IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Дали сте љубоморни?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали сте љубоморни?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 54>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 1,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2012 во 21:12
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Љубомората нема ништо со љубовта, а има с'е со посесивноста, Егото и суетата.

Таа ограничува, притиска, загушува, лимитира, се наметнува, диктира и заробува - последни нешта што било кој вистински вљубен би му направаил на вљубениот оти љубовта не се манифестира на тој начин.
љубомората многу често се спомнува како нешто најнегативно од човечките емоции
но мора да се признае дека е неизбежна емоција кај било кој човек, разликата е во тоа што кај различни луѓе, ја има во различна количина и на различен начин се искажува или не...
нормално е кон било што што ни значи и не сакаме да го изгубиме и да се разделиме од него, да осеќаме одредена доза на посесивност кон него, поради истата причина
или пак може да гледаме како нешто што отсекогаш сме го посакувале, е дел од туѓ живот... многу луѓе ќе речат дека не треба така да се размислува, но сепак е рефлективно и неизбежно, едноставно не е човечки доколку некој успее да избрише такви мисли од главата... проблемот со кој се соочуваат најголем дел од луѓето е контролата врз љубомората и како таа излегува на виделина...
ако чувствуваш љубомора и не ја покажуваш и истураш врз други, се ќе биде во ред и никој нема да биде поврееден, тоа е уметноста на самоконтролата

инаку, не би се согласил со тоа што си го навел погоре за егото и посесивноста... посесивност постои поради стравот од тоа дека може да изгубиме нешто што ни е драго, или во во овој случај „некој“... а Егото е баш она кое што треба да ни влева самодоверба дека нема да се случи такво нешто и баш е спротивно на љубомората

така барем јас ги гледам
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2012 во 22:48
Сум..црвенеење
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2012 во 22:58
Ah toj attachment-ot shto ni prai breee....
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 00:58
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

Ah toj attachment-ot shto ni prai breee....
Е фино го спомна атачментот како услов на темава којашто ја разглабаме, имено  уште од самото раѓање, бебињата неминовно создаваат врска со одредена личност кон која се приврзуваат, или попознато во психологијата како теорија на врзување или овај т.н на англиски Attachment theory каде младото бара attachemеnt figure којашто е длабоко поткрепена со научни факти како резултат на долгогодшни истражувања.
Човекот како социјално битие се раѓа и има тенденција кон припојување првично кон мајката или оној кој е во улога на родител за да ги оствари своите физички и емоционални потреби коишто во текот на животот се менуваат нормално со годините и староста и способноста да се грижи за себеси.
Со емоционалното созревање се создаваат сосема поинакви потреби за приврзување, кое вклучува давање и примање и љубов, кои сите милуваме да ја поистоветуваме како исклучително духовна потреба, но човечката природа е многу покомплексна за да можеме строго да дефинираме и заклучуваме дали само Егото е пречка за целосно предавање и безусловно сакање.
Незнам ни самата, дали сме кадри да се сакаме себеси без и најмала доза на егоцентричност, што во голема мера верувам дека ако Его е јас и тоа јас го игнорираш тогаш не би требало да имаш никаква потреба да сакаш некого на специфичен начин туку ќе сакаш секого и сешто.
Верувам дека Егото е механизам кој е одбрамбен и ни ги наметнува основните потреби тука ги вклучувам и емоционалните и интелектуалните, покрај храната и водата.
Можеби свесноста(единствена особина која човекот се разликува од животните) за себеси и останатото ни помага да се издигнеме над она примарното и да развиваме разбирање како функционираме и зошто е тоа така и на тој начин да го намалиме влијанието на Егото, но не можеме да го избришеме бидејќи е составен дел од сите нас, сакале или не.
Степенот на свесност и способноста на проникнување до суштината на нештата варираат од индивидуа до индивидуа во зависност од менталниот склоп и неговиот капацитет за развој. На човештвото му требало илјадници години за да стигне до ова ниво на свесност каде што е сега а може уште толку и повеќе ќе му треба да се пронајде себеси и подобрата страна на својата природа. Но,во суштина ние сме се тоа што сме, можеме само да направиме напори да се надминеме себеси.


Изменето од Glenn - 30.Јануари.2012 во 01:15
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 06:54
Originally posted by zabegan zabegan напиша:


љубомората многу често се спомнува како нешто најнегативно од човечките емоции
но мора да се признае дека е неизбежна емоција кај било кој човек, разликата е во тоа што кај различни луѓе, ја има во различна количина и на различен начин се искажува или не...




Љубомората е еден од најсилните отрови кој секој човек треба да го увиди и да го разбере.

Љубомората нема ништо заедничко со вистинската Љубов, туку има со личната несигурност, споредувањето со другите, чувство на инфериорност, посесивност, страв од губење некоја социјална вредност, суетата, Егото...

Ние само мислиме дека љубомората e резултат од љубовта и дека e нејзин непобитен доказ... а тоа го мислиме бидејќи не знаеме што е вистинска Љубов.

Вистинската Љубов е давање, уште повеќе - тоа е умирање за љубениот. Кога сте во Љубов, онаа вистинската, а не умислената, вие сте подготвени да сторите с'е за среќата на љубениот. Тоа подразбира и положување на сопствениот живот.

Ако е така, тогаш што друго би претcтаваувало поголема жртва за љубовта ???

Зарем одделувањето од љубениот, за негова среќа и радост, е поголемо нешто од положувањетo на сопствениот живот за него ??? Ако видите дека љубениот се вљубил во некоја друга личност која го прави среќен и задоволен, дека токму таа личност е онаа вистинската за него, зарем нема тоа да ве направи задоволен ? Зарем нема да бидете среќни дека љубениот е среќен ???

Ако постои вистинска љубов кај вас тогаш вие ќе бидете благодарни на личноста во која се вљубила вашиот љубовник и сторила за неа повеќе отколку што можете да сторите вие.

Тоа е вистинска Љубов и ако не сте го почувствувале ТОА тогаш вие само претпоставувате што е Љубов... во најдобра рака Љубовта ја мешате со атракција. Најчесто тоа е само "привлечност", "добра прилика", "статус", "престиж", "економска опција", "инвестиција"...

За нас љубов значи поседување на личноста. Ако ни е привлечна тогаш мора да ни припаѓа и истовремено да се чувствува среќно и задоволно единствено во нашето друштво. Ние едноставно полагаме монопол врз неа, небаре е накаква роба. Доколку видиме оти таа не е заљубена во нас или е заљубена во некој друг тогаш тоа го примаме како смртен удар за нашето Его, суетата, статусот во друштвото, како имплицитен доказ дека сме неспособни, инфериорни, невредни...

А вистинската Љубов не познава такви чувства. Таа не познава ограничувања, условувања или било какви интереси.За Љубовта единствена цел е среќата на љубениот. Ако тоа значи нејзино напуштање, тогаш значи дека за неа ќе го направиме ТОКМУ ТОА. Ако тоа значи положување на нашиот живот за неа, тогаш значи дека ќе го направиме ТОКМУ ТОА  без да имаме било каква втора мисла.

Зарем не го чуветвуваме тоа за нашите деца ??? Зарем сме љубоморни на нашите деца ???

Тоа е безусловна Љубов.

Поправо, тоа е вистинска Љубов. Нема потреба да се потенцира дека е "безусловна" или "безбилошто" друго. Дури нема потреба да се нарекува "вистинска".

Тоа е ЉУБОВ.

Вие го љубите љубениот онаков каков е, онака како што живее, онака како што се однесува, онака како што се исполнува, онака како што се радува, онака како што диши... онаков како што е создаден од Бога. Затоа никогаш не го "поправате", не го контролирате, не го шпијунирате, не му наметнувате идеи, не го малтретирате, не му се заканувате, не го условувате...

Каде царува Љубов таму не постои љубомора.

Каде има љубомора таму нема Љубов.

Тоа е критеријумот.

Во Љубовта вие постоите за љубениот, а не тој за вас.

Секогаш кога ќе почувствувате љубомора потcетете  се на кажаново.

И бидете искрени со себе.





 





Изменето од Messenger - 30.Јануари.2012 во 07:03
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 17:03
Месинџер, секоја почит за ставовите кон кои се придржуваш ама јас не би ја споредувала љубовта што родителите ја имаат за своите деца и интимната љубов. Децата се дел од нас и должни сме да ги сакаме безусловно и типот и содржината на врските што ги градиме со пријателите и љубовниците немаат иста тежина.
Ако зборуваме генерално што е љубов тоа е една релација помеѓу двајца или повеќе луѓе, во која би требало несебично да се даваме и однос во кој личностите ќе се подржуваат, учат и се надградуваат меѓусебно. Преку предавањето на сопственото тело, стапување во физички контакт кој призлегол од чувства, автоматски го заложуваме своето тело и ум до одреден степен.
Секако дека неможеш некого на сила да го натераш да те сака и покрај тоа што една личност може несебично и целосно да сака некого, а тоа да не и биде возвратено и во најмала мера. И секако дека таа личност и да не сакаш да ја пуштиш да си оди(никој нема таква моќ), таа сама ќе си замине.
Познавам жена која неизмерно го сака својот бивш сопруг и нејзините чувства нема никогаш да згаснат за него, но дали е среќна, епа не ми изгледа дека цвета. Кај неа не постои љубомора, многу е позитивна и верува дека таа не била вистинската жена за него, но тагата и чувството на отфрленост се читаат на нејзиното лице.
Таа никогаш не му застана на патот, кај неа не постои посесивност и љубомора и се прашувам доколку љубовта беше само радување и обожување на саканата личност зошто тогаш болката е пропратна откако саканата личност ја напуштила? Тоа Егото ли е што и ги поттикнува тие емоции?
Постои здрава љубомора и патолошка љубомора. Се што е од патолошки карактер ги убива позитивните чувства и добронамерните постапки.
Сепак за луѓе зборуваме, а луѓето не се совршени. Ако љубовта е Идеал и е совршена тогаш според таа дефиниција ретко кое човечко суштество ќе може да ја искуси во својата вистинска форма. Ова го зборувам за интимна врска помеѓу двајца љубовници а не за пријателската љубов и онаа кон нашите рожби.


Изменето од Glenn - 30.Јануари.2012 во 17:07
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 19:31
Jas kje se slozham so Messenger i nema shto mnogu da dodadam... se' e kazhano.
Ljubovta e Ljubov a ne dolzhnost. Taa postoi i Nie ne bi trebalo da ja merime po tezhina, vidovi... Se razbira deka taa razlichno se manifestira - sprema rozhbata, prijatelot, ljubeniot...

Ljubovta e milost.
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 19:57
Љубов...
без љубомора...
не е љубов...
ебеш ти тоа...

ако не и е важно дали ќе флеретувам со колешката...
со другарка и...
или со комшиката...намигнување
тогаш неа и е се исто дали е со мене...
или не е...
заеби таква љубов...

еве јас на пример на комшиката не сум и љубоморен...
ме боли таквото...
гледам ако можам да ја превртам...
ма к.. не ми чуе дали флертува со швалерот...
или со оној таксистот...намигнување

Се разбира зборувам за љубов кон понежниот пол...
и да...
љубовта не е милост...
не ми треба милостиња...
боже пази...




Изменето од којсумјас - 30.Јануари.2012 во 20:01
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 23:27
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Месинџер, секоја почит за ставовите кон кои се придржуваш ама јас не би ја споредувала љубовта што родителите ја имаат за своите деца и интимната љубов.


Тоа го дадов како најочебиен секојдневен пример за вистинска и безусловна Љубов позната на секого.

Тоа е Љубовта !

Сето друго само не научиле да го нарекуваме љубов... но тоа не е Љубов. Тоа е нешто друго.



Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Секако дека неможеш некого на сила да го натераш да те сака и покрај тоа што една личност може несебично и целосно да сака некого, а тоа да не и биде возвратено и во најмала мера. И секако дека таа личност и да не сакаш да ја пуштиш да си оди(никој нема таква моќ), таа сама ќе си замине.


Па тогаш што бара тука крајно деструктивното чувство наречено љубомора ???



Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Познавам жена која неизмерно го сака својот бивш сопруг и нејзините чувства нема никогаш да згаснат за него, но дали е среќна, епа не ми изгледа дека цвета. Кај неа не постои љубомора, многу е позитивна и верува дека таа не била вистинската жена за него, но тагата и чувството на отфрленост се читаат на нејзиното лице.Таа никогаш не му застана на патот, кај неа не постои посесивност и љубомора и се прашувам доколку љубовта беше само радување и обожување на саканата личност зошто тогаш болката е пропратна откако саканата личност ја напуштила? Тоа Егото ли е што и ги поттикнува тие емоции?


Ти говориш за тага од невозвратената љубов. Тоа е нешто друго. Тагата ќе се јави и тоа е нормално. Но не е нормално да се живее вечно со неа, со минатото, со неостварените желби и мечти... а тоа се случува поради цврстото врзување (атачмент).

Таквото живеење на прво место не е фер кон нас самите, а потоа кон ceтo оноа што се случува СЕГА, како и кон сите оние кои се со нас СЕГА. Можеби токму СЕГА некој е вљубен во таа жена, но поради живеењето cо атачментот таа не дозволува неговата љубов да биде забележа, а уште помалу да ја допирне...

Атачментот е оков на нозете, лисици на рацете, црн превез преку очите, вата во ушите...

Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Постои здрава љубомора и патолошка љубомора. Се што е од патолошки карактер ги убива позитивните чувства и добронамерните постапки.
Сепак за луѓе зборуваме, а луѓето не се совршени. Ако љубовта е Идеал и е совршена тогаш според таа дефиниција ретко кое човечко суштество ќе може да ја искуси во својата вистинска форма. Ова го зборувам за интимна врска помеѓу двајца љубовници а не за пријателската љубов и онаа кон нашите рожби.


Не постои здрава љубомора. Љубомората е патологија без обзир колку е распространета и колку ретко ќе најдеме личности кои ја разрешиле.

Патем, колку што забележав ти го користеше терминот љубомора, но не говореше за неа. среќа








Изменето од Messenger - 31.Јануари.2012 во 15:07
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 01:11
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Љубов...
без љубомора...
не е љубов...
ебеш ти тоа...

ако не и е важно дали ќе флеретувам со колешката...
со другарка и...
или со комшиката...намигнување
тогаш неа и е се исто дали е со мене...
или не е...
заеби таква љубов...

еве јас на пример на комшиката не сум и љубоморен...
ме боли таквото...
гледам ако можам да ја превртам...
ма к.. не ми чуе дали флертува со швалерот...
или со оној таксистот...намигнување

Се разбира зборувам за љубов кон понежниот пол...
и да...
љубовта не е милост...
не ми треба милостиња...
боже пази...




Себично искрен .... и јас сум себична .... голема насмевкаголемо гушкање
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2012 во 18:38
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Себично искрен .... и јас сум себична .... голема насмевкаголемо гушкање

Жените не сакаат искрени...
паѓаат на лажовчини...
или битанги...
можеби и себични...
незнам...
ама комшиката секако ќе ја прашам, да ми каже...
и онака ме вика вечерва да и го поправам...
компјутерот...
и ова што го кажав сега нема блага врска со љубомората...
е сеа јбг...
колку да и вратам некој муабет на Blue...намигнување

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 01:05
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Љубов...
без љубомора...
не е љубов...
е**ш ти тоа...


Како манџа без сол, нели? голема насмевка

големо гушкање


Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 09:09
Не!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 13:15
,,,,,,,ljubomoren ,,,,,DAAAA,,,,,,,svoje nedam tugjo sakam,,,,задоволство
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 54>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.