не е добар. Срамота е што не ми дадоа болид со кој ќе можев да ја бранам титулата. Тој е толку лош. Безнадежен. Во моментов е сигурно дека немаме болид за освојување на првенството, иако тимот работи напорно и моралот е на високо ниво“. Пешкирот практично го фрли во рингот и вицешампионот Фелипе Маса од Ферари, изјавувајќи дека Браун и Батон отидоа премногу напред за да бидат достигнати од Бразилецот и од неговиот тим, но тимскиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, не прифаќа дека играта заврши. „Ова беше многу тежок викенд, но има и некои позитивни страни“, изјави тој. „Ние ќе продолжиме да притискаме. Ние сме борци, ние сме возачи и ќе продолжиме да се бориме“. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баричело се закани со заминување!
Рубенс Баричело се закани дека ќе си замине од формула 1 ако дознае дека неговиот Браун ГП тим му дава подобри услови за работа на неговиот колега Џенсон Батон. Бразилецот водеше во поголемиот дел од неделното Шпанско ГП, но заврши втор зад Батон откако беше сменета стратегијата со влегување во бокс на Британецот. Батон сега има четири победи од првите пет трки во оваа сезона, додека Баричело двапати беше втор. "Ако добијам најмал сигнал дека тие го фаворизираат Џенсон, утре ќе ја оставам мојата кацига. Но, знам дека шефот Рос Браун не би го направил тоа. Тој побара од мене да бидам негов возач и знае дека сакам да се тркам фер со Џенсон. Имам доста искуство со такви работи и не следам тимски наредби. Тоа и одамна беше јасно, но сега имаме далеку попријателска атмосфера во тимот", вели Баричело. Популарниот Рубињо е најискусниот возач во Ф1 историјата, а си замина од Ферари во 2005 година поради тимската стратегија која го фаворизираше седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер. Еден од најгрдите моменти во историјата на Ф1 дојде на крајот на Австриското ГП во 2002, кога на Баричело му беше наредено да го пушти Шумахер, по што следуваше забраната на тимските наредби. По трката во Шпанија, Баричело истакна дека не знае зошто стратегијата на Батон беше променета на две влегувања во боксот, а тој остана на три. "Не знам зошто ја сменија стратегијата на Џенсон бидејќи двајцата бевме на три влегувања. Пред трката се договоривме дека двата болида одат на три влегувања. Од тогаш знаев дека мојата стратегија може да успее, но дека треба да се потрудам. Но, третиот сет на гуми не беше поволен за мене и не можев да останам пред Џенсон. Сега се оди во корист на Џенсон, но јас сум позитивна личност и морам да останам таков. Сигурен сум дека и мојата победа ќе дојде бргу", додава Баричело. Шефот на тимот, Рос Браун, пак, се обиде да го утеши Бразилецот додавајќи дека јасно е дека немало тимски наредби. "Не верувам дека Рубенс мислеше на тимски наредби бидејќи тоа го нема. Мислам дека на првата кривина се виде дека нема наредби бидејќи Рубенс имаше одличен старт и го помина Џенсон. Би сакал Рубенс да победи бидејќи тоа ќе биде одлично за тимот, но немаме приоритети", додава Браун. Ова е првиот знак на несигурност во тимот на Браун, кој досега имаше старт од соништата во сезона во која не знаеја дали ќе можат да бидат на стартот. Како што вели Браун, доколку двајцата возачи беа брзи во последниот дел од трката, ќе беше неизвесно кој ќе стигнеше до победата. Џенсон Батон исто така вели дека нема ништо сомнително. "Сите сме тука за да победиме. Денес ова одеше во моја корист, но може да се смени во Монако. Таков е животот во Ф1", вели Батон, кој има 14 поени повеќе до Баричело на првото место во генерален пласман. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ред Бул би се повлекле од Ф1, и Бриаторе се заканува
Тимот на Ред Бул е вториот во само два дена кој најавува можно заминување од формула 1 доколку не се случи промена на регулативите за 2010. Со опција на ограничен буџет од 40 милиони фунти, се појавува можност на две "паралелни" серии во Ф1 и тоа не наиде на добар одзив кај тимовите. Тојота јавно објавија дека е можно да се откажат од формула 1 во текот на Шпанското ГП, а сега тоа го вели и Дитрих Матешиц, австрискиот магнат зад тимовите на Ред Бул и Торо Росо. "Ако предвидените правила за 2010 останат непроменети, ние нема да бидеме во формула 1 шампионатот. Тимовите кои се со производители нема да учествуваат и од сегашните тимови ќе останат само два-три", вели Матешиц. Рено не се приклучува на заканата за бојкот, но шефот на тимот, Флавио Бриаторе, јасно посочи дека е против ограничениот буџет. Засега само Вилијамс, Браун ГП и Форс Индија ги поднесоа документите до ФИА. "Со 20 или 25 милиони евра не смееш да можеш да водиш Ф1 тим. Ако го овозможиме тоа, тогаш брендот Ф1 нема да значи ништо. Тоа е како на улица со ексклузивни продавници да отвориш евтина продавница. Без големите имиња, а Ферари е едно од нив, Ф1 не вреди ништо", вели 59-годишниот Бриаторе. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФИА со нова истрага за расизам
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ги истражува извештаите откако се појави фан со исцрнето лице на Шпанското ГП во Барселона, каде што лани Луис Хамилтон беше цел на расистички навреди при тренинг на патеката. На сликите има фан со исцрнето лице, раце и нозе, со маичка на Мекларен и со Ф1 волан. ФИА минатата година ги предупреди шпанските власти дека може да добијат казни доколку има повторување на инцидентите од февруари 2008. Инцидентот доаѓа два дена откако Хамилтон беше почестен од шефот на патеката Рамон Прадерас со специјална церемонија во боксот. |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 2829303132 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |